Ехее, јас секогаш различно пишувам Во повеќето тетратки не ми се пишува, па шкртнувам на брзинка Ај наскоро ќе објавам фотка
Јас во изминатите пет години поминати на факултет (до душа и во средно) се изнапишував. Колку тефтери и тетратки имам испишано, ни самата не знам. Еве една страничка од Право на ЕУ, некоја информација да дознаете за Меѓународен суд на правда
^^ И јас се утепав од пишување на факултет, исто како тебе, секој предмет си го пишував плански во тетратки и тефтери. Криминалистика немавме книга на македонски, учевме од една на српско-хрватски јазик и запнав ја преведов во убав тефтер, со дебели корици. Сега не знам дали излегла книга по предметот, ама срамота беше на државен факултет со традиција да се учи од стари скрипти на туѓ јазик. Обожувам да пишувам, не знам зошто, еве дури и на тастатура
^ Исто! Додека не ми помине низ рака, нема шанси да се чувствувам сигурна. А правен што е еден факултет за фаќање забелешки... што да ти кажувам. Да се утепаш од пишување! Страв ме фаќа само што ги гледам тетратките од кај Родна Сега си го средував шкафот, еден куп тетратки најдов, па си викам: Бре, што сум била вредна!
Еве го мојот Ова е пишувано со нормална брзина на предавања.Инаку кога брзам,после ни самата не можам да се разберам
Убаво пишувам но зависи од расположение и брзината на пишување Кога пишувам полека на примен со Калиграфско писмо тоа е некако како да е везено , кој учел геодетско цртање и пишување средно геодезија знае какво е Калиграфското писмо А инаку печатно исто така пишувам убаво а за ракописното пишување се разбира убаво но во зависност од темата моменталното расположение и така ....сепак не е така лошо
Имам убав ракопис, пишувам јасно и разбирливо. Е сега има периоди кога не ми се пишува и брзо пишувам и никој ништо не ми разбира,секако освен јас
Ако не брзам во пишувањето, имам убав и разбирлив ракопис. Но ако пишувам нешто набрзина неможам ни сама да разберам што сум напишала
За време на студентските денови "тренирав" пишување на предавањата и стекнав рутина и брзина. Имам убав и разбирлив ракопис.Не само што професијата ми наметнува јасност и концизност во пишувањето,туку и обожувам да пишувам,па макар и на тастатура
Убав ракопис, заради кој често сум добивала повисоки оценки. На пример неколку пати ми се случило некоја професорка да се двоуми меѓу 4/5 и ќе ми рече, еве ти 5ка заради убавиот ракопис. Ова е можно само во средно. Според мене не дека ми е којзнае колку убав ракописот, туку е специфичен, крупен и разбирлив. Еднаш еден колега ми вика дека бројките сум ги пишувала како куцани на компјутер да се, сите под ред.
Зависи кога. На писмена работа пишувам убаво, за домашни хиероглифи, ама само јас и наставниците лесно го читаме. Малата „р“ ја пишувам оригинал од буквар, „ш“ без црта, „з“ без опаш, а „В“, „Г“ и „Р“ целосно слеано - со едно движење (не знам како да опишам). Инаку брзина - ракета. Сакам да го корегирам летово .
Ракопсот е огледало на уредноста на некој човек - тоа е мое мислење! Ако напишаното неможе никој да го прочита или се чита со дешифрирање, логика и слично, значи тој што пишувал не го ценел читачот!!! Премногу ситни букви, развлечено напишани, премногу накосени или пак премногу хиероглифски - катастрофа!!! Секој од нас со малку труд може да пишува разбирливо, па дури и убаво - само треба малку да се посвети време на подобрување на ракописот. Во далечната 1974 година кога јас бев прваче и учев да пишувам имав среќа мојата учителка да му посветува посебно внимание на убавиот ракорис. Па така јас добив вистинска лекција по краснопис. Низ годините го одржував убавиот ракопис и секогаш кога требаше нешто убаво да биде напишано се бараше од мене јас да го напишам. Спојлер Големо благодарам на мојата учителка за убавиот ракопис!!!
Имам убав ракопис ми го фалат но сепак јас мислам дека треба уште малку да поработам на него.Сега одкако е почнат распустот морам нешто да напишам за да не заборавам
Аман бе или сите сте нарциси и самобендисани, или пак ви држеле нож на вратот додека сте се учеле да пишувате. Шала на страна - изгледа сум единствена на форумов која не си го сака ракописот Читлив е, ретко да има некои кој не може да го разбере она што сум го напишала, ама не е убав. Мене воопшто не ми се допаѓа, ама тоа е
си го обожавам мојот ракопис иначе ако е нешто не потребно ич не внимавам како пишувам зошто баш не ми е гајле , ама ако е нешто што треба да го читам јас или некој друг можам да си го дотерам ракописот пс. имаше една поговорка ми остана вглаа вака нешто беше ( само на англиски) : запамтете, луѓето што се поинтелегентни имаат полош ракопис затоа што тие мислат повеќе за тоа што го пишуваат , а не како го пишуваат
Не сум нешто приврзана со мојот ракопис, дури одамна немав помислено на тоа дали убаво пишувам или да пазам како пишувам. Само имам приметено дека ракописот е одраз на моето расположение. Ако ми се случило нешто убаво, многу сум убаво расположена и среќна е тогаш буквите се прекрасни исправени, убаво напишани. Кога сум тажна ги пишувам многу закосено и ситно. Кога сум лута пак премногу притискам на хартијата (изгледа буквално сакам да ја извадам лутината на неа) и буквите се поголеми. Кога сум загрижена правам премногу грешки во пишувањето, едноставно паметот ми е на друго место и многу шкртам. И така, интересно ми е да си го разгледувам дневникот и во секој момент само по ракописот знам како сум се чувствувала. Еднаш сум пишувала дека сум среќна, супер ми е, но не можам сама да се лажам кога гледам дека скоро ќе сум ја искинела хартијата