1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вашиот хороскопски знак и раскинувањето на љубовните врски

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Responsible, 12 јули 2011.

  1. Responsible

    Responsible Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2011
    Пораки:
    354
    Допаѓања:
    434
    Пол:
    Женски
    Не сте единствени на кои раскинувањето на љубовната врска ви изгледа како крај на светот... или можеби на тоа не гледате така црно? Астролозите тврдат дека начинот на кој што го доживувате раскинувањето многу зависи од вашиот хороскопски знак.

    ОВЕН (21.март – 20.април)

    Пати многу повеќе и подолго отколку што покажува. На прв поглед припадниците на овај знак изгледаат како да не му е грижа и воопшто не чувствуваат љубовна болка, но вистина е дека патат бесконечно. Се повлекуваат во себе и ретко на кого ќе кажат како се чувствуваат.

    Како ќе преболат: Кога ќе помине “драмата” храбро ќе тргнат во нови победи. Зошто поради една пропадната врска да го пропуштат животот?!



    БИК (21.март-20.април)

    Го цени мирот и удобноста на долгите врски. Вистинските Бикови добро ќе размислат пред да одлучат да ја прекинат врската со партнерот. Ако постои и најмала ситница која може да ја одржи врската во живот, сигурно нема да ја прекинат врската.

    Како ќе преболат: Ако се случи најлошото многу брзо ќе ”влетаат” во нова врска во која на сила ќе создадат склад и хармонија.



    БЛИЗНАЦИ (21.мај-20.јуни)

    Тие од сите знакови најлесно го поднесуваат прекинувањето на врската. Колку и да зборуваат дека им е тешко тие поседуваат способност брзо да ги заборават лошите работи кои им се случиле.

    Како ќе преболат: многу брзо после прекинувањето на врската вистинскиот Близнак ќе го пронајдете како освојува нова симпатија!



    РАК (21.јуни-22.јули)

    Плаче и жали поради прекинувањето на врската долго и искрено. Кога ќе се прекине врската, Ракот има чувство дека се распаднал целиот негов свет кој никогаш нема да може да го состави.

    Како ќе преболат: единствено нешто што може да му го олесни патењето е нова симпатија која ќе покаже разбирање за состојбата на неговата душа. Без оглед колку прекинот бил болен, никогаш нема да го опрости изневерувањето.



    ЛАВ (23.јули-22.август)

    Тешко ги покажува чувствата, така што нема да ви покаже колку сте го повредиле, бидејќи тоа за еден Лав би значело помалку самопочитување. Суетата е тоа што најтешко се лекува, па кога ќе осетат дека се ближи крајот, итро ќе го остават партнерот само да не случи да бидат оставени.

    Како ќе преболат: Не се злопамтила така што лошите искуства нема да им ја уништат вербата во љубовта. Ќе се опорават кога ќе ја нахранат својата суета.



    ДЕВИЦА (23.август-22.септември)

    Не се многу емотивни, но цврсто се врзуваат за луѓе и тоа е причина зошто тешко ги прифаќаат прекинувањето на врската. Распаѓањето на врската ја доживуваат како да им се срушила кула која долго ја граделе. Промената на животниот простор и кругот Девиците го доживуваат како личен неуспех.

    Како ќе преболат: ќе помине малку време, а Девицата ќе ги среди своите мисли, ќе ги состави коцките и ќе продолжи понатаму. Рутината е тоа што припадниците на овој знак ги враќа во живот.



    ВАГА (23.септември-22.октомври)

    Сакаат хармоничен однос без кавги и кога ќе осетат дека работите излегле од контрола, сами ја прекинуваат врската. Овој знак сака да ужива, така што љубовната врска има смисла доколку е полна со уживање.

    Како ќе преболат: карактеристично за Ваги, посебно машки, е страст за заведување, па често се наоѓаат во љубовно искушение. Тоа е она што ќе ги врати на вистинскиот пат.



    ШКОРПИЈА (23.октомври-22.ноември)

    Многу тешко и болно ги преживуваат разделбите. Времето го минуваат во анализирање на врската со цел навреме да ги откријат тешкотиите кои би можеле да ја загрозат врската. Шкорпијата никогаш нема да се обвини самата себе за проблемите, секогаш е крива другата страна.

    Како ќе преболат: ќе ги прикријат чувствата, ќе прават шеги на своја сметка, додека во себе ќе патат. После љубовниот бродолом, не е исклучок дека тие никогаш нема да се опорават.



    СТРЕЛЕЦ (23.ноември-21.декември)

    Лесно преживуваат прекини иако на прв поглед изгледа како да паѓаат во депресија од која нема враќање. Тие, сепак, пред се мислат на својата среќа, па нема да дозволат некој да ги повреди.

    Како ќе преболат: ужасно се егоцентрични, па ако саканата личност ги остави, можат да станат вистински “гњаватори“ кои ќе сакаат да ја обноват врската по секоја цена.



    ЈАРЕЦ (22.декември-19.јануари)

    Срамежливи се и многу тешко пронаоѓаат партнер. Кога еднаш тоа ќе им се случи, тешко дека ќе ја прекинат врската. Кога сепак тоа ќе се случи тешко дека со некој би ја поделиле својата тага. Своите проблеми ќе ги решаваат во тишина во својата соба.

    Како ќе преболат: ќе се изолираат и ќе размислуваат за се. Кога ќе се опорават ќе бидат спремни за нови предизвици.



    ВОДОЛИЈА (20.јануари-18.февруари)

    Разделбата ги наведува на долго анализирање на пропаднатата врска, но ќе погледнат од сите агли и ќе прифатат дел од вината. Водолиите многу тешко забораваат и не се склони да опростат.

    Како ќе преболат: времето лекува се е изрека создадена за припадниците на овој знак.



    РИБИ (19.фебруари-20.март)

    Кога е крај на љубовта, тогаш се паднало во вода. После раскинувањето за Рибите следува долг период за прифаќање на новонастанатата ситуација и идејата дека се напуштени. Потоа следи долг период на плачење во друштво на сродни души кои ќе им пружат рамо за плачење.

    Како ќе преболат: со пријателите ќе поминат многу време во разговор за пропаднатата љубов.
    8)
     
  2. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Богами точно е :$ :D а за обвинување на другите, не е баш точно, а за прекривање чувства сум специјалист :D :rofl: :rofl: :emo: :D ме бива :D :lol: а за останатото не е баш точно.
     
  3. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884


    Не е точно.Не,не.. :shake:
     
  4. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Неточно...првин добро ќе се и после ко ништо да не било, одиме во нови походи... 8)
     
  5. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Нит за бик не е точно според мене. Јас од една врска во друга директ не можам. ќе ми треба време сама, да се средам и да уживам малку во самотијата. А тек после да се спремам за нова врска ... И со сила никогаш и нигде ништо не сум се обидела ... очеш, нечеш гајле ми е мое е да понудам. :D :) Плус хармонија со сила нема шанси да се постигне, тоа се гледа, или има хармонија, од срце, или нема и се е вештачко ....
    Така да дисагри со тврдењата :D
    барем јас :wasntme:
     
  6. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.164
    Допаѓања:
    23.019
    Пол:
    Женски
    Преточно! ;)
     
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  7. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.464
    ЛАВ (23.јули-22.август)

    Тешко ги покажува чувствата, така што нема да ви покаже колку сте го повредиле, бидејќи тоа за еден Лав би значело помалку самопочитување. Суетата е тоа што најтешко се лекува, па кога ќе осетат дека се ближи крајот, итро ќе го остават партнерот само да не случи да бидат оставени.

    Како ќе преболат: Не се злопамтила така што лошите искуства нема да им ја уништат вербата во љубовта. Ќе се опорават кога ќе ја нахранат својата суета.

    :o :o :o :o :o
    Поточно не можеше да биде .... |(
    Злопамтило и сум и тoa какво за некој што ми згрешил , абе го бесам јас кад тад :devil: А да припаѓам во депресиии ааа :shake:
     
  8. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    ШКОРПИЈА (23.октомври-22.ноември)

    Многу тешко и болно ги преживуваат разделбите. Времето го минуваат во анализирање на врската со цел навреме да ги откријат тешкотиите кои би можеле да ја загрозат врската. Шкорпијата никогаш нема да се обвини самата себе за проблемите, секогаш е крива другата страна.

    Како ќе преболат: ќе ги прикријат чувствата, ќе прават шеги на своја сметка, додека во себе ќе патат. После љубовниот бродолом, не е исклучок дека тие никогаш нема да се опорават.


    Точно е се. Од збор со збор. :)
    Тешко ги преболувам разделбите иако пред сите глумам дека се е во ред, а срцето ми се кине.
    Поминувам денови, па и месеци во размислување за тоа што не било во ред.
    Добро знам да ги прикривам чувствата, што и да се случи...
     
  9. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    ВАГА (23.септември-22.октомври)

    Сакаат хармоничен однос без кавги и кога ќе осетат дека работите излегле од контрола, сами ја прекинуваат врската. Овој знак сака да ужива, така што љубовната врска има смисла доколку е полна со уживање.

    Како ќе преболат: карактеристично за Ваги, посебно машки, е страст за заведување, па често се наоѓаат во љубовно искушение. Тоа е она што ќе ги врати на вистинскиот пат.



    Точно така ,зошто би го губела времето со некој кој не ми е по кеф?
    Кај мене преболувањето е пред да го ставам крајот на врската ,после - во поход ! ;) :rofl:

    Нема време за губење :rofl:
     
  10. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    637
    Немам баш искуство со прекинување на врски (се на се една прекината врска имам во својата љубовна кариера) но признавам дека се пронаоѓам во напишаното! Овновите често пати само глумат сила, потиснуваат многу чувства во себе со цел да на дојде до израз нивната слабост! Отакако ќе помине бурата се осеќаат посилни од претходно! Ова богами ми излгеда вистинито, ќе почнам повеќе да им верувам на хороскопите :lol:
     
  11. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.121
    Пол:
    Женски
    Немој не ме радуј :D хороскопиве аман заман што сторе мајсторе!
    Тешко дека наоѓам партнер богами да. Али не ради срамежливост, тоа нема ноуп, немаТ.
    Просто тешко се поврзувам со луѓето де. Повеќето ги гледам како другари и сакам тие што ги гледам како другари и они да си ме гледаат како другарка и да сме си еднa среќнa весело другарска задруга.
    Не сум од лесно заљубливите.. ми треба време, а дека тешко прекинувам да. Во младоста тоа одеше лесно, ама на стари години беше тешко и е тешко ... ваљда така ќе остане :D .. оставам на избор на другата страна, а јас максимално се трудам илустрирано да покажам (no words included) колку не не бива :wasntme:
    Не умеам да кажам доста е! Уствари умеам и погрдо да го кажам.. ама реакциите потоа ми сметаат некако ми ствараат конфузија и чувство на одговорност и што ти ја знам, осечам се као животиња... а ја нечу да испаднем животиња! :worried:
    Кога ќе пукне љубовта ама вистински... тешко ми е, ама никој нит видел, нит чул.. нема причина зашто. Во најлошите мои денови јас склопувам други луѓе, кои се такви карактери да прво се јават на другарка да кажат :worried: .
    Јас си траам си ќутам. Емоции, што е тоа? Нешто внатре што се дешава, што потреба некој што не е внатре да ги знае.. нели?
    Тешко ми е да, мука ми е, ме боли душата и срценцето и после не ми е ништо :nod: .

    :music: Here I go again on my own, on the only road I ever known :hai:
    http://www.youtube.com/watch?v=t1tzYZehozE
     
    На pink4ever му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Asterion

    Asterion Популарен член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    5.622
    Со првиот дел се слагам и мислам дека држи. Преферирам подолги врски и се осеќам удобно во истите. Кога е крај тешко се помирувам и правам се за да го избегнам, а во најлош случај само го одложувам иако понекогаш е неизбежен.

    Е сега не се слагам со тоа како ги преболуваме врските. Кога ќе прекинам една врска не така лесно можам да се впуштам во друга. Ми треба време додека да ги средам и мислите и чуствата. Досега не сум ја практикувала оваа тактика на преболување бидејќи сметам дека и нема човек кој толко бргу би се прилагодил од една врска на друга и сето тоа би било само површно и залажување со надеж дека оваа врска би ја заменила претходната. ;)
     
  13. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.546
    За овен е точно :!:
    Не сум имала раскинувања ама можам да кажам дека однадвор сум силна и се чини не се кршам лесно а одвнатре ми се крши срцето ;(
    Зошто поради една врска да се пропушти животот?-до негде е во право :|
     
  14. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    РАК (21.јуни-22.јули)

    Плаче и жали поради прекинувањето на врската долго и искрено. Кога ќе се прекине врската, Ракот има чувство дека се распаднал целиот негов свет кој никогаш нема да може да го состави.

    Како ќе преболат: единствено нешто што може да му го олесни патењето е нова симпатија која ќе покаже разбирање за состојбата на неговата душа. Без оглед колку прекинот бил болен, никогаш нема да го опрости изневерувањето

    порано бев многу голема плачка кога е љубовта во прашање, ама веке не сум :!:
    а се друго е вистина, за зал :sweat: :puke:
     
  15. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.708
    Пол:
    Женски
    СТРЕЛЕЦ (23.ноември-21.декември)

    Лесно преживуваат прекини иако на прв поглед изгледа како да паѓаат во депресија од која нема враќање. Тие, сепак, пред се мислат на својата среќа, па нема да дозволат некој да ги повреди.

    Како ќе преболат: ужасно се егоцентрични, па ако саканата личност ги остави, можат да станат вистински “гњаватори“ кои ќе сакаат да ја обноват врската по секоја цена.

    Точно, и плус важи правилото клин со клин се избива. Барем за мене лично. :)
     
  16. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.023
    ВОДОЛИЈА (20.јануари-18.февруари)

    Разделбата ги наведува на долго анализирање на пропаднатата врска, но ќе погледнат од сите агли и ќе прифатат дел од вината. Водолиите многу тешко забораваат и не се склони да опростат.

    Како ќе преболат: времето лекува се е изрека создадена за припадниците на овој знак.



    Точно е само за опростувањето зависи од ситуацијата и од самиот партнер колку ќе изражи желба да се потруди, докаже и покаже, а бога ми ќе треба и тоа дооообро да се потруди. :)
     
  17. bad-cat8

    bad-cat8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2010
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    78
    ЈАРЕЦ (22.декември-19.јануари)

    Срамежливи се и многу тешко пронаоѓаат партнер. Кога еднаш тоа ќе им се случи, тешко дека ќе ја прекинат врската. Кога сепак тоа ќе се случи тешко дека со некој би ја поделиле својата тага. Своите проблеми ќе ги решаваат во тишина во својата соба.

    Како ќе преболат: ќе се изолираат и ќе размислуваат за се. Кога ќе се опорават ќе бидат спремни за нови предизвици.


    :^) :!: :fubar: :rock: :worried:ilent: грешно грешно грешно
     
  18. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.803
    Допаѓања:
    25.068
    Пол:
    Женски
    СТРЕЛЕЦ (23.ноември-21.декември)

    Лесно преживуваат прекини иако на прв поглед изгледа како да паѓаат во депресија од која нема враќање. Тие, сепак, пред се мислат на својата среќа, па нема да дозволат некој да ги повреди.

    Како ќе преболат: ужасно се егоцентрични, па ако саканата личност ги остави, можат да станат вистински “гњаватори“ кои ќе сакаат да ја обноват врската по секоја цена.

    Не целосно ама донекаде е точно... :D
     
  19. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.732
    Допаѓања:
    32.001
    Пол:
    Женски
    Богами ова е точно.Ми погодиле
     
  20. UnPaso

    UnPaso Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2013
    Пораки:
    1.002
    Допаѓања:
    247
    Пол:
    Женски
    Точно за девица :)