Станувам во окулу 6:30. Одам во WC и таму мијам заби, лице и така натаму. Потоа одам во соба се облекувам и се средувам. И потоа облекувам обувки и право во школо
Станувам во 6и10, додека се топли водата за кафе јас се мијам.. После се пијам кафенце пуштам “Јутарњи програм“ си пуштам музика на компјутер и се шминкам, се облекувам, ии конечно во 7 излегувам од дома..
Мобилниот почнува да ѕвони во 6, на секои 10 минути до 7.Во овој период станувам од кревет само еднаш, да си го уклучам ова за греење да се стопли собава. Во 7 конечно си го вадам дебелиот газ од кревет, одам по мала нужда, смрзната се враќам во соба, ако сум си купила 3 у 1 вечерта обавезно го правам и го пијам со цигара, ако не само цигара обавезно. Кога знам дека немам цигара за сабајле не ми се станува и цел ден ми е сјебан, најсериозно. После тоа се враќам во вц, мијам лице,заби,па во соба уклучувам пегла, се пропеглувам малку, ставам туш и маскара, ја превртувам цела соба барајќи алишта, средувам ташната, пушам уште една цигара и сфаќам дека и денес нема да стигнам на прв час. Се влечам како црв до автобуска и тоа е тоа.
Мартин ме разбужда во 6, го дојам или му давам кашичка. Го ставам пак во креветче, то си цапа пола сат и заспива, а јас одма заспивам пак. Мартин пак ме разбижда во 9, му давам да јаде, му менувам памперс, му давам капки за коски, си играме, си мијам заби, праам кафе на Миле, го разбуждам со бакнеж. Јас пијам или капучино или чај-Миле ми го прави (така имаме договорено, јас кафе, тој-чај или капучино за мен). После тоа му правам на мочкото кашичка од банани и грејфрут накај 12 заспива и спие до 3-4. За тоа време јадеме, гледаме филм, на фемина ќе покиснам малце и после тоа кога како. Понекогаш излегуваме, понекогаш одиме на гости или ни идат гости...секој ден кажи-речи е различно... Има периоди во кои секој ден е исто и е досадно, али јас сум човек на навиките, не сакам нагли промени!
Станувам без да се тегавам, уште нерасонета со десниот ножен палец го стискам копчето за да ми се вклучи компјутерот. Одам во тоалет, се средувам и веднаш потоа си правам кафе. Со него се враќам назад пред PC.
Мојот утрински ритуал. Се будам, и лежам в кревет едно 15 мин до пола сат. Боже како брзо поминува, мислиш само 5 минути поминале. Па станувам, и кога сум дома (во собата е жива темница), и коа ке ја отворам вратата да отидам в дневна, пука дневна светлина и сонце, ама јас уште од во мојата соба си имам спремано наочари за сонце и обавезно ги ставам зошто иначе не можам ни да ги отворам очите. Од живи темници директно на сонце, уф. Одам во веце, мочкам. Одам до дневна, пуштам тв , па уклучувам лап топ и ајмо фб, фемина и ред други ствари. Седам едно 15 мин, и одам се мијам и се преслекувам пошо мразам да станам и да седам по пижами. И кога-како си правам какао пошто кафе не пијам, ако е топло си седнувам на тераса понекогаш и така. Ама најубаво ми е некое списание да читам насабајле, отколку на нет. Абе јас сум ти олд скул
леле јас најрано станувам во 10 за 6 се будам официјално сум станата и разбудена во 6.. ондак претрчувам соба-wc-соба-wc-соба за тоа време ги правам сите вообичаени ритуали мијам лице,заби се шминкам малце, се облекувам и седнувам после си гледам 8ми кат на хтв до кај 6 и нешто.. во 6 и 35 сум на буска
порано станував 30мин пред да тргнам на работа ама сега за 15 мин сум готова....се е спремно од вечерта само се мијам навлекувам и одам ! е се шминкам на работа
Се ми е спремно одвечер,станувам еден час порано,се мијам,мачкам тело со млеко,парфеми и триста др.тракатанци-уз тоа и на малата и помагам во облекување за школо.пијам чај и се шминкам,малата со сопругот заминува а јас уште 15тина мин.на раат го допивам чајот и се чешлам
Имам пишано тука, ама сега е сменето. Станувам 6 и 15. Пола саат пред да тргнам во школо. И секогаш се брзам. И сега не ме буди сестра ми, туку сама. И сама си ги средувам книгите. Уф! Се облекувам, се шминкам и брзам кон автобуската. За понатаму, знаете.
Кога сум слободна ќе си поспијам до кај 10часот (во последно време не се случило да станам после 10) станувам , одам во купатило, се мијам, се облекувам, потоа ставам кафе да се вари во меѓувреме додека биде готово го местам креветот и ја расчистувам собата. Потоа ќе си седнам пред тв кафето до мене и нешто благо обавезно, значи денот нема шанси да го започнам без да каснам нешто благо. А кога имам некоја обврска или пак кога сум на факултет е тогаш обавезно алармот ме буди, (мразам некој да ме разбудува и да ми вика над глава стани па стани ) станувам се средувам, ќе ги испоразбудам сите додека излезам обично ми требаат окулу 30мин и конечно излегувам
Сваќи дан, исти дан.. Станувам во 06.50 пуштам печката да ми се стопли и стартувам со спремањетоо .. Бидејќи се ми е спремано од вечерта, не губам многу време за спремање Облекувам униформа за на скул, одам во wc и до 07.05 сум готова. Тоа е така кога сум прва смена на училиште, а за втора ништо поразлично само што станувам во 10.00 и до 12.00 ќиснам на фб и фемина
Од дното на душата мразам станување рано. Здравствено - имам многу низок притисок и обично си имам мака. Суштествено - светот на соништата ми е секогаш магичен и мразам кога се враќам во некоја глупа реалност. Снузот дури сам се откажува додека да станам. Си местам аларм 2 саати пред да треба да сум на работа. Среќна сум ако станам 45 пред да треба да сум на работа. Секоја вечер си легнувам со мислењето колку ќе е убаво да станам порано, да си направам кафе, да си пушнам цигара - две... раат да се спремам... А утрото реалноста е следна. Станувам со првиот аларм, одам до вц оти бешиката ми е преполна. Потоа си легнувам (мислам дека тука ми е киксот... )... Следно што знам е маж ми ме подмитува со направено кафе, ми ги раскажува моите желби да се спремам на раат... ама кога ќе станам, кафето е безцелно - немам време... одам да се туширам, на што маж ми ме гледа бледо и почнува да здивува дека ќе доцниме... јас упорно го убедувам дека ќе стигнеме (и секој пат се надевам дека некако магично ќе го победам времето)... Се облекувам, па одам во вц (за ова време маж ми е спремен со ѓубрето во рака на врата)... го лажам да тргне дека уште чевли да облечам доаѓам... кога ќе излезе, си ставам крема за лице, местам коса, накит, го гледам саатот и сфаќам дека времето пак е победник... и на крај, излегувам од вратата, го погледнувам неиспиеното кафе... и си ветувам дека од утре ќе е поинаку....
Алармот почнува да дрма околу 6 и 45.. Се повторува на секои 5 минути, а некаде околу 7 саат најчесто станувам веќе конечно од кревет. Ми треба време за да се освестам и да сфатам каде сум, не можам да се шуњам низ дома како нафиксана. Потоа станувам, одење до тоалет и вршење на едните те исти ритуали секој ден, миење лице, заби, ставање минимална шминка, средување на коса. Веднаш потоа се враќам во соба и се облекувам. Најчесто пред да заспијам си смислувам комбинации, па сабајле само вадам од плакар и терам. Ама понекогаш правам тотален хаос, кинам живци и си викам дека од утре ќе биде друга песна. О, да. Излегувам околу 7 и 15 и мавам шпринт накај автобуска. Секое сабајле поставувам нови рекорди, испитувам нови граници на издржливост. Нешто како утринска гимнастика де.. Ужаси!!
Снузинг ди аларм едно 10 пати. Потоа во тоалет на миење лице, заби, итн итн, туш, па кафе додека гледам нешто на ТВ или слушам музика претежно, се облекувам. И мислам дека сум спремна.
Ѕвони алармот во 7 и 30 и јас сум веќе на нога. Правец тоалет туш, миење заби, ќе заборавев да кажам дека пред тоалетот имаш уклучување на рингла . Откако ќе се заврши се во тоалетот, одам ставам две кафиња, па селдува будење на љубовта моја, за тоа време се вари кафето, па облекување, пиење кафе со музика и цигара, а во исто време шминкање и смремни сме за посао
Мразам будења рано наутро - најмногу! Без разлика дали сум прва или втора смена, станувам, т.е. ме будат во исто време - 6.30 - устај војско! Поточно, мајка ми започнува да мe буди од 6.20, ама ја враќам еднаш-два пати, нели да поспијам уште само 5 минутки. Станувам ко од дамла удрена и се средувам во купатило за 10-тина минутки. На масата веќе ме чека филџан јако турско кафе и успат каснувам нешто набрзинка, бидејќи мајка не ме пушта никаде без претходно да се осигури дека ќе каснам макар едно залаче лебче. до 7 сум веќе облечена, бидејќи за среќа облеката и книгите си ги спремам уште претходната вечер, почнувам со омилениот утрински ритуал - се шминкам, пудра, руменило, ретко маскара (обично безбојна). Во 7 и 10 тргнувам итакамунатаму бројам школски часови. Кога сум втора смена, ако имам за учење, го повтарам горе наведеното, се' до делот со облекувањето - си седам по пижами и си учам. Викендот е прикаска од посебен калибар - станувам кога ми текне, исто е и со јадењето... ужаси.