1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вашиот стил во средно

Дискусија во 'Мода и стил' започната од tessie, 24 јануари 2013.

  1. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Годините поминати во средно обично ги карактеризираат како години на „барање на самиот себеси“. Многу често во ова барање на самиот себеси е вклучен и стилот на облекување. Повеќето од нас експериментирале најмногу баш на тие години: чудни нијанси на фарби, повеќе шминка, доминирање на една боја во облеката, китење повеќе/помалку и тн. Кои елементи ви го карактеризираа стилот на облекување во средно училиште?

    Да почнам јас. Искрено кога ќе погледнам стари фотографии, не знам што ми се дешавало. Многу бои, широка облека (пубертет де, имав првите две години во средно проблем со килажата што не беше ни до исхрана ни до физичка активност кој јас го направив огромен проблем :D) и од тоа искрснаа некои нетипични комбинации кои денес не би ги облекла. Шарено, со поширок горен дел (со нозете да чукнам во дрво никогаш немав проблем), ниски чевли, малку шминка, и мали парчиња накит. Денес е друга приказна сосема. Повпечатлив накит (не зборам за претеризам) шминката па нешто како тогаш освен што не користев маскара, значи пудра, моливче за очи и сјај/кармин, потесна облека, без шаренила и кич и тн. Една работа за која ми е мило е тоа што никогаш ни во моите најчудни моменти, не сум ја преминала границата на пристоен изглед, како во школото така и вон него и сум се носела онака како што во моментот сум се чувствувала, т.е. не сум делувала униформирано само за да бидам во мода.
     
  2. Dulceee

    Dulceee Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    899
    Допаѓања:
    1.958
    Пол:
    Женски
    Aхх средно. Hикогаш не сум претерала премногу кога станува збор за облеката. Mожеби во прва година, тогаш почнав да слушам рок и сите видови на рок музика, па бев во некој таков филм влезена, ама не во претерана форма.
    Aма затоа подоцна сакав да ја сменам бојата на косата, не знам ни јас што сакав да направам, па експериментирав и сите можни бои ги пробав. Cамо црвена не ставив. бев жолта, портокалова, кафена, црна, пола портокалова пола црна и така...
    фала му на бога што си се вратив во нормала.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  3. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Во средно мислам дека секој од нас се барал, тоа се оние луди тин. години кога уште не знаеме кои сме и експериментираме.
    Мојот стил во средно колку што се сеќавам го детерминираше музиката. Тогаш слушав рок музика и гранџ, некако се пронаоѓав во песните, во тие несватените де :D ...слушав Ју Ту, Нирвана, Перл Џем, Рибља Чорба и за изненадување летото кон втора год. почнав да слушам и метал-Металика, Пантера, GNR, Ајрон Мејден, Еј си ди си, татко ми имаше плочи од Битлси, Ролинг Стоунси и Дип Парпл, Лед Цепелин-ги обожавав и нив и стариот грамофон...Да ги додам тука и Бон Џови особено Keep the faith-омилената.
    Самата музика и те тераше да си имаш одерен стил како на пр. тесни црни фармерки, искинати па закачени со безпасни, црни, сиви, тегет и маслинести маички најчесто една по долги одоздола па одозгора по кратки ракави, карирани кошули и од оние целосни фармерки, хеланки, темни и широки ѓубретарки со капуљачи и сл. и задолжително мартинки. Накит претежно беа ланци со крстови или пак кожно ремче залепено на вратот. Шминка-пудра побела од тенот за да се добие некој вамп лук :tmi: и задолжително црн креон и римел, без сјаеви и кармини, само лабело. и нормално темна кафеава коса.

    Потоа некако си го сменив друштвото за излегување, тоа некаде мислам дека веќе бев трета год. почнав да излегувам по дискотеки како Сачмо, Мусандра, Централ, Булевар итн. итн. - на растените во 90-тите им се познати и со тоа си го сменив и имиџот, преминав во така наречените кремки :emo: :D . Имиџот се смени, почнав да воведувам и др. бои постепено најпрво црвена и бела, па окер, жолта за да конечно излезам од црнилото и ги носам сите бои дури и розева и тиркизна. Се исфарбав плава т.е. станав русокоса и до ден денес сум таква иако сум била и црвена и костенлива и портокалова. Русокоса сум си најубава. :P Накит носев најчесто само големи и впечатливи обетки, а шминката ми беше нежна и умерена. Таква сум и денес. Тука си се најдов некако и сега сум од оние сфатените :D .

    едит -морам да ја споменам и Маракана како едно од најпосетените места во мојот средношколски живот. :rock:
     
    На Mishela, Anna-Banana, tessie и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.541
    Допаѓања:
    95.412
    Пол:
    Женски
    Леле темаваааа.... Претпоставувам сите знаете дека сум учела во средно уметничко, ви треба уште муабети за правење? Најдоле во спојлер ќе најдете и доказ во боја, значи, уметник, со облека која неретко ме ставала во некоја група контроверзни луѓе, како на пример Црна ружа, до ден денес не ја сакам Струмица заради овој факт, бев сместена во секта само заради тоа што се обидов да влезам во Селект со мартинс и црн фустан до под коленици :?: Значи да започнеме од почеток, на нозе стандард Др.Мартинс, со раб и челик, со 20 дупчиња, се носеа од Септември до Мај, во лето некое патиче, штикла никако. Во предвид доаѓаа бордо, маслинеста, тегет, кафена, окер, претежно земјени бои, црна не ногу често. Носење на широки карирани пантолони, суќни од најдлабоките делови на плакарите од бившата детска соба на мајка ми, значи гардероба од 60тите-70тите, капут со исто годиште на производство од познатата група капутчиња од тоа време нарекувани Ѓубретарци, со огромна капуљача. Нагоре некои маички, блузички, претежно широки, а ако се потесни обавезно врз нив некоја кошула. Долго време ми беше униформа и маичката на сестра ми која ја носела како униформа во еден кафич, на неа пишуваше Боли ме уво за све, потпис Ван Гог. Ранец исклучиво војнички, испишан и исцртан, стандард. Е доаѓаме до делот коса и шминка, второто никогаш не сум го љубела многу, онака ради реда, малку пудричка, некој коректор, понекогаш малку креонче и маскара, руменило никогаш, лабело евентуално, ама затоа фризура, ај да не зборам да ме видите низ слика а?
    [​IMG]
    [​IMG]
    Си мислев сум имала повеќе слики ама сум се излажала, ќе морам да пронајдам уште некоја па да видите, тоа е чудесии :rofl:
     
    На LittlePinky, Lovy1, WarriorAngel и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.241
    Допаѓања:
    42.990
    Значи, бев хипик, даркер, пацифист, make love not war и дете на цвеќето истовремено... Мешање стилови, фризури, ѕвонарки, старки, трака на главата, буцка инаку (секогаш имав вишок во средно), слушање секакви стилови, трескање по Џим Морисон, Виле Вало од Хим, трчање на сите можни концерти, собирање пари за Таксират, Егзит...


    Стилски - би рекла дека отсекогаш сум била фанатик по бои. Шарено, цветно, дезенирано, со доза ексцентрија и малку повеќе егзибиционизам. Веројатно е тоа лавовската природа, малку и ген од мајка ми, малку и глуматање, нормално, кога си клинка, сакаш секој да те забележи! :rofl: А у суштина сум била будалетинка. Уште си ги чувам маиците со Тhe Doors, со James Dean (таа и на матура ја носев), шарените шалвари, балетанки со принт, пачворк ташни...
    Дете на цвеќето, со доза меланхолија бев 8) :D ако може воопшто тоа така да се нарече! Лудило! И не се шминкав, многу ретко. Штикли? wow, тоа било незамисливо. Ама ете, растеш, се менуваш, некои работи остануваат дел од тебе, некои си одат во вечноста ;)
     
    На WarriorAngel, Domino и tessie им се допаѓа ова.
  6. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.541
    Допаѓања:
    95.412
    Пол:
    Женски
    Заборавив да напоменам еден период се шлапав со црвен креон на очи, сфатив дека сите ме гледаат ко од марс падната и сестра ми ми кажа дека всушност личам ко да сум којзнае на какви тешки дроги :tmi: па прекинав да ставам :lol: Иначе и јас како Шилеа имав периоди кога бев хипиче, со лелеави кошули до земја, со цветни марами, ах марами, заборавив, уште си ја носам едната, огромна, колку чаршав за единечен кревет, маслинеста :rofl: Иначе цело средно бев со кратка црвена коса, во четврта пред матура ја пуштив мојата и ја направив трајна :x никад више, не дека не ми стоеше убаво, ама ужасно ми беше тешко да си ја вратам мојата коса, инау умрена сум по таква коса, ама ајде де, порасни ја после нормално :lol:
     
  7. xoxo..gossip-girl

    xoxo..gossip-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2013
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    642
    Средното ми беше проследено со искинати фармерки , фраерски панталони , кошулчиња , маички , блузички , конверс , најк , адидас и некоја јака чизма.
     
  8. MissDior

    MissDior Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    1.180
    Допаѓања:
    10.084
    Јас цело средно бев кремка од Фарт генерацијата :lol: Мајка ми беше пресреќна што за разлика од некои девојчиња во мојот клас јас ја миев косата секој ден, не се шминкав со црно и не носев стара облека. Носев фармерчиња, патики на топук и памучни блузички. Розева, зелена, жолта, сина беа бои во кои најчесто бев облечена. Фетиш ми беа огромни обетки во светли бои. За разлика од некои денешни средношколки ние стварно личевме на возраста. Со друштво сме оделе по свирки, дискотеки и кафани, облеката баш и неам врска со местата на излегување. Инаку не мислам дека начинот на облекување има врска со стилот на музика кој го слушаме. Јас цел живот сум слушала рок и во нитуеден момент не сум добила желба да облечам маичка од Нирвана или ГНР. Асесорис со боцки и мартинс не значи дека си различен зашто слушаш метал, туку значи дека си збунет тинејџер што сака да припаѓа некаде и да се идентификува со некој рол модел. Не ги судете луѓето според облеката дајте им шанса да ви покажат кои се навистина под фасадата!
     
  9. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Леле средно! СРЕДНО! :o
    Коса ми се крева.

    Ги носев сите бои на виножитото.... наеднаш!
    Марами во џиш електрик нијанси, различни обетки, по две обетки на едно уво, ланчиња што врска немаат со тоа што сум го облекла, шекнати хулахопки.
    Знаев и да се облечам на слоеви, one of my mum's least favorite. Маичка на прерамки, па кимоно, па со кратки ракави, одозгора џемпер, па нели онаа на прерамки е најдолга за да се гледаат сите :tmi:

    А да :!: ! Имав и еден ОГРОМЕН привезок со знакот за мир кој не го вадев од мене.

    Ах леле, Хипи, што ти се чинеше... :(
     
    На WarriorAngel и tessie им се допаѓа ова.
  10. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.614
    Допаѓања:
    5.416
    Пол:
    Женски
    Во прва година хит ми беа познатите топуци црни до колена, на Sream, и ги вртев и во школо и за излаз, во комбинација со фармерки, претежно или подвиткани до колено ако било иводливо или модели до колена, за чимите да се гледаат нели. Неизбежни ми беа каишите, и ги носев во тон со маичките :D
    Втора средно ги купив првите штиклички-чизми, и почнав фармерки со нив во комбинација, некои потемни бои како црно и кафеаво - мислев дека посвечено ќе излгедам навечер, или кратки црни шорцеви со темни хулахопки, тука ми беа комбинациите, а на школо таа година многу шалови и марами носев.
    Во трета ги обожавав за на школо ДС патиките, а во зима многу сакав ниски чизмички до колена модел.
    Таа година прв пат ставив црвен кармин паметам, преминав на повисоки штикли, фустани.
    Четврта ми беше отскочна даска. Во школо носев патичиња со шари, балетанки, чимички до колена, во комбинација со фармерки, кожна јакна, струкирани јакнички, чантите ми беа скаени, а не како во 3та платнени.Навечер почнав со фармерки со висок струк, кошули во фармерка, над фармерка, чевли на платформа, поинтересни блузи на едно рамо и слично, часовници, железни алки и обетки, почнав да правам разлика од потреба за плик или поголема чанта при ноќно излегување...Едноставно , во 4та почнав сама да се грижам за мојот изглед и стил, да се пронаоѓам, и градам.
    Фризурата не ми претрпела никогаш промена на боја, единствено биле рамните шишки, задолжителна еднаш во годината таа фризура ми беше :D
     
  11. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.558
    Со оглед на тоа што до пред две години бев средно, не е така одамна. Ама мислам дека сум доста променета во поглед на тоа откако завршив средно.

    Многу поспортски и обично се облекував. И сега има моменти кога си се носам лежерно ама тогаш најчесто си носев дуксерки и фармерки. И нешто посебно не се замарав, да комбинирам којзнае колку. Носев многу и хеланки со туники, и затоа мислам дека ми се одмили таа комбинација за цел живот.
    Ау, а пак во прва, втора година на излегување колку кич сум се облекувала. Кратки тексес панталонки, црни, малку шпицести чизми до колена и маичка на прерамчиња со светки и такви работи :tmi: .

    Воглавно, не сум имала некој одреден стил на облекување.
    Сега ми текна дека во прва година имав едни многу убави патики, мислам дека едни од поубавите кои сум ги купила. Штета што ги немам веќе :(.
     
  12. gentle.girl

    gentle.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    250
    епа да уште сум во тие години :tmi:
    и стилов ми е нешто као демек рокерка, се пронаојѓам во гранџ песните.. лудило брат :D
    ...нирвана на прво место :rock:
    но никогаш не сум претерала, скромна си сум јас. 8)
     
    На LudaDevojka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. dushiche

    dushiche Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    742
    Допаѓања:
    321
    Хахах во прва и втора незнам што ми беше :lol: Жолто носев еј жолто. Ич не ја сакам бојава, незнам што ми е било.
     
  14. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.671
    Допаѓања:
    97.723
    Пол:
    Женски
    Стил во средно???
    Пих...
    Едвај 2 пара фармерки ,неколку маици,неколку блузички и тоа.
    По едне пар патики и чевли.
    Јакна зимска и тексас јакна.
    Со тоа нема стил!
     
  15. Nefertitii

    Nefertitii Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    239
    Немав некој определен стил ,денес ке ме видите во дарк панк фазон тесна панталона ,мартинс Рамонс маица и истапирана коса а веќе другиот ден во истрипани шалвари и трансерски торби .
    Сеуште си ги носам Дорс ,Рамонес ,маиците со Џим Морисон,како и Токсик парчињата .
    Јас си останав истата будалетинка од средно ,донекаде и стилот ми е ист ,само што ете веќе не одам ван границата на нормалното .
     
  16. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    пред две години завршив и можам да кажам целосно сум го променила стилот

    сега сум стегната дотерана -колку што можам
    арно ама тогаш широки фармерки патики во една две нозе да ставиш јаоо !!
    сум почнала во четврта да се освестувам ама..сум се покажала како мушкарац три години офф :D

    а шминка леле џоа Аврил :?: :D ннакит- прстени на секој прст по еден !! :?:
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.010
    Пол:
    Женски
    Апсолутна трансформација од средно до сега....дури во средно не ни негував некој стил посебно.
    А сега веќе е 100та приказна.
     
  18. MorbGoth.666

    MorbGoth.666 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    148
    Ех уметничко..Црно, бордо, маслинесто, некој земјени бои, маички со slayer, iron maiden, прва година ја поминав со неколку фармерки, едни патики црни, марами, шминка не носев, ланчиња, алки носев имав милион..беџови и уште неколку работи од Скопје.Некогаш знаев да облечам и хеланки со сукња,војнички ранец, или нешто слично..Шминка не ставав, па тоа е до некаде скоро исто како денес..Косата само ми беше друга боја, и сега што имам повеќе работи..:)
     
  19. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.461
    Допаѓања:
    39.664
    Пол:
    Женски
    Облеката не ми била нешко кој знае колку лоша, ама фризурата хаос!
    Шишки, леле кога ќе се видам ми се плаче :)
     
  20. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.048
    Допаѓања:
    76.042
    Пол:
    Женски
    Ја фарбав косата, правев некои прамени во необични бои, носев кожни панталони, синџири на нив, наруквици со боцки, ланчиња со марихуана, користев само црн лак, во втора година самата си ги скратив шишките и имав ептен уникатна нерамномерна фрузира, а косата не ја скратив цели четири години и постојано ми беше пуштена освен во четврта кога постојано почнав плетенка да плетам и тоа не левата страна, носев широки блузи со принт од бендови и некои натписи, ракавици со мрежа... Прекрасни времиња :)