Секојдневно среќаваме, читаме за нив по социјалните мрежи или гледаме на тв обични луѓе кои имаат голема улога во менување на светот со своите постапки и дела. Луѓе кои веруваат во подобар свет. Инспирирана од сите нив ја отворив оваа тема како благодарност за тоа што го прават и истовремено да дадеме поттик и на други да се охрабрат. Мојот херој на денот е мама Јана. (Суштинскиот дел на видеото започнува после 1:50 мин. не ја најдов скратената верзија.) Кој е вашиот херој на денот?
Ова се вчерашните херои кои и ми беа поттик да ја отворам оваа тема. https://fashionel.mk/intervju/retvitni-obrok-ne-e-romantichna-prikazna Битолчанецот Вангел Котевски е херој на денот. Од опожарен автобус успеа заедно со уште еден сопатник да ги евакуира околу 50 други патници, македонци, кој патуваа со агенцијата на на тетовскиот превозник „Хафет турс” изутрината околу два часот по полноќ во близина на Дубровник. Благодарение на нивната брза реакција нема никакви повреди кај патниците, ниту пак оштетувања на нивниот багаж.
Еден дедо во маало што ги хранеше уличните мачки и кучиња. Ги гледаше некако изморено и на крај луто рече "Аман бе ама сте гладни". Отиде до дома и излезе со уште храна. и за дедото.
Една жена .Излезе од маркет и на човекот што просеше ,му даде многу храна и пари. Иста таква случка видов и во април.Кога бев во мк.Тоа беше да видиш да не веруваш.Поп на бездомник му даде ќесе со храна.Од тогаш не зборам ништо против поповите и на сите го раскажав дека е чудо од поп
Ова кај нас да беше редици ќе се собереа луѓе да земат гага нешто, бездомникот и сиромавиот сигурно ќе се срамат да се туркаат со богатите за да земат една кеса јаболка.
Девојката која што се занимавање со земјоделство за да ги нахрани дома незнам како се викаше Мираза ли така нешто, татко и бил болен, ја има на интервју дека најголема желба и е да оди на море.. <3 <3
Мојот мачор. Има нарушена мозочна и моторна функција, а денес цел ден во паркот се трудеше да ги дофати птиците. Има челична волја и вселенска енергија, па уште се грижи за едно маче што го оставиле близу до нашиот двор
Маж ми, после 13 часа работа(главно физичка) од 6ч до 19ч влезе дома и седна на под да игра со синко држејќи ја малата во рака, љубов ми се
Јас бев вчера херојот за едно дете.Бевме на игралиште со малата и на лизганицата 2 поголеми деца може 5 години и едно 3 годишно.Големите деца машко и женско си лежеа и недаваа овие помалите да се лизгат.Па ова помалото упорно се бута да се лизне.Јас стојам во близина оти мојава има страв од непознати деца па додека да се отпушти само мама да е до неа.Сега ова малово се радува и сака да се лизне , а големото машко дете зема и почна да го шутира детето и му вика да си оди.Ова малово ем што не разбира германски ем па и не плаче.Јас стојам и посматрам ама веќе ми стана језиво да гледам како баткото го шутира малово како топка и му викнав.Престани тоа не е убаво !Големиот батко се засрами и без да каже ништо избега од лизганицата.Мајката на баткото не виде ништо, а пак бабата на малот дете која седеше одма до лизганицата исто не виде ништо. Ама ќерка ми и малото дете видоа и почнаа да си играт. Малото девојче беше толку благодарно што цело време доаѓаше накај мене за да ми каже фала со некој мал гест.Ме галеше и ми збореше нешто.Дури ме викаше со ќерка и мама Не направив многу ама за тоа дете бев херој. А баткото од далеку ме посматраше сранежливо,се надевам научи нешто.
Фудбалерот Един Мерсовски Дете паднало од мост, по него скокнале другарчињата, а тројцата давеници ги спасил фудбалерот Един Мерсовски https://republika.mk/sport/fudbal/d...davenici-gi-spasil-fudbalerot-edin-mersovski/
Типографот Ѓуровски изработи автентичен фонт на ракописот на Кочо Рацин https://plusinfo.mk/tipografot-urovski-izraboti-avtentichen-font-na-rakopisot-na-kocho-racin/ Со должна почит, браво!
Една пријателка. Да не ми кажеше таа да не работам до 4 наутро,немаше да си легнам.Како изгубена сум деновиве,но таа е секогаш покрај мене.
Илина и Ева и донесоа злато, сребро и бронза на Македонија! Илина и Ева Соколовски го развејаа македонското победничко знаме среде Германија! Двете македонски девојчиња освоија злато, сребро и бронза на интернационален натпревар по ритмичка гимнастика. Минатиот викенд во Падаборн, Германија се одржа Интернационалниот натпревар во ритмичка гимнастика, на кој учествува Илина(17) и Ева(13) како репрезентативки на Македонија. Ева во својата катергорија освои злато, додека Илина во двете категории освои сребро, односно бронза. На натпреварот учествува над 150 натпреварувачки од повеке европски држави, како Франција,Бугарија, Чешка, Словачка, Полска, Швајцарија, Полска, Германија, Македонија… https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/ilina-i-eva-i-donesoa-zlato-srebro-i-bronza-na-makedonija/ Ритмичка гимнастика: Илина и Ева Соколовски за прв пат под македонско знаме на балкански натпревар во Будва Илина и Ева Соколовски за прв пат ја претставуваа Македонија на првиот Балкански натпревар во ритмичка гимнастика, која се одржа викендов во Будва, во организација на црногорската федерација за гимнастка. Иако, бидејќи живеат во Германија, ги редат сите успеси таму, сепак, овде не успејаа да се закитат со медали, но се среќни што достојно ја претставиле Македонија и имаат само пофални зборови за пречекот и организацијата. – За пречекот и организацијата едно големо-браво. Јас и Ева ја знаевме конкуренцијата пред време, знаевме дека најголем успех ќе имаат Романија и Бугарија, бидејќи нивните натпреварувачки се неколкукратни светски и европски прваци во гимнастика. https://ekipa.mk/ritmichka-gimnastika-ilina-i-eva-sokolovski-za-prv-pat-pod-makedonsko-zname-na-balkanski-natprevar-vo-budva/