1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вашиот утрински ритуал

Дискусија во 'Слободно време' започната од maca99, 1 март 2011.

  1. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.464
    Кога не сум на факултет :) ....Станугвам ептен касно и ок нормално лице заби миење , физиолошки потреби :D .... .Па кога ке се испружам на креветот мислиш нешто сум работела :lol: и стандарт татко ми ми вика што е се замори ? :lol: Одмори се , легни си . После кафенце , тв може и цел ден да го поминам во пижами и тако ти -Искулирано :)
    Ако сум на факултет :tmi: станувам како од кошмар кога гледам колку станал саат коса ми се крева следува трчање низ домот , барање облека дерење ако не можам нешто да најдам и така со многу нервоза ми започнува денот за среќа не ме држи цел ден .... Обично :D
     
  2. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    - Станувам во 5 до 7, а некогаш алармот си го ставам во 7:59. :!: И сестра ми секогаш кога ќе види ми се смее. :lol:
    - Одам до вц, мијам заби, се по ред..
    - Се враќам во соба, се облакам.
    - Одам во ходник пред огледало се чешлам.
    - Ја оставам собата како бомба да е пикната во неа. Се е едно врз друго, врз тастетура принтер имам секогаш од сабајле алишта.. Па тоа секое сабајле и вадам, барам алишта од таму. И после ги враќам исто како да паднале две атомски бомби.
    - Искачам во 7:10 за во школо. (оти секогаш сум прва смена)
    - Се враќам, собата и понатака ми е бомба кашикара.
    - Одам до вц, одма се облакам во пижами.
    - Доручкувам.
    - Тргам тоа се од компјутер алиштата, ги ставам врз кревет.
    - Ќе поседам на компјутер.
    - После тоа па ги враќам алиштата на компјутер.

    - Чекам сестра ми да дојде од фах и да ми се развика како не сум ја кренала собата.
    - Легнувам на „попладневна дремка“ и дури после си го местам креветот. :lol:
    - Па ги ставам алиштата на закачалка, оти ако ги диплам уште повеќе ќе се изгужваат. :lol:

    Викенд:
    - Секогаш станувам во различно време, од 12 до 15, претежно.
    - Дирекно во веце.
    - Доручкувам.
    - После оти сестра ми ми го зафатила пц, местам кревет.
    - И после на пц. 8)
    - И да, заборавив, ако не искачам за нигде за викенд. Дури до понеделник не облакам алишта, само пижами.. Единствено ако одам нешто до надвор, или продавница. Ма кој сака нека дојде. :rofl:
    ЕДИНСТВЕНО ако се бањам па да сменам други пижами, а вака не. ;) :D
     
  3. ElenI777

    ElenI777 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2010
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    125
    Бидејќи сега сум 2ра смена,алармот ми ѕвони во 9ипол и стискам снуз едно 10 пати на секои 10 минути :D накај 11 станувам и директива во кујна,гледам прво дали има нешто интересно на маса да се касне па после обавезно една чаша цеден лимон или цитрон со млака вода и на крај вц и се по ред :)
     
  4. Shopaholic

    Shopaholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2011
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    43
    Ако треба сабајлечки да станам, алармот тешко дека ќе ме разбуди па домашниве имаат проблем еден саат да ме разбудат. Местам кревет, нарачувам кафе, одам во тоалет , го пијам кафето обавезно со сокче и 3-4 цигари (дали доцнам или не овој ритуал ми е ОБАВЕЗАТЕЛЕН) :) . Ако немам обврска се освестувам играјќи неколку партии табла и покер, читам весник па денот може да започне 8)
     
    На izabela.nik му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    Зависи
    Ако станувам рано сабајле...одам во тоалет, се мијам ,мијам заби, си ја чешлам косата, се облекувам и искачам.
    Ако станувам покасно бидејќи имам повеќе време одам во тоалет, се мијам ,мијам заби, пијам кафе, јадам, се шминкам и искачам.
    Ако ми е цел ден слободен се мијам, мијам заби и пак во кревет пред тв.
     
  6. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Станувам секое утре во 07:18 и прво се упатувам кон тоалет. Се туширам набрзина, го мијам лицето со пена од Афродита, се мијам заби и започнувам со шминкање. Прво нанесувам Christian Dior Cleansing Gelee for Face, Lips and Eyes, течна пудра, во прав и на крај околу очите поминувам со посветла камена пудра за избледување на подочниците. Ги поправам веѓите со моливче, нанесувам база, ставам крем сенка на очниот капак и бледо засенчувам со светло кафена. Следно римел, бронзер, лабело.
    Потоа се гледам во огледало кое го кревам горе кон светлото и на крај се облекувам.
    Пред да искочам за на работа ја собирам ќесата каде ги ставам шољата, лажицата, кафињата и книгата, го грабам телефонот и се упатувам.
    Во 08:00 влегувам во канцеларија.
     
  7. angel4e121

    angel4e121 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2010
    Пораки:
    687
    Допаѓања:
    291
    Во текот на учебната година кога сум од сабајле денот ми започнува дури в 6:30ч,со сега кога сум на распуст до кога сакам немам одредено време и секое утро е истото,станувам прво и основно одма заминувам во wc и знатере сум цел саат,одам по потреба се мијам лице,заби и потоа продолжувам со обврските ако имам ако не или седнувам на пц или пред телевизор.Тоа е тоа
     
  8. Margaux

    Margaux Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    34
    Во 15 до 8 ми ѕвони алармот ама никогаш не станувам веднаш туку снуз уште 6 пати по 5 минути и во 8 и 15 рипам од кревет во ВЦ на утринско мокрење, па после се гледам во огледало едно 3-4 мин. и си се чудам како сум отечена од спиење и колкави подочњаци имам, па следи миење заби, лице, шминкање и средување коса (ако ја пеглам трае подолго овој процес), едно 10 минути дремам пред плакар и се мислам што да облечам и што ташна да искомбинирам... Кога се е готово, уште 2-3 минути се зумирам целосно пред огледало и во кола на работа обавезно доцнам 5-10 минути :lol: :tmi:
     
  9. MoonChild

    MoonChild Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2011
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    90
    за распустов:
    -Станувам 12,12 и 30
    -Се облекувам
    -Седнувам на компијутер да вудам што има на фејсбук на фемина
    -Одам да се мијам и се чешлам
    -Доручкувам и пак на компијутер :)
     
  10. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Кај мене нема утро - вечер , се е измешано . Просечно , утро ми е околу 17 часот :rofl:
    Станувам сета изнервирана оти не сум направила ништо од планиранотот , лапам цигара или се дерам ко ненормална ако немам , на брзински ставам едно кафе колку да се освежам ...Тек после се мијам лице :rofl:
    Потоа ,обично заминувам некаде , да ја раширам мојата живчаност по светов :rofl:
     
    На izabela.nik и Iceberg им се допаѓа ова.
  11. Beauty161

    Beauty161 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    316
    Допаѓања:
    134
    Пол:
    Женски
    Кога станувам за училиште...да се расонам 5 мин лежам во креветот па одам во купатило мијам заби очи ово оно..и одам се облеувам ја средувам косата, ги редам книгите се намирисувам зимам пари и ја чекам другарка ми да дојде од кај мене па заедно да одеме :D
     
  12. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Станувам и одам накај њц, значи едвај одам и гледам, и после одам во кујна одма и јадам шо има хахаах, и после се мијам и си го планирам денот
     
  13. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    немам некој посебен ритуал,проблемот е дури да се решам да станам е после веќе е подруго,да се измијам и тоа е спремна сум за нов ден 8)
     
  14. Bloom

    Bloom Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    40
    Откако ќе ме разбуди алармот 5 минути пробувам да се освестам. Потоа одам во wc, мијам лице, заби, ставам лосион, крема. Ако сум во школо - се облакам, местам ташна, ја средувам косата, малку шминка и искачам. За време на викенди или распуст - си седам во пижами, најубаво ми е. :lol:
     
  15. crnokosata

    crnokosata Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    124
    Пол:
    Женски
    Штом отварам очи веднаш станувам.Се средувам и право кафе си варам.Кафето си го пијам така натенане еден час,во друштво се фемина :)
     
  16. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.832
    Пол:
    Женски
    Ќе си станам во 10 ќе јадам и ќе си седнам на фб и фемина ништо посебно :) :)
     
  17. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Кога ќе се решам да станам, прво одам во тоалет...и дремам на шоља. После се мијам, се средувам...после се облакам...и после следи се што треба да напраам во текот на денот.
     
  18. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.631
    Допаѓања:
    3.742
    Станувам и го пуштам лап топот и право на фемина :D Ете тоа е мојот ритуал хахахаха
     
  19. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.165
    Допаѓања:
    23.020
    Пол:
    Женски
    станвам, првен на фб и фемина, и после во вц ..и на крајот одам да јадам. :D
     
  20. Marcey

    Marcey Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2011
    Пораки:
    288
    Допаѓања:
    944
    Кога сум на училиште, кога ќе ми ѕвони алармот си полежувам во креветот уште 5 мин. па станувам. Одам во вц, се облекувам. Па си го пијам чајот, и гледам телевизија за тоа време. Чекам да дојдат да ме викнат другарките па излегувам за училиште.

    Додека сега кога сме на распуст, немам утрински ритуал. :D Станувам, одма на фб и фемина. Па потоа во вц, и остатокот зависи. Секој ден можеби различно. :)
     
    На beautifulmonster му/ѝ се допаѓа ова.