1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вашиот ритуал пред и на плажа!

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од Avril.09, 20 јуни 2011.

  1. Chocoholic

    Chocoholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    987
    Пред плажа обавезно депилирање и туширање. Облекувам купаќи, се мачкам со еден слој крема за сончање и облекувам маичка и шорцеви или некое лесно фустанче. Ја местам ташната...пешкир, паричник, телефон и слушалки, несесерче со крема за сончање, балсам за усни, огледалце, чешел, шноли... шише со вода. Косата најчесто ја фаќам во плетенка за да не ми се гори многу на сонцето. Палам апостолките и право на плажа. Таму се излежавам и си пливкам во вода...обавезно после секое излегување повторно нанесувам крем. Првите денови нанесувам млеко, а потоа масло за сончање. Тоа би било тоа :)
     
  2. Avril.09

    Avril.09 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    892
    Знам дека се изјаснив веќе, ама морам да ви кажам дека: :lol:
    Овој одмор ќе го искористам максимун.
    Се договоривме со мајка ми да станеме мноогу порано и да трчаме на плажа! [​IMG]
    Ќе вежбам малку попладне. [​IMG]
    И се разбира ќе играме одбојка на плажа и ќе пливаме!
    [​IMG]
    [​IMG]


    Значи ем ќе одмарам, ем ќе слабеам. :lol:
     
  3. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Е како пред плажа се депилираш??? Обично ден два пред одмор се депилираш и одиш на одмор-плажа
     
  4. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.616
    Допаѓања:
    5.416
    Пол:
    Женски
    Немам некои посебни ритуали,кога станувам прво благо јадам и вода пијам,се мијам се тоа,и купаките на мене,и од горе или некоја кошулка или некоја марама нешто такво обавезно.Торбата со телефон,апарат,книга,крем за сончање,маргаринот,пешкир.Шеширот на мене или некоја трака и правец плажа,каде се исклучувам од секојдневни глупости и ужиииииивам,додека не ме станат другарките за да си идеме.По вракањето,средувам лице,се мачкам со млеко за тело,и на лицето со бекутан,облакам фустанче и пак се излежавам на некоја тераса или двор,зависи кај сме сместени,чекајки ја следната плажа.По 2та плажа,бањање(иначе мн сакам дента да седи солта на мене,на косата,мн убаво и влијае,ми ја омекнува премногу,и затоа само навецер мијам коса) и следи спремање и диско.Секој ден исто! :D
     
  5. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    575
    Па немам некои посебни ритуали, пред плажа јадам обавезно :D , пијам вода, сетуширам, купаќите на мене, одозгора маичка и шорцеви или некое фустанче, торбата за на плажа со мене и спремна сум :)
    После враќање, се туширам, се мачкам со млеко за тело, на лицето кремата моја од мед и бадеми и тоа би било тоа :)
     
  6. crnobelisvet

    crnobelisvet Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јули 2011
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    6
    Пред плажата:
    станувам околу 9 часот,појадувам,облекувам купаќи,заедно со мајка ми ја спремаме торбата за на плажа.
    На плажа седите од 11 до 14-15 часот,се враќаме за јадење.
    пак отиде ма плажа,таму се мачак со кремот,потоа се капам,голем љубител сум на капењето,одбојка,карти,грцки и така ни проаѓа времето.
    После плажата се враќаме дома и се подготвуваме за излегување. :)
     
  7. Sunlight

    Sunlight Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2011
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    39
    Најчесто одам на плажа со моето друштво околку 12 - 13 часот. Костум,лесна облека,шешир, наочари за сонце, апарат, масло за сончање,карти и добра книга е се што ми треба :lol: . Се капам еднаш до двапати, се сунчам 1 саат максимум (ова откако ке поцрнам, а кога сум бела по цел ден се печам ко рак :rofl: :rofl: :rofl: ), играње карти, читање, зезање, а аку има и добра музика можно е и некој танц да бидне..се само да е интересно и забавно :D
     
  8. Emma.Sun

    Emma.Sun Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    62
    Па станувам се туширам..се мачкам со млеко за тело и за сончање..облакам купаки..јадам пијам кафе..ја средувам торбата..и спремна за на плажа..
    Коа ке се вратам истото.. бањање.. јадење..малце одмарање и ако остане време пак на плажа ако не спремање за искачање !
     
  9. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    Станувам рано (околу 9), почнувам „гласно“ да се спремам за на плажа за да го разбудам „ненамерно“ дечко ми, зашто тој е научен да спие до покасно, ама па мене досадно ми е додека тој спие... И така, откако ќе стане доручкуваме нешто на брзина, и правец - плажа.

    Таму се сместувам на удобно местенце, се мачкам крема и уживам...
     
  10. Lilly8

    Lilly8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2011
    Пораки:
    306
    Допаѓања:
    288
    Станувам рано,ги облекувам купаќите,одозгора нешто лесно некое фустанче или некои лесни пантолончиња,земам очила за сонце, апостолките на нозе и право на плажа.Таму татко ми го мести чадорот а јас со мајка ми ги средуваме работите што ги носиме со нас.Се мачкам со крема и легнувам малку на плажа да помине некое време одкако сум се намачкала со кремата и потоа право во вода.Потоа пливам,играме одбојка,карти,малку слушам музика,се сончам и тоа е тоа.Одиме дома и прво нешто што морам да го направам е да се искапам а потоа се спремаме за излегување.
     
  11. MissCupcake

    MissCupcake Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    263
    Мене за да се спремам за на плажа ми требаат 15 минути. (Ај ем фест 8) ) Се облекувам по костум и се гледам и си се восхитувам на огледалото колку добро ми стои. (мала шега :D ) Го мијам лицето,стават пет слоеви крем со фактор 50 :!: облекувам мека памучна маица(последниве деновит ака бидејќи изгорев,а претходно си се дотерував,сега удобноста ми е најважна и се разбира убаво да изгледам ама сепак :sweat: ) облекувам шорцеви,ја чешлам косава,ставам капче на глава,пијам вода,облекувам апостолки ставам два пешкири,мобилен,пари,клуч и крем за сончање во ранецот. И одам потоа веднаш се слекувам и одма во вода :D и пливам,нуркам,уживам... 8) Излегувам одам во продавница купувам чипс,сладолед. И со другарка ми играме карти. Си уживам. :)
     
  12. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Пред плажа:
    Облакам купачи и не можам да не проверам дали сум совршено мазна.
    Во чантата пикам се што ќе ми треба и нема да ми треба. Книга обавезно и најнепотребното цел пакет колекција за сончање, место една крема, до две максимум.
    Ги цртам вегите со моливче некогаш, зависи кога како. Проблемот е што моите веѓи се пола природни, пола ги цртам. Никогаш немав совршена форма и беа комплетно различни па ги скратив таму.
    На лице секогаш ставам крема пред да одам на плажа за да сум сигурна дека е впиена кремата.
    Зимам апостолки, нешто лесно за облекување/соблекување, правам селекција на очила за сонце и тргам.

    Откако ќе се вратам, баш летово приметив и двата одмора.
    Стандард цигара, и 10 минутно кенкање колку се ме мрзи.
    Детално разлегување колку и каде сум поцрнела. Влегувам во када, се бањам, ги мијам купачите и почнува ритуалот на спремање.

    Пилинг не правам за време на летен одмор. Го правам пред и после враќање затоа што не е купечки туку сама си го спремам и на одмор немам како да мешам и правам каши. :)
     
  13. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    4.879
    Пол:
    Женски
    Пред плажа:
    Станувам сабалје крај 8 сатот,се спремам се облакам.Поручувам.И одам фаќам комбе и правец на плажа.
    Стигнуваме таму.
    Тато го местит чадорот,лежалките.Легнувам си ме мачкам со крема за сончање,ги ставам слушалките и си слушам музика.А ако не тогаш читам некоја книга.И чекам водата малку да се пристоплит.
    И после 1 саат влегувам да се капам.И после ќе застанам да се сончам.И ако ме фатит досада некое време,ќе застанам со малите деца ако воопшто ги има ќе си играм со песокот :lol: . Ќе дојде време за ручек, ќе си купам сендвич ќе си се најдам.После ужина:ќе ја молам мама да ми купит кроасан или пак пуканки,или печена пченка.
    И после тоа е тоа.
    Се враќаме дома.Се туширам.Одмарам и вечерта излагам некаде на шетање. :rofl: :rofl: :rofl: :rofl:
     
  14. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Немам посебен некој ритуал....освен што се мачкам со млеко пред да излезам...кога стигам на плажа веднаш влегувам во вода-не чекам уште толку да се ужежам од сонцето....и нормално ми требаат 10 мин додека цела се натопам-да влезам во вода.
    и кога излафам не користам крпа,оставам сонцето да ги исуши капките
     
  15. Justinna

    Justinna Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2011
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    29
    Ма каков ритуал пред плажа.. само купачи облеквам и фустанче(никогаш не облеквам шорцој) во комбинација со купачите , наочари за сонце и торба.
    На плажа само млеко за тело користам , една лежалка, ладно нес или icetea и шмекам наоколу ххиххи :lol: :D
     
  16. Lilly8

    Lilly8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2011
    Пораки:
    306
    Допаѓања:
    288
    Станувам околу 8/9 часот,доручкувам,потоа ги облекувам купаќите,одозгора нешто лесно или некое фустанче,или некои шорцеви и маичка.Ја фаќам косата во пунџичка,го мачкам лицето со фактор 50 уште пред да излезам,ги земам наочарите.А во торбата ставам крпи,чешел,факторот и друго (не ми текнува моментално :tmi: )и трк на плажа.

    Таму татко ми го постава чадорот,а ние ги ставаме лежалките.Па таму се мачкам по телото со фактор,па си легнувам да се посончам и да ми се вжешти па потоа во вода.Крај 1 часот се враќаме назад во апартманот,ручаме,се тушираме,малку одмараме и потоа крај 4 часот повторно на плажа.Но тогаш без чадор и без мачкање со фактор. :P
     
  17. kosmodiks

    kosmodiks Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    375
    Допаѓања:
    251
    Пол:
    Женски
    Станувам во 9-10h. и додека да се расонам, еден туш, за тоа време мајка ми ќе направи нешто за доручок, ќе доручкуваме, конечно сите заедно, цело семејство. Тие се единствени 10 дена, кога јадеме заедно.
    Со исклучок на уште десет од цела година, кога едвај некако ќе се збереме.
    Пешкирите во ташна, ладен пијалок во термос, и ајде на плажа.
    Таму додека да се прилагодиме, кај да седиме и слично. Потоа капење, сончање, може и некоја 10минутна дремка да те фати :P , си шетам покрај плажата и слично.
    Дома си одиме накај 18h, туширање, спремање, ќе каснеш некое овошје или ќе се напиеш кафе
    ако некој ти свари
    и ајде некаде на вечера, пијалок или разгледување на градот. 8)
    МИ НЕДОСТИГААААА, ајде уште малку, па ќе се навратиме на ова. :hai:
     
  18. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    8.646
    Пред плажа детално проверувам да не излегло некое влакненце, па да го средам набрзина со епилатор. Се туширам ,бричам пазуви. Ставам дезодоранс.

    Ја спремам ташната за на плажа. Секогаш носам крема/лосион со висок фактор,лабело (што стално ми се топи на плажа), пари,мобилен,апарат евентуално, некоја овошка ситна , шишенце вода, пешкири два ,еден за врз лежалката,еден за мене, списание/книга и обавезно уште 1-2 пара купаќи. Мразам да стојат мокри на мене. И секогаш прво што правам на плажа трчам да најдам кабина за пресоблекување или кафич со вц. :)

    Обавезно дебел слој заштитна крема за лице и тело , со највисок фактор. Лабело на устата. Облекувам купаќи. Апостолки на мене и наочари обавезно. Додека стигнам на плажа обично носам некое лесно фустанче. Лоша навика ми е што склет ме фаќа од шешири/капчиња па ептен ретко ги носам.

    Плус за жал ,зошто си страдам од алергија од сонце, носам маст за секој случај.
     
  19. kitty.lover

    kitty.lover Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2012
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    351
    Тоа се два различни процеси кога сум со моите, и кога сум со другарки.
    На семеен одмор се будиме 8ипол-9, појадуваме, купачите на нас и на плажа. Бидејќи без исклучок со кого сум, секогаш сум сместена во првите редови пред плажа, многу сме блиску до плажа и немам проблем со пешачење или возење до плажа по тие горештини. Колку и да мразам, морам да се намачкам-минимално :!: за да не изгорам и веднаш во вода. После околу саат време киснење, излегуваме со сестра ми и се занимавам со некоја книга, слушам музика или друштвена игра. На плажа сме додека е можно да преживееме,читај 12ипол-1 часот и се враќаме назад во апартман. Некогаш веднаш одиме некаде да ручаме, а некогаш прво да се стабилизираме, избањаме и следно е мал одмор. Моиве ќе дремнат, јас и сестра ми ќе се зафркаваме да пројде време и кај 5 часот пак на плажа. Овој пат остануваме накај 8 часот и максимално сме во вода бидејќи се помали шансите да не чукне од топлото. :lol: Кога се враќаме назад, се бањаме пак, јадеме тука или кога ќе излеземе на прошетка во некоја пицерија или ресторан. Обично се враќаме накај полноќ, пижамите и во кревет. Ако погледаме телевизија и на спиење, бидејќи следното утро пак рано стануваме. Се на се, со моите само јадам и спијам на одмор. :lol:

    Додека пак со другарки, на пример годинава, секој ден ни беше различен. Зависно кога ќе станеме (10,12, 13 часот....) јадеме нешто и одиме на плажа. Таму се лоцираме во кафиќ и пиеме кафе, се мачкаме и се бањаме. Тоа бањање е околу 15 мин. максимум и излегуваме. Ако не сум изгорела до тогаш, може да легнам покрај нив да се сончам-ако не седам под сенка со некоја жртва да ми праи друштво. После само неколку часа, идеме назад да се тушираме, одиме во кафана јадеме и назад во соба додека да мине жешкото бидејќи ниедна не сакавме да се пржиме. Ако тоа утро сме станале касно, овој период логично е веќе приквечер, така да се спремаме за во град или да се најдеме со други во околина, а ако сме од порано станати одиме пак на плажа и уште малку бањање и такви чуда и назад. За град се спремаме не многу долго, а се враќаме во рани утрински часови. Или продолжуваме тука со журка или мирно си пиеме кафе, чекаме да се раздени и легнуваме. После малку спиење истиот ритуал од претходно. Така да, ова е замор-а не одмор. :)
     
  20. Bella2

    Bella2 Активен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2012
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    6
    Станувам појадувам облакам купачи врз нив марама, наочари спремам торбата ( книги, карти, накит, вода едно др) и директива на плажа. Обично не се ме мачкам со креми и останати глупости со заштитен фактор воопшто не горам колку и да седам на сонце и мн поцрнувам :angel: . Цел ден си се излежувам на плажа си читам слушам музика играм одбојка во море а навечер ноќно лудило. Убавини Па уште ако сме во камп .... Уживанции :)