1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вашите баба и дедо

Дискусија во 'Дете' започната од angie, 4 октомври 2010.

  1. sasaSasa

    sasaSasa Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2015
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    29
    Пол:
    Женски
    Немам ниту баба ниту дедо:(:(:(:(, едноставно сакајте ги, поминувајте повеќе време со нив. Откако нема да бидат помеѓу живите ќе сфатите што се сте пропуштиле.;(;(;(;(;( Знаат да бидат напорни да, ама секогаш се добронамерни. Сакајте ги. Тие се дел од нас .:)
     
    На SkarletOHara, Crna Dama и girl-miri им се допаѓа ова.
  2. Zeynep

    Zeynep Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    1.100
    Пол:
    Женски
    Пред само два дена почина баба ми.Се враќав од школо кога братучед ми ме сретна ми кажа дека ме барал во школото но не ме сретнал....Кога отидовме дома луѓе почнаа да идат ова она...Не знаев кај се наоѓам но не плачев.Дури сабајле се изнаплакав се држав два дена во себе.Пред 6 месеци почина и дедо ми на мајка ми татко со кој бев многу поврзана и ден денес плакам за него сега и за баба.Премногу ми е тешко,баба ми ме израсна како помала се ме гледаше,се бев со сеа а сега седам на нејзиното место доле ја нема.Празна е куќата.Не можам да ја заборавам сликата кога татко ми ја бакна на чело.Во последните неколку месеци,се беше по болници зошто беше болна,кога лежеше таму не отидов ни еднаш,ни дома не одев ретко овие 5 години долу кај неа не се слимнав...И тешко ми е не знам дали ќе ми прости..Но знам дека се опростив од неа во саботата ја видов последен пат кога татко ми ми кажа оди доле баба ти те меша со братучедка ти тебе те вика јас одма слегов...Ја насмеав,шеги со дедо ми брат ми и манав рака како секогаш,како што и правев од надвор преку прозорецот и заминав.Тоа беше последен пат што ја видов жива.Премногу се тешки овие разделби,но во овој момент сфаќаш дека всушност од ова поболно нема..Ние може се глупираме се нервираме плачеме за некои си машки пример шо ич не вредат,меѓутоа смешно е кога ќе споредиш со ова...Извинете долго е малко но морав некому да се олеснам.И деца сакајте ги вашите баби и дедовци,посетувајте ги,смеете ги,зошто внуците се помили од сопствените деца.Дајте им љубов додека се живи,кога ќе ги нема,нема потреба.
     
    На SkarletOHara, Crna Dama, Lella и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Nut

    Nut Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2016
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    749
    Пол:
    Женски
    Од сите 4ца најдобар беше дедо ми по татко ми,ама еве веќе 8 год како не е со нас,тој беше единствениот човек што заслужуваше со дедо и дедичко да му се обратиш...;(
    Баба ми од страна на татко ми е така така, мислам се ни дозволува мене и на сестра ми се ни купува,ајде излезете дури и таа не тера некогаш,ајде земете пари купете нешто па празник е,само за муабет не се праи со неа само што ќе почнеш и одма старското го кажуват што праела таа,другарките,што носеле.......
    А дедо ми и баба ми по страна на мајка ми...нема коментар значи....питачи..крадци...лоши...ѓаоли.
    Дедо ми земаше плата 700€ од која јас и сестра ми пет денари не видовме никогаш и за апсолутно ништо.Дома живеа питачки оти цела плата вујко ми(2риот помал брат на мајка ми)ја трошеше на девојки им плаќаше факултети,букети па таксисти дома да и носат,па ги облекуваше во Зара,Тера нова,Калиопе,Манго....и тоа одма кога е сезона кога нема попуст.А другиот помал брат на мајка ми исто така,дури и она вештеркана баба што ми е и за дома им правеше баклави,пити,мекици,торти и што не за девојка му дома да носи,и по 8год му и даде клоците оти кај и да почнеше да работи старана вештерка одеше и ги тераше газдите да и дадат отказ,а на тоа е тераше вујко ми оти секаде каде што се вработи оти стар македонец бил бил педофил,оти муслиман млад неженет сигурно бил па неа ќе ја земел,бил ваков таков бил,а ние ги знаеме тие сите кај што работеше таа златни луѓе беа,и конечно по 8 год девојката се вразуми и му и даде клоците.Сега помалиот вујко се вери и зедоа 5000 евра кредит за злато да и купат на ова вереницава негова и + 3.500€ тој зеде оти така демек татко и рекол во старското невестата цела се облекувала кога праеле веридби ахахх, а татко и е како некој актер модерен со најмодерни сваќања...на госпожата и тоа и текна само да си снабди брендирана облека.И сега седнавме сите на маса и дедо ми и викат:,,Ќерко моја како мислиш ти сега,да е продадеме куќава или овде сакаш да си седиш аа.. И таа му викат ,тате чувај ја за викенди ке идам јас..И тоа викат магарето и магарицата, да видиме снаaта што ќе речит за куќата,за кредити ..за мене прават проблем за фустан од 1200 денари и тоа со мој лично пари го купив,а неа на ороспичето од 2000-3000ден панталони му купуват.А замислете како ќе биде кога ќе имаме братучеди и не само тоа вештеркана мајка ми е вика по име цел живот а сега снаата ја викат ќерко моја и среќо моја....ццц...А и некажав двајцата вујковци се паразити,како гниди ни работат ништо само в кафич и офкат пари немале,а незнат и прашина да избришат,ни вода чаша да си земат,сега за да газдувале нов кредит зеде 15.000€и две коли им купи сега им звонат банки и извршители,а тие ороспијата што ја зедоа ја хранат со месо,најскапо ананаси манго незнам кафев шеќер сокови,пива пиела на ручек и купуват,скари в ресторанти со достави до дома и што не..оти девојчево имат 30 и нешто години и неможеше дечко да најде демек грда била на лудацине баба и дедо што ми се им викала,а таа прва ороспија...А баба ми иначе ја лажеше мајка ми,и мајка ми и даваше по 4000-5000месечно,ама јас кога видов се каква е магарицава,и дека глуми и ја лаже мајка ми и реков на мајка ми дека ќе се откажам од неа и тргнав да одам демек одам, и таа се заколна и денар недават више.Како што кажав дури и краде по дворови,кафани,кафичи,продавници само да имале невестите...вика..Невести мој само дојдете ми во куќава и родете наследници,а јас ќе крадам,питам и печалам за вас..Дај боже да и видам и на улици кај што питат и се продават,само се молам за тоа дај боже туѓи наследници да и гледат на ороспијана..Сега пред некој ден ја слушнав,дај боже станот да го наместат да не ми идат дома кај мене ќерка ми да неможи нарат да касни да јадат и тие оти ние кога ќе појдиме кај неа само кафе дават,друго ништо ако сме и внуки ни празник да е пак ништо не дават,ќе чекат да заминиме пак да јадат.Оти таа е таква цел живот делела прво за машките па за мајка ми и тетка ми. Ова иднава вујна кажа налутена в крај и рекла ааа таа што ќе ми роди машко таа ќе ми биде се,другата снаа не постои за мене..затоа гледај ти да родиш 3 и повеќе ако можиш,и сега ќерката мамина се нервират како ќе и родела машки трите,како по нарачки да се ........Ги мразам од дното на душава дај боже да питат цел живот,а курви да им трошат парите.За година планираме и судска делба,и мајка ми дел да си земе од имотот и после да прекинеме со нив контакт....ќе престанат да постојат за нас,дај боже цел живот в долгови,кредити да се и да питат.Има до утре да пишувам,како туги да сме и биле не внучиња,ете дури и тугото ќерка и е.......
    Се надевам Господ нема никому да даде вакви вештери за дедо и баба... ;(;(;(;(
    А вие што имате баби и дедовци што ве скаат,сакајте ги и ценете го тоа,оти еден ден ќе ги снема како мојот златен дедо кој многу рано не напушти...дедичко камо уште еднаш да можев да те видам и гушнам.....;(;(;(;(;(;(;(;(;(
     
    Последна измена: 6 август 2016
    На Crna Dama и sasaSasa им се допаѓа ова.
  4. Chica.Loca

    Chica.Loca Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    507
    Допаѓања:
    2.260
    Од страната на татко ми дедо ми умрел кога сум била многу мала, па да не се фотографиите не би знаела како изгледа, за "баба ми" не вреди да се зборува.

    Додека другите баба и дедо, за нив можам да кажувам само најубаво.
    Баба ми е родена во планинско село. На училиште одела до трето одделение. Почнале да ја учат латиницата и престанала да оди на училиште од причина како што таа знае да каже:

    - Епа, немаше кој козите да и чува.

    Кога го кажува тоа, се забележува доза на тага, револтираност што не продолжила да се школува, но такви биле условите во тоа време. Била многу добар ученик.
    Растела без мајка и кога ќе не слушне како се караме со мајка ми, веднаш ни вели:

    - Не се карајте. Јас мајка не сум имала, не знам ни како изгледа.

    Се омажила на 20 години. По одреден период се преселуваат со дедо ми и нивните деца во друго село.
    Дедо ми бил на печалба во Чехословачка и животот не бил лесен. Во тоа време се комуницирало преку писма, а не сега та Фејсбук, Скајп, комуникацијата е многу олеснета.

    Она што најмногу ми се допаѓа кај неа е што е толку добар човек. И последното залче ќе го подели со тебе, не е себична. Само убави зборови имам да кажам за неа. :l: :l:
    Во друга прилика ќе пишам за дедо ми.
     
    На sasaSasa, marija1907 и Crna Dama им се допаѓа ова.
  5. Incule

    Incule Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    355
    Допаѓања:
    296
    Пол:
    Женски
    Многу се добри и многу ги сакам и ми даваат совети п.с. ми фали дедо ми...
     
    На sasaSasa му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.207
    Допаѓања:
    30.903
    Пол:
    Женски
    Имам само една баба од страна на мајка ми и толку. Исто како да ја немам. Од километар се забележува дека е наклонета кон внуците од сестрата на мајка ми. Во секоја можна прилика гледа да ги пофали нив, иако и двајцата едвај завршија средно образование (секоја година на полагање беа заради единиците) и комотно може да се каже дека не поседуваат било каков квалитет. Кога ќе им дојдат родендените не се знае што се да им однесе. А мене на одбрана на магистерска ми дојде без скршен денар под изговор дека немала. Логично е тоа, се гледа да потроши на нив. Не ми е за парите, за понижувањето е. Да се случеше да нема за некој од нив, тешко неа ќе беше, на нос ќе и го извадеа тоа. А јас и покрај тоа што не ни заслужила, ја поканив да дојде барем. Слаткоречива е до бескрај, сине, срце на баба и не знам уште што не. Ама нејзините дела ја побиваат добрината која се обидува да ја презентира. Да сум и згрешила нешто ќе разберев ама вака да се однесува не сум заслужила со ништо. Додека дедичко беше жив и него го малтретираше и му се качуваше на глава а пред сите кукаше како тој е лошиот. За него имам само најдобри зборови, немавме многу време да бидеме заедно, почина кога имав само 6 години. Паметам како ме чуваше во скут, ме учеше да пишувам букви и броеви, ме научи и да читам. Мноу ми е жал за него.
    Другите баба и дедо ги немам запознаено, починале уште пред да се родам. Според тоа што ми го кажуваат, верувам дека би биле добри.
     
    На Nut и sasaSasa им се допаѓа ова.
  7. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.124
    Пол:
    Женски
    Од страна на татко ми имам само баба а од страната на мајка ми имам и баба и дедо , искрено не сум воопшто поврзана со нив и не ги ни сакам .
     
  8. Bibi30

    Bibi30 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2017
    Пораки:
    588
    Допаѓања:
    1.175
    Пол:
    Женски
    Имав еден дедо кој го сакав најмногу на целиот свет-татко на мајка ми. Почина пред 2 ипол години пред да ми се родат децата. Пред да почине, имаше мал удар, но одма се оправи и велеше јас не умирам дури не си дочекам правнуци. Он почина, јас за неполн месец дознав дека сум бремена. Дедо, стар човек од 93 год,секогаш избањат, намирисан, најнедосаден дедо на светот. Си живееше со нас, ако беше на мајка ми татко, со тато беа како татко и син! До ден денес го спомнуваме и дур сум жива нема да го преболам.
     
  9. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    5.946
    Допаѓања:
    20.449
    Пол:
    Женски
    Од страна на татко ми немам :( баба ми почина кога имав 7 год, дедо ми кога имав 13.
    По страна на мајка ми имам и баба и дедо, дедо ми секој ден се јавува, некогаш и 2 пати денот да го слушнел синко :) предобар е како татко ми е.
    Кога бев бремена со синко 8ми месец почина мајка му, мене прабаба на 93 год, исто силна жена, која ја имаше мојата почит секогаш :inlove: мајка ми е како неа (нејзината баба).
    Нека ми се здрави и живи и нека живеат до 100 год :D
     
  10. Limpan

    Limpan Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2020
    Пораки:
    1.136
    Допаѓања:
    3.598
    Пол:
    Женски
    Живи се и од на мајками страната и од на таткоми.
    Си ги сакам многу да даде господ да си живеат уште сто години.
    Во последно време многу се плашам за нивната смрт и постојано размислувам за тоа страв ми е премногу.
    Со мајката на татко ми сум највеќе поврзана иако не живееме заедно на телефон се слушаме по 3-4 пати на ден,многу си ја сакам душа моја е она, исто и дедичко си го сакаам.
    На мајка ми мајката се слушам еднаш во денот и неа си ја сакам многу,таткото на мајка ми тој не посетува почесто исто така ми е душа и си го сакам.
    Сите ми пружат голема љубов и ме сакаат детсвото со нив го поминав ме чуваа постојано.
    Абе си ги сакам најмногуууууу, да си живеат уште многу, па и на дипломска да ми дојдат и на свадба.:inlove::inlove::inlove::inlove::inlove:
     
    На Lolipop23 и SkarletOHara им се допаѓа ова.
  11. Queenche

    Queenche Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2019
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    41
    Ех, камо среќа да можам да ја видам баба уште еднаш. Буквално би дала се за 5 минути со неа. Премногу ми недостига, тешко е навикнувањето на празнината дома, многу тешко. Се надевам дека од горе сега ме гледа и се гордее со мене, се надевам дека ме гледа секој ден зошто јас секој ден мислам на неа. И да фали, премногу фали и засекогаш ќе фали. Благодарна сум за секој момент со неа, за секој бакнеж, за секое јадење заедно, буквално за се. Те сака твоето бомбонче како што велеше ти❤
    Ми требаше некаде да се искажам, а форумов е полн погодок.
     
    Последна измена: 24 април 2022