1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вашиот утрински ритуал

Дискусија во 'Слободно време' започната од maca99, 1 март 2011.

  1. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    2.071
    Допаѓања:
    15.484
    Пол:
    Женски
    Немам проблем со станување, ѕвони аларм јас разбудена сум. Кафе ставам да се вари, туш(ако не сум се истуширала вечерта пред да легнам), и сите ритуали за хигиена во тоалет. Пијам кафе и се облекувам и местам истовремено. Низ врата. - ова кога сум на факс или имам некоја работа.
    А вака како џаболебар лежам едно 20мин. правам кафе правец тоалет, после саат време пијам кафе на тераса во лето и скролам по социјални мрежи, па после појадок.
     
  2. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.540
    Допаѓања:
    21.511
    Пол:
    Женски
    Кога ке ми ѕвони аларм морам на телефон барем на минута ако не 20 да скролам, за да донекаде се разбудам. Штом станам на нозе, расонета сум, многу лесно се расонувам и сакам утра. Обично сум гладна насабајле, така правец во кујна и после се мијам... ова зависи до какво утро е, не е секогаш распоредот таков. :bandit:
    Кревет не местам. Потоа ми продолжува денот. И ете заради ова нема да ме биде јутуберка да правам morning routine. :D
     
  3. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    3.787
    Допаѓања:
    21.268
    Пред 5 недели ми "пукна филм" од грдата навика што ја имав да станувам кога сакам, да дремам по цел ден на лаптоп и ретко да завршувам работи. Така да, си осмислив рутина која од тогаш па до сега ја почитувам и ја пратам.
    Станувам помеѓу 09.00 и 09:30, завршувам работи во веце, правам кафе и седнувам на кауч. Медитирам 5 минути. Потоа, 10 минути правам вежби за растегнување, за грб, рамења и врат. Потоа си пуштам музика што ме расположува и почнувам да пишувам во дневник, како се осеќам утрото, како поминаа медитацијата и растегнувањето, итн. Потоа го одговарам дневното прашање на Questions Diary (што е исто така еден вид на дневник). До 10 сум завршена со ова и поентата е да не го започнам денот со социјални мрежи и мејлови и пораки, односно со примање на информации. Туку со посветување на себе, пренасочување на мислите на сегашноста и моменталното расположение, бавно, но не пребавно расонување. Од 10.00 до 11:30 креирам/дизајнирам нешто, макар тоа на крај и да испадне некоја глупост што ќе ја избришам, важно овој период ми е за креативност, за цртање, за креаирање, за дизајнирање, за учење на Ai и Ps. За одржување на дневната дисциплина дека секој ден мора да се искреира нешто, односно да се сработи. Од 11:30 до 12.00 (со исклучок ако претерано многу се внесам во дизајн, па се заборавам) појадувам, најчесто овес. Од 12:00 до 13:30 шетам до паркче, седам на клупа, читам книга. Се луфтирам, одмарам очи и општо тело од технологија, си уживам во избраната книга и во зеленилото на паркот. Од 13:30 до 15:30 ми е период кај што можам да испазарам, да зготвам ручек и да ручам. Од 15:30 до 18:00 повторно креирам, осмислувам, црпам инспирации. После 18.00 правам што сакам, ми завршува рутината. Важно, додека трае рутината морам да се придржам на најмалку 3 работи без исклучок и оправдување: медитирање, креирање и прошетка. Се случило да ја исклучам прошетката ако сум се посветила повеќе на работењето (креирањето) или пак не сум се осеќала физички добро. Но, секој ден почнува со медитација и секој ден морам да искреирам нешто, макар било за во канта.
     
    На Liu му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Keanu_R.Wick

    Keanu_R.Wick Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2019
    Пораки:
    576
    Допаѓања:
    1.231
    Пол:
    Машки
    Какао-вежбање-туш
     
  5. Mrs.Precious

    Mrs.Precious Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    3.186
    Допаѓања:
    19.843
    Пол:
    Женски
    И јас немам проблем за станување колку и да седам вечер до касно пак можам да станам рано. Станувам у 7 штом ѕвони алармот па у тоалет, па се облекувам, местам креветот, средувам коса, шминка и до 7 и 30 сум готова и излегувам. Инаку за викенд немам ваква навика као одма штом се разбудам веднаш се облекувам местам кревет и.т.н и.т.н..... Немам ваква навика за викенд кога се разбудам се излежавам едно половина час може и повеќе по телефонот па онда другите работи..
     
  6. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.690
    Пол:
    Женски
    Станувам во 10-11. Лежам уште саат-пола саат одмарам од спиење, скролам сошл медија. Тоалет. Кујна, прво вода пијам. Отварам фрижидер и викам "нема ништо". Уствари сакам да кажам "све едно исто".
    Наоѓам нешто.
    И после терам денот.
    А ако треба да одам у школо. 10-15 мин лежам. Тоалет. Алиштата. И низ врата.
     
  7. Bezobrazna01

    Bezobrazna01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2020
    Пораки:
    397
    Допаѓања:
    3.085
    Пол:
    Женски
    6:45 ѕвони алармот, одма си станувам без губење време. Одам во тоалет, лична хигиена. Правам кафе. Се вклучувам на часови и така си го пијам кафето.
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. cavalli

    cavalli Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2016
    Пораки:
    653
    Допаѓања:
    1.610
    Пол:
    Женски
    Преку недела 6:45 станувам, тоалет, хигена, кујна си правам што ми треба за на работа, се шминкам, облекувам и летам низ врата.
    Преку викенд покасно од 8:30 не сум станала, станувам, исто тоалет ова она, кафе правам, ако е потопло пијам на тераса и после терам ако имам план.
     
  9. izabela.nik

    izabela.nik Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2013
    Пораки:
    713
    Допаѓања:
    5.902
    Пол:
    Женски
    Имам проблем со рано станување и расонување. Многу години наназад за да се расонам станувам и правец на терса палам цигара. Некој да ми даде совет да го сменам ова и со што да ја заменам таа навика за палење цигара за расонување.
     
    На Crnookata му/ѝ се допаѓа ова.
  10. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.534
    Допаѓања:
    155.425
    Пол:
    Женски
    Станвам рано и лежам в кревет дур не морам да станам. :D Па мијам лице, заби, скинќер, куче, лајнарник, појадок и оброк за на работа и излегвам.
     
    На marchi-cool му/ѝ се допаѓа ова.