1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вашиот утрински ритуал

Дискусија во 'Слободно време' започната од maca99, 1 март 2011.

  1. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    Кај мене секој ден е стандарт. Мобилниот ми е навиен во 6:30 до 7 ѕвони на 5минути добро да ме разбуди. Станувам и право одам во веце. Се враќам и се облекувам за пола минутка (фармерки или тренерки во зависност дали имам физичко и униформата). Одам пијам млеко, се враќам и ги спремам книгите, капутчето, шалчето и чао на школо.
     
  2. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    482
    Секој ден сум од 8 на предавање,така да алармот во 6 и 30 почнува да пишти и се врткам едно пола саат дур се расонам па после рипам од кревет и право во веце на миење заби и лице, па ставам пудра и се враќам во соба на облакање.И после трчам накај автобусот и незнам зашто ама секогаш ми бега и тоа пред очи па затоа си каснам, ама бар еднаш до двапати во неделата сум си точна на време :)

    Блазе си ви на сите што имате време да си се стоплите па да почнете со спремање :$ јас тоа задоволство неможам да си го пружам поради тоа што гледам што побрзо да искочам од дома :doh:
     
  3. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.691
    Maлце оф-кога сме кај топлењето ,ние што живееме железара,бутел ,автокоманда си немаме никаков проблем пошто парното фучи 24часа,така да јас навечер си спијам во летни пижами претопло е,а насабајле сакам да се изладам не да се стоплам :lol:
     
  4. gossip-girl

    gossip-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    351
    Допаѓања:
    218
    Уфф, баш се тоа ритуали, не зависно дали станувам во 6 наутро или во 12 по пладне. Протегнување, по некоја мисла што следи во денот, ус пат накај веце палам РС, се мијам лице и заби, па следат креми и тоници. Трчанката во кујна да си сварам кафе и чај (за после доручек), ако имам време доручкувам стандард житарки со јогурт или млеко, а ако немам време јадам на факултет. Додека се спремам пијам кафе, за облека порано се грижев од вечер што ќе носам, а сега брзо решение носам наутро. Па малку шминка, пудра и римелче, туширање со парфем и ус пат бирање накит. Ако сум со некој договорена, според ритуалните протоколи ми ѕвони, бидејќи доцна. По пат за накај факултет пијам некоја си демек диетска мешавина (лимон, цитрон, мед и цимет) и конечно се расонувам кога ќе влезам на предавање :))))
     
  5. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    Oткако ќе се наспијам плус пола саат повеќе откако требало да станам, го ставам ѓезвето на шпорет.

    Обавезно,секојдневно!

    Турско,со цигара и вода.

    Ќе си го платам данокот некогаш... :tmi: Потоа,читам хороскоп на фемина,и почнувам со обврските.

    Тоа е углавном. :)
     
    На izabela.nik му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Ритуал? Па си станувам правејќи си муабет - сам себеси си правел муабет - ајде Пирамидо, ќе ти купам чоколадо ако станеш, ајде!
    |(
    И се трудам да станам, или со телото сеуште лежам а со нозете ротирам и го влечам телово ми ненаспано да стане.
    Пијам вода, се тетеравам накај купатило, туш, миење, шминкање, облекување, ставам слушалките и џом да ме нема! И по пат се расонувам :)
    Доручкувам и пијам кафе на работа.

    Преку викенд е друга приказна :P Таа повеќе ја сакам. Барем не си се лажам со чоколадо за да станам.
    Мрш, нејќум чоколадо! И онака не сум по благото! Ми се спие! :)

    Кога ќе почнам да ја практикувам шизофренијава насекаде, предупредете ме :|
     
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.
  7. litllemonster

    litllemonster Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2011
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    4
    ке се наспијам едно убаво и кога ке станам мора да изедам едно овошје и после пијам една чаша млеко.Потоа вежбам 30-ина минути и ги разгледувам новостите на фемина 8)
     
  8. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297
    јас немам потреба од аларми кај мене ритуалот е следниот...станувам правац вц завршувам се што ми е неопходно таму одма кујна ставам џезве да се вари кафе за тоа време во спална отварам да се луфтире средувам кревет облечувам тренерки кафето е готово оклчувам компјутер фемина и додека не бев регистрирана ја читав сеа повеке си пијам кафе и читам лимон обавезно јадам еден ради забрзавање на метаболизам и да немам проблеми со вц бидејки си имав многу откако променив клима....накај 12 почнувам со ручек и чистење успут и така додека не дојде либето....а некогаш не ни правам рано ручек бидејки он не јаде кога си доага од работа дури накај 18 му се јаде така да има денови кога си ги ленчарим баш....
     
  9. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.846
    Кога ќе ми заѕвони алармот незнам во кои светови сум, ниту пак кој ден е и зошто ми ѕвони. Откако ќе се соберам наеднаш ми доаѓаат 300 мисли во секунда и така испружена колку што сум долга и широка едвај собирам сили да го мрднам г`зов. Сум слушнала дека откако ќе се разбудиш, прво треба да му заблагодариш на Господ што дозволил да ја видиш светилината на денот, да се насмевнеш, затоа што со тоа му праќаш порака како вибрација на универзумот дека си среќна и таков ќе ти биде цел ден. Тоа го практикувам неколку години и навистина функционира. Станувам и следат миење, туширање, шминкање, фенирање и денот може да започне. Фрлам еден поглед на недовршената слика и рашлаканата палета и четки, на купот книги и излегувам како да бегам. Купувам еден ѓеврек по пат, фаќам автобус и одам на факултет.
     
  10. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    СЕкој ден станувам во 6,50. Право во кујна и си ставам кафе. Додека да се олади кафето одам во купатило и се средувам. Излегувам и малишанот со своето кебе чека пред врата. Го ставам на нокшир а јас пијам кафе и се шминкам. Го облекувам детето. се облекувам јас, го будам мажот ми да стане - тој излегува после мене, палам авто и летам накај градинка за да јас стигнам во 8 на работа. Ова се случува секое сабајле освен викенд кога не сум на работа па можам да си дозволам да си спијам до 8-9 :) а малиот го малтретира татко му :D
     
  11. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Мојата утринска рутина оди вака:

    Го испраќам маж ми на работа :inlove: , кафенце + појадок.

    Откако ќе го испратам кафенцето и појадокот си ги довршувам на раат (многу често во друштво на Фемина ;) ) и после се фаќам за моите обврски :)
     
  12. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Кога сум прва смена во школо,станувам во 6 и 15...мрзам да се спремам на брзина,па така имам цел саат за растегнување,кафе,малку интернет.
    Меѓутоа истото е и кога и да станам..мојот животен инстикт е да посегнам по чаша нескафе и лап-топов :)
    Мрзам утра без нескафе..:)
     
  13. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    637
    10:00 ми звони алармот :mp: (Enrique Iglesias - Nunca Te Olvidaré) време за станување :yawn: ! Најчесто си дозволувам уште 5/10 минути излежување во кревет,и потоа следи едно тешко станување и правец кујна! Ставам кафе :coffee: (турско без шеќер) за тоа време си го посетувам wc! Конечно си се враќам во собата со топло горко кафе и веднаш сум пред компјутер со фемина,фб... На сцена сме јас,кафето и компјутерот... Си дозволувам цел саат расонување... отприлика до 11...се поштедувам од се’,од тел разговори, од планови, од се’ |(
    После тоа следува средување по дома (или пак дремење пред компјутер :tmi: ) и на крај подготовка за на работа,отприлика за пола саат сум готова (облечена и нашминкана :makeup: )и правец на работа!
    И така ми започнува скоро секој ден, баш по тој ритуал, и многу ми е неубаво кога нешто ќе ми го испоремети моето будење и расонување!
     
  14. frutini

    frutini Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2010
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    252
    Па зависи кога сум прва смена на школо, се будам во 15 до 7 (и секогаш ставам некоја убава песна на алармот да ме раздвижи од сабајле, ама тешко и тоа!), па потоа одма до тоалет хаха па после пијам топол чај и набрзина се облекувам, средувам и излегувам.
    А кога сум втора смена, си се будам кон 8 ипол - 9, па си се излежавам во кревет, потоа станувам си правам топло нескафе или капучино, и седнувам да гледам утринска пргограма (обично на алфа гледам Портик) хаха како некој пензионер. И после почнувам со дневните обврски (фејсбук, фемина, итн..) хаха кога имам за учење се будам порано и одма со кафе во рака и се фрлам на книгата :)
     
  15. kejsi

    kejsi Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    132
    Допаѓања:
    36
    Станувам околу 11 часот :yawn: ,идам да мочкам,си мијам заби ,лице.Се вракам во соба,си ставам крема на лице ,лабело на уста,се облекувам и правец дневна.Кладам шпорето,правам кафе ,јадам, обично нешто мачкано...и тоа е се.ПОсле седнувам на нет и читам огласи,повеке сум на фемина де :$ ,и сите други интересни страни.
     
  16. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.537
    Допаѓања:
    28.794
    Пол:
    Женски
    во зависност која смена сум, се менува.Кога сум прва станувам во 6:45, одам во тоалет, се мијам, спремам, облекувам и одам на училиште.А кога сум втора смена станувам 9:30, 10 часот, одам во тоалет, се спремам, мијам, облекувам, појадувам :)
     
  17. Idiotka90

    Idiotka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    36
    Се будам у 6 и 30, се влечам до кујна, праам кафе, одам во ВЦ, се мијам, се средувам, го пијам кафето и заминувам на факултет. Деновите коа не сум на факултет се друга приказна. Станувам коа ке се наспијам убаво, готвам нешто за појадок или одам на појадок некаде надвор со цимерките, после следи едно добро пешачење...
     
  18. angie

    angie Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    242
    Станување рано за на факултет. Мијам заби и лице. Ако имам повеќе време паѓа и туширање. Обавезно чај со лажица мед за да се расонам. Банана и портокал пред излегување.
     
  19. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.137
    Допаѓања:
    88.570
    Пол:
    Женски
    Бидејќи секој ден обврските ми почнуваат во различно време, можам да си го прилагодувам и времето за спиење. Без разлика во колку часот станувам, алармот го преправам на секои 10 минути. Станувам , одам до тоалет, мијам лице, заби и пазуви и ставам дезодоранс. Дури се облакам варам кафе, а кафето го пијам дур се шминкам. Ако имам време јадам. Повторно мијам заби, шприцам парфем и гледам леле 5 минути до автобусот (а до автобуска имам 10 минути). Ја грабам чантата која секогаш е спремна (само тетратка , пенкало од потребните работи за на факултет) и трчанката по автобусот.
    Кога имам повеќе слободно време тогаш одам до продавница да купам леб и останато потребно за дома.
     
  20. babaDara

    babaDara Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2011
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    Ги отворам очите и помислувам на топло кафенце со цигарче. Најубаво ми е на тераса. Се задоволувам и во соба, зашто е ладно сега. Следува планот за тековните обврски.
     
    На izabela.nik му/ѝ се допаѓа ова.