Си поспивам 15мин од ѕвоното на алармот, експресно се спремам 15 мин, пред излегување еден поглед пред огледало да се осигурам дека на ништо не личам и заминувам
Каде и да сум колку и да е часот првин го земам телефонот во рака и проверувам тоа што ме интересира.После тоа си правам Цедевита па кафе.Е после тоа мијам заби, лице и тако даље.Некогаш пак и не го сфаќам телефонот полузамижана правам кафе па какво е такво е
Станувам во 10,пијам кафе,гледам што има на фб и на форумов,правам ручек,одам на факултет па излегувам со другарки
Во работен ден станувам во 7, се мијам, облекувам, се шминкам и низ врата. Кафе пијам на работа штом стигнам. Викенд е др приказна се излежувам , станувам, варам кафе, па нешто за појадок и планирам кај ќе шетам
Јас преку работната недела станувам 20 минути пред да излезам од дома во 7 30 , и во првите 10 минути трчам како избезумена да се измијам, нашминкам, облечам и да ги нахранам мачето и кучето. А во другите 10 мин го шетам кучето околу зградата, и секој ден трчам накај работното место за да не задоцнам
Си лежам во кревет 10-15 мин,за тоа време гледам што има на нет, станувам се измивам се туширам, пијам кафе цигар и си терам обврски ..
Станувам па 5 мин додека да станам одам во wс, се пресоблекувам, кажувам молитви(секое утро и секоја вечер), средувам соба.
Секако прво хигиенските навики, а вака рутина ми е трчање изутрина околу 6 часот после отспијам кога сум слободна, кога немам работа одсабајле
Кога немам обврски и не се брзам сакам да си полежам малку и да се протегнам во кревет. После извршувањето на физиолошките и хигиенските работи си правам цеден сок од портокал/мандарина, некогаш знам да каснам и една банана/овошен јогурт. Утрински вежби од околу еден час, по кои одам под туш да се изладам и измијам од напорот што сум го вложил. По краток одмор и нега, спремен сум да се наградам себе си со појадок. Така обично го минам утрото, во придружба на музика по расположение.
укчучување на шпоред одење во WC ставање вода за кафе уклучување интернет варење кафе седнување на компјутер или враќање во кревет со шољата и телефонот во раце.
Лежам 1саат одмарам од сонот. Па станувам се мијам местам кревет.Правам чај(кафе ретко пијам) си спремам доручек.
Лежам и проверувам што има по нет. Па ако треба да идам некаде се спремам и излегувам. Ако не само мијам лице, заби, облекувам комотна облека за по дома, си спремам доручек и уживам во утрото.
Порано се излежував некое време и чепкав телефонот. Сега станувам одма, вц, мијам лице, крема, се чешлам..... Од таму одма одам да варам кафе и така ск пијуцкам и чепкам телефон. После тоа продолжувам со други активности. Ова е вака бидејќи не работам моментално па се ми е лагано
Веднаш станувам, не притискам snooze Барем со тоа немам проблеми. Влегувам под туш, па миење заби, нега на лице и слични ритуали. Потоа правам кафе, уклучувам компјутер, проверувам мејл, социјални мрежи итн итн. Пишувам краток план за денот (ова многу ми помага да останам организирана и мотивирана, во текот на денот, завршувајќи ги обврските, пречкртувам една по една точка) Потоа правам појадок и си оставам време да уживам во храната.