1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вашиот филм?

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од Hipster, 18 јануари 2012.

  1. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Да поставиме хипотетичка ситуација, каде вие сте автор или решисер на филм :)
    Каков филм би снимиле?
    Каков жанр, содржина, со кои актери?
    Нешто што можеби би било уникатно и досега невидено?
    Имате ли таква желба и идеа, или не се пронаоѓате во тоа?
    Можеби ви се случила некоја случка која е дефитнитно за филмско сценарио?
     
  2. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.832
    Пол:
    Женски
    Филмот ќе биде љубовна приказна со морничаво убиство.

    Дечко и девојка ќе се заљубат, ќе започнат љубовна врска која нема да е најсјајна. Девојката во меѓувреме ќе дознае дека дечкото е всушност нејзин братучед и дека ја изневерил со некоја мивка... Разочарана и скршена од болка, по една две години врска со дечкото таа решава да направи зло... да го убие. Го зема пиштолот кој нејзиниот татко го чува во визбата и на договорената средба со дечкото во паркот и по разменетите страсни француски бакнежи и допири таа му вели да ги затвори очите и да не ги отвора додека таа не му рече. Тогаш го убива. Еден куршум испукува во срцето, а друг во пределот на стомакот. Го соблекува мртвото тело, плаче и го бакнува за последен пат.( Настанот се случува во зима и нема никој во паркот). Во близина има дупка и тука го закопува телото, кое по неколку дена го пронаѓа девојката со која спиел и ја изневерил тогашната љубена. Убиецот дознава и сака и неа да ја убие, успева но е пријавена во полиција каде признава се и самата се убива :P

    Актери Ian Somerhalder, Amanda Bynes ( убиецот) Дакота Фенинг


    И покрај тоа што дознаваат за нивните роднински врски сепак тие продолжуваат со нивниот грев- тоа како посебна сцена :lol: :lol: :lol:
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  3. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.558
    Жанр :Психолошки трилер

    Содржина:
    Една млада девојка која има совршен живот,идеално момче,професија од соништата по некој сплет на околности ќе се запознае со постар маж и жена.Низ разговорите со нив таа ќе дознае дека нивната ќерка извршила самоубиство.Отогаш ќе почне да сонува чудни соништа,да има визии и да се сеќава не некои работи низ кои поинала таа девојка.Откако чудните и морничави сонови не престануваат и влијаат врз нејзиниот живот таа ќе се реши да му раскаже се на нејзиното момче.Тој мисли дека се тоа се случува поради нејзиното емотивно врзување со тие луѓе.Таа се обидува да ги игнорира тие нелогични сеќавања и визии но тие постојано се повторуваат.Многу пати ја сонува мртвата девојка како се самоубива и на крајот од сонот се гледа себеси.Се решава да оди во нејзината куќа и да дознае повеќе работи за неа.Во моментот кога влегува во нејзината соба,го има чувството дека веќе била таму,сите предмети и слики и изгледаат познато.Мажот и жената и кажуваат дека нивната ќерка била многу несреќна и затоа си го одзела животот.После ова таа се повеќе размислува за тоа дали е можно да постои минат живот и преродување.После некое време дознава дека човекот кој го сака ја изневерува.Наеднаш целиот нејзин свет се распаѓа,не е повеќе таа среќна девојка и постојано живее во страв дека и на неа ќе и се случи истото.Дека нема да има сила да продолжи напред,дека животот ќе и заврши.Се појавуваат се повеќе сличности со девојката за која упорно мисли дека била во минатиот живот.
    Ќе се одлучи да побара стручна помош.Се запознава со еден шармантен доктор кој ќе разговара со неа и ќе и каже дека не постои такво нешто.Дека не постои реинкарнација,дека си умислува работи и дека ако не престане може навистина да полуди и да престане да ја разликува границата меѓу реалното и нереалното.
    Крајот уште не сум го смислила :) .
    Улоги :Keira Knightley,Sam Worthington ,Michael C. Hall
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Имам многу идеи за филм бидејќи секој ден си правам филмови по дома :D
    Би бил љубовен со несреќен крај.
    Името би му го дала:Од почеток знаев. :D
    Еве ви
    -Девојката е од обично семејство има 23г студира јазици.
    -Добива можност да оди во друга земја да го продолжи своето школување затоа што е најдобра.
    -Таму оди среќна со нови соништа не знаејќи дека таму нејзиниот живот ќе стане кошмар.
    -Случајно го запознава нејзиниот идол од детството во еден од најго9лемите маркети во ЛА.
    -Нејзиниот идол е ...... ...... :D тој е женет и има 2 деца.Многу е успешен во неговата работа.
    -Но после првото нивно сретнување и по нивните први разменти збоорови тој станува носталгичен по неа.
    -После цел месец ја сретнува повторно во истиот маркет,но не ги открива неговите чуства кон неја.
    -Се гледааат 2-3 недели пријателски и тогаш тој ја бакнал.Таа препуштена на своите чуства останува со него вечерта.
    -Утрото се сеќава на се што се случило и се сеќава дека тој е женет и има деца,ги собира своите алишта од станот и се враќа во својата земја.
    -Жена му сознава дека ја изневерил и тој и признава.Тој тргнува веднаш во земјата на девојката.
    -По цели 3 месеци ја наоѓа.Меѓувреме неговата кариера се става на стаклени нозе.
    -Дознава дека девојката абортирала.....Тој е запрепастен од целата ситуација оди дома кај неа и и удри шлаканица. :D таа истото му го возвраќа и му раскужува дека тие не можат да бидат заедно тој има кариера и деца таа е никој и ништо.Тој сака да ја убеди дека ја сека неја а не кариерата дека ќе се откаже од сето тоа.Тоа и се случува тој јавно излегува ја пее својата последна песна и става крај на сета дотогашна работа,знајќи дека таа нема да биде со него.Сето тоа го прави за да и покаже дека нема ништо толку поважно на светот од љубовта.Таа се мажи за нејзиниот најдобар другар и има 1 дете машко.Оттогаш тие ги губат сите нивни заеднички точки....нивните патишта пак ќе се вкрстат кога нивните деца ќе бидат заљубени....ии не ви кажувам веќе бидејќи ќе нема крај :D како си пишувам така се повеќе идеји ми доаѓааат.Еве нешто вакво ќе биде мојот филм. :D
     
  5. citiesinflames

    citiesinflames Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    272
    Допаѓања:
    391
    Пол:
    Женски
    филмот би бил Психолошко-криминалистички :lol:
    би било до сега сеуште невидено, нешто ново. дел од улогите би ги дала на Matthew Gray Gubler, Ema Watson, Katherine Moennig, Ruta Gedmintas, Johnny Depp, Anthony Hopkins i na Ville Valo[ иако не е актер, милам дека ќе го биде]. :)
    Сеуште не можам да напишам јасна содржина за тоа што си го имам замислено, но во скоро време ќе биде ;)
     
  6. The.Princess

    The.Princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    146
    Солго време везам мисли за ова.. Би му го дала името:

    - Just look, don't move

    Не дека насловот има некоја страшна врска со содржината.. Па вака..

    - 2 девојки заљубени во 2-ца момци. Се викаат Никол и Хелена..
    - Никол има кафени очи, кафена коса, скорпија, мноогу злобна, одмаздољубива..
    - Хелена е плава, кафени очи, рак, нежна и мила..
    - Во средното школо имаат еден куп непријатели..
    - Никол има позната изрека: We must ....... do that
    - Момчето во кое е заљубена Никол е плаво и има кафени очи, срамежливо и слатко, кое за да се повеќе се доближува до Никол, нон-стоп демек бара помош за домашните задачи и оваа му помага демек, а и двајцата знаат дека не е тоа финтата..


    Засега ТОЛКУ.. Ќе пишам сигурно пак. :D И шо велите, ме бива за режисер или сум тапа..

    Ја мислам:

    ТАПА СУМ СО ДАСКА :tmi:
     
  7. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.581
    Пол:
    Женски
    Би снимила хорор филм, со многу пресврти, напнатост, крв. И тоа неколку дела, а не само еден.