Се подобрува со тек на време... ама го менувам зависно од ситуацијата во која пишувам, т.е. месецот или периодот. Имам пишувано со дебели и широки букви, и имам имано ракопис кој што не можеш да го прочиташ бидејќи се претесни и премали букви. Сега ми е нормален, можеби и премногу ситен. Накосен, заоблен....
Добар ракопис имам, со текот на времето го подобрував. Инаку пишувам читливо и разбирливо. Пишувам и ракописно и печатно. Ракописот ми е сличен како на татко ми
Некогаш налево пишувам,некогаш надесно,некогаш долги букви,некогаш круглести,некогаш ситно,ма како сакате така
Зависно од расположение. Ако ми се пишува,ги лицкам ги пицкам буквите. А ако не,уф..тогаш ни сама незнам да си разберам,а камо ли некој друг. Златна средина:Добар(3)
Мојот ракопис се менува во зависност од расположението.Но најчесто ни јас не знам да си го разберам напишаното.
Многу си го сакам ракописот, и многу сакам кога пишувам нешто. Кога ќе ни диктираа на школо ако не ми беше убаво напишано нештото од брзање, веднаш го кинев листот и одново го пишував. Многу сум принципиелна што се однесува кон уредноста на школскиот ранец, па секогаш во тетратките си ги подвлекував насловите со маркер (дреч боја-зелена). Секогаш од сите професори добивав доста пофалби и секако си се гордеев со тоа!
Не се фалам но сепак јас имам многу убав ракопис. Често ми бил пофалуван од наставниците и роднините.
Интереснен ми е ракописот Некогаш буквите се како везени некогаш се хаос ,но како и да е на сите им се допаѓа мојот ракопис освен мене секогаш некоја мана му наоѓам
Јас можам од линивчиња и точки да пишувам до прекрасен ракопис, многу зависи како сум расположена и во каква тетратка/ листови пишувам, пример ако пишувам во коцки или во без линии, тогаш пишувам најубаво, во линии ракописот ми е ужас. Многу убаво знам да копирам нечиј ракопис или потпис O Пред се пишувам ситно зошто естетски така ми е поубаво и многу ја негувам среденоста.
Убав ракопис имам, и кога сум расположена везам, а кога се брзам и не ми е денот хероглифи! (како некој со нозе да пишувал)
Се пронаоѓам во ова што е напишано, само што наместо дреч зелена боја на маркер јас користам претежно жолта, а по потреба и портокалова боја на маркер.