Во овој период кога немам предавања се будам околу 8-9 часот и најпрво го земам телефонот и со него во раце лежам уште еден час па станувам од кревет. Одам во купатило, се мијам раце и лице, појадувам. После си бркам работа. Кафе не пијам инаку.
Овој период ради тоа што се одмара и се јаде повеќе обавезно утрински ( попладне 1,2 ) пијам исцеден лимон зашто е многу моќен антиоксиданс и ми прави добро на организмот. После тоа класика кафе и цигара па после доручек лесен.
Околу 9:30 ме буди ,,алармот,, кој веќе подолго време е ќерка ми... слушам ,,мама нане,, и осеќам две рачиња како ме пласкаат по лице, ми ставаат раце во уста, во нос, брцат во окото! Ок, јасно ми е, време е за станување, ама пред тоа малце гушкање и бацкање со малечката! Не следи ни тоалет, ни миење лице, ни коса средување... а за кафе пак ни муабет не се прави! Туку веднаш преминувам на менување пелени и облекување на малата, дури после тоа одиме во тоалет каде мама ,,се средува,, во присутво на љубопитните очи на детето! Потоа одиме во детската соба и започуваме...истураме коцки, ,,менуваме пелени,, на мечињата, расфрламе играчки... Ја оставам да игра а јас се враќам во кујна да спремам доручок за малата, па потоа пружам алишта. За кратко време цел стан е поплавен од играчки, истите тие кои претходната ноќ одвај успејав да ги соберам во кошот. Остатокот од утрото го минуваме во играње, доручкување и некоја кратка прошетка! Првото кафе не ми припаѓа во утрински ритуал, него го оставам во попладневен ритуал.
Ритуал:Отварам очи во 06:30,одам во бања,се туширам,се враќам во соба,сушам коса,се средувам,пијам кафе,читам хороскоп и некоја друга вест ако ми фати око,заминувам на работа во 07:30 зато со одам пеш и од 08 почнувам со работа.
Ме буди малото. Уште не сакам да си поверувам дека треба да станеме и по навика пробувам со нишање,гушкање,шшкање пак да го заспијам. Или добивам квалитетно кубење,ке фати две три влакна со брзоплетото раче,или ќе ме загрее со прстињата. Најчесто и двете. После се гаљоткаме десетина минути.Најубавиот дел за мене а тој нестрплив поскоро да стане. Следува пресоблекување,млекце,кафе па миење.
На раат (пред сите други да станат) испиено големо кафе со млеко читајќи ја Фемина Е сега не дека секогаш ми успева ама се трудам
Сега по ново станувам околу 7:30 некогаш и у 08:00 , ако е син ми буден , прво се гушкаме а потоа тој ме плеска со рачињата по лице што е знак дека треба станам и да му стоплам млеко , во мегувреме додека синко си пие млеко , јас варам кафе ( обично само за мене бидејки мм не е дома ) , кога синко јавува дека го испил млекото , го земам од спална и следи пресоблекување , потоа заедно во тоалет на миење рачиња и лиценце , а потоа и моето средување додека малиот посматра со израз на зачуденост . Потоа го оставам синко да игра додека јас го испијам кафето ,и спремам нешто за доручек . Во деновите кога ке се разбудам уште од 05:30 како да ке одам заедно со мм на работа , кафето го пијам уште пред да се разбуди синко , ознака со лезет и цигарче , и проверувам што има ново на Фемина , и некои други страници каде ке ми фати око некоја вест
Сакам да станувам рано, не ми претставува проблем и така сум подобро расположена. Ги завршувам обврските порано, па цел ден си го имам за мене, Инаку, ништо посебно не е мојот ритуал... Станување, одење до тоалет, средување, пиење голема шолја кафе со млеко и две цигари заедно со неа. Проверувам што има по интернетот, проверувам мејл итн. Потоа следува обилен доручек, и денот може да започне.
Во работни денови станувам многу рано и прво цедам лимон со мед , па варам кафе и се подготвувам за на работа. За викендите е порелаксирано, барем се спие повеќе.
Обично станувам околу 07:30 се спремам набрзина го разбудувам син ми и него го спремам. Го носам во градинка јас на работа пијам кафе и појадувам
Станувам во 9часот прво пијам лимонада или чај,потоа доручкувам,па пијам кафе притоа седејќи на лаптоп.Потоа читам нешто по Фемина,гледам некој филм,па вршам работи што има по дома.
Цеден цитрон + цимет+топла вода, нели линија треба да се одржАва Кафе и цигари (да не спомнувам колку цигари, не е едукативно) Тоалет, туш, кремоЈ, шминка... Облекување
Будење во 06:00,тоалет,спремање појадок за децата,спремање храна за училиште,и во 07:15 носење на деца во училиште
Почнувам обично во 7:20 на работа, секој ден, секој месец, освен сабота и недела. Секое сабајле од 6 до 7 ми ѕвони алармот и само го исклучувам и уште моите 5 минути така се до 7 . Ретко се случува да станам порано иако сакам да бидам ранобудна, па кога има такви денови пијам кафенце блачко си спремам јадење за работа, си се расонувам на раат . Значи одново и одново си ставам за цел да станувам порано ама не бива, дајте луѓе некои совети не ја бива работата така на трчање цело време уште од сабајле се разочарувам
Мојот утрински ритуал Алармот ми звони како и обично 02:15 сабајле треба да сум дигнат од кревет 02:30 ама тоа некако тешко ми оди секогаш си викам ај уште 5 мин ај уште 5 мин и од еднаш ке се разбудам и 5 за 3 дошло.И тогаш паничам и незнам што попрво па обично кога така нагло ке изрипам од кревет знам да се учукам во столицата на која ми стојат телефоните и да почнам све по ред да пцујам.Идеме понатака одма летам у WC миење ова она вамте тамте и одма облекување често пати така не расонет и во брзање знам да ја облечам мајцата и работната униформа наопаку и да се облекувам по 2-ри пат .Идам до кујна зимам што има од маса јаболко портокал мандарина што и да е нешто да стаам во стомак за кафе ретко пошто и секогаш си каснам па си зимам од кафемат кога ке искочам од фирма и почнувам да arbajten шоферски живот.