Станувам околу 9 и 30. Му менувам пелена на син ми и му давам млеко. Потоа ги извршувам останатите обврски, па си играм со син ми.
Зависно од тоа во колку часот сум на факултет, си местам аларм два часа порано. А обавезно од претходната ноќ си имам извадено алишта и што ќе носам на нозете, марама палто сако, значи се, пошто сум страшно неодлучна и кога времето оде против мојата одбрана облека - стандард каснам! Од кога звоне првиот аларм, не ни го памтам значи, после има втор, трет и четврт, на сите снуз им правам или ги гасам, ама за да не каснам, другиот мобилен ми е оставен на 5 - 6 метра од мене, и е ненормално прегласен, и тој кога звони морам да станам. Тактика а Одма ако е ладно - пуштам греалка и се мавам пред неа, и дремам неколку минути, се мразам оти морам рано да станам, ме нервират стапалата и дланките оти ми се суви, оти заби неам измиено, оти сум бушава а ме мрзе да станам, и така утрински си се мразам, и после 15 минути мразење и седење пред печка или на кревет да се расонам, со маки станувам, одам да пијам кафе одма, си матам нескафе ако е пролет -лето, а ако е зимо си варам топло, кафето ми е поин и надеж за добар ден. Додека се мијам, средувам, шминкам, фризура си го пијам кафето, на мобилен проверувам мeил, и се што ми стигнало преку ноќ па после се облекувам и ако немам време викам такси а ако имам си одам пешки.
Станувам најчесто нервозна затоа што мајка ми ме буди со дерење. Сирота жена и попуштија нервите од мене. Обавезно се успивам, обавезно. Незнам што ми е последнава година. Пред 3,4 не заспивам, а многу често и ме разденува. И ај после разбуди ме у 10. Епа нема. После, откако ќе станам наредните 2 саати се нервирам што не сум станала порано, особено ако имам за учење или некаква обврска. Во меѓувреме нормално се освестувам со кафе.
Ауф,значи многу си го сакам сонот,што значи обожавам да спиаам!Кога сме на училиште,посебно 1 смена,одвај станувам,ми требаат 3 будилници да ме разбудат. А за време на летниот распуст,обично станувам во 12.И кога ќе станам,ако не ме мрзи ќе направам неколку стомачни,пијам чај,па после јадам
Па станувам околу 12, 1 а вечерта легнувам во 4 или 5.Прво разбудам сестра ми оти ми е досадно сама да сум па се мијам лице , заби се облекувам и право хороскоп на фемина.После тоа појадувам, слушам музика , фејсбук и гледам Никита Ии то.
Ако сум прва смена на школо: станувам во 15 за 6, одам во дневна, одмарам 15 минути. После одам во вц, се облекувам, се чешлам се до 6 и 25, тогаш викам по брат ми да стане, и паѓе договор со кој автобус ќе одаме Ако сум втора смена: станувам накај 8, повтарам се што сум учела минатата ноќ се докој 10-11, се спремам до 12ч и чекам да дојде време да тргнам на школо Кога сум на пракса: станувам исто така во 15 за 6, и одма ми текнува се што треба да правам таму, и ја колнам болницата и главната сестра после, одам во вц, се средувам, се чешлам и излегувам во 7ч
Станувам и уште неопулена ставам вода да ми се топли за кафенце, па одам во вц, мијам лице, заби обавезно. Одам в кујна, си го правам кафето, земам цигарче.. и толку. Не се пресоблекувам, си шеткам по пижами дури не ме викне некој за излегување. Спојлер Ова за летен распуст.
се будам во 6 ипол,му спремам сендвиЧ на мм за работа,го сетам куЧето,си варам кафенце и седнувам си го пијам на форумов
спремам јадење секое утро рано си праам нес исимго пијам удвор или на тераса глрдаќи го зеленилото и моите цвеќиња си го обожувам ова темпо денот ми е прекрасен кога рано ќе го започнам
Станувам сабајле, одма го земам се уклучвам на фб да видам да не има некој порака или сл. , потоа играм малку pou ,станувам одам во ВЦ потоа се мислам 10 мин што да облечам и на крај кога веке ќе одлучам се туширам се средувам и одам да јадам го земам точакот и одам на работа
Прво одам до вц, се враќам и седнувам на кревет и го проверувам телефонот, играм малку pou и после пуштам компјутер и телевизор, па одам да земам нешто за грицкање и такаа секој ден е исто...
Најчесто се будам пред алармот зашто собата ми е на исток, а сонцето утрински досадно. Никогаш не сум наспана. http://www.youtube.com/watch?v=UkHVeKyD83M Како зомби се довлечкувам до тоалет да ги извршам најважните утрински дејности Плискам лице со ладна вода да ме расони. В кујна слегувам по пижами/ноќница. Златно правило ми е дека се‘ додека не ја напуштам куќата, нема потреба да се преслекувам Пијам чаша вода, можда две, сркам лажица мед. Го уклучувам компјутерот, Метрополис радио, и утринските вежби. Ѓезвето со вода го ставам на рингла и отварам фрижидер да си најдам нешто за доручек. Дури појадувам, водата ми зоврива, па на сред јадење обично станувам за да си го направам кафето. Откако ќе дојадам, го средувам нередот од чинии и вилушки, мијам заби, и трчам со кафето пред компјутер.
едно станување право на чешмата по 1 чаша вода потоа во вц-миење,нешто друго јадење кафица фемина + фб
Станувам, го проверувам мобилниот, го вклучувам лап топот, додека да се вклучи одам се мијам , си правам јако кафе и го пијам пред лап топот, разгледувајќи го фб и сите можни статии на омилените страни
Станувам во 7,00h се тегнам како некој зомби до веце. Мијам заби, се шљапкам со ладна камен вода едно 2-3 минутки да се освестам. Ставам на очите ладни облоги едно 5 минутки. Потоа се шминкам едно 20 минутки, па се облекувам. Од вечерта си пеглам алишта си ги средувам алиштата, бидејќи мразам на сабалје да отворам по плахари да барам алишта. Мм во меѓувреме станува додека се облекувам јас ,а тој за едно неполни 10 минути е готово, бил во веце се облекол и готов е. Па ја земам постелнината ја тресам (луфтирам) на тераса и потоа го местам креветот (ако имам време тоа правам). Па во 8,00h кинисуваме со мм на работа, и 8,30h - 8,40h сме во канцеларија. За викенд да не почнам да пишувам ритуали имам повеќе него во работен ден. Ај за тоа друг пат.
Сега од семптеври мојот пуст школски ден започнува со ставање во 6 и пол, ме будат 3 телефони оти несвесно ги гасам и 3 ми е над плакарот за да не можам да посегнам после се влечкам со сити сили до вц додека го средам лицето ставам леки си правам нескафе барем енергија да соберам следува облекување униформа и ставање коректор спремање ранец и правец у пекол...А сабота и недела срциња ми се бе си спиам се додека некоја од другарките не ме разбуди...
се тегнам 15 минути во кревет станувам средувам на брзинка правам интересен доручек и кафенце и глеам тв или музиче слушам а до мене кучетоо !! најубави утра ми се овие
Станувам и трчкам до ВЦ,се мијам заби и лице,ја чешлам косата. Доколку не одам никаде си останувам во пижами,варам кафе и се лепам пред компјутер. Тек после тоа барам нешто за доручек и обично јадам што ќе најдам во фрижидер,ме мрзи да готвам од посабајле. Доколку треба да одам некаде,првото што го наведов и се облекувам на брзинка и заминувам за друго се нема време бидејќи гледам што повеќе време да е во спиење.