ако не е тајна дами кажиш колку те кошташе, затоа што и мене ми ја препорачаа протекал, но била многу скапа
Од лани постојано варирам во тежина. Бев 56 пред некое време, арно ама имав стомаче што сакав да го снема. И откога почнав да припазувам на храната и со редовно вежбање паднав на 53, и си бев презадоволна. Пред некој ден мајка ми ми забележа дека мн сум ослабела ама знаете женско како женско никогаш не се смета за доволно слабо. Ме натера на вага да се качам.. сега сум 49,1. Вака останав. И на алиштата многу се познава али цело време си викав де стари се па се имаат раширено, де нешто друго.. ама не било до алиштата. Задоволна сум во секој случај. Благо в уста немам ставено. И белиот леб го исфрлив. Само интегрално лебче, а навечер и без него поминувам. Некоја салата евентуално.. и така ми завршува денот. Ама и без движење не го бива бе. Иначе за еден месец 7 кила сум симнала, сега сфакам.
Скоро 10 kg. за три недели. Пред повеќе од две години. Начин: Рестрикција во исхрана, внес на max 600 kcal дневно. Ригорозно, ама моја желба беше да си ја вратам старата тежина.
Минатата година за 10 дена ослабнав 6 кг. Без диета Имав стомачен вирус Се разбира, за брзо време ги вратив
прашање за оние што од млади мака мачат со вишокот кг,откако ослабевте колку и да е ги одржавте? јас пред 6год.ослабев со еден вид ун диета 25кг за 6месеци,проблемот е што тогаш не знаев дека треба 90дена да се држи,се изгладнував и секој ден вежбав 1саат на статичен точак,ми се намали шеќерот често имав вртоглавици по тоа и ме тераа блиските ај касни ова ај она и еве со тек на време пак имам стара килажа иако летово почнав да внимавам т.е.вежбам поинтензивно и се трудам да не внесуван многу калории нема некои резултати освен телото што ми се преобликува,инаку прашував дали некој трајно одржал ниска килажа зошто ете мене не ми успева т.е.имам мислење дека ако се сака лесно се слабее но тешко одржува или грешам...?
Не,еве веќе 1 година па и повеќе имам 50 кг. Инаку не јадев многу,намерата да ослабам ја немав ,но имав некои стресни периоди и не внесував доволно храна, и само проблеми си направив со крвта и слично,инаку 49 личи ептен слабо...али што е тука е еве сега не се здебелувам иако си јадам.
11 кила за 24 дена. Од 61 на 50...Ова беше пред 2 години. Сега ќе видам на крај на месецот колку. Али за 4 дена кога се измерив од 58 кила имав 54. Ама не од диета... Од постот ... Сеа до крај којзнае уште колку ќе симнам.