Кога сум на училиште: *прва смена -Станувам со маки, лежам во кревет повеќе од 5 минути. Си ја пеам песната "i really can't stayyy, baby it's cold outside" тоа стално го правам. -Кога конечно ќе станам одам дирекно во вц и таму си мијам заби и лице. -После тоа одам во соба, се облекувам и си пуштам музика на мобилен во меѓувреме -После тоа јадам нешто благо, ако има. Некои на утро не можат да јадам, ама јас си немам такви проблеми. Лесно ми е да си јадам, дури и вода си пијам. *втора смена -Станувам и одам во вц. Мијам заби и лице, раци итн. -Одам и јадам, во пижами секако. -После тоа се облекувам, правам коса, менам книги и одам на школо. (во меѓувреме на сето тоа сум уклучена на фб и си слушам песни) Кога е викенд: -Станувам и одма на пц. Си пуштам музика. -Одам јадам, во пижами. -После тоа си лежам, можеби читам нешто и се облекувам ако треба некаде да одам. (ако не треба да излезам си лежам цел ден во пижами)
Алармот ме буди во 6:25. Потоа се наканувам до 6:35 да станам, но секако тогаш иди мајка ми и ги трга сите јоргани од креветот за да станам. Потоа кога ќе излези се пцујам самата себе си, бидејќи сум можела да си легнам порано вечерта. Потоа облакам елек над пижама ( за да не измрзнам нели ) и одам у веце да се средам. По пат, се молам да не биди камен ладно, за да останам жива. ( ) Се мијам и праам едно дррр од студената вода, и моментално се расонувам ( или така мислам). Се враќам у соба, спремам ранец ако не сум се наканила минатата вечер. Се чудам што да облечам едно 10тина минути, додека не заѕвони другарка ми да ме извести дека ме чека пред куќа и на брзинка да се облечам. Потоа по пат се пцујам в ум, зашо сум излегла по џакет, а надвор -10 степени. Тоа е накратко.
Денот ми започнува во 7:15h. Најпрво одам во купатило,мијам лице,раце,заби и си ја средувам косата.Потоа одам во собата,се облекувам и излегувам
Кога сум на работа станувам во 8 часот,па одам и го мијам лицето и забите па одам и си правам кафе..па ставам крем за лице и крем за очи и почнувам да се шминкам..во меѓувреме си го пијам кафето...потоа ја средувам косата,се облекувам,мијам повторно заби и низ врата за викенд мојот утрински ритуал е друга приказна не постои, бидејќи не станувам наутро
Денот ми започнува во 6, станувам одма ако несакам да слушам цивкања и кенкања. Миење лице, заби, ставање кремови, собирање коса, тренерки на мене и одиме на прошетка оти се е програмирано. Обично пола саат до саат максимум. Потоа следи чај и јадење овошје или житарки па ако имам обврски следи спремање, ако немам тогаш следи уште една партија спиење пред ТВ.
Кога станувам одам веднаш во веце.Го мијам лицето и забите.Си правам кафе,се уклучувам на фемина и на фб.Ќе поседам околку 15 мин,па ќе станам да се облечам.Си ја пеглам косата,ќе ставам сјајче и спремна за на училиште.
Ми зависи од денот. Ако сум на предавања,станувам порано,најпрво миење заби и лице,потоа 15 минути мислење што да облечам,па уште 15 минути шминка,ставање крем,дезодоранс и слично. Ако имам повеќе време,задожително вода за топлење и правење јако кафе.
Епа бидејќи сум прва смена во школо од вечерта си спремам што ќе облечам. На часови сум од 7 и 30 а мене алармот ми ѕвони во 6.30,6.35 , 6.40 (обично тогаш станувм) и послем на секои пет минутки до седум(во случај да се успијам, што е многу често ) .. E послем се облекувам од 5-10 минутки, послем одам во тоалет, си мијам заби,лице, си ја средувам косата , послем доаѓа на ред малце римелче,пудра и сијајче и за крај парфем .. Облекувам јакната зимам ранецот, облекувам патиките и да ме нема секогаш брзам и во 7 и 10 сум кај другарка ми на улица ..
Јас прва смена сум Станувам во 6:55(часевите ми почнуваат во 7 ипол)a со другарка ми се чекаме во 7:20 потоа се облекувам,одам во тоалет се миам заби и лице и потоа си ја облекувам јакната и патиките ако ми остане време ке си поседам во соба и кога ќе дојде време одам и ја викам другарка ми
Алармот ме буди во 08:00. Лежам петнаесеттина минути. Станувам, одам во веце, мијам лице, заби. Пијам чај или какао. Во меѓувреме си пуштам музика. Ставам крем за лице, креон, туш, маскара и малку карминче. Ја средувам косата. Се облекувам, ставам парфем, ја припремам чантата, пијам пивски квасец и заминувам на работа.
Oбавезно ставам аларм на snooze едно два-три пати почнувајќи од 06:30 до 7. Потоа додека мрзоволно се влечкам до бањата, пцујам по сѐ живо и диво од обврски до деканат и останатиот дел од персоналот , се облекувам, се шминкам колку да заличам на човек, си ги собирам работите, патот под нозе и правец факултет. Не е толку смешно и интересно колку што звучи, жално е.
Во шест и триесет ми ѕвони алармот. Ставам слушалки на уши и денот започнува. Во шест и четериесет мијам заби и лице додека слушам музика. Ги ставам книгите в ташна, се облекувам земам чорапи и патики. Во седум часот облекувам патики, земам чешел, полека ја расчешлувам косата, излегувам околу седум и петнаесет. По пат слушам музика, кога сум близу училиштето го ставам телефонот на авион, ги тргам слушалките, влегувам во училиште. Така започнува еден мој ден.
Мојот утрински ритуал е следен: Ми ѕвони алармот најчесто во 10:00,ама невидена спанка сум и обавезно го одложувам до 12:00,а тој ѕвони на 10 минути. Откако и јас со мрчење и пцуење ќе се разбудам во 12:00 останувам да легам и се расонувам 15-20 мин,да се одморам од спиењето Откако ќе станам,одам во вц,прво мочкам (по потреба),а после мијам лице и заби.Откако ќе завршам со тоа,местам кревет и одам во кујна, :geek: каде ме удира дамла дека треба да се средува. Ете така почнува еден мој ден,само некако многу касно ми почнува,а уште покасно завршува.Ај да ме викнат негде на работа,па сигурно се ќе дојде у нормала.
Мојот утрински ритуал: Ќе станам во 9:30 или 10:30 ќе го земам мобилниот гледам што ина на фб и дали имам некоја порака потоа ќе влезам во фемина си потчитнувам нешто во форумов и редовно си го читам хороскопот потоа ќе станам ќе се облечам одам во вц потоа се мијам лице и забите ги мијаам ќе си направам топло чоколадо ќе си пијам и ќе станам да ги завршам куќните работи
Станувам во 8 мијам лице и заби,вц идам,па ја средувам косата,се облекувам (за то ми требит намногу време хахах) послем ставам кафенце па проверувам фемина,па фб и оооп 10 саат време е за ворк
Мојот ритуал, ахххх: алармот ми е во 6:00 и никако да му текне да ме остави бар уште еден саат (алармов ќе полни 1 год. другата недела и е ранобудник ), го ставам колку што сака да рипа во креветче или некој да го подржи, јас на брзинка местам кревет, се мијам и ставам кафе-кафево, турско, без шеќер ми омилениот дел од утрото (добро, малце клише, гугањето и галењето на мали и големи ми се ептееен радост), пијам кафе и почнуваме...
Мој утрински ритуал сеа посебно кога сме на одмор си легнувам вечер 4,5 и нормално станувам попладне 1,2 мијам заби и лице не јадам одма пошто најчесто сонувам јадење и си јадам во сонот се зезам најчесто го чекам ручекот но и тогаш едвај јадам онака од стрв после ми почнува денот онака кога сум убаво наспиена
Затоа што сум си на распуст си дремам на фејсбук,скајп до 3-4саат одсабајле и коа ќе станам од 1ипол-2 така да немам некој УТРИНСКИ ритуал Инаку коа ќе му почне школо дека средно треба со автобус да идам си станувам во 6 идам у веце (миење лице,заби,мочање ,чешлање ќе си стаам римел малце да не изгледам ко страшило),пијам чај,ранецот и летај низ врата маро