1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вашиот ритуал пред и на плажа!

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од Avril.09, 20 јуни 2011.

  1. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Станувам рано за да го фатам денот, без разлика на тоа колку сум лудувала вечерта :P
    Правам кафе и ги будам сите. Си ја спремам торбата за на плажа, пешкири х 2, мелеко и масло за сончање, лабело, стегач и шноли за коса, огледало, новчаник и др..... На пат за накај плажа јадеме негде, или во апартман кока како ќе се погоди :)
    На плажа го поминувам цел дееен, додека не зајде сонцето. Обожавам да се излежавам на плажа. Најпрво го мачкам лицето па блегувам во вода, потоа се мачкам цела и лежам додека не ме фати топлотен удар па онда повторно во вода.. така цел ден, пропратено со коктелчиња, кафиња, сладолед на плажа :P
    Одиме на ручек некаде па пак се стационираме он д бич. Играм игри на плажа, одбојка, во вода и на месок, фризби, тенис :P кога како има место. Се возам на скутер или педалјинка. Правам тунрини во пливање :lol:
    По враќање во смештај следи групен туше се разбира ако сум со парнер, па се продолжува во соба наравно. Пак одиме да јадеме, со гнетач како мене не е лесно. Спремање за излегување, алкохол, лудување до сабајле, и потоа пак исто јас ги будам сабајле и понуваме со денот again :P
    Горе доле тоа е, не е некоја посебна рутина, мразам рутини, ама тоа е она што се случува секогаш.
    Сакам да одам на различни места и да правам различни работи секој ден, едно исто ми здосадува. Мора се да се проба ;)
     
  2. Margaux

    Margaux Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    34
    Лилит ме изнасмеа за ритуалот со дечко ти и искрено и јас исто така си поминувам :D
     
  3. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.935
    Станувам многу рано :yawn:
    Си пијам кафенце, доручкувам :pizza: :coffee:
    Се мачкам со заштитен фактор, облакам купаќи, лицето обавезно со крем, пикам стварите во торба и тргам :ninja:
    Обично си идам до таму со пешкир или некое летно фустанче, зависи од далечината на плажата.. :$
    Ставам наочарки 8)
    Со брзина на светлината се соблакам и се испружувам на лежалка да се печам како рак :sun:
    И после испаѓам како смајливо-> :headbang:
    Не влегувам многу во вода, повеќе сакам да се сончам. Јас го сакам сонцето, а тоа мене не!
    Ја нега волим, он мене не, што би рекла :u:
    то..
     
  4. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    На плажа сакам да одам што порано, затоа и рано станувам. :)
    Пред тоа секако пијам кафенце, или јадам нешто. Го облекувам костимот за капење и фустанчето. Потоа ја спремам торбата, каде што ставам млеко или масло за сончање, пешкири и се друго што ми е потребно.
    Кога ќе стигнам на плажата веднаш се мачкам и легнувам да се сончам. Кога ќе ми здосади влегувам во вода и таму останувам малку подолго.
    Кога ќе излезам од вода обавезно пијам сокче или јадам сладолед. Ако имам при рака некоја книга или списание, си читам. Потоа пак на сончање. :sun: И тоа цело време се повторува.
    По враќањето во хотелот или апартманот, се туширам, и одмарам малку. Вечерта на шетање покрај плажа, седење во некој кафич или ресторан, или пак дискотека. :P
     
  5. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.097
    Пол:
    Женски
    Прво стануваме со дечко ми и јас одма кафето го ставам, а тој не ме дружи (не пие кафе и не пуши цигари) и ме чека дури јас го пијам кафето и пушам 4,5,6,7 итн. цигари :lol: Дури пушам (цигари ) цело време кажува нешто како тоа ќе му умрам на плажата од труење не од нешто друго. Ајде вика, ние да си одиме на плажа па да најдам некое цуце јас таму под услов да не пуши како тебе, па мене со тебе малце ќе ми биде и Тутунски да е мој... И така тоа е двочасовен разговор како сум се труела премногу :rofl: :)
    После тоа, започнуваме да се убедуваме на која плажа да одиме и кога тој ќе предложи некоја јас одма ааа таму има женски со стегнати газиња а јас па кога ќе предложам нешто и тој одма возвраќа демек и таму имало мажи со стегнати газиња и силиконски допунки во гаќите :rofl: И после тој разговор, сфаќаме дека ние едноставно неможеме да се договориме и одиме кај што ќе не однесе патот...Прво само право, па лево, па десно и така стигнуваме на некоја плажа и одма се сместуваме по лежалките... Јас почнувам одма со тоа како ми се пиело кафе, а дечкото е опседнат со мојот костум како тоа не ми стоел убаво...па по 5 минути многу убаво ми стоел ете тој таму дечкото те загледува...мхмм последен пат ти е како го носиш овој костум и сл :lol: И така ние си лежиме, а јас ги чекам дечките со пченката да поминат (гледам на сите страни, мафтам со главата) и етеее го дечкото...ајде дечко дај ми две пченки демек за мене и за дечко ми а знам тој дека не јаде така да јас двете на крај ќе си ги изедам :D Се излежуваме така, се сончаме и кога ќе не удри тој топлотниот удар влегуваме во вода...Кој ја има таа храброст прв да влезе во вода без да кочи и без да каже ухх леле ладно :D е "победник", а "лузерот" го плаќа ручекот :D Често се случува тој лузерот да сум јас, ама ете дечко ми се сожалува и не ми дозволува да платам со изговор утре ако изгубам пак е тогаш дефинитивно да си платам јас и така до недоглед :D после излегувањето од вода се сушиме и одиме на ручек...мх мх нешто мрсно ептен да не држи на сонцето...Ручекот ни е во 5 саатот па после ручек се убедуваме дали да се вратиме на плажата или да си одиме дома, да ги истрошиме калориите... Ни едното ни друго, туку одиме на кафе и чекаме зајдисонце на плажа (го обожавам тој дел од денот)!! Лани имавме посебна рутина да седиме до фудбалот во кафич (нели лани беше популарното Светско првенство) каде јас се трујам понатаму со лафето и цигарите, а тој па со пивото се радува на победите на омилената репрезентација или па му се плаче кога истата губи а јас сум тука да провоцирам и да му се смеам . После тоа си одиме дома каде се тепаме кој прв да се спружи на креветот. После одморот (или заморот :) ) се тушираме, па следуваат припремите за вечерта и договарање со друштво каде ќе биде забавата... ОДиме на забава, се журкаме и така до сабајле ...........
     
  6. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Прво станувам наустро, одам обично у Вц :$
    вршам нужда
    тука у ВЦ се задржувам накај пола саат, значи мијам заби, лице, раце,
    само таму исклучиво облекувам купаќи, и врзувам марама.

    Потоа следува доручек + ладен сок, или пак некогаш правам сендвич за на плажа. Си ја спремам торбата со карти, книга, грицки, благо, money.. Ставам наочари за сонце и некој шешир.
    И тогаш сум ептен важна фраерка 8)

    И право на плажа, таму се мачкам со млеко за сончање
    и со брзина на светлината
    ШЛААААААААААП
    морето ме долови!
     
  7. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.690
    Кога идев со моите на одмор ,нон стоп ми мрчеа дека само јас се чекам да станам :lol: И кога ќе станев-што да видам-изнакупувалE банички, ова она,на тераса спремен доручек и со душа ме чекаат да јадеме и да појдеме :lol: Колку пати не ми се станувало и им велев одете јас ќе дојдам, :lol: и секако продужувам со спиење додека не се вратат од плажа за ручек :lol: Убаво време кога одев со нив на одмор,сега ме фати носталгијааааааа
    Со дечко ми обавезно навиваме аларм накај 9,10-и обавезно продужување уште саат,ако има време го праќам по доручек и кафе ако не миење,облакање купаќи ,шорц,фустанче,koсата секогаш во пунџа,наочарки,ташната спремна,и let;s go 8) Успат купуваме вода,грицки,благо,некое кафенце-за на плажа правење-ви текиња оние во грчка што ги има со чаша само да им ставиш ладна вода,и одиме да фаќаме место....ама додека стигнеме место најчесто нема па мораме на лежалка :lol: си порачуваме ладно пивце и лежалката е наша :lol: Така седиме до ручек,а потоа или нешто дома правиме или на ручек....Попладневна дремка и се знае што :$ па ајде пак на плажа но порелакSирачки...навечер шеткање или седење на тераса со ладно пиво и грицки :inlove: потоа во кревеееееееет -sweet dreams 8)
     
    На mima83 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.846
    Како и по обичај дечко ми станува по рано и саат време најмалку ме моли и ме тегне за да станам. По утринските ритуали ме чека со нес и цедевита, ја полниме торбицата со пешкири, млеко за сончање, грицки, вода, овошје и правец на плажа. Јас не можам на себе да трпам млеко за сончање ниту никакви масла, па затоа секогаш сум изгорена и црвена како рак и една недела не можам да заспијам навечер од изгорениците.
    Уште не распостелени со ствари, мене морето ме вика, се бапнувам и не излегувам еден саат. Дечко ми е детиште у паметот и сите на плажа во него гледаат кај што се глупира, ме прска, ме дави, ме штипе и ми ги фаќа нозете додека пливаме во длабокото, а јас вриштам како мрдната. :lol:
    Додека се сончам најчесто читам книги, играм карти или пијам коктели. После тоа идеме на ручек, ако сме во Грција стадард - гиро, туширање, а навечер се знае шеталиште. За вечера ми спрема тестенини, пошто е махер за италијанска кујна, винце и утепани од сонцето паѓаме у кома.
     
  9. MoonChild

    MoonChild Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2011
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    90
    станувам крај 9-10 на утро,се мијам,се чешлам облакам купаќи над нив нешто лесно фустанче,шорцеви сукња,апостолките.Татко ми зема чадори,трски и такви работи и тргнуваме.Таму се смесутваме,мајка ми ме мачка со крема и соблакам облеката и директно во вода се капам едно пол саат,излегувам може има нешто за јадење:пуканки,соленки,крофна јадам,одмарам и пак у вода и така цело време :):):)
     
  10. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Секогаш практикувам рано одење на плажа, јес да она рано е релативно, ама околу 9-10 часот отприлика. Најчесто првите денови е 9, а секој ден потоа се зголемуваат минутите до тргнувањето :lol:
    Станувам, одма доручек лесен, може и кафенце а и немора може тоа на плажа, зависи од одморот и местото. Потоа на плажа одам, па следи обавезно мачкање, па сончање и брцкање во водичка. Па пак сончање, па пак брцкање. Кафенце можи, сладолед, овошје обавезно, многу вода пиење. Списанија секакви од кои пола вести ми се прочитани веќе на интернет ал нема везе. Па под чадорче обавезно некоја книга читање, обожавам да читам книга додека ги слушам во позадина морските бранови.
    Ако сум одма до плажа практикувам да отидам во соба околу 1 часот, да се дремнам малку, па пак на плажа навечер, е тогаш најубаво е сончањето. Мислам она печење на сонце кај мене е од 5 минути до 20сетина. Сеуште неможам да ги сватам луѓето кои 1 час се сончаат на стомак, 1 час на грб :^)
    Прехлани на одмор во Будва додуше прв пат седев до кај 4-5 часот на плажа, ама тоа е затоа што до убавите плажи имаш 1 километар, па не се исплати одење 2 пати :D
     
  11. N.A.T.A.S.A

    N.A.T.A.S.A Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    486
    Лани со дечко ми бевме во Грција 8 дена сами!
    Па станување накај 9часотсекако тој ме буди бидејки воопшто и не спие и најнормално по негово секс наутро :$ Па туширање,појадок и подоцна ја полнам торбата со пешкири крем за сончење такви работи. 11 веќе сме на плажа и право во вода па така таму околу полаа саат па сончење па пак во вода и се така до 1часот. Потоа пак во соба одмараме малку галење :D јадење овошје пиење коктел :rock: Во 5часот излегуваме одиме пак до море и потоа на јадење и се стемналоо ;)
     
  12. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    637
    Зависи од друштвото,поточно другиот пар кој е со нас на одмор!
    Со едни станувавме во 12 саатот, па морало да се појадува, па wc ритуал кој траеше пола саат |( , па молење да одиме веднаш на плажа, па дебата на која плажа да се оди...абе маки ќе измачиш додека да стигнеш до плажата и таман ќе се распостелаш на топлиот песок слушаш дека некој нешто заборавил дома или пак не му се допаднала плажата или нешто глава го боли! Амаааан... :@
    Со друштвото од минатата година супер поминавме! :up:
    Торба за на плажа подготвувам од вечерта а во неа се што ми е потребно (крпи, средства за сончање, грицки, лабело, списание...)! Сабајлето се станува во 9 саат и следува мазење и утриснки секс :inlove: ! Па кафе :coffee: , мерклиско, утринско, најчесто сварено од моето либе! Уживам да го пијам без никој да ме брза, онака опуштено и бавно! Појадокот го прескокнувам скоро секогаш и преминувам на мачкање со срдствата (од дома се мачкам а на плажа само повторувам), ја собирам косата во бушава пунџа и ставам венче или марама за да не ми испаѓаат шишките оти многу се нервирам ако ми се пред очи! Облекувам некое фустанче за на плажа кое треба да биде скалдно со римјанките,торбата и купачите и тргнувам кон морето и песочната плажа! ^_^
    Не сум некој голем љубител за капење но затоа сум љубител на сончање! Уставри не уживам многу и да се пржам на сонцето ама пак ептен сакам да фатам добра боја затоа преку цел одмор вложувам многу труд! Се сончам цел ден, можно е и ич да не се скријам под чадорот! Само се мачкам со средства за сончање,лабело на устата, грицнување по некој чипс или кркнување на некој сендивч и максимално искористување на сонцето :sun: !
    Кога се враќам дома сакам прва да влезам да се туширам, се ми смета врз мене, не ја поднесувам ни солта, ни песокот, ни црвенилото по телото...уффф... После тушот обожавам да се излежувам со дечко ми и да се мачкаме и масираме со млекце за тело! најчесто овде следува добра партија секс!
    Откако ќе одмориме некој час одиме на вечера, прошетка, седенка во двор или балкон!
     
    На mima83 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.879
    Допаѓања:
    13.392
    Станувам, се облекувам, идам на плажа, и пливам доека не ме викнат да си идеме. Всушност јас пливам ко секира во вода, така да, гњурам, обавезително со маска, и фаќам риби.

    Која техника.

    И да, најважен елеменат, се враќам дома со црн грб, и бели нозе. :lol:
     
  14. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    Пешкирите после плажа ги оставам на жица, а потоа заедно со кремите за сончање, чешелот (што секогаш обавезно го носам), некое списание ги ставам на едно место за утрото кога ќе тргнувам на плажа се да ми биде спремно.

    Во вода сум ко патка, ретко кога се враќам цела исончана.
     
  15. fatbeautiful

    fatbeautiful Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    58
    Се будиме околу 12,ги натегнувам купаќи и некое лесно фустанче, од вечерта мајка ми ја има спремено торбата со се и свашта :lol: .Кога ќе стигнемена плажата веднаш одам во водаа и сум доолго време е потоам околу 1 саат се сунчам и се мачкам со млеко за сунчење.Потоам се враќаме во хотелот,станот(зависи у што сме сместени),се руча во изобилие,се тушираме,спиеме и потоа пак на плажа бидејќи е подоцна играме и некои игри со брат ми одбојка,фризби..
     
  16. DirtyQueen

    DirtyQueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2011
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    179
    Пол:
    Женски
    Хмм,не е некој посебен ритуал..

    Прво ме буди мајка ми во 8 саат |(
    Облакам купачи, ја спремаме торбата, и наочарите на глава и тераме на плажа 8)
    Од како ќе стигнеме на плажата фино лепо се соблакам ( Во тој момент мислам дека секоаш ми доаѓа да се смеам, ме фаќа смеа некоја незнам ни јас зашто.) ии легнувам на лежалка и продолжувам да спијам.. :D

    Пооосле тоа, следи едно добро будење во вода, и после пола саат пливање одиме на доручек. :inlove:
    Откако ќе изедам се што има на масата :lol: станувам и директен правец во вода ( обично треба човек да ме моли да излезам од вода.. :$ и после како што ќе сака душата, или читам или слушам музика..Или се карам со татко ми што е навика.. Така иде одмороот.)

    И кога ќе дојде последниот ден ми се плаче, несакам да си идам дома, сакам да се закопам у песок и да не излезам. :( Ах море,море.
     
  17. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Значи договорите за плажа се прават некаде околу пладне, за во 15ина часот да се чекаме сите кај Гимназија нели, комбиња кај што стојат :D Ако се оди на плажи како Канео или Куба, се оди пешки.

    Прво што правам дома е туширање и тинтрање, мачкање со крем со заштитен фактор и одбирање костим за капење според облеката (да одговараат боите нели). Од облека носам што е можно помалку: некоја ХХL маица или шорцеви со екстра кратка маичка. На нозете јадранки или гумени сандалки.
    Со себе обавезно носам лежалка (од оние што се полнети со сунѓер внатре) и некое малечко ташниче кое ќе може да ми ги собере кремот (или масло за потемнување), книга, телефон, лабело и пари. Како искусна плажарка, пешкир не носам.
    Ставам на главата некоја марама во џиш боја (ретко шеширче сламено), ставам очила и тргнувам.

    На плажа прво нели ја спростираш лежалката, се слекуваш притоа внимавајќи да не штрчи НЕШТО од некаде :P :D фрлаш сите реквизити што ги влечкаш во себе и право во вода. Обично немам нерви со часови да влегувам па влегувам наеднаш за да не го осетам ладното. Ако со друштвото имаме топка може да поиграме одбојка во вода. Ако немаме, пливам до некаде подалеку (со или без друштво) и потоа излегувам и се плеснувам на лежалка.
    Фаќам книгата и лежам на стомак... по некое време се превртувам на грб, да се изедначи сунчаното... и така неколку пати.

    По враќање од плажа се туширам, фрлам алиштата за перење и седнувам да јадам. Пливањето согорува калории и троши енергија :)
     
  18. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Јас ќе ви кажам во понеделник ;) . Ќе одам викендов за Охрид.
    Инаку до сега, не сум гледала кога станувам. Може да е 10 а може и 2. Како и дома во веце, лице заби се тоа што треба, па си облакам купаќи, си се мачкам уште од домче, па потоа на плажа пак, зошто додека се намачкам таму, ќе изгорам. Фустанче или сукничка тексас со маиче, торбат ана рамо, и правац плажа. Се стационирам и одма во вода зошто после тоа знам ќе ми студи.
     
  19. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.708
    Пол:
    Женски
    Последниот пат кога бевме на одмор со дечко ми:
    Станувавме накај 11 часот, 11 ипол, ако ни се сака, се "гушкаме" :$ , јадење облекување и на плажа до кај 4, кога се вракаме, следува бањање, малку одмор, јадење, и навечер накај 10 на прошетка. :) Инаку додека сме на плажа прво се мачкам со крема за сончање, па се сончам малку за да се впие, па влегувам во вода, пак сончање, пак вода итн. Тоа беше лани. Оваа година некако ке го натерам дечко ми да стануваме порано за на плажа. :) Едвај чекаааааааааааааМ :D
     
  20. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Моето искуство со дете и маж :D
    Уште очите не сум ги отворила а осетувам како некој скока по мене и вели ,,мамооо стануваааај сонцееее,,, а мене ми се спие па ми се плаче. Станувам и почнувам со лична хигиена додека маж ми вари кафе. Откако една год. се горевме во Турска со плаќање на 5 евра турско кафе а без него неможеме да функционираме ни двајцата одсабајле од тогаш каде и да одам, во било кој хотел си носам кухало за кафе 2 кг кафе и филџани (кој сака нек се смее ама сакам кафето лезетски и натенане да си го пијам на тераса). Додека пиеме кафе малиот кинка за море ама успешно го решавам. Ајде прво јади, облечи се, намачкај се и додека тој покушава бар нешто да стори од тоа, му здосадува и гол со гума околу себе трчи надвор. Прво станува маж ми и го прибира внатре. Спремам торбата со сите потребни ствари и кофичка за во песок. Појадуваме и тргнуваме накај плажа во 9. Тато со дете во рака кој ја носи кофичката и гуми околу себе а јас со торба во раце и почнувам. ,,Одете вие јас ќе ве стигнам,, успат земам вода, сок, ладен чај.... Наоѓаме место каде што се распостелуваме и преферираме блиску до море зашто малиот ќе не удави со носење на вода во кофичка од море и правење замоци, кули, вили...
    И така, не читам книги на плажа, туку студирам дубиозно архитектура, статика и археологија на кули, вили, замоци..разни камчиња и што ти уште не.
    На плажа до 13,30 се прибираме за ручек, туш, заспива малиот и следуваат нашите 2-3 сата ]:) дали одмор или умор :) ....
    Епа тоа е ритуалот пред и на плажа, а ритуал за после плажа во некоја друга тема :D
     
    На macence85 му/ѝ се допаѓа ова.