Не знам зошто не можам да ти пишам лп видов имаш пишувано во темите па сакав да те прашам ако можиш подетално да ми објасниш за методот intermittent fasting?
@Emilija97mk Секако. Се јаде во период од 8 часа, односно од 10 наутро до 6 навечер или од 12 до 8. Пред 10 или 12 може да се внесува кафе и вода а послe 6 или 8 чај. Можеш да си распоредиш повеќе оброци во текот на тие 8 часа или пак да јадеш само два пати со ужинки измеѓу. Ако сакаш да ослабеш потребен е калориски дефицит и колку помалку кг имаш за симнување толку потешко ќе биде. Но потребно е да јадеш во поголеми количини на последниот оброк за да може да те "држи" 16 часа до следниот ден.
За месец дена,отфрлив благо,леб,грицки..и пешачење(поточно шетање секоја вечер) на сабајле пијам кафе прво па по неколку саати јадам салата (јас највеќе сакам краставица и патлиџан) ручек компир варен или печен,манџа,месо..вечера-некогаш овошје,некогаш зеленчук
Пред се' со внимавање на исхрана, без благо, бел леб, газирани сокови, пржено, грицки итн.. пиење обавезно 2 или повеќе литри вода дневно, и физичка активност барем 3 пати неделно . Резултатите се гарантирани.
Бравоо како се храниш? инаку и ја почнав да се хранам здраво, доручкувам овошје, овесни каши, чиа, јајца, галети, итн битно здрави работи.. за ручек месо, туна, ориз, компири.. битно никако пржено а ако е само со маслиново масло.. млеко пијам само кокосово или од бадем.. а вечерам само салати Сосема исфрлив благо, газирано, грицки, тесто.. засега сум 1 недела на режимов но сеуште немам симнато килограми
Колку побавно ги губиш килограмите, толку е подобро за организмот. Од искуство. Сум изгубила 15 кг и за 7 месеци, а и 15 кг за месец и пол. Вториот пат ги вратив за исто толку време, колку што ги симнав. Радикални промени во навиките, се тешки за придржување.
Од леб јадам тонус,2-3 кришки на 2 дена,варен компир,варени јајца,без глутенски тестенини(шпагети,макарони),чоколадо со стевиа едно на 3 недели,ориз со најмалце зачини,микс зеленчук (грашок,пченка,морков),салати марула,краставица,од месо јадам само стек 2 парчиња во една недела.Овошје јадам банана една на 3 дена,портокал,мандарина,во денот по едно обавезно,и гледам после 20:00 часот освен вода,друго ништо да не конзумирам.Сето ова кога ке се искомбинира со вежбање 6 пати во недела,ефектот е одличен.Имам брз метаболизам,брзо качувам,брзо симнувам,иначе имам за 3 недели еднаш симнато 16 кила. Да не заборавам да кажам,оваа исхрана на мене ми одговара,не секој може ваков режим може да прати,затоа не ја зимајте во предвид.