Јас мислам дека најдобар начин на слабеење е да си направите сами начин на исхрана во зависност од вашите потреби, без да го мачите организмот и да го избуните метаболизмот.. Исфрлете од исхраната се она што не ви е неопходно, од типот на грицки, благо, брза храна, храна со многу масло, газирани сокови, намалето до максимум со леб... повеќе вода пијте.. и фала богу, бавете се со некој спорт, имајте некоја физичка активност.. Многу е битно да јадете во помали количини, повеќе пати на ден ама по помалку.. и бавно јадење.. Не се форсирајте во секој случај, ако имате потреба од шеќери или слично, каснете една коцка чоколадо за кување.. Јас ослабев за 1 месец 6 кг на овој начин, никогаш не сум држела диета или нешто слично и не си ја вратив килажата, ради тоа што продолжив со истиот вид на исхрана.
Околу 10 килограми во рок од неколку месеци. Пиење на многу вода, го извадив лебот од исхраната највеќе што можам, јадев повеќе протеинска храна и зеленчук, и на сето тоа додадете стрес и тадаа Заборавив да додадам, и пиев само природно цедени сокови
Тоа ти е кога пиеш само вода, и не јадеш ништо. Не смееш ни додатоци во исхраната, само вода. Не беше по ничија препорака, имав некои здраствени проблеми и пред да се трујам со апчиња и хормони, решив вака ко заден спас, и ми помогна. Имаш многу статии и искуства на нет, пиши water fast. Не го препорачувам, оти кај сите делува различно. Јас одев недела по недела, и издржав до крај.
За 3 дена од 56 на 51 кг. ми раскинаа хаха и сега си ги вратив дупло килцата и мака мачам. Никогаш не сум била на диета, но сега ќе морам!
Никогаш не сум се сметала себеси за дебела, висока сум 1.65 а највеќе сум имала 67 кила. Пред 1 година. Сега имам 50. Диета никогаш не сум држела, не можам да не јадам ако осеќам глад, некогаш знам да јадам обилно по 8 пати на ден, а некогаш 3 дена ништо во уста не ставам. И, видов дека тоа води кон експресно брзо слабеење. Не јадеш ништо еден цел ден, па другиот гнетеш што ти душа сака и колку ти душа сака. И слабееш ненормално многу.
Не ми е логично вакво слабеење. Зошто ти кога еден цел ден ништо не јадеш го изгладнуваш организмот, што претставува голем шок. Наредниот ден кога јадеш, тогаш од "страв" да не биде повторно изгладнет, ја складира храната како резерва. Пологично е да се здебелиш него да ослабеш.
- 25 кг. за 6 месеци: * Користев MyFitnessPal за броење калории, таму по висина, тежина и која ти е целта за слабеење (кило неделно, пола кило неделно) ти дава колку калории да јадеш во денот. * Намалени порции, а не она македонското пикај, една чинија ја полнев пола и повеќе со зеленчук/салата, другата половина тоа што е за ручек и нема дополна. Ако сум јадела порано 2 парчиња месо, ќе земам 1, ако сум јадела на пр.2 полнети пиперки ќе земам 1 и на тој принцип.. * 3 оброка + 2 ужинки * Исфрлив бел леб, тестенини, сокови и алкохол; ретко јадев компир, ориз, пржено и благо; кафето си го навикнав без шеќер * Повеќе овошје и зеленчук * Повеќе движење - јас немав време за вежбање, ама земав почесто да пешачам и 1-2 неделно дома со тегови вежбав. Боље ишта него ништа. Почнав да слабеам со 1700 калории првите 2 месеца, па смалив на 1500, на крај со 1350. П.С. Уште сум дебелка требаше уште кила да ослабам но сум бремена така што здравје понатаму.
Пред две години ослабнав 10 кг за 1 месец, од 75 на 65 кг. Висока сум 172цм така да имаше голема разлика во изгледот. Јадев многу леб тогаш и ми требаше долго време дур сфатив дека лебот ми беше најголемиот непријател во борбата за слабеење, па престанав да го консумирам. Исто така престанав да јадам грицки (чипс, смоки итн.), благо (понекогаш мамев но нема врска ) и да пијам сокови (газирани и негазирани) освен минерална вода. Исто така пиев многу вода, а преку ден јадев што и да посака освен горенаведените. Сакам да потенцирам дека себеси не си велев дека држам диета туку едноставно дека не сакам да ги консумирам тие намирници. Резултатот беше видлив и не знам дали сум била посреќна некогаш со мојата тежина бидејќи секогаш се мачев со вишок килограми. Сега не знам дали и тоа влијаело, но пред да почнам со оваа исхрана месец два претходно вежбав многу речиси секојден но не ослабнав ни пола кг. Сега пак, кога се попуштив и не внимавам воопшто што јадам а не пак да вежбам, стигнав на 80 кг Секое утро си велам себеси дека ќе почнам по старо но ми недостига мотивација и желба за успех, но ќе биде