Анабел-а и шеќерче 1 секоја чест за вас. Можеби ќе бидам офтопик, ама ве молам ако може да ми кажете како успеавте за краток период да на малите толку килограми? Верувам дека сте биле на посебен режим на исхрана, па ако може напишете како изгледало едно ваше дневно мени. Јас треба да симнам скоро 30 килограми, одолговелкував, ама решена сум од утре да почнам
5 килограми за неполн месец,пред три години и тоа само од стрес,промена на средина и никака физичка активност.
14 кила за 2 месеци, со помош на Хелрбалајф, летово, ги вратив за 4 месеци, сега веќе се обидувам да ги симнам со диета и многу ми успева да се пофалам
3кг за 3дена Со кој памет јадев само јајца 3 дена и навистина вагата покажуваше минус.Ама третиот ден добив страшна вртоглавица ,завршив на лекар.Оттогаш диетите се стран поим за мене .
MolikaMk како ослабе 10 кг за еден месец? Не е тоа премногу? Како се хранеше? Ајде сподели, има и други очајни овде! п.с. Однапред благодарам!
Исто како јас да го пишував.Што е најтрагично никако да се навикнам на режимот што се хранев тогаш кога ослабев.
За 2 недели цели 5 кг. И тоа е многу за мене, како што сакам да си јадам Инаку, секој ден внесував по 1000 кцал. и без никаква физичка активност.. не дека некој ќе го интересира ама за секој случај.