Не освен обврските низ дома и град ништо посебно,но сигурна сум дека ако вежбав резултатите ќе беа многу побрзи.
Месец ипол околу 17 кг .. Јадев само салата, овошје и зеленчук многу, без зејтин, газирано, благо и пиев многу цеден лимон и свежи сокови. Пиев исто ниско маслен јогурт и млеко и јадев апетисани.. Килограми си качив дури за време бременост и тоа околу 7-8 кг во тек на истата..
20 кг за 2 месеци. Од 70кг на 50кг со прекумерно вежбање и внесување само салати, многу вода и овошје. Но никому не би му препорачала ваков начин на исхрана затоа што настануваат сериозни проблеми и последици... Тоа ми беше прва и последна грешка во врска со слабеење и диета
За 3 месеци 25кг. Јадев салати, овошје и малку манџи. Трчав многу секојдневно. Инаку последици имам секако со тоа што добив бактерија во желудник и имам проблеми. Се влечев по болници заради него. Инаку диетата на своја рака си ја зедов и сакам да им препорачам на они кои сакаат да ослабнат да не губат надеж. Повеќе овошје, зеленчук, домашно направена храна како манџи и секако спортување. Отфрлете јадење навечер. Доколку сте гладни можете салата.
И јас си добив бактерија во желудников од тие диети , и се решив на голема физичка активност и за месец и пол -8кг , Продолжувам...
5кг. за 3 недели. Никогаш не сум била дебела, но ми пречеа тие 5кг. и решив да пробам да ослабам. Делумно успеав во целта, +2кг. од тогаш сум сега.