1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вашиот ритуал пред и на плажа!

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од Avril.09, 20 јуни 2011.

  1. Avril.09

    Avril.09 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    892
    Незнам дали требаше овде да биде темава, Вашиот утрински ритуал е во слободно време, ама модераторите нека средат :hai:

    Утрово кога станав, се чуствував исто као да сум на одмор.
    Сонце пече, некој зборува надвор, башка се разбудив во 6 часот!

    Енивеј, се спремаме за на плажа. Облакам купаќи, врз нив некоја долга кошула или фустанче, очилата за сонце, пешкирите и се' останато.
    Тато го мести чадорот, се мачкам со крема и легнувам со слушалките за да се расонам со малку музика.

    Потоа следува капење, сончање, одбојка, карти, молење на мама да ми купи крофна! :lol:
    Си се враќаме во станот, се тушираме и легнуваме да се одмориме. :)

    Кои се вашите ритуали пред да појдете на плажа, кога сте на плажа, па и кога се вратите од плажа?
     
  2. Squirrel

    Squirrel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2011
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    433
    За жал кога сум на одмор стнувам касно 11-12 часот,што за на одмор е стварно касно...
    Облекувам купачи,ја спремем чантата за на плажа,каснувам нешто ако сум многу гладна или ако не се тука мама и тато да свикаат и заминувам на плажа до кај 1-2.....на плажа се распостиламе,се мачкам со млеко за сончање и легнувам..после можи да се искапам,ама не е задолжително (не сум голем љубител на капењето) ...кога ќе се вратиме дома ручам,гледам ТВ малце и од кај 4 пак на плажа,до кај 6-7 ама овој пат релаксирано...со капење,со картички,фудбалче,одбојка.....е кога и по втор пат ќе се вратам во викендицата се капам и почнувам да се спремам за излегување!!
     
  3. BettyBoop25

    BettyBoop25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2011
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    1.107
    Jас станувам кај 9-10h зависно од претходната вечер :) Потоа се мијам ги облекувам купачите, некое фустанче, или нешто полефтерно за на плажа многу јасно, поткаснувам овошје или зеленчук салата полесно нешто, и се спремам за на плажа крпи земам со мене, масло и крема некоја обавезно за сончање, топка за играње, слушалките за музика, фризби нешто, душек, или некое перниче за во вода да се шлапкаме со другарите ако сум со нив на одмор, се шалиме еден саат до кај 11h да се собериме да се средиме сите и одиме на плажа.И на плажа до кај 16-17h се сончаме или под сенка седиме кафе пиеме, јадиме, или во вода пливаме се шлапкаме, може пивце некогаш во вода едно така да направиме ( кога сум со друштво тоа ритуал ни е секоја година едно пивце во вода правиме ) хаха.После тоа домче одмараме се тушираме, се спермаме за вечер и вечерта е no comment.А исто е и кога сум со дечкото истиот ритуал, само што со него одмарам повеќе кога ќе се вратиме од плажа и вечерта само си дегустираме си шеткаме така лагано. :)
     
  4. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    8) Ах бре лето! Колку само си го сакам тоа ништонеработење, речиси ништонејадење, тепање време - и единствениот проблем е - кога ќе одам на плажа.

    Ритуали имам и сум имала разни, зависи дали сум била на одмор со дечко или со другарки.

    Во првиот случај ритуал ми е утрински
    секс
    , па туш, па таму исто по уште еден
    секс
    , па облекување за на плажа, го зграпчуваш шишето со вода и толку.
    На плажа класика, многу мачкање, многу бањање, карти, табла, кинки муабети, па трчаш во морето или во езерото. Јас жртвата, тој ајкула доколку се сврти да плива на грб :D
    Па трчање во апартман и пак она што е во спојлер. Да ви кажам право, ми надојде една желба така :D

    Со другарки? Воглавно сум среќна ако успеам да станам во нормално време. Долго трезнење, натегање која ќе прави кафе, и долго тегнење која прва ќе оди да се тушира. Мрзи најмрзливи. И едвај се влечкаш на плажа, ставаш шеширот на глава, нарачуваш ладно нес и молчиш.
    Попладне ќе ти текне да прашаш - кога ќе јадеме?

    Добиваш одговор и одиш да јадеш.
    Ви текнува на спотот од Groove Armada? Е таков одмор :) Затоа сум секогаш носталгична кога ќе ја чујам песната.

    Some ritual that I have :D
     
    На kate21, Sephora, Marchesa и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Ќе видиме летово, ама секој одмор различно време станувам ама обично: станувам претходната вечер истуширана ако ми е мака и склет, а секогаш ми е - се туширам пак, јадам, облекувам купачи, над нив облека и останати аксесорис наочари, шешир за на плажа, апостолките пред да излезам ги облекувам и уште нешто зависи од комбинацијата, средувам по соба, косата си ја средувам некако и лицето, си ставам крема, земам се што ми е потребно и тргнувам. На плажа се соблекувам по купачи, се мачкам со млеко или масло за тело и лицето, се сунчам и бањам или си седам под сенка - мај фејворит зашо сонцето ми иде на живци ко ќе поседам под него одреден период, друго зависи од денот :)
     
  6. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Пред плажа обавезно темелно чистење на лицето и заврзување на косата, без да штрчи влакненце (колку е можно тоа ќе видиме годинава). Облекување нешто лефтерно врз купаќите и фурај на плажа хаха.

    На плажа мачкање на телото и лицето. Повремено навлажнување на телото со вода (за да ме фати побрзо боја). И така неколку саати хахахаха

    По плажа, обавезно туширање и пилинг на целото тело- за да ги отстранам изумрените клетки од кожата и да ми пага брзо бојата :)

    Толку.
     
  7. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    Пред плажа туширање, комбинирање на купаќи со апостолките, пешкирот, шеширот, ташната и ластичето :D , косата во пунџа највисоко на главата иако на крај сепак ќе ја наводенам.Е кога ќе стигнам на плажа, зафаќам некоја убава положба каде што сонцето убаво грее, се мачкам со масло, па во вода сигурно пола саат и после на сончање.Ах, лето... 8) [​IMG]
     
  8. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.983
    Пред плажа со маж ми стануваме околу 10 саат, се спремаме, облакаме купачи, ставам крпи за плажа во чантата што ми е за плажа, млеко за сончање или масло што имам, душекот за во вода, чадор ( зависи каде планираме да одиме на која плажа) и палиме аутомобил и одиме, Таму се распостиламе или на лежалки или на песок нели зависи каде сме, си нарачувам фрапе или фредучино и си се мачкам на тенане со млекцето и си уживкам на сонцето, кога ќе ми е многу топло одам со мм во вода , се капиме и пак назад на сонце да фатам боичка, седиме така до кај 4, 5 на плажичка и заминуваме во хотел, се тушираме и одиме на ручек во некоја таверна и повторно во хотел да одмараме, т.е. да нанкаме едно 2 , 3 саата и после вечерно шеткање и тоа е , одмор ;)
     
  9. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.821
    Допаѓања:
    102.690
    Пол:
    Женски
    Пред плажа си ги спремам работите во чанта , си ставам пешкири , крема за сончање , си облекувам купачи си земам дополнителна облека , слушалки за мобилен за да си слушам музика. На плажа си порачувам нешто за пиење кафе и сл. седам најчесто под сенка ( страв ми е од сонцето :D ) потоа малку ке попливам па пак си се вракам назад :) Требаше денес да одиме со керка ми ама ништо времево ке се расипува :( здравје утре :)
     
  10. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.546
    Па ден пред да одам на плажа се туширам и си ја спремам ташната :)
    Во ташната нема што нема да најдеш :lol: Слушалки за музика,телефон,млеко за тело,крема за сончање,карти,чадор,2-3 шишиња вода,обавезно штипки,шноли и ластици и земам ако имам време кафе и шеќер(од оние малите пакувани),храна(овошје,јаболко,банана и.т.н.),ако имам земам уште 1 пар купачи за да се пресоблечам откако ќе се измокрам,и алишта(послесни маички и куси панталони)
    Иии заборавив крпа :lol: Цаци се нешто и текнува на крај :lol: :$
    По можност земам и книга,списание да не ми е досадно.
    Потоа одам и кога ќе стигнам се пресоблечувам,се намачкувам со крема и се сунчам или пак во вода зависи какво е времето :D
    Додека се сунчам можеби си читам книга или списание.Потоа играме карти со сестра ми.Понекогаш си ја правиме косата(плетенки,репчиња,пунџи) :) Се сликаме,пиеме кафе,јадеме :) Влегуваме во вода,се бањаме,се прскаме,пливаме...
    И тоа би било тоа :)
    После дома се враќаме и така утепани се тушираме и одма во кревет или пред ТВ :)
     
  11. Miss-Miley

    Miss-Miley Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2010
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    па кога сум на плаза обично станувам кај 7 часот се облекувам купаќи и одам по плазата да дисам јод бидејки имам астма. Се вракам во хотелот кај 7 и 40 мин се банјам во базенот и во 8 и 30 или 9 одиме на плаза со родителите. на плазата мајками ме мацка со крам и одам да се банјам па игрме карти со децата на пријателите на мама и тато. кај 13-14 часот се вракаме во хотелот се банјаме и слегнуваме во ресторанот да руцаме. потоа јас со другарките се банјаме во базенот а мајками и татко ми се одмараат во 16 цасот повторно одиме на плаза до кај 19-20 цасот се вракаме во хотелот се тусираме
    и одеме да се шетаме во доцните вецерни цасови бидејки сега ке бидам 8 одд одиме во дискотеките :D
     
  12. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Станувам се шминкам :makeup: , облакам штикли, уз пат ја пеглам косата и правец на плажа, на некоја лежалка каде сите ќе можат да ме видат 8) ...
    Се шалам... Не правам ништо од овие работи, не сум исфрустрирана ;) .

    Станувам рано, така окулу 12 :lol: набрзина земам нешто да појадувам, најчесто паштета и две кришки леб, или некоја салата. Кога ќе завршам со тоа, се туширам на брзина, облекувам купаќи нешто врз нив, косата ја поднаместувам, и се обидувам да го извадам последниот грам од шминката од вечерта.
    Палам апостолките и трк на плажа, наоѓам удобна лежалка, или распостилам пешкирот и се акнувам на него, набрзина нарачувам некое кафе-мафе и нешто да освежи. Наоѓам удобна поза за манијачење секси телца или евентуално за играње брич, се шлакам со млеко и сл. а кога ќе ми стане жешко само се буричкам во вода на неколку минути и трк назад...
    На последниве одмори скоро по цел ден го поминуваме на некој од шанковите пиејки некој коктел, па после гледам китови на метар од мене :x

    Сето ова се случува докај 5-6 саат, и почнува да ми се јаде некакво овошје, скоро секогаш голи праски, и им вршам масакар на луѓето окулу мене да си одиме...И одиме во смештај...По пат земам кило праски и до смештај има само уште три...

    Влагам под туш, кога ќе завршам искачам и јадам нешто калорично како леб и паштета, или некој сендвич и десерт праски, одмарам до кај 9 и пол и почнувам да се спремам за шетање... Не се знае кога ќе се прибереме, и дали воопшто ќе се вратиме во смештај пред да не раздени на плажа :$
    И така секој ден, и секој одмор, веќе видено и веќе осетено...

    Праските и паштетите за тие 10 дена ми сраснуваат во стомак, али тоа ми е летна храна :P
     
  13. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.059
    Допаѓања:
    1.029
    Јас сум стока и ненајадена не подавам нос од соба. Да, јадам пред плажа и идам со меше. Фак је. :rock:

    Косицата у растур пунџа горе високо, ко зелена салата нешто. Цвиќерот, купачи и одозгора фустан/шорцеви, торба... И после саат на плажа се натегам дека неќам да се мачкам пошо нема да поцрнам. И таман ќе ме убедат и нашлапаат, трчам у вода и се брише кремот. 8) И вриштиме, многу. 4 бевме до оваа година, сите во вода и си се качуваме, се давиме, се џиткаме...

    И дека поприлично седам на плажа и ручек ме фаќа и пак си јадам. Флаша вода носам со мене и увек пцујам пошо за пол саат се стоплува. За читање тракатанци носам.

    И без алка на нога ниКде. :!:

    Љубам да гледам зајдисонца и изгрејсонца, со тоа што шансата да ја преживеам вечерта без спиење и да го дочекам утрото на тераса се скоро непостоечки. Охрид поминавме цеееел одмор со -Е ВЕЧЕР СЕДИМЕ И ЧЕКАМЕ ИЗГРЕЈСОНЦЕ, и секоја вечер камења и трупови и фикуси.

    Тушот ми е омилен дел, најубава излегувам после плажа од под туш. Најсвежо и одморено изгледам, плус се релаксирам колку и да ми маваат на врата. Мора детално да изанализирам степен на поцрнетост. А тоа трае.
     
    На Jojoba му/ѝ се допаѓа ова.
  14. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    672
    пред да одам на плажа обавувам целокупна лична хигиена, за да не затрујам од пот :D без разлика што се бањам сепак лето и сонце си ги прават своето.

    спремам ташна а во неа: пешкир обавезно и сламарица за лежење, масло за тело, шноли и стегачи, телефон со слушалки, апарат за фаќање незаборавни моменти и 1 литро вода и нешто солено за грицкање да не ми падне притисокот :D .

    потоа капата на глава, купаќите, фустанот, наочарите и правац плажа!

    после тоа темељито туширање и шетање покрај плажа.

    толку! иако изгледа малку и едноставно но сепак сум жив хаос кога се спремам за на плажа и секогаш нешто влечам со мене што во момент ќе ми текне. ;)
     
  15. spellbound

    spellbound Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2010
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    1.482
    Станувам, доручкувам, мијам лице и заби, облакам купаќи, си спремам пешкир, млеко за сончање, наочари за сонце (останатото го спремаат мајка ми и татко ми).
    Одам на плажа, местам лежалки, се соблакам по купаќи и влагам во вода.
    Седам додека не смрзнам, излагам, се сушам, се мачкам со млеко за сончање, пијам вода или сок, се сончам 5-10 минути, влагам во вода...цело време истото се додека не дојде време за ручек.
    Татко ми оди да купи нешто за јадење, јадеме на плажа, мама не не пушта одма да влеземе во вода-требало да ни спадне јадењето, па влагаме во вода, па нешто се зезаме со сестра ми, заоѓа сонцето, се облакаме и назад во апартман, се бањаме сите по ред, вечераме, спиеме/шетаме.
     
  16. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    Пирамидле ме изнасмеа со стилот на пливње ајкула, ти жртвата :D Ела да те бацам за ова се пресмеав :*

    Иначе јас не станувам рано ни под разно, неколку пати ми се има случено да станам едвај за на поручек друштво да правам. станувам кај 12-1 во најжешкото, се мијам, сјај и лабело обавезно оти устата и во лето партал ми се прави, една пунџа правам, наочари опнувам, купаќи и фустан на нив, или шорцеви.
    После спремам чанта со карти, млека за сончање, апарати, вода, сокчиња, грицки, спремам лежалки ако нема на плажата, крпи, шатор ако нема исто, сето тоа му го давам на посилниот пол да го носи, јас душекот или книгите си ги носам враце.
    Битен момент е дека не излегувам од вода, ептен со триста молења за да се социјализирам и да играм карти или што да е, нема врска дали има некој за друштво или не, јас и сама можам да си се шлакам. Излегувам само кога ке огладнам, прво се чешлам ако е можно оти косата тесто ми е секогаш :) и читам книга и во исто време гнетам грицки, благо, или сладолед можеби локомадес :worried: поседувам малку, и пак продлолжувам.
    Изгорена сум дожд да заврни и да пливам, не дај боже некогаш гром ке ме отепа :))
    Ептен сум тешка за враќање од плажа, сакам на зајдисонце пак да се шлакам да си пливам кога ке се смири водата. После се враќам, се туширам пеглам коси да заличам на човек, ако сум изгорена си барам некој да ме масира со крем за разладување, перам купаќи и тоа е тоа. После шетање, и пак исто. Се однесувам така како што ми чини оти одмор е бе, што сакам ке си правам, али спремна сум за компромиси :)
    Други некои ритуали немам, не му ја мислам ич.
     
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    718
    Па секоја година различно т.е. зависи со кој сум на одмор :D
    Еве лани на пример се будам уште во 7-8 и си викам ок, ќе го оставам нека поспие, греота е детето секое сабајле го будам. И лежам така 5 мин и после рипам врз дечко ми затоа што сум пензионерски настроена и сакам од сабајле да си одам на плажа! И јас станувам, он спие уште пола саат-саат и го праќам по доручек 8), јадеме, облакам купаЌи, спремам торба за плажа, пешкири, млеко за сончање, ХРАНА :inlove: (праски, мали сендвичи, вода и сокче), пари, мобилен, апарат, клучеви. Патот до плажа ми е најмачен па макар да се 5 чекори |( уште по пат почнувам да соблакам маичка, на плажата само шорцевите и се џиткам ОДМА во вода, е тоа ми е најубаво! И после може да почне распакување, плаќање лежалки и остало :lol: Обично со дечко ми и со другарките кога бев седиме цел ден на плажа до кај 5-6, а со моите обавезно одевме на две тури. После тоа туширање, јадеме нешто, па се шеткаме покрај моренце и вечерта таман ќе почне да ме закачка јас веќе спијам :$ , затоа што нели во 7 станувам :geek:
    Оваа година идеме пак со дечко ми, жал ми е мали ама пак ќе си стануваш раничко :wasntme:
     
    На mjauculence му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.105
    Одам без обмисла шо ќе правам и како ќе правам.
    Ама вака кога си враќам филм...кои смешни вербални преписки си ги правиме со партнерот на одмор и колку е само тој смешен целиот и му излегуваат сите фетиши на површина,тоа е чудо и е надвор од темава.
    Стандардно,будење (опционо какво е,дали тој мене или јас него,ако јас него легнувам целата кај него врз грб и му шепотам,а тој глумата дека спие и на крај почнува да се смее,а ако тој мене ме чешка,ме гали,ми ја тргнува косата у која сум се удавила и личи на животиња на мојата глава,у опциите имаш срамотни работи кои ги пиша Пирамид,станува става кафе пред да се измие,се мие,јас по него и мезиме кафе,тој каснува).Собирање пљачките по соба и упатување до плажа.Повторно опции,дал е блиска или далечна (ако е блиска од 5-10 мин.го слушам цел пат како се жали леле ама е жешко,едвај чекам да се плеснам у вода,соблака маица,ја закачува на појас,напикана ко некој дрвосечач,сто пати ја бара водата да се наљока,а јас уживам во попатните пејсажи и мудро молчам или давам предлози за нормални работи,а од него слушам,еј а сакаш да скокаме банџи?!Еј а да изнајмиме глисер?!Еј а параглајдер?! |( .Ако плажата е подалечна,јас се местам на сувозачко и чекам да ме одвозат до местото кое што треба.И пошто најчесто гледаме да одиме на различни места,сме странци и ништо не знаеме и му се заблагодарувам на универзумот за неговото е*ано опасно чувство за ориентација и сеа,се возиме,се возиме и тап тоа природниот џи-пи-ес му откажува и се дере,вади мапата и јас ја вадам и си седам,абе вади мапата и види кај сме и види кај треба да вртам,а јас теле...го гледам и се чудам...кочи,се паркира од страна и ало бе,ало бе,па го поминавме бе,како бе не знаеш да читаш мапа!!! :D И се враќаме рикверц и уз пат се жали дека му изгорела раката возејќи! :D ).
    Пристигнување на плажа и потрага по лежалка( него му текнува дека сок му се пие и дека кафето слабо сабајлево и тука ме тера набрзинка внимателно да одберам лежалка за да си ги задоволи потребите.Јас бирам смирено,а тој станува нервозен и за минута дан дил прави со лежаркарот и увек без ценкање вади гага една лежалка,здравје да ми има,по 2 до 4 евра заштедува! :D ).
    Се стационираме и денот започнува!(вадиме книгите,тој неговите гаџети,праќа пораки,проверува мејлови,прави сметка за која се чуди кога ќе си дојдеме дома.И ко стар англиски пар,јас читам,тој чита и си раскажуваме,пошо имаме различни вкусови,ама ете така...играме табла,пиеме кафе,играме тенис као и да се вика со тие дрвените палици,се бањаме,не сме ко морски коњчиња во сезона на парење,не се лигавиме во вода,туку сме ко брат и сестра,практично се кршиме од ќотек,ме дави за да увлечам вода,да прочистам синус.И така сонцето ти е афодизијак,оставаме крпите и одиме до смештајот да земеме нешто де,а ако сме подалеку го упатувам да гледа во цицињата на постарите присутни на плажата! :D Мож и друштвото од смештајот да си го сретнеме,па правиме заебанции и така се тоа).
    Ручек време,некаде по околните кафиќи,ресторани,таверни и шоидае се стационираме и дечково почнува да сака се,ама фуј,какано,го разубедувам.
    Остануваме додека да се стемни,а може и да си отидеме порано за да прошетаме на зајдисонце по местенцето,пошо мене омилен дел од денот ми е,плус најубави слики се прават тогаш.
    Дома,заеднички туш (се деси да ме фати за коса дур ја мијам,ќе го истепав,се осетив ко инвалид и сеа ми кажува само каде имам пена вишок! :D ) и програма која ја вознемирува малолетната публика.Се спремаме и пошто има испиено 3 литри сок,зашеќерен,има испиено 3 кафиња,го маваат будалите и има вишок енергија,па си велам да го изнајмувам ко хаус мајстор дур сме тука!И се нешто чепка и растура зад себе ко мало дете.И само душка по мојата козметика и само,еееј ама ти мириса убаво ова,а ова што е,еј ама е добро,ми оди да го испијам! :D Се спремаме и излегуваме да го израдуваме црниот дроб или да се романтишаме итн итн итн.Задолжително пред,со моменталните комшии се довикуваме по балкони за заеднички ноќни случувања и така...ноќта почнува,спонзорирана од Корона во најдобар дел! :D

    Ова се вака грубо кажано!

    А со другарки сум ко со мали деца.Не ми се има десено со нив да отидам со се подредено и мене од старт знам дека ме чека лавабо пуно со садови за миење кои кон средината на одморот ги оставам за да им текне.Тоа корнфлекс запечен да миеш е нешто најтешко у свет,се осеќам ко да сум копала.
    Ама оди,будење,доручек,4 луди жени по пат и мене срцето ми се стега,па или да си возач или совозач на кој не смее да му спие мозокот,туку да се расправа ко со мало дете,плажа,фрчат телефони зошто некоја оплескала претходната вечер и бог зна кој и врти,ручек,заебанции,оговарање,дома,туш,таа што е последна (читај јас пошто сум набрза и најефикасна и оставам чисто зад себе,овие никад нема да се омажат!Еве тука сум најтенка ако некој ги земе!Го затнуваат одводот од влакништа!)се бања со ладна вода.Умешно бираме алкохол и се алкохолизираме до одредена мера и се така продолжува длабоко во ноќта и ги бркам ко овчар овците,да си ги приберам.Утрото треба да ги измијам за да си ги познаам дали се моите,панда ефект неизбежен! :D Фино бе,ок е,младост лудост! :D Ако сме на ново место,се култивисаме шетајќи и павтајќи со флаери у рака,мислиш од Шведска сме!

    Се о свему,за мене одмор каков и да е,на асфлат по музеи или на плажа,битно ми е да немам рутина!!!Затоа избегнувам да одам на исти места,освен Охрид кој никогаш нема да ми биде досаден и премногу!
    Сонце ти е и афродизијак и анти-депресив невиден!Нема одмор,а да не се инѕам ко удрена.Абе да не се подречам,немало лош!(и еве готово се подреков...да не кажувам шо прочитав тука на форумов пред некое време и си викам,ааау мене вака никога,не сакам вака и ...ми се деси!!!!)
     
    На TheSecret, baguf4e, lovely-girl и 12 други им се допаѓа ова.
  19. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.495
    Допаѓања:
    144.177
    Мојот ритуал за плажа...мммм.. па зависи со кого сум на одмор. Имаме различни ритуали во зависност дали сум со мајка ми и татко ми или дечко ми. :)

    Во првиот случај станувам порано 8-9( ме будат моите) јадам, се спремам, облакам купачи и спремна сум за плажа.На плажа прво се мачка со млеко или масло , може да влезам во вода но може и не( незнам дали постои друг како мене кој оди на плажа а не влегува во море, значи можам цел ден да го преседам само :rofl: ) Седиме до 12ипол-1 потоа дома на ручек и малко одморање и кај 3ипол-4 пак на плажа се додека на го снема сонцето.. :lol:

    Додека кога сум со дечко ми е тогаш ритуалот е друг.. Спиеме до покасно, а кога ќе станеме заминуваме на плажа и остануваме по цел ден. Таму ручаме и не се враќаме во апартманот. И на вечер се разбира шеткање. :D
     
  20. Rozich

    Rozich Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    1.194
    Допаѓања:
    1.092
    Станувам накај 8-9 и веќе ги слушам мајка ми и татко ми како пијат кафе и разговараат на тарасата.Веднаш излегувам и јас,поседувам така некое време и кога ќе ме опоменат само ти се чекаш за на плажа,станувам и одам во ВЦ,мијам лице,заби,ја средувам косата и пак одам на тараса за да доручкувам.За разлика од вас,бидејки прочитав дека одсабајле јадете нешто лесно - јас не,јас јадам нешто калорично за да можам да издржувам на сонцето цел ден,да пливам нели,мора да имам енергија :D.Доколку сме во апартман,додека мајка ми да среди тоа што сме јаделе јас ја местам торбата а,татко ми оди да го однесе чадорот и душеците.Во торбата ги ставам пешкирите,млеката за сончање,некое овошје,вода обавезно..Тоа отприлика.На плажа обично си го соблекувам фустанчето,се мачкам и веднаш во вода!Од плажа се враќам обично накај 6 и тогаш јадам,па се туширам и излегувам малку да се прошетам.
    Тоа е тоа,други ритуали немам! :)