Аууу браво!!! Тоа е голем успех.А,како? На диета ли беше или здрава исхрана? Ајде плс.Кажи ми дека сакам и јас да ослабам повеќе кг.Фала.Поззз
Околу 8-10 кг за 2 месеци Во средно ослабев исто, од 66 на 53/4, со пазење на исхрана, всушност не се ни сеќавам како, ама кога си помлад полесно се слабее . Значи рекордот ми е околу 10 кг за околу 2 месеци.
И јас исто мора да ослабам 30 кг...малце доцнам одамна се објавите ама сега ги видов,нова сум на Фемина. Ве поздравувам сите.
Леле јас можам да кажам за рекорд за дебелење 18 кг за 9 месеца ( не сум била во друга состојба ) , а рекорд во слабеење ми е 9 кг за 3 месеца со здрава исхрана и вежби
А добро , ќе одговори некој на стоте поставени прашања, како дојдовте до посакуваната тежина и како тоа симнавте до 30 кила за два месеци??????? Кога некој успеал, мислам дека фер е да каже, нели?
За 3 дена 3 кг! Се зезам, таква ми беше разликата помеѓу пред добивање циклус и на последниот ден од циклус. А за слабеење најмногу ослабев кога спремав патофиза, за неколку дена ослабев 3-4 кг. Од 47-48 стигнав на 44-45кг(а висока сум 169). Не можев ништо да ставам во уста, само по еден пудинг од лешник и чоколадо и мнооогу кафе. Бев ко костурине на анатомија. И после долго време ми требаше да го навикнам желудников на храна,макотрпно си ги враќав тие изгубени 3-4 кг, речиси 2 месеци.
Во период од два ипол месеци еве нека бидат три, ослабев 28 кг со помош на нутриционист. Дефинитивно најдобриот начин на слабеење, здраво и ефикасно. Во суштина тоа не е диета н него здрав начин на исхрана. А што се однесува до здравствената состојба ми беше во најдобар ред. Поздрав
Сега сум послаба од кога и да било, во рок од 46 дена ослабев 7кг. со УН-диетата. Уште толку да ослабам и посреќна од мене ќе нема!
Мое рекордно ослабнување - знаете јас константно си имам дебелеења и ослабнувања беше за матура и тоа за 21 ден ослабнав 10 килограми и тогаш бев и најслаба до тогаш , татко ми тогаш ме викаше костур на батерии
За 2 ипол месеци симнав 7 кг, без специјални диети, само се откажав од леб, повеќе варени работи и без благо, не беше тешко се навикнав некако зошто знаев дека не сум на некој а строга диета сама си водев ред за исхраната и 2 години не ми се вратија килограмите. Но ете сега ми се вратија зошто во последните месеци јадам како идиот, и планирам пак така да почнам да припазувам на исхраната, имав резултати убави
23-24 кила за 4 месеци. Имам уште за симнување, ама како сум запната, има до на лето да се направам таман !
Рекорд ми било до сега одприлика пред 1 година за 10тина дена 8 кг. Не ми беше намерата толку зошто не слабеам толку брзо ама едноставно така ми се погоди . Тогаш почнав интензивно да одам во теретана и ја почнав кардио диетата и не си ги вратив до ден денес