Станувам накај 11 часот ама во лето кога не сум во школо :3 Се миам лице,заби... Потоа гледам тв и седам на мобилен или лаптоп, јадам... Потоа се облакам (бидејки од кога ке станам најмалце 1 час седам во пижами) Пак на телефон па излагам да се прошетам и се враќам за ручек после ручекот пак излагам и се враќам вечер или пак после ручекот не излагам па вечерта пак излагам
Кога сум 1 смена на работа-станувам,се облекувам,мијам заби,лице,шминка и на работа. Кога сум 2-станувам пијам ѓумбир со лимон и мед,домашни обврски,поручек,досредување низ дома и на работа до касно навечер,дома па во кревет
Станувам се мијам,освестувам,пијам сок од лимон со мед,после гледам меил,интернет набрзинка фб нешто и се спремам за обврските тој ден
Стaнувaм вo 5:30, се oблекувaм, гo нoсaм кучетo нa прoшеткa пoлa сaaт и пoвеќе. Кoгa ќе се врaтиме и ги мијaм шепите вo кaдa, и дaвaм дa јaде, a јaс нa интернет дремaм или гo спремaм рaнецoт. Зaвиснo oд денoт, некoгaш пoрaнo тргнувaм вo шкoлo, некoгaш пoкaснo.
Станувам обично накај 8:30 понекад и во 9 часот. Се мијам лице и заби, ставам коректор на очи пошо имам страшни подочњаци. Појадувам и пијам кафе. Идам на трчање, се туширам и назад во кревет гледам серија.
Станувам околу 06:00 половина час порано-покасно зависи од денот. Се мијам средувам после ја бањам малата се ранеме и потоа кафенце на балкон и потоа доручек и секојдневни обврски по дома.
Станувам околу 9/10 сабајле. Пијам се што има за пиење во фрижидерот. Ако сум смешал солна киселина со вода, ојде човекот. После тоа вклучувам компјутерот. Седам така едно пола саат/саат. И после ако има нешто неисчистено во станот, го зачистувам и одам на работа со закаснување.
Станувам во 9 часот од 11 сум на работа секој ден освен понеделник најпрво одам у wc се мијам очи заби ова она Пијам секое утро една чаша топла вода и лимон после тоа го уклучувам кафемамот пијам кафе кога имам време доручкувам се облекувам ја пеглам косата малце шминка облекувам патики и одам на работа
Станувам во 7 часот. Најпрво одам во вц да се средам, заби, лице.. Потоа се шминкам, стандард крема, маскара и лабело, ништо посебно, колку да не сум премногу бледа. Алиштата ми се спремни од вечерта, се облекувам, и веќе во 7:50 сум спремна да тргнам за на работа.
Станувам и диρеκ одам да се сρедам и да се измијам . Потоа следува појадоκ па едно добρо гоρκо туρсκо κафе и денот може дапочне
Прво лежам околу еден час в кревет и пробвам да презаспијам. Кога гледам дека неможам да презаспијам станвам и одам во тоалет да се мијам заби и си прам една цедевита и пијам една лајца масло од кантарион. За то време дур ја пијам цедевитата пишам во темата Феминско Младинско Ќоше. Кога завршвам со мислењето ако имам уште од цедевитата вака отворам уште некоја тема, ако не се исклучвам од форумот и си прам кафе и земам за јадење. Откако дојадувам си пуштам игра малку да се размрдам па си прам чај.
Се разбудвам го гледам сато 11 па рано ми е ке презаспијам до кај 2 ќе станам ке се измијам средам ке прошетам ќе си дојдам ќе си легнам и тое...А кога одам на работа се разбудвам во 6 пробвам да заспијам до кај 6ипол а можеби и до 7 трчам се спремам и многу често каснам ии дено започнува хахах
Се будам во 6:50, се мијам, ако сум втора смена на работа (пролет-лето), возам велосипед до Средно Водно, а зимава кафе - доручек, се дебелеам за лето да имам што да стопам.
Се будам кун 6-7 Деца уште спијаат Медитирам со кафе гледајќи низ прозор или изгрејсонце, или дожд.. Музиче и будење на деца Појадок и припрема и испраќање на двете во градинка Останувам со малото и добри пола саат до саат оди гласна музика, пеење и танцување.. Го заспивам и вежбам 15тина мин.
Се будам претешно во 6 часот но до душа стално си подспивнувам, се мијам заби, се туширам се облакам за на работа додека женче и синко се расонуваат, кога како спремам појадок за синко ако женче се шминка и придотерава измежу време бараме патики, матики за синко со негово кола он во градинка јас на работа кафица пиење малку дремење со потпрена глава на рака на биро ако нема некоја странка од рано сабајле да ми прави мозочна гимнастика.
Се будам во 6 и 30, ама си лежам во кревет уште 10 минути и за то време го слушам маж ми како вика - Ајде станувај. Он се буди пред мене. Одам до тоалет и се облекувам. Ги будам децата и ги облекувам за во градинка. Ги оставаме во 7 и 10. Маж ми оди на работа, а јас се враќам дома и уживам до 9 часот.  Се облекувам, се шминкам и излегувам во 9 и 10. Моите омилени колеги често ме пречекуваат пред влезната врата и даваат коментари за мојот изглед. Како само јас да се дотерувам за на работа.
Кога одев на посао, се будев 6, 6.30, спремање, кафе, доручек за на работа, цедев сокови, па ако не се погоди облеката и пеглање и кога седнував во кола веќе се осеќав уморно, ко којзнае што да сум работела. цел ден. Сега станувам исто, од навика. Се излежавам, оти тоа ми е работа. Немам некои утрински ритуали сега баш . Првото кафе го пијам и во 13 часот некогаш
Во работните денови станувам еден час пред почетокот на работното време. Прво мијам лице/заби, потоа се шминкам и си ја средувам косата. Паралелно пијам и какао кое ми го приготвува мајка ми бидејќи кафето ме чека на работа кога ќе пристигнам. На крајот се облекувам, потоа бидејќи рано е за излегување седам уште кратко време на тел. и интернет па тргнувам. Работата ми е блиску, десетина минути пешки. Во неработните денови немам ритуали, секогаш различно.
Прво летаат пцовки по алармот, бидејќи ме буди во 5:30 кога сум прва смена. Станувам и се ми е на трчање. Набрзина се мијам, лице, заби. Се облекувам и трчам до работа. Кафе на работа си правам. Е кога сум втора смена знам до 12 да бидам во кревет.