Вашиот утрински ритуал

Дискусија во 'Слободно време' започната од maca99, 1 март 2011.

  1. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    Летно време, кога не сум на школо. Се будам прилично касно. Одма отварам да се проветри и после пуштам клима. Одам до вц ,се чешлам,ја врзувам косата во пунџичка да не ми смета, мијам заби/лице. Ставам лабело, крема на лицето. После јадам овошје и пијам кафе пред компјутер. Си правам план за денот.

    Кога сум на школо или имам некои обврски надвор од дома, рипам од кревет , се мијам,средувам, облекувам и тргам. Повеќето работи ми се подготвени од вечер.
     
  2. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    737
    Пол:
    Женски
    Па еве сега дека сум 2ра смена во школо станувам околу 9 ипол одма вц едно друго...седам пред тв едно 15мин да се релаксирам со музика после одма одам да учам до кај 11 саат па јадам па пијам какао или капучино :D земам нешто благо седнам пред пц и воедно се облекувам и спремам и во 12 и 15 треба да бидам ТИП ТОП :D
     
  3. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    724
    Мој стандарден утрински ритуал... прво ако се разбудам со многу тврда ерекција го смирувам ѕверот. :D Имам обичај да легам 15-20 минути откако ќе се разбудам. После одам во wc да си го измијам лицето и забите и готово после или доручек или кафе кога како. И спремен сум за денот. :D Nothing special, just an ordinary ritual. :)
     
  4. OneHeart

    OneHeart Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2012
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    33
    Кога сум 1ва смена нашколо :
    Го слушам тоа алармиштето и секао го исклучувам и после тоа дермуцкам малку. Потоа доаѓа дедо ( да е зив и здрав уште многу години да не е он ја секој ден ке се успивам ) да провери дали сум разбуна. Па одам во WC. Се облекувам, косата ово оно зимам ранецот и право нашколо проследено со трчање до таму :@
    Кога сум втора смена :
    Исто го слушам тоа алрмиштето ама сега во 9:00 и пак го исклучувам е после 10 мин иде баба ( нз зошто ама за на 1ва секогаш ме буди дедо , а за 2ра баба :^) ) . Е после од коа ке се разбудам така убаво одам во WC . После тоа зиам да учам зависи колку време ке ме фати тоа некогаш од шо неам време не ни јадам. Се облекувам спремам коса и трчам до школо :@ ИСТОТО Е СЕКОЈ ДЕН !!!! :@ :@ :@
    Кога не сум на школо е веке друга приказна е тогаш се осекам опуштено и се работам полека :$
     
  5. Trnche

    Trnche Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2012
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    241
    Имам аларм ставено во 7:45 а снузот ми е направен на 15 мин. Значи во 8 дефинитивно ги отварам очите, и едно 10-15 минути се обидувам да станам, посебно зимно време кога е ненормално ладно :( Околу 8:15 станувам, правец ве-це. Мо**ам, мијам заби и лице. Му ставам храна на мачорот :inlove: и му ја менувам водата. Стојам пред шкаф едно 5 мин мислејќи се што да облечам. Во меѓувреме мачорот веќе се најадел па ми се плетка низ нозе, мјаука и на крај влегува во отворениот шкаф и се стуткува внатре. Тогаш погледнувам на саат, сфаќам дека веќе е 8:30 и дека како по обичај, повторно доцнам. Набрзинка го грабам првото нешто од закачалката и се облекувам за нецели 2 мин :D Голема предност ми е и тоа што живеам со сестра ми, физички имаме прилично иста градба па гардеробата ни е заедничка. Кога ептен немам идеја што да облечам или кога многу доцнам, едноставно го облекувам тоа што таа го носела претходниот ден или претходната недела :D (Thanks sis :D) Пак ве-це, спремам коса, ставам крем за раце и лице и малку римел. Веќе е 8:40, набрзинка за зимам ташната, фрлам се` во неа дур паралелно облекувам кондури и трчам по скали надолу како луда :D

    На автобуската постојка стигам околу 8:50 и веднаш влегувам во автобус. Имам голема среќа што низ мојата населба минуваат повеќе различни бројчиња автобуси и речиси сите поминуваат низ Рекорд, па во секое време има некој автобус, не ми е нешто битно што ќе фатам. Освен кога имам повеќе време, тогаш обавезно чекам приватна 23 (економија, шта чеш :D) И како и секогаш, околу 9:10, 9:15 стигам на работа што донекаде е пристојно доцнење :tmi: Shame on me!!!
    Исто да напоменам дека доколку имам однапред смислена комбинација задолжително стигам до 9 во канцеларија.

    За викенд обожавам да си поспијам, доколку немам некаква обврска тоа. Се излежавам докај пладне, станувам, правец ве-це, правам кафе во мојата посебна шолја што као демек побрзо го лади кафето :D, седнувам пред ТВ зимно време, на тераса летно време и сама самичка медитирам, уживам во горкото кафе, цигарчето и тишината нарушена единствено од предењето на мојата маца :$
     
  6. Edie.S

    Edie.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    395
    Пол:
    Женски
    Станувам во 9. Ретко кога си поспивам. Одам во wc, мочкам, мијам заби и лице и си ја чешлам косата. Во меѓувреме кутрето ми се плетка меѓу нозе и кога ќе почнам да се облакам, оно е веќе на врата, спремно за надвор :)
    Шетаме околу половина час, купуваме доручек и правац дома. Дома му ги мијам ноџињата и му го полнам тањирчето храна (и дур искочам од кујна оно веќе све изело :?:).
    Откако ќе го средам него, си го местам креветот, отварам прозор од соба и одам да јадам. После јадење обавезно следува Б-комплекс и кафе.
    Со кафето секогаш читам весници или гледам серија :)
    После се ова, почнува мојот ден и сите обврски предвидени за истиот..

    Абе баш сум с'це.
     
  7. catsruletheworld3

    catsruletheworld3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2012
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    27
    1ва смена кога сум, ми ѕвони аларм во 10 до 7, стискам снуз 2/3 пати, веќе накај 7и 15 станувам, одам во веце мијам заби лице ова она, мочам, се спремам ептен на брзина,му ставам на мачето а.к.а свинчето да ждере и 7ипол искачам, и после во школо негде до голем одмор ваква сум |-)

    А втора смена кога сум, не местам аларм кога се разбудам тогаш, обично од претходниот ден вечерта си учам што имам за учење па сабајле да не се замарам :geek: , така да убаво си поспивам :D Кога ке станам, пак веце миење ова она,му давам јадење па на свинчето, после си праам нешто за мене за јадење и кафе или какао, си седнувам пред телевизор и си јадам, после на компјутер чепкам нешто ваму таму, дур трепнам ете ти го 1 саат, се спремам и право у школо.

    За бикенди, си спијам колку ми се спие, кога ке се разбудам обично си останувам во кревет некое време си гледам тв.. кога ке станам одам во веце се мијам, мочам и тн.му давам храна па на свинчето, после доручкувам и пијам нешто кафе/чај/какао/сок не е битно.... и после си уживам се шлаам по дома по пижами,си играм со мачето и сл.

    А за распуст.... ај да не кажувам. :worried:ilent:
     
  8. Katerinceee

    Katerinceee Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Мојот утрински ритуал е:кога ќе стана одма пијам млеко,гледам колку е саат и одам са се мијам,се враќам и повторно гледам колку е саат,па се облакам,се чешлам,зимам ташната и шпринт право на училиште. :D
     
  9. sm1zla

    sm1zla Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2011
    Пораки:
    730
    Допаѓања:
    307
    Пол:
    Женски
    мојот утрински ритуал ..хмм.. станам одма седнувам да јадам (навика хаах) ии одам се облекувам и во WC се мијам итн. а на распуст..шта да причам ..хахаха аа станам прилично касно (1-2) ии на пц одма..:) (ко и обично) тоа е :) :lol: 8)
     
  10. Anet4e

    Anet4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    26
    Па уназад една година си станувам околу 9 (некогаш порано,некогаш подоцна),прво се преоблекувам,па одам во ве-це,се мијам,се освестувам и одам си правам кафенце,а со него право пред компјутер :) Е тоа ми е утринскиот ритуал ;)
     
  11. Alegriaa

    Alegriaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2011
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    260
    Пол:
    Женски
    Кога сум прва смена:

    Ми звони алармот во 15 за 7. Веднаш станувам одам во ве-це,се враќам се мислам што да облечам,потоа пак одам во ве-це средувам коса чистам лице со лосион,мијам заби,ставам малку коректор, лабело потоа ако не сум ги спремила книгите ги спремам и ете 7 и 10. Бргу земам јакна капа,ракавици и излегувам :)

    Кога сум втора смена

    Станувам околу 9-10.Одам до ве-це исто чистам лице,заби.Ја собирам косата и ако имам учам,пишувам.Во меѓувреме пијам чаша чоколадно млеко.После тоа ако имам време седнувам на лаптоп. Во 12 часот почнувам да се спремам и исто како погоре пак миење,чистење,чешлање и сл.
    :P
     
  12. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.076
    Алармот секогаш го навивам половина час пред да треба да станам, затоа што едно 3-4 пати морам да му направам снуз пред да станам од креветот. Мора да ми биде топла собата пред да станам затоа што во спротивно нема шанси да се откријам и да станам, може и да не отидам на работа или факс ако ми е ладно да станам :lol: Се мијам, се мачкам со крема па задолжително јадам. Секогаш јадам рано наутро, житарки со мелко или јогурт и семиња. Без тоа не ми трга денот :P Па излегувам да го прошетам кутрето и да му дадам да јаде, потоа си бирам алишта и се облакам, шминкам и спремам за на работа или факс. Ако сум втора смена, после утринската прошетка читам дневни вести на интернет, пијам чајче или кафенце, фокс лајф во позадина, телефонски разговори... па потоа почнувам да се спремам за на работа... и не е веќе утро :)
     
    На anuskaNESTLE му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    426
    Затоа што сум дома и имам слободно време, станувам насабајле и веднаш пуштам ТВ за да се освестам.
    Станувам после 10 минути, варам кафе, го пијам кафенцето во кревет (посебно зимно време, уште по пижами), после си палам компјутер, проверувам меил, листам огласи и тн. се додека го испијам кафето (негде час и половина). После средувам по дома, доручкувам и тн., се мијам лице, заби....
     
  14. CuteEva

    CuteEva Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2012
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    131
    станувам после второто ѕвонење на алармот скоро секогаш, одам во вц миам заби и лице, тркнувам до кујна и ОБАВЕЗНО се заблажувам со лажичка мед.потоа се враќам во мојата соба и се облекувам
     
  15. arontt

    arontt Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    528
    Допаѓања:
    1.835
    Го местам алармот во 06:15 a станувам во 06:25 бидеќи неможам да се освестам.
    Станувам како некој да ме потурил со вода, одам набрзина во вц, се облекувам набрзина и после малце поспоро оди средувањето на косата и лицето, а во меѓувреме јадам јаболко кое никогаш не го дојадувам бидеќи немам време.
    И во 7 без нешто излегувам со трчање, едно што каснам, друго да не можат да ме стигнат кучињата оти скокаат по мене па бегам од нив како од гаволот за да не ме извалкаат. :D
     
  16. Gossip-girl96

    Gossip-girl96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2012
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    81
    Кога сум прва смена на училиште, алармот ми ѕвони во 6:40 и косата ми се крева во тој момент хааххаха :lol: правам snooze повеќе пати и станувам во 6:50-7, потоа следува трчанката: одам мижечки во вц само да мочкам, потоа 5 мин дремам пред плакар и кукам како ништо немам да облечам, се облакам, повторно одам во вц (се мијам заби, лице), се чешлам, ставам дезодоранс, се шминкам (многу ретко ова, само ако имам време), ја спремам чантата (ако не ми е спремна од вечерта), облакам чизми/патики, марама, капут, ставам парфем, искачам од дома и по пат си ставам лабело, пешачам 20 мин до школо и каснамммммммммм секој божји ден... :tmi: I'm not a morning person ! :worried:

    И кога сум втора смена во главно ми се истите ритуали + што доручкувам и понекогаш се шминкам :)

    А за викендите спијам до доцните попладневни часови, тогаш ми е најубаво на цел светтт :$ :D
     
  17. Rna

    Rna Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    190
    Допаѓања:
    63
    Кога сум прва смена на училиште алармот ми ѕвони во 6 и 30.Ке станам одам во ве-це,мочам :$ си миам лице и раце.После одам се облеквам , па пак се враќам во ве-це си ја чешлам косата,па си клавам парфем и лабело и вентијага и чизми/патики и трк на школо.(понекогаш каснам 10-15 минути ама ако нема врска :lol: )

    А кога сум втора смена исто е станвам во 9 сатот до веце,се облеквам,пак до веце,јадам,на фемина и после си гледам ангелии.. 8)

    А за викендите најубо ми е си спијам до 1:30 или 2 и така. :!: :D :D
     
  18. Rna

    Rna Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    190
    Допаѓања:
    63
    Кога сум прва смена на училиште алармот ми ѕвони во 6 и 30.Ке станам одам во ве-це,мочам :$ си миам лице и раце.После одам се облеквам , па пак се враќам во ве-це си ја чешлам косата,па си клавам парфем и лабело и вентијага и чизми/патики и трк на школо.(понекогаш каснам 10-15 минути ама ако нема врска :lol: )

    А кога сум втора смена исто е станвам во 9 сатот до веце,се облеквам,пак до веце,јадам,на фемина и после си гледам ангелии.. 8)

    А за викендите најубо ми е си спијам до 1:30 или 2 и така. :!: :D :D
     
  19. Djevojka

    Djevojka Активен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Секогаш кога се будам прво што ми доаѓа на памет е кафе! :D Па после може да почне денот хехе...
     
  20. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.477
    Допаѓања:
    10.927
    Не сум ранобудник,а толку сакам да уживам во утрата.Има нешто посебно во овој дел од денот.
    Но кога се мора,се мора.Станувам во 6 и 15 се мијам лице,заби,уста,се тинтрам,во меѓувреме обавезно се вари јако горко кафе без кое не можам да функционирам.
    Потоа се облекувам,па истовремено се шминкам и пијам кафе :rofl: .
    И секогаш доцнам,ама баш секогаш :rofl: