станувам,се мијам средувам кревет и се облекувам,одам на кеј трчам околу 1 саат потоа се враќам дома,се туширам,појадувам и потоа или тв уклучувам или компјутер и тоа е после си тече денот ..
Станувам, се мијам, средувам кревет, вежбам, се туширам, се облекувам, земам нешто овошје што ќе ми падне во рака, излегувам, одам на работа (пешки). Пијам 2 чаши вода и јадам овошје. После пак пијам вода. И после сум спремна за напорен и тежок работен ден
станувам, одам во кујна да го испијам лекот што ми е за тироидната злезда си правам капучино, и додека чекам водата да зоврие се вракам во соба, го местам креветот, одам во банјата се мијам лице, раце, заби-таман додека зоврие водата и е готово капучиното, а потоа седнувам на нет проверувам меилови(ако има некое заказано интервју) , а за викенди и празници полезерно
Станувам си правам нес кафе и застанувам на прозор да си го испијам гледајќи во зелено,или пак пред комјутер да прочитам некој весник! тоа е почетокот на мојот ден
Зависи... ако се будам по 10, си пуштам музика, и си денсам, и ја средувам собата, после се облекувам, одам до бања, ја поставувам масата, јадам, ги мијам садовите. Спојлер На компјутер сум од по 3 попладне. Ако морам некаде да одам рано, се подготвувам и тргнувам.
Станувам го пуштам ком. си проверувам фб отворам фемина гледам како е што е па после средувам собата јадам и така си течи натаки денот
Штом отворам очи, станувам и се прекрстувам. Се облекувам, се мијам, средувам коса, средувам постела и го извршувам утринското молитвено правило, каснувам парче нафора и пијам малку крстена вода, па потоа работата што следува .
Се будам еднаш, па заспивам пак, па се будам, станувам, се облекувам, местам кревет, одам во вц и правам се што се прави таму, пијам кафе, јадам...и веќе дошло пладне...
Прво се молам сама себе да станам од кревет. Не можам да се одвојам од него . После го уклучувам комп. и додека он си уклучува одам до WC, да се средам да заличам на човек (иначе ко страшило сум сабајлечки), после ќе седнам на комп. па пред тв и ќе чекам да ми се пријаде. Ќе јадам и кога ќе видам дошло 1-2 саатот . И секој ден така.
станувам и правец у wc ..се мијам,чешлам и после во детската се облекувам и одам во продавница да си купам појадок..доаѓам дома јадам и средувам по дома.. секое сабајле истото ....
Станувам во 1 , право у WC.. потоа седнувам на ПЦ и седам до крај 5-6 потоа Јадам и излегувам ... ТОа обично сред недела до крај 12 излезена се вракам па на пц и така до 3 ....
Станувам,едвај гледам,и одам во вц х) и зависи ако сум на школо прва смена,директ на школо по зорите,а ако сум 2ра смена,цело сабајле или учам,или се расонувам За време на викенд -спијам до покасно,оф корс исто ,право во вц,мијам лице она ова,се облекувам,па на пц
Денот ми започнува во 6 часот. Прво се средувам во купатило, мијам заби, го чистам лицето со тоник и ја средувам косата. Потоа преминувам во кујна каде веќе ме чека на маса топло млеко со нествик и це витаминче Па одам во соба, се пресоблекувам, се шминкам, фаќам торбата, бомбонче во уста и низ врата
Станувам сабајле го уклучувам компјутерот идам во вц ги извршувам вообичаените ритуали се враќам во соба мама ми носи млеко со мед и какао го пијам, пуштам музиче, глеам што има на фб се шминкам, се облакам гасам компјутер и трчам на автобуска да фатам бус за на факултет.
Епа мојот ден изгледа вакаа : Станвам негде околу 9часот. така е договорот со ама јас го прекршувам тој договор и си станувам по моја желба .. И конечно ке го напуштам креветот, цела мамурлива ке одам до WC .. нормално .. миење-средување.. Потоа ке јадам некое овошје, ке се напијам едно чајче или млекце ќе поднаучам нешто за на училиште, ке седнам малце на компјутерче, за мала релаксација малце -нормално тоа СЕКОГАШ! Потоа малце на да си се видам со сестричето ФЕМИНА па фејзбук Така ги трошам последните минути се додека не заминам на училиште , го гледам дека ми преостанало поприлично малку време .. се спремам и заминувам... после училиште обавезно одам во теретана .. па дома А во викенд УЖИВАНЦИЈА ВО Франција .. мисламм не нонстоп ама во глобала така .. одмор со мнноооогу дообро ; одлично
Кога имам обврски станувам во 8 саатот, без доручек не излегувам од дома, тоа ми е првиот ритуал заедно со кафето, се шминкам и правац автобуска за град и обавување на обврските. Доколку сум дома цел ден, станувам нешто покасно околу 9 и повторно доручекот е првиот ритуал заедно со кафето, потоа се средувам, малку на нет, фемина, јутујуб или музика си слушам без неа не ми е денот потполен, едноставно немам елан за обврските кои следуваат, потоа преминувам на обврските по дома, овој период тоа е правосудниот испит и учам со саати .
станувам и одма во wc се мијам прво потоа во кујна варам кафе задолжително не излегувам од дома пред да се напијам кафе,сериозно никогаш ми се нема случено си пијам кафе околу пола саат некогаш и само 20 мин и задолжително со чаша цедевита потоа си се облекувам се средувам ,чаша вода и си полнам шишенце плус за по пат и низ врата
Миженката се симињам поскали (се чудам како не сум се отепала до сега ),одам во веце,миење заби и лице, па одам се облекувам, па пак се качувам нагоре (овој пат веќе полурасонета) и си си ја суредувам косата и лицето...потоа ги облекувам патиките,го зимам ранецот и право нашколо