Колкав е вашиот просек на училиште/факултет со оглед на тоа каде учите/студирате и кое/која одделение/година сте... Секоја образовна институција си има своја тежина. Спојлер Може некој ќе се навреди, затоа што е исто како некој да прашаш колкава плата зема, но затоа форумот функционира на база на добра волја Целта ми беше што повеќе учениците и студентите да станат мотивирани од добрите резултати на другите, поради тоа што сум се нашла во двете ситуации. Еднаш во клас каде што имаше амбициозни деца што сакаат да учат, и самиот клас се издвојуваше од другите класови и беше најдобар во генерација. Учениците гледаат едни од други, се натпреваруваат кој да оствари подобри резултати и воедно си помагаат меѓусебно. Во другиот клас, исто така се работи за амбициозни деца, меѓутоа сè некој го мрзи, не му се учи тешко му било, не пишува домашни итн... Во таква атмосфера еднаставно мотивацијата опаѓа а резултатите доаѓаат сами по себе... (без мамење и искрено )
Можеби просекот е битен онаму каде е пресуден за влез на повисок степен образование, пример тој од основно за влез во средно, тој од средно за факултет и сл. ама конкретно просекот од факултет нема да ве издвои повеќе или помалку од тие кои ви биле колеги и имаат пример 6ка просек а вие сте со 10ка. Јас секогаш бев одлична, факултетскиот просек ми е 9.6, на работното место на кое бев не ми играше улога за висината на плата...
Мојот сигурно нема да ве мотивира. 6,63 Ајде бе ќе го зголемем, има време. Во средно на крај од учебна година ми беше од 4 до 4,3 од вкупен 5,00. П.С. Јас од животот си учам, од школо не баш
Точно, за жал, во најголем број случаи просекот нема да те издвои нешто многу над остатокот од колегите со кои учиш и кај нас мислена именка е бенефитот од просекот во однос на работното место, меѓутоа сметам дека високиот просек е мотивација за успех. Барем мене ми е мотивација за да си се докажам пред самата себе и до сега навистина ми помогнал - добив стипендии, добив пракса по бироа, а и личен ми е индексот кога ќе го отворам да го подразгледам. 5,00 бев од почеток до крај на основно и средно, сега на факултет сум 9,6. До кога вака, ќе видиме.
Не дека не значи просекот, ама конкретно при вработување многу поголем впечаток остава богато CV, со најразлични обуки, семинари, сертификати и дипломи. Да треба утре јас некого да вработувам, ќе видам каков просек имал, ама ќе ме интересира и дали имал некакви други активности покрај студиите, за што се интересирал, какво искуство стекнал, бидејќи и тоа многу зборува за кандидатот. Затоа, мој совет до сите студенти - посветете се на студиите, ама ангажирајте се и надвор од тоа, особено во областа која утре ќе ви биде професија. Немате поим колку тоа ќе ви значи, не само за да го збогатите CV-то, туку и да запознаете нови луѓе и контакти кои утре можат да ви помогнат. Инаку, јас завршив со над 9 просек на Јустинијан, ама досега само на едно интервју ме прашале за просекот. Секаде ги интересираше она што го спомнав
Не знам колку е важен просекот и колку е мерило за способноста на студентот. Познавам ликови со висок просек кои потешко се снаоѓаат од они кои имаат низок просек а се повешти во работата. Нити пак високиот просек помага во вработувањето, уште помалко во висината на платата. Можеби не е мотивирачки ова што го пишувам ама е реално. За средношколскиот просек е поинаку. Не знам сега колку се зема во предвид просекот при уписите на факултет, но ,,во мое време,, просекот од средно играше битна улога во бодовите потребни за упис во високо образование. Значи до некаде високиот просек од средно има предности. Во средно бев одлична, тук и таму некоја четворка а на просекот точно не се сеќавам. Знам само дека ми послужи за да влезам во државна квота. Факултет завршив со 8,9 просек, и земав стипендија сите три години. Во крајниот семестатр мнгоу испити положив со 6 и 7, важно ми беше да дипломирам и не се борев повеќе за задржување на стипендија па така опуштив со учењето и си го намалив просекот.
Се согласувам со АнаКаренина, сегде ги интересираат прво дополнителните активности. Инаку дипломирав со просек 9,1, магистрирав со 9,4. Често знаат на интервју да те загледаат ко бубалица што не ги капира работите многу, туку учела на памет. Иако не сум јас таков случај. Бидејќи имам богато СВ, почесто ме прашуваат за дополнителните активности, па дури потоа за просекот. Се што е плус не е на одмет луѓе. Битно е да се надоградувате и да бидете неуморни во тоа. Прво за себе, потоа за другите.
Жан Митрев завршил факултет со просек помал од 7.0. ! Е сега видете дали тие со висок просек се поспремни од овие со низок просек!
Не треба сега темата да ја водите во конотација дека оние со понизок просек повеќе им фаќа кликерот, а тие со повисок учеле напамет. Без генерализации. Секој е различен.
Мене ми е убаво кога имам висок просек, затоа и настојувам да го одржувам таков. Не знам колку ќе има улога за вработување, би сакала да има, но пред се за мое лично задоволство го правам тоа. И индексот изгледа поубаво. Кога веќе учам и се трудам, зошто да е само за 6 кога може да е повисоко.
Kolku sakate kazete deka nema uloga prosekot,drugo e.Barem za tebe toa e satisfakcija deka mozes poveke I te vodi napred da se trudis se poveke,da postignes novi I pogolemi uspesi.Mojot do diplomirnjeto planiram da go dovedam do 9.Sega malku mi bega 8,9.Ke uspeam znam,mozese I podobro ako prv semestar ucev vaka