За жал кога бев болна, рапидно ослабев, од 64 на 60 за една недела...што е стварно, нездраво... Ама јас имам таков метаболизам, како успевам брзо да симнувам и исто толку брзо да качувам ако не пазам, не ми е јасно. Што значи, не ми беше планирано ова. Сега си се одржувам на некоја стандардна тежина од 61, 62 и супер ми е. Таман ми е за висинава која ја имам. Не сакам да изгледам пак онака нездраво ко тогаш
Пред 3 и пол години 20 и нешто кила, зошто ги имав толку вишок не од нездраво хранење колку од други здравствени проблеми. За колку време точно не паметам, ама мислам дека 5 месеци беа сигурно. И така, сега имам малку за симнување можда едно 5-6 кг, ама цел живот се расправам со тоа, буквално последниве 5 години само со слабеење се замарам, или ќе ослабам па ќе внимавам и еднаш засекогаш да престанам да се грижам дали ќе се здебелам, само да ослабам, после е лесно
14 кила , низ средно почнав многу фудбал да играм и почнав да слабеам ... иако пак јадам нездрава храна сепак со фудбалот можам да го контролирам дебелееееењето
Не сум била на диети, не сум имала потреби, секогаш сум била многу слаба. Пред да станам трудна имав 57кг- 58кг (170см). Малку пред пораѓаот имав 90кг. Бев здебелена со 32-33кг, како касната од пчели подуена Но кога се породив само за малце повеќе од пола година си ги вратив старите килограми. Сега одново сум 58 кг. Не бев на диета, не примав ништо за слабеење, нормално си јадев. Тајната ми е во тоа, што многу се движев. Не седнував по цел ден дури не си ја исчистам куќата. Дури не му обезбедам на бебето тоа, од што имаше потреба, исто и на маж ми, ручеци, одене на продавница, пружење алишта, с 2 збора- домакинска работа. Таа ме врати во колосек Совет: Диетите само могат да наштетат на организма! Братучеда моја отслабна многу за кратко време со безјаглехидратна диета, но си наштети на бубрезите, мајка ја зеде истата диета и се прекинуваше менструацијата.. Нај добриот вариант за слабеење е движење и спорт.
12 килограми за околу 3 месеци, со внимавање и вежбање, летото 2008. Исто така резултат кој вреди да се сподели е 7 килограми за три недели, после првото породување, март 2005.
7-8 кг. за еден месец со диетата на Ирена, лани летото непосредно пред да останам бремена. Инаку после првото породување имав 75 кг., а останав бремена со 54 кг. Во рок од 10 месеци се стопив, се вратив на 57-8 кг. ама без некоја посебна диета туку од стрес, нервоза, спремање испити дење и чување бебе ноќе, кафиња, цигари, заборавав да јадам или немав време и така. Тоа ми е рекордот уствари
8-9 килограми пред 3 години со УН диетата... и после 2 години од слабеењето пак си повратив 6 од нив... во следниов период ќе се фокусирам повторно на враќање во нормала...
Дефинитвно Анабела ни е рекордер во слабеење и го држи рекордот 40 кила не се воопшто малку за 5-6 месеци бре, ептен него доволно е за толку кратко време да изгубиш толку кг, некои за една година не ги губат толку.