Песна со рок елементи.Оваа е најавната песна за филмот во три дела посветен на војната помеѓу Хетфилди и МекКои,кои се скарале некаде пред почетокот на граѓанската војна во САД,а се смириле јавно на CNN во 2003та година каде официјално и потпишаа примирје.Овие семејства беа роднини меѓу себе,брачеди. Филмот кога и да го гледам плачам по саат време,вистински се настаните,а плус и историски е. Во филмот играат Кевин Костнер и починатот Бил Пакстон. Hatfields and McCoys ми беа тема за одбрана на проектна за матура по историја,каде што добив 5. Професорот се зачуде како знам за нив,бидејќи иако се дел од американската историја,тука во МК не ги учиме.Првично го гледав филмот на ТВ 1000,а потоа на History,и потоа не знам колку пати на интернет. И само си ги преслушувам песните од филмот и ги гледам спотовите каде што се изнесуваат фактите за нивните животи.Едноставно ме одмара ова. Омилено хоби ми е историјата.