Нормално е да имаш трема, само не дозволувај поради тоа да остануваш настрана и да не се дружиш. И немој да се разочаруваш ако нешто не е како што очекуваш дека ќе биде. Не знам дали имаш друштво од средно на факултетот на кој се запишуваш, но и да имаш друштво и да немаш секако првиот ден на сите ќе ви биде збунувачки. Ново место, нови луѓе, нови професори, а најважно од се нови искуства. Ама ќе се навикнеш за брзо, ќе видиш. Само смирено, опуштено и со насмевка започни. Среќно утре па пиши на форумов како беше
Е ок де , уште поубаво Ја и во средно и на факултет , никој познат. Побарај распоред и ете ти познаник . Мн постресни работи има ,така да нема потреба од оваа загриженост.
баш ми се допадна првиот ден, интересно беше на академскиот час, се беше супер, се запознав со класот, си направивме муабет, нема потреба веќе од паника хахахах
Значи бидна. Да бидна. Врти сучи ваму таму чекав во дворот. Добро.Се чекав едно пола час а дојдов 20 минути порано од закажаното време од шо имав измешани чувства на страв и возбуда. И уште ме страв.Знам,тешко мене нели? Супер поминав,добив индекс све то таму и оп имаше некоја забава,ама не останаа многу,па повеќето си заминавме. Сега си чекам да дојде вторник и да му ја летнам на првите предавања.Фино лепо ќе му се нацртам таму и ко загубен германец ќе шантам дур не ја погодам просторијата. Ќе си се снајдам,допрва ме чекаат маките шо се вели. Ајде мисли симоно во позитива,најубавата бруцошка ја имаат таму!
@simonna.a браво девојко, you did it! Само напред кон постигнување на целите, многу успех ти посакувам!
Имав трема Кога ме прочитаа, цимерката до мене ми вика ајде цимер оди.Додека да го земам индексот не знаев нозете кај ми одат Пројде битно убаво.Дојдоа другари и другарки на цимеркава, а си се запознав таму и со една колешка на истиот смер.Вака имаше една пријатна атмосфера, па ептен мило ми беше
Јас немав трема воопшто ама кога почнаа да ги делат индекси и не очекував дека ќе ме прочитаат меѓу првите, кога појдов да си го земам ме фати трема малце Се на се добро беше и тоа пројде
Јас се запишав и сега не ми е јасно Дали од фалкутетот треба да не известат прво во која просторија ќе се одржи првото предавање или тоест запознавање? или првиот ден кога ќе отидам таму треба сама да си прашам? Страв ми е да не изгледам како изгубена