Мајка ми ме буди во 7 и идеме на плажа цели поспани освен она купуваме доручек од некоа фурна(Ако нема фурна носиме сендвичи од апартманот) идеме,фаќаме лежалки у прв ред и идеме на пливање или трчање покрај плажа си уживкаме и накај 11-12 се враќаме дома ручаме и се плакнеме од морето/езерото.После спиеме,а ако не ни се спие играме карти.Накај 4 ипол 5 идеме пак на плажа и се излежавама,сончаме играме тенис,одбојка ,се сликаме,бараме школки и така до 7 ипол 8.Се враќаме вечераме,бањаме и кај 10 излагаме да ни спадне јадењето
Станувам кај 7-8, после чекам 2 саата да се разбудат сите други, ако не станат им пуштам музика и аларми на уво (да, јас сум од тие досадните). После јадам, се мачкам со крема за сончање и се облекувам. Фрлам се во ташната, обавезно нешто заборавам а носам барем 2-3 непотребни работи. Ставам пива и сокови во мало фрижидерче, јадам и идам на плажа
Кога ќе станам станам тогаш се облекувам се мијам и заминувам на плажа најчесто моите се веќе појдени па потоа јас одам (касно станувам) таму јадам сендвич нешто што има, капење зезање и се останато,се враќаме преспивам обавеезноо одиме на ручек и кон 5 саат пак на плажа секогаш попладне ми е позабавно повеќе деца сме и играме одбојка,фудбал,тенис наоѓаме и други деца и е баш интересно,кон 8.30 се враќаме в апартман се тушираме и оп на шетање
Јас и татко ми стануваме во 7 часот и одиме да фатиме лежалки на плажа пиеме кафе во кафич Се враќаме во апартманот ги разбудуваме мајка ми и пријателите што се со нас, доручкуваме, купачите на нас и одиме на плажа во 8
станувам најчесто во 7 часот одам на доручек,потоа се вракам во хотелот,пред да тргнам на плажа се туширам и ги облекувам купаќите,а врз нив некое лесно фустанче или некоја долга лесна маица. Sтигнувам на плажа и нормално влегувам одма да пливам,пливам околу пола саат со брат ми се прскаме,играме топка се глупираме и потоа излегуваме од водата,јас како и секогаш со слушалките на уши неможам без нив се сончам до кај 16-17 часот и потоа се враќаме во хотелот.Jас се пресоблекувам и веднаш легнувам и спијам околу 2 саати.Pотоа вечерта се истуширам повторно и излегуваме во некој ресторан или пак шетаме некаде со семејството ете тоа е мојот одмор
Мајка ми не буди во 7 часот, јадеме, се облекуваме, ги полниме ташната за на плажа и малиот фриждер,се мачкаме со крема за сончање и накај 9 часот одиме на плажа Таму јас веднаш одам да пливам, а по 15мин и тие, потоа се сончаме и повторно се бањаме па повторно се сончаме.. Накај 1 се враќаме од плажа, во станот се тушираме, ручаме, си легнуваме да се одмориме, и пак на плажа во 5 или 6 Се враќаме до 8ипол, пак се тушираме, пак јадеме и во 10 одиме на шетање Спојлер Заборавив да напоменам дека кога одиме на плажа земаме и грицки
За одење на плажа, јас сум најголемата спанка. Сите станати, ме чекаат последна да се освестам. Станувам, се мијам, доручкувам. Потоа ги ставам сите потребни работи во торбата, облекувам купачи и тргнувам накај плажа. Кога стигнувам таму, си легнам на лежалка и не мрдам цело време. Не влегувам во вода и се сончам. Кога се вракам од плажа веднаш се туширам и легнувам да спијам. Навечер обавезно се оди на шетање
Како јас да сум го пишувала.. од збор до збор. Спојлер ..значи мн ми е смешно коа ке видам девојки со три кила шминка за на плажа.. па попластично од тоа може ли да се биде?
Станувам порано,јадам,се спремам за на плажа,облекувам костим за капење и одозгора нешто фустанче или кратки пантолони со маица,земам се што ми треба в торба и заминувам на плажа.Го поставуваме чадорот,оставаме торби,се соблекувам и веднаш во вода влегувам хаха .Кога ќе се вратам,влегувам да се измијам,јадам,потоа се спремам за на прошетка.
Пред да одам на плажа се облекувам си ја фаќам косата во пунџа..кога ќе одам таму се соблекувам се мачкам со крема се сончам некое време ии одма во вода..потоа се сончам и пак во вода и најкасно до 13:30ч сме во хотел..и после кај 17ч пак истото
Обично станувам во 8.Не сум многу по спиењето! Прво што правам одам во тоалет и таму околу 15-20 минути.Се мијам се облакам си ја средувам косата, (строго во пунџа) и си ставам на лицето заштитна крема. Пота следува доручек (нешто лесно 2-3 кришки:кремче,маргарин,паштета.)Потоа следува кафето кое го пијам 20 минути (додека го осетам вкусот) Потоа го средувам фрижидерчето во кое има: вода,сок,сендвичи,чоколада,грицки, а понекогаш,но ретко ке се најде и една лименка пиво. Потоа торбата во која има: пешкир, резервни купаќи,футрола за наочари моше да се најде и некое списание, но поретко,крема заштитен фактор 30 и каротен.Ставам наочарите и шеширот и правец плажа Таму едно 5-10 минути додека си најдеме убаво место,ставаме чадорот,лежалката и си седнувам.Се мачкам крема и си легнивам малку да одморам. Потоа во некој бар на плажа некое коктелче или кафенце Потоа се враќаме на плажа па следува најомилениот дел-капење, па се така до 12.После одиме во хотелот/апартманот зависи каде сме сместени и директно под туш.Се туширам,па потоа ручек и одмарање од 2 до 4.И пак станување пиење кафе и на плажа.Стигнувам и право во вода потоа нанесувам каротен или крема со заштитен фактор и се сончам 1 саат.Потоа пак во вода и пак сончање до кај 7.Потоа пиеме пивце и играме одбојка до 8.Одиме во хотелот/апартманот и под туш.Пота си ја средувам косата и вечерам се облакам се шминкам и излегуваме.Се шетаме обично од 11 до кај 1 најаксно 2 ако идеме у некоја дискотека,и на крај дома уморна се соблакам туширам и легнувам ко утепана у кревет до утре до 8. Ете тоа е мојот рутуал! *
Pa stanuvam nakaj 9-10 odam vo wc se mijam lice zabi se sreduvam i za dorucek nesto jadam kroasani ili lepce salama kaskaval oblekuvam kupaci i go mestam friziderceto so voda sok i nekoe pivce potoa se mackam so krema i odam na plaza se smestuvam i se soncam pola sat-sat. Potoa koga ke mi se zgoresti odam na kapenje (uzivam) pa pa pak legnuvam soncanje po edno pivce sedam uste nekoe vreme i si begam vo apartmanot nakaj 1 casot... se tusiram, rucam. Porucekta nakaj 4 odam pak na plaza sedam do kaj 7 casot i si idam se tusiram se sreduvam i odam na setanje... jadam edno giro i vrtam niz mestoto zavisi kade sum... otprilika toa
Ритуалот кога одевме фамилијарно беше многу различен од тоа што го практикувам сега со љубовта и друштво. Сабајле станувам во 9 без разлика дали имавме бурна ноќ во некоја дискотека. Најпрво се средувам во бања, ја плетам косата во плетенка и летам во кујна. Правам некој лесен доручек, блендер со мене секогаш имам што значи смути обавезно, спремна е ташната со цвикери, пешкири, мобилни, креми,го полнам фрижидерчето со пиво, грицки, вода.. Се буди љубов, доручкува тој, а јас кафе и смути. До 10 мора да е се завршено. Во 10 часот веќе пливам . Пливам и правам некои мои измислени вежби во водата и го гледам љубов како ме охрабрува дека добри вежби правам . Потоа се сончам додека целото друштво се собере. Пиеме пиво, играме одбојка, топка во вода и слично. Накај 3 си одиме и кој каков ручек ќе спреми-таков. Јадеме, спиеме и накај 7 карти обавезно да играме. Се под саат . Накај 10 искачаме и забава се додека некој не е или . И така поминал денот
Кај отидов па ја најдов темава. Ритуал пред плажа...хм,бидејќи одам обично на фамилијарни одмори треба доолго време да се чекаат постарите па да се оди на плажа. Првин се облекуваат купаќи па заедно си помагаме да се намачкаме со креми за сончање.Врз мене обавезно некоја марама/шорц/фустанче или друго нешто што е старо,баш за на плажа.Спремање на торби: слушалици,резервни купаЧи,некоја книга,крпи,10 кила вода,некоја грицка,креми,очила... И ова ми е годишен ритуал,на првиот ден на одмор: Одење бос по улиците до плажата,и првото стапнување на песок после долго време и чувството е прекрасно. Потоа пробувам да се воздржам да не се веднаш плиснам во водата,ама се знае Срцка колку издржува.
Станувам рано,косата ја собирам,облекувам купачи и некоја лесна облека,стигнувам на плажа,одма цела се мачкам со фактори да ми го заштитат белилото(не сакам да се сончам,сакам да сум бела)стојам некое време и по можност не излегувам цел ден од вода( не ми треба сончање,само овај одмор што се исончав)после си одам дома,се туширам и си седам на тераса пиејќи кафе,завиткана во некоја крпа ,без облека
Станувам кај 6 во подобрите денови Обавувам основна лична хигиена, косата во репче и саат време покрај море.. Се враќам, будам се живо и ако сме во хотел одиме на појадок, ако не сме ќе смучкаме нешто набрзина.. Се мачкам со крем за сончање, костимот на мене, некоја лесна облека и најосновните работи во торба (крем за сончање, пешкир, телефон, слушалки, вода и грицки) и правец на плажа до кај 1 .. после туширање, ручек, одмарање до кај 5, па може следна тура.. ако проработела мрзата може и на базен Туширање, вечера, прошетка и ... зависи на кого до што му е дојдено
Од ритуали пред плажа, обавезно ми е утринското кафенце, уживам додека го пијам без брзање, се расонувам, се спремам за доручек и плажа. На плажа ритуал ми е седење под чадор, мачкање крема со заштитен фактор, фотографирање, пливање, туш, пресоблакање на купачи и пак под чадор, повторно мачкање крема, уживање со некој фреш џус, овошје или сладолед.