Ако имам некакви обврски дента,станувам одам во Вц, мијам заби,лице,ја средувам косата, ако ми е мерак ставам подлога и бб крема или пудра,малце руменило,маскара,лабело и парфем. Се облекувам. Туширањето и подготовката на облека и на ташната ми се од вечерта завршени. Се облекувам и излегувам. Ако имам испит пред излегување јадам или па јадам по пат. Ако немам обврски, спијам до покасно. На тенане станувам одам до Вц се средувам и си останувам по пижами,јадам нешто,си правам кафе и читам весник/списание/седам на копјутер/слушам музика/средувам низ дома/се средувам себе/си правам to do list/зборувам по тел. Се договарам за некоја дружба и излегувам.
Ако е викенд или ако сум на распуст, станувам рано и одам на прошетка со мама. Потоа јадам бурек или нешто слично. Се враќаме дома и седнувам пред компјутерот. Ако не сум на распуст, станувам во 7, се спремам за училиште и одам.
Ако сум на школо го проверувам часот и се средувам,5 мин. мислам со што ќе се облечам,ташната на рамо и во школо.Ако сум на распуст станувам во 10,се мијам јадам и на фб или земам книга да читам.
Па ко ке станам прво одам wc , па мијам заби , лице .Потоа ставам крем за лице па бб крема, маскара , руж и кармин.Доручкувам , се облекувам и излегувам.А ако тој ден сум слободна само мијам лице и заби и си останувам цел ден по пижами
Се ми се чини дека отворам очи и трчам до фрижидерот. Местам кревет, се туширам, каснувам по некој залак, бирам што да облечам, се шминкам, и се мандорам низ куќа уште сто саати за да приберам тоа каблите и пеглите.. А кога е вака викенд спијам до покасно, удирам утринска тоалета и седнувам на интернет со шолја топло нескафе. После тоа, доручек секако.
Алармот ме буди во 6, се илежувам 10 минути, мијам заби, лице, ова она. Потоа уклучувам лаптоп и отрештувам музика да се расонам малце, истовремено отварам и фб и почнувам да се пеглам. Потоа ставам малку шминка (коректор, маскара, руменило), се облекувам, ставам 2 тони патфем и превец во школо, по пат со друштвото муабети, весело уште од сабајле и така. А кога сум слободна се оди полека. Станувам кога сакам, се средувам, отварам лаптоп, јадам и цел ден ми е мрзлив
Ако сум на работа прва смена,станувам мијам заби личе се шминкам сето тоа за 10 мин.и заминаувам.Ако сум 2 или слободна најпрвин добро се излежувам па потоа се средувам.
Бидејќи моментално немам обврски, прво нешто што правам кога ќе станам е 20 минутно вежбање, кое не можев да си го дозволам кога одев на факултет, бидејќи немав време и подготовката се состоеше од миење лице и заби, нанесување крем и малку шминка,средување на чантата,облекување и заминување на факултет. Сега, после вежбањето се туширам, мијам заби, ставам крем за лице. Потоа јадам, пијам кафе, па ако треба да излегувам се облекувам и се средувам за излегување, ако не облекувам тренерки и цел ден го поминувам дома.
станувам одам во вц се мијам после седнувам покрај термото и се шминкам се облекувам,МЕСТАМ РАСПОРЕД (лоша навика ама ај ) и излегувам за на школо а втора смена е друга приказна станувам т.е. се разбудувам и гледам тв во кревет па во вц па доручек, потоа барам алишта за на школо, па се шминкам и одам на кафе со друштво
Ако сум од сабајле на работа станувам кај 8 и пол 9...Набрзинка средувам коса,мијам заби,лице се облекувам ја спремам чантата и сега како што е пусто земам и некое книџуле за читкање и јадам или по пат или кога ке стигнам. Кога сум поручек сакам да си поспијам малку Си дремуцкам на интернет и се излежавам и чекам да дојди сатот за веќе кога немам време тогаш да ми текни да станам и пак се правам набрзина И буквално мојот живот моментално е опеан во песната на екрем! Куча-посо...
Па вака,станувам во,уствари не станувам спијам цел ден.Али ајде,алармот ми ѕвони во 6 али ја станувам у 6 ипол,и одам у вц и така се погледнувам у огледало и си викам „Леле,па јас не ја викав блоди мери?“и на крај сваќам дека тоа сум јас,и се плашам повеќе отколку кога ке ја видам неа.И брзо си мијам си правам едно топло нес и така пијам.Паметот ми е во креветот-си помислив вака ли изгледа еден брејк ап и си велам ако е вака тогаш јас да не ни влегувам во врска.Ехе во тоа време си мислам јас и на мојот лаптоп кога лети- незнам ни јас зошто мислам така а уште помалку знам што правам.И така после тоа следува дерење кожа - најголемата мака си имам со она познатото „Што да облечам?“ и во тие моменти копнеам по тоа да бидам калуѓерка.И да мислите ми летаат накај калуѓерка си се замислувам во таква облека,си го замислувам ормарот со два-три офингера и два пара ципелки и си велам „Јас место кафе чај да не испив?Па маму му ебам не ме расони ич.“ И така како некоја будалештина бркам низ ормарот со обувки и тражам нешто(бог знае што) да си извадам,да подзабришам некои обувки.И на крај ги наоѓам моите омилени (од бога проколнати) црни чизми.И така поспана со затворени очи ставам некое накитче,и ги чистам моите љубени чизми се додека не светнат.И така ги средувам цакум-пакум чизмите,си местам фризура(а во тие моменти ја носам фризурата Електро-Вештерски ) во некоја пунџа или сл. и излегувам преку врата си ставам во устата по две жвакаќи од орбит зелените по што сваќам дека не сум ги облекла моите совршено црни чизми.Потоа следи еден монолог во мозочето мое кој е од типот „Ех,бе срцко,што среќа памет имаш ти ? Колку грама ти е?Треба да одиш да исцедиш неколку мозоци,па да си добиеш малку памет?Ех,господе си заборавил еден човек!Бла бла...“ и кога конечно ке ги обујам,ке се видам на огледало и ке излезам низ врата и конечно ке се симнам од зградата.И ке осетам нешто лесно ми на грбов - кога ке ми текне сум го забораила ранецот...Се качувам до горе како џитка ке испопливам во мојата соба со триста чуда за да го најдам ранецот и да ке ми текне да си ја спремам опремата за физичко и ке си тргнам за на школо!Овој пат со обувки,со ранец и опрема по физичко!И тоа ке е во 7:10 и потоа задолжително еден неоправдан за првиот час,и шеткање во дворот на училиштето едни 45 и цело време ке се каам зошто воошто сум станувала толку рану,сум можела директно на втор час да дојдам.И така на вториот час ке пробам да надокнадам она што го пропуштив на првиот-ке слушам внимателно и сл. Се шегувам,ке го надокнадам спиењето И ете сега приметив дека јас до пладне стигнав.Епа до тука е мојата рутина,ве молам не ми замерувајте на мојата расеаност
Станувам , се мијам , мајками веќе го има направено кафето го пијам и читам на нет по страниците што има ново ( ова го правам секој ден оти сеуште нема работа а се надевам наскоро ќе се смени )
Ахаахах мене па денот ми почнува со првиот аларм кога ќе трба да станам па го местам вториот аларм да ми дзвони по 15 мин и се така дур не поминат едно 4 аларми за да се освестам Потоа кога ќе се решам да станам одам до вц да се средам и после директива во кујна пошо ми се јаде и така
Станувам, се мијам,се облакам, па мислам одма што треба да средам или направам за јадење за да бидам слободна..Најчесто
Станувам, ставам вода за кафе, пијам чаша вода на екс, одам во вц да се измијам, се враќам го правам кафето, и си седнувам да го пијам(опсадната сум со кафе) со некое музиче зависи од расположење, чепкам по нет што има, потоа станувам се спремам за каде и да сум тргнала, или ако е викенд расчистувам низ дома нешто и тоа