http://www.zdravjeizivot.mk/limonada-di ... a-14-dena/ има некој ослабнато со оваа диета ај искуство кажете
да имам јас пред некоја недела ја почнав и на третиот ден почна да ми се врти свест и да ми се затемнува пред очи и ја баталив инаку рекорд ми е од 80 на 63кг т.е. 17кг неможам да ви кажам точно време имав 80 па симнав за месец ипол на 68 па цело лето се имзмачував некако докај 63ката и така сега си се вратив на 70 и еве од денес пак почнувам со ун диета се надевам ќе ви се фалам после
Лани зимата 6 килограми.Имав 65 и за месец дена 59 бев.А инаку не знам како ослабев,не јадев многу тој период и така. Ама сега сум 15килограми од тогаш поравена и сум на диета. Наскоро се надевам со феминиум ќе ви се фалиме.
Преклани ослабев 10кг за 1 месец,онака без никаква диета не јадев многу леб(само по една тенка кришка на јадење,не јадев благо и грицки,не пиев газирано...од 70кг дојдов на 60кг Ама сега после 2 години пак си ги вратив и пак си имам 70,ама пак си почнав со благото и пак многу леб и грицки,ама ке почнам пак да избегавам белким ке си ослабнам
40 килограми за 4 години. Се уште не ми се верува дека успеав! На 14 години имав неверојатни 115 килограми, кои ни самата не знам како ги добив. Едноставно не бев свесна за тоа што ми се случува, бев во пубертет. Јас секогаш сум била крупно дете, но никогаш претходно не сум била толку дебелка. Навистина беше тажен моментот кога не можев да си најдам соодветна облека за полуматура. Во тој период слушав безброј лоши коментари за мене, на сметка на мојот изглед, дури се граничеше со некој вид малтретирање. Ми беше многу тешко, но тоа и ми даде стимул да се променам. Започнав со здрава исхрана(променив неколку диети) и полека по полека килограмите се намалуваа. Денес имам 75 килограми, висока сум 171 цм и целам кон 68 килограми. Барем тоа ми беше зацртаната цел пред 4 години. Единствена грешка при моето слабеење беше тоа што не вежбав воопшто и искрено не сум најзадоволна со тоа како ми изгледа телото. Но никогаш не е доцна, планирам да започнам сега поинтензивно со вежбањето и вашите постови на форумов се вистинска инспирација. Секоја чест девојки, браво!
јас бев мн слаба искрено... бев родена 3 500 после коа пркнав малце поради операции на глава и препони (детска хернија на препони имав), откажување на бубрези, ешерихија коли, анафилактички шок од инекции во прво одделение тргнав со неверојатни 19 кила и ми пишаа неухранета бе хахах осмо кога завршив имав 44 кила до втора година качив на 55 меѓутоа во втора година фатив Инфективна Мононуклеоза за две недели смалив на 46 кила.. сеа имам 55 кила и неделно ми варира тежината пример 55 па 54 па 55 па 53 па 54 и така
јас 7 кила летото костур се направив, од 54 на 47 на човек не личев со мојте 170цм висина битно јас убаво си се чуствував сега сум го нормала пак 54
Ослабев 10кг за 6 месеци. Леб и благо не јадев никако (инаку зависник сум од благо ) и не вечерав подоцна од 18 часот. После три месеци откако ја започнав диетата започнав и со аеробик.
11 килограми и тоа со УН диетата има поминато една год. а сеуште немам вратено ни еден килограм имав 64 а потоа 53 и постојано сум толку, ама многу се движам...а диетата е закон добро делуваше на моето тело.
Ахх кога си бев болничка 3 дена ми беше многу лошо и не јадев никаков ручек и вечера,само доручек и многу течности. Јогурт,сок и вода,и + две чаши вода пред спиење За тие три дена ослабнав 3-4кг од 52 на 49кг. Прилично е многу,но сега внимавам на исхраната, месо и леб веќе со недели немам пробано,само компири и салати,а доручек не практикувам бидејќи се будам во 2 часот. Напредувам а и утре планирам салатите да ги отфрлам