Еве сакам да отворам тема се надевам дека нема ваква (ако има клуч) Па прашањето ми беше дали се сеќавате кој збор прв сте го кажале како маленки(или вашите деца,секако доколку имате). Јас Кукла
Па не се сеќавам, но мајка ми има запишано во радосницата а и се сеќава сеуште. Првио збор ми бил ДАДЕ и мајка ми понекогаш на галено ми вика така.
Кој да се сети?! Веројатно оние двосложни зборчиња, мама, тато, баба, гугу, бубу... Знам за две прикаски од моето зборлесто минато. Едната е дека веќе на 7 - 8 месеци сум си кажувала поштено, мислиш најавна шпица за вести, кога ми се мочкало или какало. Си седи малата Пирамида и најавува - КАКАШЕ! Еднаш за мала нужда. Најава за голема нужда - КАКАШЕ, КАКАШЕ, КАКАШЕ. Колку повеќе пати сум го повторувала зборов, толку се повеќе било дефинитивно моето врескање најавна шпица за армагедонот кој следел во моите пелени Наводно сме патувале на долга дестинација за Скопје. Мајка ми сама со мене на аеродром во Загреб и јас у велико во количка се дерам на цел глас ...... знаете веќе да не се повторувам. И сите се чуделе што му е на бебево, уште не знае да збори битно знае да си каже дека му се мочка односно кака. А мајка ми цела нервозна со триста торби и со мене ми викала - во пелени, срце, во пелени, кај ќе те носам сега во ВеЦе?! А првата реченица ми била исто легендарна. Јас година и неколку месеци. Голема бура во Скопје. Ноќ, ниедно време, грмотевици, едно со друго. Јас сум ги ококорила очињата и сум свикала - ииии ПАДА ВОДА! И од тогаш не прекинав да зборам. Штета. Нели?
Јас не сум била проодена кога сум почнала да скажувам, и од премала пречисто сум зборувала.. Прв збор не знам, а прва реченица и мојата фраза по која и ден денес пријатели и роднини ме знаат "Добре дојде, Среќна нова година", секој ден некој си извесен период
Прашањево ко за мајка ми туку мојот прв збор не ми текнало да ја прашам Ај баш ќе ја прашам сега и мене ме интересира па ќе пишам битно сега да го имам последниот
За мојот прв збор мајка ми не се сеќава, ја прашав вака ме погледна од кај па сега ова? Може да го кажам на ќерка ми Ај ќе си кажам..првиот збор и беше тата на мое големо изненадување, а да бидам и искрена разочарување, тажна бев, сакав мама да и биде првиот збор... А првата реченица и беше -Меме нана не ..(Меме е кратенка од нејзиното име, т.е. така сама си се нарече, а нема врска со името, останатото го разбираме нели?)
Кога сум била бебе сме имале некој папагал, извесен Аце И тој постојано крештел а јас сум се нервирала. И кога тој ке закрештел мајка ми му викала доста! за да престане. И така јас сум почнала да вика: Дота, дота, дота!
Еј кој да се сети сега! Еве сега мајка ми ја прашав,тата бил првиот збор и се надоврза,впрочем како и за се понатака во животот,за тебе се прво беше тата,па после мама кога кај тата не пали! Едит.И што ми требаше да прашам,сега продолжи приказната.Па како рано сум почнала зборчиња да кажувам,првата елка сум викала имам ока,моја е...на 9 месеци.Фул реченица! Вода - јода,па следеле дај ми,мамо на ти дете,кога сум сакала да ме земе.За готово - готоно.И така приказната породолжува,си раскажува женава и сега сфаќам од кого ми е тој муабетчиски ген!
Кога сум проодела секој ден на улица сум ги чекала децата да поминат од училиште и они кога ми викале добар ден, јас сум им викала НОМАН Што ми значело тоа, само господ знае
МАМАААА....вакво силно, гласно, развлечено и многу добро статешки темпирано. Многу мирно бебенце сум била, глас не ми се слушало преку целиот ден, уствари претежно денски многу сум спиела ( и ден-денес си ја задржав истата навика ). Ама затоа навечер после 10 саатот стартувале журките: целоноќно возење во количката низ ходник или држење во раце, додека блесаво и задоволно се смешкам. Само малце да застанела мајка ми да не ме вози, или да ме спуштела на кревет, автоматски се вклучувала сирената т.е јако инаетчиско плачење без солзи. И така една вечер, кога сум имала 4 месеци, мајка ми преморена шпартала горе долу низ ходникот со количката, таа ме вози, јас се смешкам, ќе застани ја пиштам. Се изнервирала, ме кренала во раце, и почнала да вика: аман душта ми ја изваде ова, она....а јас онака пред плачење само му сум викнала МАМААА....и нормално тука општо славење, радости, на мама срцето, златото - мама ми рече Но најбитниот момент во приказната е што со само едно зборче сум си овозможила целоноќно држење во раце и гушкање, мајка ми вика: абе ни мака ми беше повеќе ни ништо, цела ноќ со ќеф те држев.
Дада. Сестра ми ме барала, не им зборувала на моите додека не и се роди сестричка...И иако очекувала да се родам како седумгодишна за да си играме, сепак тој бес го разнежнил мојот прв збор. До ден денес, се уште треба да и купам подарок, затоа што да не била она,мојот роденден ќе бил само обичен ден.
Прв најпрв - МАМА. Јасно и гласно. ... Моите ме однесле на лекар, да ми стават инекција. А јас кутра истрауматизирана од тие пусти доктори кои како малечка мнооооогу често ги посетував , кога ми ја ставала докторката инекцијата сум ја стегнала мајка ми за прстот и сум рекла Мамо болииииииииит!!!! со такво стегнато усте и газе и све На 7 месеци. ... После следеле сите членови на фамилијата и имињата нивни и пропратено со маче и куче. Маче посебно. Мајка ми вика, од толку што сум го „вежбала“ зборот, само мачки ни се собирале во дворот Така е и до ден денес. Се‘ уште вежбам и се надоградувам
Тато. Со моите 8 месеци, сум трчкала накај него и сум кажала, јасно и гласно тато и сум го гушнала. Тој ми е се. Значи за татко ми не знам. Знае да биде тежоок, ама јас пак сум си татина ќерка. За се одам кај него, тато тато тато. Е ако ме шитне се префрлам кај мама Еве сега е на пат и се јавува кај мене, и мајка ми вика аман од тебе и татко ти веќе, јас џабе имам телефон дури ни маж ми не ме бара После сум почнала како и секое бебе мои зборови да измислувам. Сум плачела со денови и сум крекала бимбаче какам бимбаче какам (сакам), моите коси корнеле, играчки ми купувале ама не знаеле што е тоа. А јас плачи рикај. И еден ден на телевизија цртан со кенгур и јас тато бимбачето еве го целата среќна, и татко ми ми го снимил и секој ден истиот цртан ми го пуштал, а јас глупава кај да приметам дека такви далавери ми прават И после брат ми се родил, него баба му беше прв збор. И памтам кога потпорасна хит ни беа макарена и од к15 што мислеше кад се онадеше И кореографии имавме. Ах бре трупци. Не сакате ни да знаете како ја разбирав што мислеше песната
Ја распрашував мајка ми и само ми го потврди тоа што веќе го имав слушнато, дека првиот збор ми бил мама! А после првиот збор долго време требало да проговорам уште некој, бидејќи само мама сум викала и ништо друго! Многу доцна сум прозборела,дури моите се загрижиле дека не зборам ,а сега пак ме зафркаваат дека не можат да ме надговорат ! Наредни зборчиња билде вова- наместо вода, буто-наместо автомобил, Миме-моето име (иако воопшто Миме не потсетува на моето вистинско име), дечки-двечки години...