Мојот е 7,5... Циркуз! Не знам колку влијае на вработување, али и јас мислам дека се многу побитни дополнителните обуки, семинари и сертификати. А видиш ја ни тоа го немам, зашто се се плаќа, а бога ми моментално ни пари немам. Совет за тие што ќе читаат: учете во средно за да имате добар просек за да влезете во државна квота на добар факултет, а учете на факултет за да земете стипендии или пак да одете на некој добар светски факултет на мастер.
Имам највисок просек во генерација, 4 курса на Американски универзитети, преку 30 сертификати од семинари, конгреси, работилници... а седам дома трет месец како невработена. Работата што ми се нуди не ми е предизвик, онаа што ја сакам никогаш нема да ја добијам. И така. Пред една недела аплицирав на еден оглас и не ми се јавија. Да не се лажеме, ништо не вреди ако немаш дебели врски.
Еее баш така...Јас се утепував од паѓање по некои предмети и толку добро ги имам утврдено, така што тие што фатиле 9ка од прва можат да ми се фатат! (10ка кај нас беше реткост) Иначе просекот ми е 7 кома нешто, и ниногаш не сум се замарала да бркам просек.
исто и јас не се замарав со просек Кога ке ми текне дека еден предмет Менаџмент на човечки ресурси (не можев да го разберам) паднав 6 пати , и 7 пат ја научив книгата напамет и положив со 9 а другите ми беше битно да се положени Патем Трифун Костовски во едно интервју имаше изјавено дека дипломирал на фах со просек 6.6 без да падне на испит . Никогаш не паднал на испит и го завршил на време факултетот и е успешен бизнисмен !
Во прва година средно бев од ретките најредовни ученици со ниту еден оправдан и неоправдан и со сите петки 8.08 ми беше просекот на факултет, добро е и толку што извлеков покрај сите трагедии што ми се случија
Средно единствено ми квареше просек математика никогаш не можев 5ка да имам, не ми одеше и не. Останатите сите беа петки од писмено до усно, цела графа во дневник 5.5..55...и математика 1 се чудеа сите..на крај извлекував 4ка со молење и врски Факултет просек 9.5
Голема работа просек,важно е колку ќе се надоградиш лично за себе,а просек а бројка сеедно се фаќа,може некој се да му се 10ки,па да си нема појма,и онака студентки идат се почесто со асистенти,иначе да не објаснувам мн-мн.Околу 8 имам просек моментално и ми е во мирување,имам уште една година.
Ваљда од искуство знаеш Да не одам офтопик, тешко се положува на факултет, оценките после се мала разлика, за едно-две прашања можеш да добиеш помала или повисока оцена. Плус зависи како му е денот на професорот/асистентот. Просек никогаш не гледав, дипломирав со 9,13, тивко, без да знае никој дури ни дека сум диломирана. Работа по струка веќе имав, драми не ми се правеа... На крај, никој не ти гледа просек за работа.