Вашиот утрински ритуал

Дискусија во 'Слободно време' започната од maca99, 1 март 2011.

  1. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Откако ќе се разбудам секое утро ми требаат едно 10 минути додека дојдам при себе, потоа поспана одам во ВЦ, да мочкам и да измијам заби. Потоа во кујна ставам кафе и мијам чаши доклку останале од вечерта додека ми се свари кафето. 8)
    Со кафето во едната рака, лап-топот во другата се враќам во кревет пуштам телевизија и се излежавам некое време. :yawn: Потоа се средувам јас :emo: па спремам по дома ^_^ .
    А кога сум на факултет наместо во кревет одам во дневна пијам кафе и се шминкам. :makeup:
     
  2. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.611
    Станувам веднаш со звонењето на алармот.
    Не го силувам копчето snooze на секои 9 минутки, ниту се тегавам.
    Буквално рипам од креветот.
    Туш, миење лице, заби, пилинг на рацете.
    Веднаш потоа во кујна си варам кафенце.
    Го шетам истото до огледало, таму е најубавиот дел од утрото - шминка.
    Процесот наречен што да облечам денеска (порано одвечер си знаев и си имав подготвено), сега сум недомаќинка, не знам зошто, роварам низ плакарот и оставам хаос позади мене.
    Чантата е секогаш подготвена, со потсетникот и сите можни женски ситници во неа.
    Сосем на крајот кога сум веќе нашминкана и облечена, суредувам коса, светнувам чевли ако има потреба, и ајде - на работа, на труд.
    Обожувам утра.
    Ретко сум мрзоволна и сакам кога се будам рано наутро.
    Имам чувство дека целиот ден е пред мене, само се кезам како недоквакана...
     
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.642
    Допаѓања:
    161.632
    Кога е ден со обврски,веднаш станувам,се мијам,се туширам,се мачкам,се пустам,си ја правам косата,паралелно пијам кафе,потоа се шминкам,дремам 10 мин пред плакар,па седнувам на кревет и пак дремам и гледам што да носам и на крај одлучувам,набрзинка пеглам,се облекувам,ставам во ташната уште 10 непотребни работи,се погледнувам уште еднаш и излегувам.Ах да...и два пати ставам парфем. :wasntme:
    Кога сум дома...си лежам и се тегнам половина час,потоа станувам и се мијам,се подсредувам да заличам на нешто,си варам кафенце,си ставам нешто за јадење,го мцнувам со брзина на светлината дур се вари кафето,потоа си лупам портокал и со кафето си седнувам пред компјутер и по точно утрврден редослед си ги отварам омилените сајтови.
     
  4. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.547
    Kога сум 1 смена станувам у 6 и 15 и одам во VC и се мијам....после се враќам у собата и се облечувам у униформата за школо и одам пред огледало да си направам косата :emo: и да се нашминкам(не се шминкам секој ден само ако сум многу заспана само крема,римел и сјај)Па после одам до парното ак е топло :D и ако имам време да погледнам малце TV или ако имам некој тест да повторам...И кога ќе дојде 06:45 облечам палтото и чизми или патики и одам до другарка ми некојпат јас закаснувам ама некојпат и она се успива па морам да одам до кај неа дома да видам дали е разбудена :D :D
    :D
    A кога сум 2 смена станувам у 8 или 9 и одма пијам кафе :coffee: со мама и тато :D После учам ако имам за учење јадам па на ТВ малку на комјутер и ќе видам ојдело 12 и ќе почнам да се спремам да се облечувам и редам книгите и да си направм косата :emo: и шмит на школо :D
     
  5. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.733
    Допаѓања:
    6.722
    Во училиште секогаш сум прва смена така што станувам во седум часот, добро сега ова ми варира, зависи кога како, некогаш 5-10 минути покасно а во најлош случај и 15! :!: :D Во последно време незнам зашто ама имам многу лоша навика, да прескокнувам да одам во вц затоа што немам време. И така, прво си се излежавам во кревет додека барем малку се расонам и и' мрморам на мајка ми дека сум будна но не можам да ги отворам очите а таа пак никако да ме свати. :fubar: Човек насабајле неможе во истиот момент да се разбуди и да скокне под команда, треба да си полежи уште малку во топлото креветче. А пак понекогаш, само и климам со главата на мајка ми и се обидувам да презаспијам на барем уште 5 минути.. :D Потоа, правец кујна и одма до греалката, да си се подстоплам, ами како. :) Па си мијам заби и лице и ако имам време (многу ретко) да одам до вц. Ако не, веднаш пристапувам кон облекување, па чешлање на косата, облекување на патики и капут. Е сега, од немање на време најчесто заборавам да си ставам дезодоранс а уште помалку парфем. :tmi: Лабелото скоро секогаш си го чувам во ранец, па си ставам во училиште. И така, горе-долу спремна, гледам дека е веќе 7:30 и итам кон училиште зашто веќе сто пати требало да стигнам, ама ајт, тоа е. :)
     
  6. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.338
    Допаѓања:
    5.884
    Станувам и директива во тоалет. Го испразнувам мочниот меур, мијам заби, лице и се враќам во мојата соба каде што ме чека наместениот кревет. Некогаш навечер барам алишта кои ќе ги носам, но некогаш и од сбајале. Се облакам за пола минутка и пак во ВЦ се чешлам и ставам крема и сјај. Некогаш па и пред да одам во ВЦ местам книги. Потоа ставам парфем, дезодоранс ставам додека се облакам и одам во дневна, некогаш и во кујна седам. Чекам некои 7 минути и облекувам патики, јакна, ранецот на грбот и правец накај школо.
    Ако е распуст или викенд. Почетокот е ист со ВЦ-то, само што ако сум станата рано си одам во дневна и си гледам цртани, некогаш и ќе се облечам ќе испазарам што треба, ќе средам по дома и си гледам ТВ.
     
  7. meredith

    meredith Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    78
    Значи секое сабајле кога ќе ме разбудат за на училиште викам , да поспијам уште 5 мин, и точно секое утро станувам во 6 и 35 , секогаш наутро пијам чај од боровница , и не сум жива ако не се уклучам на фејсбук и не си го проверам мејлот. :)
     
  8. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.485
    Јас немам време за ништо. Се мијам, облакам и трчам низ врата. :D
    Кога не сум обврзана со училиште станувам, и нормално следува туширање и миење заби, лице. Доколку има потреба од шминка, се шминкам. Па пијам цеден сок и уживам во денот, или пак се фрлам на обврските кои ме чекаат. :)
     
  9. itgirl

    itgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2011
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    69
    Кога сум на школо, станувам во 6:40, некогаш порано, некогаш подоцна.
    Прво гледам во плакарот 5 мин додека да се расонам, од вечерта имам решено што ќе се облече и трк во купатило. Мијам очи, заби и трк на огледалото. Правам коса, ретко се шминкам за школо и се намирисувам. Земам пари и трк откај другарка ми.
    А кога не сум на школо, најчесто ќе станам и одма на ФБ, потоа одам во ВЦ се мијам, па ја средувам собата и некои други обврски. И да, пижамите ги соблекувам откога се ќе завршам.
     
  10. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Откако ќе почне да ми пее Бијонсе со If i were a boy ја ставам 2 пати на snooze, и имам 2 пати по 7 минути дремка, порано ми беа 2х10 минути, ама ми се виде многу, сега се 14 :D
    Па станувам и во тоалет ритуали па се враќаме во соба и ја зимам облеката од столче, која секоја вечер си ја спремам и си се облакам. Освен ако не се сменила драстично временската прогноза која ја предвиделе па да сменам облека.
    А потоа шминкање кратко едно 5 минути, и додека се шминкам си го пијам свежо исцедениот сок од мама.
    Мијам раце од пудрата, се шприцкам со парфемче, облакам чевли и јакна, ставам мобилен и лабело во чанта и да ме нема :)
    Е преку викенд не постои ритуал, како ми дојде така, некад лежам и зјапам во таван и 1 час, а мозокот на пасење или евентуално во некој јак филм :wasntme:
     
  11. xAne

    xAne Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2010
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    8
    Бидејќи оваа година сум само попладне на факултет, станувам некаде 10:30 - 11. Прво одам до вц, мијам лице, заби и се враќам во соба. Уклучувам компјутерот и во меѓувреме ги местам креветите, мојот и на брат ми |(
    Потоа одам во кујна, правам кафе и пак назад во соба :D Додека разгледувам што има ново на нет, пијам кафе и се спремам за на факултет. На крај нешто набрзина спремам за јадење и излегувам од дома :)
     
  12. afroditaa

    afroditaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2011
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    98
    се знае прво нели тоалет па лице се попратно шо треба , па си варам едно турсо и барам погодно место за да го пијам,овие дена како што е топло туп на тараса убанји сонце нема поубо од то и секако без списание не пијам кафе ни под разно :lol: како пензионер сум без тоа каффето не е тоа тоа
     
  13. i.am.me

    i.am.me Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2010
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    127
    Денес е нов ден, нов почеток. -Со оваа мисла се будам, па скоро секој ден. Ги кревам ролетните (посебно се радувам ако има сонце) и правец под туш, ништо не ме расонува подобро! :) Уште ако имам и повеќе време за да ги извршам сите ритуали по туширањето полека, мераци! :rofl:
     
  14. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    Се будам со звуците на алармот , понекогаш и пред него, се средувам како што треба и го бапнувам својот задник во автомобилот и правец на работа :) А таму ме чека сестра ми со готово кафе и зборовите пак касниш :D Е јебига каснам касно легнав. 8) Понекогаш не е така стигнувам на време :D
     
  15. Rozich

    Rozich Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    1.194
    Допаѓања:
    1.092
    Додека сум на школо - станувам и веднаш во тоалет и да ми се оди и да не ми се оди.Потоа мијам лице,заби,се чешлам,ставам малку парфемче,лабелце и излегувам од тоалет.Кога ќе излезам во соба ме чека топло чајче а на телевизорот е пуштена некоја утринска програма.Седнувам малку,пијам чајче а воедно и се одмарам од спиењето :lol:.Бирам облека(со саати :lol:),ги местам книгите и правец школо.
    Распуст - се будам сама,без помош на аларми и се излежавам уште 15 минути.Потоа станувам и ако е лето нели пијам чаша ладна вода,па си седнувам во дневна и си гледам утринска програма/што било на телевизија.Гледам што има во фрижидер и ако нема тоа што ми се јаде одам и си купувам во супермаркет или од пекарата.Потоа доручкувам и правец компјутер.

    Така јас обично си го почнувам утрото. :D
     
  16. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Станувам, се средувам у вц, се облака, потоа во исто време пијам чај и се шминкам, и искачам на работа
     
  17. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.262
    Допаѓања:
    43.943
    Кога сум на работа - вришти алармот, го снузувам едно 12 минути (најслатките за преспивање) :D и после тоа рипам.
    Се клатам лево десно до вц кога сум од 8, обавувам тоа што се праи во вц и после - правец кујна. Пијам чаша вода, од прва чешма (отстоена да не ме мава у грло :lol: ), ако не ме мрзи си правам кафе, ако ме мрзи се облекувам и облечена дремам во кревет уште 3 минути пред да излезам.
    Во меѓувреме сум облечена веќе, секако, и чантата ми е средена за излегување.

    Секогаш, ама баш секогаш викам чао пред излегување, дури и сите да спијат. Навика.
     
  18. butterfly.93

    butterfly.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    1.099
    Допаѓања:
    655
    Откако стискам snooze 2 пати кога сум прва смена на школо и 5-6 пати кога сум втора смена, станувам, правец во wc, потоа го мијам лицето со ладна вода (ако не ми е многу ладно, а ако е под 10 степени со млака), потоа следува чаша вода, по неа појадок и млеко или кафе и ајде пак назад во wc миење заби, па миење на лицето со лосионче и гел за лице и на крај кремче. Потоа одам пред плакарот и дремам едно 10 минути додека да сватам дека немам време па се облекувам, ако не ми допаѓа пресоблекувам набрзина, ја правам косата, се шминкам, ставам што ми треба во чанта и терам на школо.
    Додека за време на викенд си лежам едно половина час во кревет без аларми, без стискање на snooze, и потоа го почнувам истиот ритуал.
     
  19. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Небитно дали ќе станам во 7 сабајле или во 2 попладне прво што правам кога ќе ги отварам очите>
    Одмарам од спиење :D тоа ми е најбитниот ритуал :!:
    Е сега должината на одморот зависи од обврските кои ми следуваат.Некогаш се 5 минути, а некогаш е цел саат излежуање.
    Потоа следи одење во WC, брз туш, миење на заби и лице, и ставање на млеко за тело и крема.

    Сето тоа на крај го украсува едно нес кафенце кое ме чека во собата,од рацете на мама :)
    Ако останувам дома тука се завршува утринскиот ритуал.

    Ако не,тогаш следи облекување, акцесорај, шминка.Се проследено со утринската програма на Радио Фортуна 8)

    И за крај, ПРИбидејќи забележувам дека веќе доцнам,следи забрзано спремање на ташната,бањање во парфем,облекување на јакната кондурите.
    Филот е мастика/ментол бонбоче во уста :)

    Папа...замина Мисс :hai:
     
  20. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    499
    Обично станувам околу 6 часот. Стандардно прво одам во веце да се измијам и средам. Немам навика посабајле да пијам кафе, туку најчесто пијам чаша топло млеко со несквик или мед. По навика си пуштам антена 5 и се расонувам додека се спремам. Се облекувам, се шминкам, ако има потреба се фенирам или пеглам, ја спремам ташната, обавезно мијам заби после млекото, земам една еукалиптус бомбона и трчам на автобуска во 7 :)