Имам убав ракопис,ама кога многу брзам знам и грдо да пишувам.Буквите се средно големи,скоро споени и малку пошироки.Е сега,ова е вистинскиот ракопис.Ама всушност пишувам различно,и така правам секој ден,еднаш пишувам закосено,еднаш крупно,еднаш ситно...Тетратките ми се со различни ракописи,некој ќе помисли друг ми пишувал.
Убав ракопис имам.Гледам да е читко и разбирливо Ама кога брзам не е така. Кога брзам катастрофа ракописот ама важно јас го разбирам Ракописот воопшто не ми личи на од мајка ми или од татко ми, подобар ми е и од двајцата
За убав ракопис имам (кога не брзам). Ш-то некогаш го пишувам со цртка одоздоле а некогаш и не (кога како ми текне).
Отсекогаш сум била средена и педантна, па ова не е исклучок и при пишувањето. Убав ракопис имам, а тетратките секогаш ми биле средени. Во основно и средно имав палета од разнобојни пенкала со светкавци, со кои ги обележував сите важни дефиниции или поделби. Па ми беше многу полесно само да фрлам еден поглед врз тетратката и да се потсетам на главните работи. Заради ракописот обично наставниците и професорите многу ме малтретираа да пишувам и изработувам најразноразни хамери. Особено во основно... По цело попладне знаев да останам врз маса и со линијар да пресметувам колку сантиметри широка, а колку висока треба да ми биде секоја буква
Многу сум организирана за се друго,освен ова! Брзо одам,па и брзо пишувам.Ме нервира кога треба да пишувам нешто бавно или да се тегнам... Другите ретко ми го разбираат ракописот,ама важно јас си се разбирам
ако ви треба докторски ракопис за упут или слично не е проблем. Јас не внимавам искрено многу на мојот ракопис јас се си разбирам ама затоа другарката до мене што седеше мораше со саати да дешифрира.
Ич не си го сакам ракописот. Кога пишувам ракописно не ми е читлив колку и да внимавам при пишувањето а кога пишувам печатно тоа се живи смешки. Знам понекогаш да направам нагли потези со раката и место Н да излезе А и слично. Како и да е сметам дека латиница пишувам подобро од кирилица.
Имам слушнато дека луѓето што имаат лош ракопис се интелегентни, дали е вистина така незнам. Ако е ова вистина тогаш баш ми е мило што сум дел од нив, ама со сигурност знам дека кој ќе се нафати да чита мој ракопис треба да е посебно надарен.
Сум слушнала дека убавиот,уреден ,читлив ракопис е одлика на интелегентните луѓе! Е сега колку има вистина во тоа јас не знам,но знам дека има и мала врска со карактерот на човекот!Има и посебна наука која што го проучува ракописот! Својот ракопис го сметам за уреден,но имам многу голема разлика кога пишувам на кирилица и на латиница! Значи на кирилица си везам,а на латиница некако не ми се допаѓа.Можеби требало повеќе да вежбам
Имам два ракописи. Едниот ми е уметнички, за сите дневници, шкртаници, писма и потсетници. Другиот ми е педантен, со иста големина на букви, баш онака навезен но пак си додавам опавчиња и ги заоблувам буквите да е поубав. Го користам за тетратки, бележници, забелешки. Се занимавав со калиграфија едно време, често знам најрандом да ми текне и во пишување некој фонт да си го вежбам.
Немам некој посебно убав ракопис,но добар е. Инаку М никогаш не сум ја пишувала како што треба, и ш ја пишувам со цртичка одоздола
Убав ракопис имам, на дедо гените Некако со годините кога си ги прелистувам тетратките гледам дека ми се менува. На тетратки, тефтери, што да било ме нервира ако нешто згрешам, не ми изгледа педантно. И како што кажа една форумџика пред мене важно ми е и пенкалото со кое пишувам. Со потенко пенкало поубаво пишувам, додека со дебело мрчкам
убав,накосен,средно-големки букви....малу ми е изменет со тек на години во принцип сум педантна за пишување преферирам потенко пенкалце поубаво ми е некако па пишувам поубаво
немам убав ракопис не личи како девојче да пишувало а па да не правам муабет за тетратките по математика - катастрофа