Мојот прв збор-Охид(се мисли на Охрид-од мала вљубена во Охрид ) ни мама ни тато ни бато абе ништо,а што е најважно не сум ни од Охрид
Мојот прв збор не бил ни мама, ни тато туку тизо - сум мислела на телевизор. Уште од мала сум по техниката
Мојот прв збор бил маче. Од толкав избор: мама, тато, баба, дедо, дада...... сум го избрала маЧе, тсо добро нагласено Ч. А следни зборови ми биле капаЧе и патиЧе исто со јако нагласено Ч.
Дома сме биле само јас и мама, а јас сум била неколку месеци, рано сум го кажала својот прв збор, баба ми отишла кај моите братучеди да ги чува бидејки останале сами, а тие живеат во друг град и мама со баба зборела на телефон, баба сакала да ме слушне и ми викала - Баба е тука, баба е злато, баба е . И одеднаш сум се свртела кон мама и сум рекла БА-БА. Ете, тоа беше мојот прв збор.. Мама и баба срекни , се израдувале, а и двете ме слушнале кога сум го кажала првото зборче.. И сега .. баба си ја сакам најмногу!!
Ej за ова ги немам прашано моите . Не знам кое било првото мое зборче, ама би требало нешто во стил на мама , тато, бато
И мене како на повеќето мама И тоа сум испискала доста гласно а сум имала само неколку месеци,мајка ми дури се исплашила,толку малечко а писка асално Абе уште од мало навиено
Сум презборела касно на 2 год.... за велигден мајка ми ме ставила во коритцето да ме бања со црвено јајце... почнала да ми збори... ајде ке се бањаме со коко бла бла..... и јас веднаш коко... мајка ми радосна ехеее ме оставила во коритото и почнала да трчи по маало да се фали