Вашиот утрински ритуал

Дискусија во 'Слободно време' започната од maca99, 1 март 2011.

  1. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.847
    Допаѓања:
    23.617
    Пол:
    Женски
    Ова ми е верзијата во која пробувам да бидам добра тинејџерка. :D
    Се будам во 8:00,одам вежбам кардио или пак кога не сум во расположение за трчање вежбам јога.Потоа се туширам и си спремам доручек(омилениот дел затоа што експериментирам со храната)и јадам гледајќи видеа на јутуб,некоја серија,разгледување слики на We <3 it и сл.
    Откако ке јадам,ке седам на компјутер,ке слушам музика,можеби и книга ке земам да читам,ке земам да си ја уредувам собата и сл.
     
  2. Rose-tulip

    Rose-tulip Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2014
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    287
    Пол:
    Женски
    Епа отприлика вака: Ми ѕвони алармот во 6.45h, одма станувам(конечно се навикнав да не стискам снуз :rock: ), право во купатило, мијам заби и лице, некогаш и се туширам(ако мн ми се спие за да се расонам или ако не сум се туширала вечерта), па кремови и шминка.Чудно на што се не размислувам посабајлечки дур се спремам :lol: Откако ќе заврши ритуалот во бањата, седам ко изгубена пред плакар дур смислам што да облечам. Па откако и тоа е готово се враќам во купатило и ја средувам мојата, благо речено, непослушна коса. Тек тогаш одам накај кујна, ставам вода да се вари за чајче , а во меѓувреме си правам доручек за носење и салатка за ручек. Чајот го ставам во термос со еден куп лед во него, јадењето во торба, ташната на мене и пешанката за накај работа, зашто веќе дошло 7.40h.
     
  3. Golden

    Golden Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    1.077
    Допаѓања:
    1.407
    Пол:
    Женски
    Па претежно станувам во 09:00,oдам во веце нели мијам заби и остало :D потоа отварам Фејсбук да видам дали имам некоја порака.После ќе си отворам јутуб и фемина да видам што има ново и си правам доручек. :D
    Е сега од 1 септември различна ќе биде приказната :tmi:.Станувам во 15 до 7 бидејќи ми требаат 2 века за да се разбудам,одам до тоалет се облакам и си ги ставам книгите и јуриш. :rofl:
     
  4. donna.17

    donna.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    1.718
    Допаѓања:
    5.011
    Пол:
    Женски
    Јас станувам тогаш кога син ми ќе ме разбуди. Станувањето варира секој ден од 08 до 12 часот и зависи од тоа како комшиите се расположени за муабет и кавги во двор.
    Стануваме го соблекувам, ги одмивам, ставаме чист памперс. После варам кафе земам за него чоколадо или овошен јогурт и седиме на тераса тој поручува јас се расонувам :)
     
  5. erica

    erica Популарен член

    Се зачлени на:
    21 август 2011
    Пораки:
    1.312
    Допаѓања:
    2.036
    Пол:
    Женски
    Станувам во 10 одам во веце се миам се тоа што треба се облекувам си правам појадок појадувам,ке седнам на компјутер малце да видам што има новичко,понекогаш испагаѓам и со другарка ми на плоштад после појадокот и така :)
     
  6. Ruza.Ruzica

    Ruza.Ruzica Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    24
    Сега додека сум на распуст оди вака...
    Се будам,одам во вц и после легам некое време така разгледувајќи фб и слушајќи музика. :D Станувам да се измијам и средам па правам доручек и јадам. :)
     
  7. chicaboom3

    chicaboom3 Активен член

    Се зачлени на:
    11 август 2014
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    33
    Пол:
    Женски
    сега кога сум на одмор, станувам околу 09 часот,прво во бања,па ставам кафенце затоа време си ги хранам домашните миленичиња, па јас појадувам, пијам кафенце ако има нешто работа по дома средувам, па на компијутер,а кога сум на работа станувам во 05:30 прво во бања, па кафенце пијам, и си се спремам за на работа, во 06:30 ми е превозот и во 07:00 започнувам со работа :)
     
  8. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.465
    Кога сум на распуст:
    Станувам во 8:30 или 9 одам се мијам лице и заби,се облекувам одам и ги вадам цвеќињата(само кога е пролет и лето :D ). Потоа мајка ми си вари кафе за нејзе а јас пијам витамини и седам на фб, фемина...
    Кога сум на школо прва смена:
    Стануван во 6 и до 6 и 10 се тегнам во креветот и само викам ај уште 5 секунди, ај уште 10 секунди :lol: и така конечно се наканувам да станам. Одејќи до тоалетот, се удирам во најмалку 1 човек, се удирам на се кое ќе дојде пред мене, се обвинувам дека по касно сум легнала и си давам ветување дека вечер по рано ќе си легнам(но тоа никогаш не го исполнувам) и пцујам се и сешто во памет, почувајќи од лекциите по историја, биологија, географија, наставничките, бројот на часеви, сеее! Одам и се мијам заби и лице, се враќам се облекувам и одам на школо.
    Кога сум втора смена:
    Станувам во 8:30 или 9, одам се мијам заби и лице, пијам витамини, пишувам ако имам нешто останато од домашното, повторувам лекции...
     
  9. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.097
    Допаѓања:
    42.345
    Off на алармот,on на електричниот бокал,пауза меѓу нив.После се друго.
     
  10. antonela-ela

    antonela-ela Нов член

    Се зачлени на:
    19 август 2014
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    osven,utrinsko kafe... nemam nikakov drug ritual... shminkanjeto i sreduvanjeto mi se :devil:
     
  11. rainbowec

    rainbowec Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    929
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Станувам кога ќе станам - секој ден различно.
    Некад у 10 некад у 12...
    Одма палам компјутер и идам да се освежам да се освестам, мијам заби, лице, и се враќам у соба за да си пуштам музика пошто ако нешто правам цел ден тоа е да слушам музика во секое време! :)
    Е после зависи ако имам некоја обврска се спремам и одам да ја завршам, ако не си правам кафе/цедевита и го листам фејсбукот да видам што се дешава, проверувам email и такви слични ствари.
     
  12. SuperGirl8

    SuperGirl8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    205
    Пол:
    Женски
    Станувам,20 мин чепкам низ телефон, пијам нескафе или цедевита, се туширам, се облекувам, јадам, ако имам некои обврски излегувам, ако не пуштам pc-то и проверувам фејзбук, фемина, твитер, меил.. :lol:
     
  13. luci22

    luci22 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    742
    Допаѓања:
    1.502
    Пол:
    Женски
    прдам под кебе :$
     
  14. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.279
    Станувам после првите изминати пет минути од алармот за да се расонам, веднаш потоа се мијам, чешлам, пијам кафе или нес, зависи што се најде во моментот, или колкав доток на енергија ми е потребен. Па дури после ако имам време седнувам пред компјутер, и си проверувам фемина. Порано и фејсбук ама со оглед на тоа дека веќе немам, само фемина.:) Исто така ако имам време, воедно и доручкувам и гледам некој филм/серија па почнувам со дневните обврски.
     
  15. mia993

    mia993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2014
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    140
    Станување и правење кафе.Без тоа никаде :!:
     
    На izabela.nik му/ѝ се допаѓа ова.
  16. srhsejbsk

    srhsejbsk Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    1.593
    Допаѓања:
    9.362
    Пол:
    Женски
    Штом заѕвони алармот веднаш станувам се мијам се облекувам ставам крем на лице малку маскара ранецот на грб и џом низ врата :D
     
  17. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.540
    Станвам се мијам лице потоа цедам лимон го мешам со чиста вода додека го пијам седнувам на фемина потоа јадам житарици со млеко и така секое утро
     
  18. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.520
    Допаѓања:
    55.211
    Пол:
    Женски
    Станувам наутро околу 9 часот, се мијам лице и заби , потоа така си седам во пижами уште 1 саат од прилика, одам во дневна , таму ме чека внук ми , си се галам со него , го изнабакнувам по цело тело , и потоа заситена од неговите бакнежи, седнувам да појадувам нешто лесно :D и за крај , секогаш го добивам истиот срам , што сум уште по пижами и неосвестена саглам, а внук ми станал пред мене , хахахаха :inlove:
     
  19. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.109
    Пол:
    Женски
    Мојот временски интервал за станување не е ограничен, си станувам кога сакам. Е едино само кога сум на факс станувам рано.
    Прво се облекувам, па одам да се мијам ( лице и заби ) ставам крема за лице. Потоа се шминкам и на крајот си ја чешлам косата. Е после оваа можам комотно да уживам во првото утринско кафенце.:inlove:
     
  20. Barbie07

    Barbie07 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2013
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    590
    Пол:
    Женски
    Утринскиот ритуал ми е секако различен во текот на работните денови и за време на викендот.Од пон до пет. бидејќи сум на факс..обично секој ден станувам различно,отприлика 2 часа пред да ми почне предавањето,а некои денови знам и да си поспијам и после цело спремање се сведува на 15 мин :D.Ако имам време за кафе обавезно пијам,а појадок исто ако имам време супер,си приготвувам нешто брзо,ако не по пат си купувам некоја житарка и си грицнувам пред предавање :lol:.Од кога ќе завршам со појадокот мијам заби,го мачкам лицето со крема и тука почнува шминкањето.Во меѓувреме си пуштам музика на телефонот,слушалките на уво.. енд хиер ви гоу ! Обожувам да се шминкам и знам и добри пола саат,40 мин да си се шминкам,ама има и утра кога ме фаќа мрза и шминкањето го сведувам на минимум (маскара,руменило,лабело).Потоа ја средувам косата и кога ќе завршам со тоа одбирам што ќе носам тој ден и си ја средувам ташната..И дошло време да се искача од дома,и обично трчам накај автобуската станица..oh well :sweat:
    За викенди сакам да си поспијам малку подолго,па така знам да станам накај 10,11 па некогаш и покасно особено ако претходната вечер сум била излезена или сум заглавила на нет..Прво нешто што правам е си го зимам телефонот и така можам да се забораам саат,два со него во кревет..Потоа станувам,облекувам тренерки,ја врзувам косата и ставам лабелце и крема за лице.Потоа појадувам,пијам кафе,мијам заби и излегувам да пешачам. Тоа би било околу мојот утрински ритуал :)
     
    Последна измена: 27 февруари 2015