Вашиот прв збор беше...?

Дискусија во 'Дете' започната од Ivu4, 20 мај 2011.

  1. Ivu4

    Ivu4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    41
    Еве сакам да отворам тема се надевам дека нема ваква (ако има клуч) :$
    Па прашањето ми беше дали се сеќавате кој збор прв сте го кажале како маленки(или вашите деца,секако доколку имате). Јас Кукла :$ :)
     
  2. avriill

    avriill Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2011
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    Па не се сеќавам, но мајка ми има запишано во радосницата а и се сеќава сеуште.
    Првио збор ми бил ДАДЕ и мајка ми понекогаш на галено ми вика така. :lol:
     
  3. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.380
    Ехее, одамна беше, не се сеќавам. :?:
    Шала на страна, мојот прв збор беше тато, т.е. babi ^^
     
  4. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.737
    според кажувањата на мајка ми бил деда мојот прв збор :$
    причини непознати :lol:
     
  5. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.773
    Кој да се сети?! Веројатно оние двосложни зборчиња, мама, тато, баба, гугу, бубу...

    Знам за две прикаски од моето зборлесто минато. Едната е дека веќе на 7 - 8 месеци сум си кажувала поштено, мислиш најавна шпица за вести, кога ми се мочкало или какало.
    Си седи малата Пирамида и најавува - КАКАШЕ! Еднаш за мала нужда. Најава за голема нужда - КАКАШЕ, КАКАШЕ, КАКАШЕ. Колку повеќе пати сум го повторувала зборов, толку се повеќе било дефинитивно моето врескање најавна шпица за армагедонот кој следел во моите пелени :$ :D
    Наводно сме патувале на долга дестинација за Скопје. Мајка ми сама со мене на аеродром во Загреб и јас у велико во количка се дерам на цел глас ...... знаете веќе да не се повторувам. И сите се чуделе што му е на бебево, уште не знае да збори битно знае да си каже дека му се мочка односно кака. А мајка ми цела нервозна со триста торби и со мене ми викала - во пелени, срце, во пелени, кај ќе те носам сега во ВеЦе?! :D

    А првата реченица ми била исто легендарна. Јас година и неколку месеци. Голема бура во Скопје. Ноќ, ниедно време, грмотевици, едно со друго. Јас сум ги ококорила очињата и сум свикала - ииии ПАДА ВОДА!

    И од тогаш не прекинав да зборам. Штета. Нели? :D
     
    На SexyLady, minne-mouse, Strumfeta93 и 6 други им се допаѓа ова.
  6. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.462
    Допаѓања:
    798
    мојот прв збор мама
     
  7. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.154
    Допаѓања:
    5.702
    Пол:
    Женски
    мојот прв збор: АЛО? :call:
    на сите мама баба тата деде, јас АЛО? :rofl: :rofl: :rofl:
     
  8. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.340
    Јас не сум била проодена кога сум почнала да скажувам, и од премала пречисто сум зборувала..
    Прв збор не знам, а прва реченица и мојата фраза по која и ден денес пријатели и роднини ме знаат "Добре дојде, Среќна нова година", секој ден некој си извесен период :)
     
    На FortuneTeller.xD, Phyramide и lolyta777 им се допаѓа ова.
  9. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.460
    Прашањево ко за мајка ми :lol: туку мојот прв збор не ми текнало да ја прашам :?: Ај баш ќе ја прашам сега и мене ме интересира па ќе пишам :) битно сега да го имам последниот :rock: :!: :P
     
  10. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.820
    Пол:
    Женски
    За мојот прв збор мајка ми не се сеќава, ја прашав вака ме погледна :^) од кај па сега ова?
    Може да го кажам на ќерка ми :?:
    Ај ќе си кажам..првиот збор и беше тата на мое големо изненадување, а да бидам и искрена разочарување, тажна бев, сакав мама да и биде првиот збор... :(
    А првата реченица и беше -Меме нана не :lol: ..(Меме е кратенка од нејзиното име, т.е. така сама си се нарече, а нема врска со името, останатото го разбираме нели?)
     
  11. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    3.310
    Допаѓања:
    8.783
    Пол:
    Женски
    Баба... и баба ми купи златно ланче :D
     
  12. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.034
    Кога сум била бебе сме имале некој папагал, извесен Аце :D И тој постојано крештел а јас сум се нервирала. И кога тој ке закрештел мајка ми му викала доста! за да престане. И така јас сум почнала да вика: Дота, дота, дота! :D
     
    На stefyle му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    7.693
    Допаѓања:
    103.502
    Еј кој да се сети сега! :D
    Еве сега мајка ми ја прашав,тата бил првиот збор и се надоврза,впрочем како и за се понатака во животот,за тебе се прво беше тата,па после мама кога кај тата не пали! :D

    Едит.И што ми требаше да прашам,сега продолжи приказната.Па како рано сум почнала зборчиња да кажувам,првата елка сум викала имам ока,моја е...на 9 месеци.Фул реченица! :D Вода - јода,па следеле дај ми,мамо на ти дете,кога сум сакала да ме земе.За готово - готоно.И така приказната породолжува,си раскажува женава и сега сфаќам од кого ми е тој муабетчиски ген! :D
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    631
    Пол:
    Женски
    Кога сум проодела секој ден на улица сум ги чекала децата да поминат од училиште и они кога ми викале добар ден, јас сум им викала НОМАН :lol: Што ми значело тоа, само господ знае :lol:
     
  15. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    731
    МАМАААА....вакво силно, гласно, развлечено и многу добро статешки темпирано. Многу мирно бебенце сум била, глас не ми се слушало преку целиот ден, уствари претежно денски многу сум спиела ( и ден-денес си ја задржав истата навика :D ). Ама затоа навечер после 10 саатот стартувале журките: целоноќно возење во количката низ ходник или држење во раце, додека блесаво и задоволно се смешкам. Само малце да застанела мајка ми да не ме вози, или да ме спуштела на кревет, автоматски се вклучувала сирената т.е јако инаетчиско плачење без солзи. И така една вечер, кога сум имала 4 месеци, мајка ми преморена шпартала горе долу низ ходникот со количката, таа ме вози, јас се смешкам, ќе застани ја пиштам. Се изнервирала, ме кренала во раце, и почнала да вика: аман душта ми ја изваде ова, она....а јас онака пред плачење само му сум викнала МАМААА....и нормално тука општо славење, радости, на мама срцето, златото - мама ми рече :D Но најбитниот момент во приказната е што со само едно зборче сум си овозможила целоноќно држење во раце и гушкање, мајка ми вика: абе ни мака ми беше повеќе ни ништо, цела ноќ со ќеф те држев.
     
    На Domino му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.469
    Дада. :)
    Сестра ми ме барала, не им зборувала на моите додека не и се роди сестричка...И иако очекувала да се родам како седумгодишна за да си играме, сепак тој бес го разнежнил мојот прв збор.

    До ден денес, се уште треба да и купам подарок, затоа што да не била она,мојот роденден ќе бил само обичен ден. :D
     
  17. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.766
    Прв најпрв - МАМА. Јасно и гласно.
    ...
    Моите ме однесле на лекар, да ми стават инекција. А јас кутра истрауматизирана од тие пусти доктори кои како малечка мнооооогу често ги посетував :worried: , кога ми ја ставала докторката инекцијата сум ја стегнала мајка ми за прстот и сум рекла Мамо болииииииииит!!!! со такво стегнато усте и газе и све :D На 7 месеци.
    ...
    После следеле сите членови на фамилијата и имињата нивни и пропратено со маче и куче. Маче посебно. Мајка ми вика, од толку што сум го „вежбала“ зборот, само мачки ни се собирале во дворот :D Така е и до ден денес. Се‘ уште вежбам и се надоградувам :D
     
  18. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.361
    Тато.
    Со моите 8 месеци, сум трчкала накај него и сум кажала, јасно и гласно тато и сум го гушнала. :)
    Тој ми е се. Значи за татко ми не знам. Знае да биде тежоок, ама јас пак сум си татина ќерка.
    За се одам кај него, тато тато тато. Е ако ме шитне се префрлам кај мама :D
    Еве сега е на пат и се јавува кај мене, и мајка ми вика аман од тебе и татко ти веќе, јас џабе имам телефон дури ни маж ми не ме бара :rofl:

    После сум почнала како и секое бебе мои зборови да измислувам.
    Сум плачела со денови и сум крекала бимбаче какам бимбаче какам (сакам), моите коси корнеле, играчки ми купувале ама не знаеле што е тоа. А јас плачи рикај.
    И еден ден на телевизија цртан со кенгур и јас тато бимбачето еве го целата среќна, и татко ми ми го снимил и секој ден истиот цртан ми го пуштал, а јас глупава кај да приметам дека такви далавери ми прават :D


    И после брат ми се родил, него баба му беше прв збор.
    И памтам кога потпорасна хит ни беа макарена и од к15 што мислеше кад се онадеше :rofl:
    И кореографии имавме. Ах бре трупци. Не сакате ни да знаете како ја разбирав што мислеше песната :D
     
  19. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.542
    Мама и тоа многу мала сум почнала да зборувам и за тоа сега неможам уста да затворам :lol:
     
  20. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    622
    Ја распрашував мајка ми и само ми го потврди тоа што веќе го имав слушнато, дека првиот збор ми бил мама! А после првиот збор долго време требало да проговорам уште некој, бидејќи само мама сум викала и ништо друго! Многу доцна сум прозборела,дури моите се загрижиле дека не зборам :lol: ,а сега пак ме зафркаваат дека не можат да ме надговорат :talk: !
    Наредни зборчиња билде вова- наместо вода, буто-наместо автомобил, Миме-моето име (иако воопшто Миме не потсетува на моето вистинско име), дечки-двечки години...