Вашиот утрински ритуал

Дискусија во 'Слободно време' започната од maca99, 1 март 2011.

  1. Lotus-14

    Lotus-14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2014
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    664
    Пол:
    Женски
    Утрински ритуал ми е кафето надополнето со цигара, опуштена весела музика за убав почеток на денот.
     
  2. Anja98

    Anja98 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2011
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    553
    Пол:
    Женски
    Станувам прилично рано,негде околу 6,небитно која смена сум бидејќи обавезно имам нешто за учење. Одма во веце нели миење,креми,лосиони,чуда... После оди облекување кое не ми зема многу време бидејќи кај мене во гимназија си носиме униформи. За тоа време се грее пеглата,после облакање шминкање минимално и дискретно и пеглање на мочуриштево од коса што го имам. За тоа време мајка ми ми прави смути,зошто нели Ања ќе биде на диета за летоска(ахам да секако),и последни подготовки,парфем,мастика,грабам клучеви,телефон,слободна,и трчам секое сабајле без утка за да ја фатам омилената 24 :D
     
    На stilas7 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.417
    Пол:
    Женски
    Немам некој посебен ритуал, секој ден различно, зависи ситуација.
    Се будам, се истегам и одма земам телефонот да прегледам инстаграм, фб, да вратам на некои пораки, па да ислушам некоја песна... Тоа може да трае и еден час.
    После тоа станувам, одам до вц, мијам лице и заби и се враќам во кревет. Седам уште некое време, па ќе станам да се облечам, пошто нели веќе пладне е и одам да ручам. :D

    После тоа може да функционирам како човек. Си извршувам „обврските“. :rofl:
     
  4. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.368
    Пол:
    Женски
    Ставам ленено семе со мед во топла вода, цедам лимон и грејпфрут. Одам да се мијам заби , очи и правам масажа со кокосово масло. Некогаш се туширам., доколку планирам да медитирам. Така наредена масата со ленено. вежи сокови , чинија со овошје и кокос , шише вода ... чаши еден сервис, седнувам на фемина, фб , отварам јутјуб .Откако ќе испијам се , го каснувам овошјето па идам да правам чај или какао . И тако даље...
     
  5. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.391
    Пол:
    Женски
    Зависи од ситуацијата дали имам обврски или немам. Обично кога ќе се разбудам сакам да си полежам во кревет, а не одма да станувам. Си се тегнам низ кревет и обично мозокот ми е на пасење тогаш.
    Проверувам фб што има, кај има, пораки, ти реков ми рече, по форумиве набрзина и кога ќе се решам да станам одам во вц прво, и таму си ги извршувам тие обврски во и околу вцто :D
    После си правам овошна салата, ама тоа сега почнав летово кога завршив со предавања, го сецкам секое овошје што ќе ми дојде при рака и секој ден различно се погодува. Ама обавезно мора да има вишни во мојот специјалитет пошто имаме вишна пред двор и си берам баш во големи количини. Па гледам на тв што има во меѓувреме си доручкувам.
    А кога имам некоја обврска сабајле тогаш станувам, набрзина во вц, се облекувам и заминувам...ни овошна салата, ни доручек, ништо....
     
  6. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.419
    Допаѓања:
    9.608
    Пол:
    Женски
    Земам грчко семе за топење масти :) многу горчи уллл
     
  7. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.272
    Пол:
    Машки
    Во зависност дали имам обврски или не, ако немам тогаш кога ќе се разбудам обожавам да се излежавам уште половина час во кревет, па потоа станувам и си ги завршувам сите работи околу ВЦ-то (миење заби и сл.), потоа одам во кујна за да си направам ладно нескафе за да ми се отворат очиве, без кафе не можам да функционирам. :coffee:

    Додека го пијам кафето ќе се пуштам на ФБ да видам што има, како има и си пуштам музика и уживам во утринското кафе.
     
  8. chamomile

    chamomile Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2013
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    7
    Првото нешто што го правам наутро (освен обврските во тоалет) е овошно смути, за добар почеток на денот :sun: после тоа пијам кафе, се подготвувам за новиот ден и за обврските што следат :)
     
  9. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.200
    Пол:
    Женски
    Ме буди алармот (ќерка ми), малце се играме во кревет па стануваме секоја за во свој тоалет :) Ја ставам на нокшир пред телевизор да гледа цртани, а јас на раат седнувам на вц шоља и буљам во телефонот за да се освестам едно 5-10 мин. Мијам заби и лице, при тоа и нејзе и ја давам нејзината четка колку да учи навики, а таа само ја плетка лево-десно низ уста. Завршуваме со бришење, менување пелена, пресоблекување и јас и таа, па одам во кујна напоредно да спремам нескафе за мене и доручек за неа.
     
    На redmama и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  10. classy_M

    classy_M Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2015
    Пораки:
    229
    Допаѓања:
    538
    Обично станувам околу 6,7 или 8 и си пуштам некоја музика, потоа нели средување во ВЦ, малку утринска гимнастика, па спремање ранчето со вода и јаболка па на планинарење на Водно, кога ќе се вратам си лежам и гледам ТВ. :)
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Мојот утрински ритуал е следен:

    Значи откако ќе ме разбуди алармот после 54378 пати звонење, обавезно се легачам уште пола саат. Проверувам фб, инстаграм, фемина, а во меѓувреме слушалките на уши и се расонувам со музика. :)
    После тоа со тешки маки станувам, одам во вц, мијам лице и заби. Во зависност од тоа како стојам со време, се туширам, но најчесто тоа го правам навечер, пред легнување.
    Ставам дневен крем, минимална шминка (туш, маскара, моливче за веѓи и карминче). Се облекувам, па веднаш седнувам да јадам, пијам цедевита. После тоа следи кафе, па б комплекс таблета.
    Пред излегување уште еднаш мијам заби, ставам рол он и парфем, набрзина ја средувам косата, ја земам чантата, облекувам патики и заминувам на работа.

    Ова е кога сум втора смена и имам време за се`.
    Кога сум прва смена, со оглед на тоа што станувам рано, се мијам, се облекувам на брзина, ако имам време ќе испијам чај или цедевита и заминувам. :)
     
    Последна измена: 14 септември 2015
  12. Slatkarka94

    Slatkarka94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    795
    Пол:
    Женски
    Станувам одма ја палам цигарата се прозевам отварам првин фемина па фб па одам се мијам шослем јадам и па и вц хахаха и пак со цигарата у уста и вртам низ фемина и инстаграм. И цел ден сум по пижамо док не ми дојде некој на гости хахаха
     
    На izabela.nik му/ѝ се допаѓа ова.
  13. srhsejbsk

    srhsejbsk Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    1.593
    Допаѓања:
    9.362
    Пол:
    Женски
    Станувам во 6:50 и одма одам во тоалет, си вршам мала нужда, мијам раце и заби,а потоа лице со пена за чистење на истото.Се облекувам најнормалоно фармерки и блузичка, со накит не се китам, а не ни сакам.Потоа читам дневен хороскоп, ставам маскара и лабелце, ја чешлам косата, савам део-стик и парфем, мастика во уста, резерви во џеб и заминувам.
     
  14. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.090
    Допаѓања:
    220.937
    Пол:
    Женски
    По утрото денот се познава...
    Утринската секојдневна рутина ми е најголема радост и исполнетост во текот на еден ден...
    Кога одам на работа, станувам секогаш саат порано за да имам време да се расонам и да испијам едно кафе на раат уз цигара, да прочепкам нуз новините и да се подготвам за текот на претстојниот ден...
    Кога не одам на работа, станувам и се чуствувам леко и лагано, си ги вршам хигиенските рутини и седнувам уз чај или кафе на тераса и се расонувам уз добри интернетски мрежи, новини итн..

    Според тоа како ми налагаат околностите или работам или шетам или сум дома, но никогаш не би ја пропуштила утринската среќа, сама уз добро испиено кафе и прочитан весник.
     
  15. bella12

    bella12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2015
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    7.925
    Пол:
    Женски
    Додека одев на факултет немав некои утрински ритуали, станував ги завршував основните хигиенски работи, се облекував и правец на факултет. Е сега кога сум дома кога ке ги отворам очите прво нешто што го правам е ѕвонењето на дечко ми, прво да го слушнам него :P потоа тегнење едно пола саат во кревет и молење на самата себе за да станам од креветот. Откако ќе станам од креветот следува кафето кое обавезно го пијам сама, па листење низ facebook, фемина итн.
     
  16. Karleusha

    Karleusha Активен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2015
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Се будам во 05:45, одам во тоалет, се мијам, се шминкам, си ја средувам косата (сето тоа до 06:05). Потоа одам во кујна правам кафе и млеко за сестра ми и спремам некои колачи за доручек и одам ја будам за на училиште. Додека таа е во тоалет јас се облекувам и проверувам дали сум ги зела белешките за на работа. Сестра ми доаѓа спремна во 06:30, појадуваме до 06:45 и право во кола. Ја носам на училиште (до другиот крај на градот)|( и одам на работа. Штом веќе ќе отидам на час ќе почнам да преглудувам домашни и да слушам (јас заборавив, наставничке како се викаше ова на германски) П.С задоволство ми е да им објаснувам на учениците. :)
     
  17. my heart cry

    my heart cry Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    125
    Пол:
    Женски
    звони аларм + станувам + се спремам за на работа + каснам на работа + планираното кафе дома го пијам на работа+ почнувам да работам :D тоа од понеделник до петок, за викенд ритуал е да се унакажам од спиење до понеделник :D :P :V
     
  18. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Се зависи од текот на денот и обврските, кога немам обврски рано насабајле најмерачки се будам во 7ипол, 8 , си правам топло млечно кафенце, отворам лаптоп, проверувам мејлови и други акаунти, правам дневен план на активности и го зграпчувам денот! ^_^
     
    На Tinushka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. little Katie

    little Katie Активен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2015
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    прво што правам е седнување пред компјутер
     
  20. oblando

    oblando Активен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2015
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    447
    По должното протегање у кревет од 2-3 мин(пошто се скенирам за болки по телото...каде колку и си се тешам дека е во ред се пошто кога човек ке направи повеке од 35 год и ке се пробуди посабајле ако не го боли ништо-умрел),па ке станам барајки ги чорапите и наметката по соба ко некој тазе-прооден абдал без координација на покретите:yawn: док си фатам чекор...потоа ке се затетеравам накај тоалетот за да се олеснам утрински и рута надоле, ке се затетеравам по скалите до кујната за да почнам да тропам со фиоките и лажичките и садовите за кафе...тогаш се будам официјално со првиот звук и мирис на кафето и знам дека мора да се сетам каде сум ги оставил цигарите додека не ми претече кафето(тука и мозок се рестартира):D...после тоа зависно од денот.
     
    Последна измена: 4 јануари 2016