Сега за време на распустот,станувам околу 11 часот.Јадам ,мијам лице и заби,после по пижами лежам на креветот и гледам телевизија,се облекувам и дремам пред компјутерот,а после излегувам (одам кај другарка,во трговски центар,на кеј...)
Сакам мирни, спокојни утра, без нервоза и брзање. Затоа навечер се трудам да ја оставам куќата во најдобар ред (особено кујната), алиштата за на работа ми се одбрани и подготвени за облекување, чантата исто спремна од вечер...косата ми е измиена, само наутро ја обликувам, дури и шминката ми е одбрана од вечер и ставена да ми биде при рака... Се будам порано од потребното за да имам доволно време за мирно пиење на првото утринско кафе од мојата омилена шоља, мигови на мир и тишина во кои максимално уживам.
Сега на распустот..Станувам околу 11.Веднаш го вклучувам телевизорот,пуштам сител и додека чекам да почнат “Ангели“ вклучувам компјутер и одам се мијам,мијам заби...потоа си легам и си гледам Ангели ..Потоа седам на компјутер..и така хаха А кога одам на училиште станувам во 6:30.Одам се мијам..мијам заби,се облекувам,си ја чешлам косата,ставам парфем,облекувам чизми и трк на школо .
Колку и да се влечкам секогаш стигнувам. Во школо само од сабајле сум. Станувам 6 : 10. Право во вц и имам заприметено дека секогаш до и 25 излегувам , што значи се задржувам 10-15 мин. Потоа одам се облекувам и секогаш алиштата и чантата ми се спремни од вечер. Потоа одам на огледало, и гледам навечер косата да ја средам , наутро само да ја исшешлам и да ставам некоја шнола за да не ми смета, а доколку не ми е убава ке ја фатам во некоја пунџиџка. Понекогаш ставам коректор на подочниците и маскара кога како, како ке сум расположена.Ставам и парфемче и дезодоранс. Додека слегувам по скали ставам лабело и крема на рацете. Ги викам другарките во 06 45 и право на автобуска. На распуст најчесто се будам 12 , 12 и 30 , зависи како сум заспала претходната вечер.Распусто си е посебна приказна. После тоа пијам кафе, јадам нешто , до 3 часот некогаш сум сама па дур чекам да дојдат моите јадам многу овошје, јаболка,мандарини шо ке најдам само мелам. Исто така гледам и времето во вежбање да го поминам да не ми е залудно потрошено пред комјутер.
Наутро станувам во 15 за 6, одам во купатило, се спремам таму Потоа, одам во дневна да се стоплам, па во детска да се облечам, да ја направам косата и тргнувам на школо Кога сум втора смена, станувам 7 часот, учам, потоа накај 11 почнувам да се спремам докај 12-12:15, и потоа одам на школо
Кога сум на факс значи од Понеделник до Петок се будам во 06:10 станувам се мијам лице и заби,ставам крем на лицето,се облекувам,одам во вц,се чешлам,спремам ташната и во 6:30 излегувам од дома за на постојка. Викенд си спијам до кога сакам,станувам мијам лице и заби,исто ставам крем,се пресоблекувам,се чешлам и потоа јадам,па пијам кафе или чај.
Станувам околу 7, мијам заби и лице, се облекувам и го местам ранецот. Одам во тоалет малку да се потсредам , па пијам чај со мајка ми. Околу 7 и 30 доаѓа шоферот пред зграда и ме носи на училиште каде стигнувам околу 5 за 8.
Станувам, мијам заби, лице, ова она.. Потоа се качувам нагоре по скали ко автоматска пушка, се облекувам дупло побрзо, па слегувам, редам книги, пред огледало 5 мин (чешлање, бла бла блаа) потоа уште 2-3 минути да ставам капа шал, палто.. И од за пола саат сум готова
Станувам зависи кога како 10,10ипол,кога ке ми стане малата....она ме буди иначе јас сум голема спанка одма и топлам млеко,а за мене правам чај ,една лажичка мед на гладно....после додека малата го пие млекцето јас мијам заби,лице се облекувам и почнувам да спремем доручек(секако по избор на керкичката) и додека се извршат сите тие ритуали веќе дошло време за правење ручек
Станувам околу 12 ,12 ипол сега додека сум дома после со предавања ќе станувам во 6ипол. Мојте ритуали се мијам лице заби раце и после директно на шминкање ќе си сварам кафе онака утринско најубаво ако сестра ми е вратена од школо ќе и направам нешто по желаба да јаде додека мјка ми да дојде и да и напрви ручек и после си го искористувам денот како што знам.
Кога сум на факултет станувам 5 правец вц, после ставам кафе турско,додека се варе, почнувам со шминкање, у позадина обавезно телевизор да галаме кафето го пијам додека се шминкам, значи на нога, после доручкувам нешто набрзина, се облекувам и одам на автобуска А оние денови кога сум дома обично се будам накај 9 ипол прво го проверувам мобилниот, па вц, кафе обавезно до дека се варе уклучувам лаптоп и после си уживам така добри саат време дремејќи на фејсбук, или на фемина, се додека не дојде мајка ми и не почне со својте мобети
моите се нешто невидено да си се чудите пошто блиските ми се чудат хихихи...се бањам навечер ја плетам косата легнувам станувам 10 мин до 9 се облакам и работатат ми е на 5 мин одам на раб отварам таму се мијам чистам кондури или сл се шминкам и спремна сум !
Станувам во шест ипол и се вртам во креветот и истегнувам. Па, го молам Господ да ми даде уште 5 мин. зошто секогаш ми се спие. Потоа мрзоволно до ВЦ, а обично не ми се оди кога имам мензис Се облекувам,мијам...Кога е среда,први час историја се молам да не ме праша за да си читам на раат книга или да спијам сеедно Ама постално ме прашува, досаден човек. Што да прави на натпревар одев и ме умре Кога имаме математика први час, обично одмарам. Сабота или недела, што е тоа утро!?
Бидејќи работам вака ми е ритуалот: *Станувам во 6:30-6-45 часот *Се мијам заби, лице... *Се облекувам (зависи од времето какво е / ) *Се шминкам *Си варам кафе *Ставам потребни работи во ташна и тргам
Штом отворам очи прво одам се мијам, после правец у кујна по кафе, па цигарце уз кафето и така уживам ( зависи колку време имам на располагање), после облекување ( а за викенд си дремам во пижами ) и после тоа почнувам со обврските
Секогаш правам аларм 10 мин порано за да дремам така полубудна Потоа во кревет јога вежби малце Па ке станам ке се истегнам Миење облекување тоа се Кафе насабајле не можам да пијам, ама вода, лимонада сок е добродојдено И денот може да почне