Не најдов слична тема.. Каков е вашиот ракопис? Имате ли убав ракопис и како ги пишувате одредени букви? - Јас порано имав прегрд ракопис, но го поправив пишувањето на некои букви и сега ми е супер и највеќе си го сакам.. Мислам дека имам најубав ракопис во класот..!! Пишувам со десна рака (со лева не можамм..) и „ш“ ја пишувам со цртичка одоздоле..!! Спојлер Може и некоја сликичка да ставите по можност.. Овде може и да се известуваме за секоја промена во нашиот ракопис.. Позз.. (се надевам дека не е глупа темава)
И јас имам убав ракопис, нели со текот на времето го подобрив не ми е ист како во основно. Во средно професорката по македонски јазик многу често ме фалеше пред сите за ракописот, посебно кога прераскажувавме лектири а јас бев многу среќна што ме фалеше Инаку да, и јас ш го пишувам со цртка одозодла
Убав ракопис имам, везам кога пишувам мерак ми е Важно ми е ракописот да ми е читлив, прегледен Обрнувам внимание на тоа, не сакам да ми е ракописот хаотичен.
Ракописот ми е убав, сè додека си пишувам ракописни букви, печатните ми се тотална утка и затоа избегнувам да пишувам со печатни букви. И мислам дека сум една од ретките што ракописното мало „р“ го пишува оригинал букварско-првоодделенски, т.е. со „рогче“. На ваквото „р“ мислам. Единствена бев во класот и ужасно се надевам дека има и друг/а која така го пишува.
Страстен. Така си го нарекувам. Нагоре, надоле, искривени букви, набрзина напишани, коси и крупни... Пишувам брзо и ефикасно , без непотребни формалности и лицкања. Не сакам да губам непотребно време и живци за нешто да ми биде убаво напишано, се нервирам ако треба да седнам и да пишувам бавно и убаво. Многу ми викаат дека не можат да ми го разберат целосно, јас не се согласувам, баш ми е читок. Јас иначе можам со секакви ракописи да баратам, немам мака во читање никакви букви. :geek: Кога бев помала, периодот во основно, сите имаа убав ракопис и се трудев и јас убаво да пишувам, имам цели фермани убаво изнапишани... Од кај 3та средно раскрстив со такво замарање, и поарно ми е.
Мојата наставничка во основно под ракописното "Ш" секогаш ставаше цртичка. Веројатно за да го разликуваме кога е помеѓу "И", "П" или "Т" не знам, не сум сигурна зошто. Знам само дека до ден-денеска јас Ш-то СЕКОГАШ го пишувам со цртичка одоздола. Има уште некој како мене? Инаку ракописот е наследен, јас сум копија на мајка ми. Пишуваме скоро исто, со некои многу ситни разлики. Додека учев, пишував често, така си го вежбав ракописот и ми беше убав. Сега повеќе куцам на тастатура, а поретко пишувам. Пишувам само кога треба да оставам порака дома, каде сум и кога ќе се вратам. Од таа прчина мислам дека ракописот ми е малку влошен, но не е ништо страшно. Едит: Сега видов Lella го пишувала исто Ш-то (Со цртичка доле) Кој те научи така?
И јас под ракописното ''ш'' секогаш ставам цртичка. Ние во школо учевме дека така е правилно, а сега имам помал братучед и гледам дека они ја учат без цртичка. Инаку за ракописот ми е убав, пишувам многу полека и сакам се да ми е во тетратката читко А кога треба печатно да пишувам...
Да не се фалам ама краснoпис имам Обожавам да пишувам, го везам како од печатница да излегло...и се нервирам кога ќе згрешам нешто. Ми го уништува филингот
Јасно, читко, разбирливо. Едноставно краснопис, е сега во трета го подзафркнав малку, ама добар е. Си го сакам. Каков и да е, мој е.
Па мислам дека имам добар ракопис.Секогаш кога ни ги прегледуваат тетратките по македонски јазик мојата е една од најуредните.
Спојлер На твоето мислење најмногу внимание обрнав.. Хеххе.. Јас сум на сестра ми копија.. Инаку на ш-то ме „научи“ другарка ми.. Го пишував без цртичка од порано.. А сега со цртка.. Инаку од една другарка друга „научив“ и „ј“ да ја пишувам само црта и точка одозгоре, како без подсвијок долу.. Но престанав така.. Еве го мојот ракопис од прилика:
Јас пишувам италик Накосени, издолжени, јасни букви. Ај и јас ќе си се пофалам дека често сум слушала како ми бил убав ракописот. А и мене ми се свиѓа и сакам да си гледам како ми е убаво, читко и педантно напишано.
Убав ракопис имам, крупни и тесни букви незнам,чудно некако. И секогаш сакам да ми се уредни тетратките,а највеќе мрзам кога ке почнам се убаво да си пишувам, и една буква ке ми упропасти се Ми иде да ја искорнам од местото (листот де) и да ја запалам
Имам добар ракопис, кој на моменти знае да биде краснопис, но и ногопис. Јас можам скоро секаков ракопис да разберам, но мојот не толку често го разбираат. Инаку, „специфично“ за мојот ракопис е ракописното „з“, што денес не толку често некој го пишува така. Спојлер
Мене многу ми е важно со какво пенкало пишувам Има некои пенкала, сами лизгаат по листот, па и пишувањето ми е поубаво, полесно ..ама кога ќе налетам на некое пенкало што кочи... бррр