1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вашите баба и дедо

Дискусија во 'Дете' започната од angie, 4 октомври 2010.

  1. TheKiketoo

    TheKiketoo Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    883
    ловли,мислам дека не те оставаат да одиш за да не ја видиш во таква ситуација, па потоа ќе ја мислиш и ќе се грижиш, ама мислам дека ако те види баба ти ќе биди многу посреќна и мислам дека ќе и се подобри ситуацијата(зависи до што е ама сепак), на пример баба ми кога ќе ме види посебно насмеана секогаш е среќна, ако и е качен притисокот одма и се спушта, сега ти ако сакаш и ако си спремна посетија, ако треба сама, мислам дека нема да биде лошо
     
  2. LovelyGirl

    LovelyGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    1.551
    Допаѓања:
    291
    Пол:
    Женски
    ^^Премногу е далеку, како да ти кажам, јас сум на исток а таа е дури на спротивната страна, во Струга... :( и секогаш кога ке се јави ако ме нема дома прашува за мене, потоа ми кажуваат, навистина ми недостига мноогу. Татко ми на секое следно одење ми вика ке одеш наредното. Еве дедо ми вчера замина кај неа, но за мене пак немаше место.. ;( Ние ке одиме следниот пат, тоа ми го кажаа последно. Ајде ке чекам нареден пат, како и понареден..итн. можеби и таа ке си дојде наскоро, да се надевам.. :)
     
  3. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    Баба и дедо, можеме да зборуваме за нив кој како сака (подобро кажано кој од нив како заслужил) ама ако ги немаме тогаш ги бараме :) Имам две баби и еден дедо сега :D На тато мајка му е жива, поживена, уште малку 90 ќе фати, свиткана е на шест, ама крај не и се гледа, уште сака да се кара, кажува „закони“, да работи тоа што навистина не може, ама ете, жив човек, врзи го па нека седи :D Нема да велам било вака, било така, ко речиси секоја свекрва, така и таа, било поминало, мама не е злопамтило, нема да сум ни јас, сепак ми е баба. Дедо ми, почина пред 8 години, добар човек беше, праведен, сиромашен можда, да, ама чесен и праведен. Е сега го однесе ветрот две три години, па се распи, ама си го испи своето, почина. А го сакав. Не правеше ни пијан ни трезен проблеми, си работеше, печалеше колку може, не сакаше нас. Доволно е!
    Другите, по мама, ееех, приказна за себе :D Викаат млади биле уште, па работат повеќе и до мене. Внуците им се најскапоценото нешто, ги имаат вкупно 9, од 2 до 22 сите разгалени, до немај каде :D Дедо ми е навистина ќелик, успева годишно од земјоделие да заработи околу 6-7 илјади евра, сам, и дарежлив е премногу, не сака ништо да ни фали. Баба домаќинка, за месено и нема рамна до сега :mm:
    Тоа е, си ги сакам сите тројца, жал ми е дедо што не поживеа, ама така сакал Бог.
    Често и се смеам на домашнава бабичка, да ми поживее дур не се омажам, да ми игра на свадба, после што сака дедо боже тоа(другиве секако ќе живета, се надевам) :)
    И за крај, едно уште, не знам зожто ама и двете баби секогаш велат дека внуците им се помили и од соптвените деца, демек за своите немале толку време да ги гледаат па сета грижа и љубов останува за внуците.
     
  4. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Нема подобри од моите!
    И точка.
    No further discussion needed!
     
  5. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.327
    Допаѓања:
    5.841
    Имам само еден дедо од на мајка ми страната.
    Од на татко ми страната, дедо ми починал една година пред јас да се родам и го знам само по слики. Баба ми исто од на татко ми страната почина 2005.
    Од на мајка ми страната, баба ми почина 2009 летото,а дедо ми е уште жив. Со баба ми од на татко ми страната како помала само нешто се каравме, се' и сметаше јас што ќе направам, но пред да почине, мислам дека тие денови бевме најблиски. Сепак каква и да беше ја сакав. Со баба ми од на мајка ми страната се гледавме еднаш годишно одприлика, бидејќи не беше од Скопје. Многу ја сакав, но не бев свесна за тоа се додека не ја изгубив. Почина од рак. Знам бев надвор. Се смеев со другарките и кога отидов дома дознав дека е болна и дека е критично. Беше месец тука во Скопје и секој ден после училиште со мајка ми ја посетувавме. Оздраве и се' беше како порано, беше здрава. Од кога се врати дома после два дена ја вратија во болница и таму беше неколку дена. Вечерта кога легнавме да спиеме се јавија од болница да одиме да ја земеме. никогаш, ама баш никогаш не заборави кога имаме име, кога роденден или такви поважни дати, додека дедо ми си има запишано во тефтерче, но кога ќе прочита не се знае.

    Дедо ми. Имаше пред околу 6 години мозочни удари(изгледа тие беа) и сега му се парализирани едната нога и рака. Не го гледам често и жал ми е за тоа.
     
  6. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.924
    Мајка ми не е од овде а ни нејзините не живееле тука . Татко и ( дедо ми ) ја напуштил кога се родила .Го запознала на 15 години и не го сака . Доаѓаше во Скопје 2 пати во година и некогаш не знаеше денар да ни даде на мене и на брат ми , не дека сум му барала ама дедо е и плус ретко ме гледа . Почина пред 2 години ,мајка ми не му беше на погреб , јас со татко ми и брат ми на 40 дена бевме . Жал ми беше ама како и за секој друг . Баба ми во Белград живее и ја гледам на 3 -4 месеци . Бранка се вика и многу ми е модерна . Пола шминка и парфеми таа ми ги купува , од Орифлејм . Кога и да ме види знае по 100-200 евра да ми даде . Да ме тера да јадам како оваа тука баба не , ама кога и да и побарам нешто ми купува или прави .Жал ми е кога и одам и и земам се од фиоките ама што да правам кога има убави работи :$
    Родителите на татко ми .. Дедо ми најмногу си го сакав , баш деновиве ќе правиме година од кога почина . Не можам уште да поверувам дека го нема , како вчера последен пат да ми кажувал за студиите во Загреб . Имаше почетен степен на болеста што прави да забораваш ( на врв на јазик ми е ама не ми текнува ич ) Да ги видеше братучедите на улица немаше да ги познае од што му одеа 1 во година . Јас за разлика од нив знаев многу често да одам кај него и да си збориме . Порано кога татко ми работеше тука знаевме да се собереме сите , да јадеме и јас секогаш до него седев . Татко како татко ме тераше се од чинијата да изедам а дедо ми скришно ми земаше , за да не јадам се . Добро , знаеше понекогаш да ме зафркне и место да ми земе да ми стави уште месо ама пак си го сакав . Не приметував за месото од занесеност дека правам некоја опасна работа :lol: Многу ми е криво што не успеав да му кажам дека го сакам многу .Знаеше да зема телефони од нас , децата и да стиска копчиња . Сите кријеа како да беше мало дете , само јас му го давав да чепка , па знаеше да сврти кај дечко ми ( несакајќи ) ама не ми сметаше мене ич . Баба ми си е приказна за себе , знаеше да му наредува на дедо ми а сега кога го нема спобудалува . Само пари од мајка ми сака да извлече . Јас најмногу и одев ( сега веќе не) ама пак Атко( братучетка ми |( )е најдобра , се нервирав многу ради ова . Сега пред година две бевме кај нејзе , спиевме и одиме во продавница и ја прашува братучетка ми што ни се јаде на нас , значи не мене него неа . А сега ме моли да одам на гости , епа ќе ме моли кога никој не и оди . А да одам - нема . Пари дава строго за некој поважен празник и тоа се вади на карта дека нема . Ама мене дедо ми ми даваше секогаш по некој денар повеќе ;) Ми фали многу , знаев и да му купувам адидас парфеми :lol:
    Овде ќе си кажам : Дедо , знам дека ме гледаш и ме чуваш .. те сакам многу . :hug: :hug:
     
  7. LoVeR

    LoVeR Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    886
    Допаѓања:
    1.046
    најмогу си ги сакаммммммммм.....
     
  8. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    Бабичка и дедо од страната на мама живеат една станица подолу од мене.
    Јас го носам името на баба и сум голема разгалена внука.
    Од страната на мама, сум само јас и братучед ми во Детроит, ама он доаѓа еднаш на три години и сите парички, пити, палачинки, шарени чадори, јаболки, пижамчиња и подарочиња купени без и со повод, се само МОИ! Вистинско разгалено прасенце. :$
    Кога доаѓа ред за мене, баба ми не признава ни ќерка , ни син, ни Господ! Јас сум најпаметна, најубава и највредна. :rofl:
    Во младоста дедо ми бил строг и само наредувал, ама сега е обратно. Баба ми вика и урла, а он си ја слуша како некое јагненце. Лани за 8-ми март и купи прстен со цирконско срце внатре.
    Многу се смешни, ептен носталгични, едни исти приказни ги повторуваме по 30 пати, ама мене не ми пречи. Зашто ме пораснале и уште ми помагаат и вреди секоја испеана песна и прочитана драма за нив. Да, јас им пеам на моите баба и дедо, :D а кога сум расположена им читам македонски драми (менувам гласови, тоа е само еден од моите милион драмски таленти). :rofl:
    Омилени емисии - Иселенички џубокс и Бумбар и Вести x 27 пати во текот на денот.

    Баба не може да дочека да се омажам и да станам мајка.
    Во тестаментот е оставено дека кога ќе се омажам нивниот стан автоматски ќе ми припадне на мене.
    Ама само ако се омажам. Нема маж - нема стан. :lol:

    Баба вика :!: дека е најубаво жената да е секогаш поубава од мажот.
    Така ќе вртат шија по мене, па нека се нервира машкото. :rofl:
     
  9. Tenna

    Tenna Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    331
    И на мајка ми и на татко ми родителите се живи,али ја кога се спомне баба и дедо најпрво и единствено помислувам на овие од мајка ми,кои ме пораснале.Е сега,да не дробам зашо овие другиве ги немам на список,приказната е толку банална колку и самите луѓе :lol:
    Јас сум најголемата внука,пример за помалите братучеди,дедо ми е посебно горд дека дипломирав редовно и со просек и тоа насекаде го труби :D
    Кога ќе отидам кај нив се трча на продавница да се купи на внучката она што сака.Тоа е прво.Али па затоа,јас сум главна дистрибутерка на лекови и ред други работи од продавница,кои јас ги купувам ,зашто баба не знаела како да каже што да и дадат :D Обожавам да пијам кафе со дедо ми,баба не пие има висок притисок :),а посебно зимно време кога кај нив се чувствувам така проклето убаво,топло и се релаксирам од се што имам натрупно во глава.

    Баба ми е од оние типови на жени кои обично око не склопуваат ноќеска мислејќи на сите од нас што ни се случува од тоа кој колку имал за учење,па до тоа кој имал женска/дечко или немал,па за да стигне и до мажачки и женачки на сите нас :D Хит и се турскиве синхронизирани серии,зашто не може да чита и ми раскажува за нив неизбежно :D

    И кога сме веќе кај мажачка,нормално мене сега тоа ми следува,по default,после факултет што си е редно,редно си е,али нормално момакот да има све па не само да бидам омажена :D и нормално строго да е од родениот ми град,никако подалеку,да сум си до мама и тато :lol:
    Ќе се сетам на еден момент од летово,кога јас не бев во градот,а нејзе толку и се слошило,па мислејќи дека ќе умре првото нешто што и го рекла на братучетка ми која била до неа било:Да и кажеш на твојата дада да се омажи и да не чека толку многу-доказ дека женава никад,ама никад не ме вади од памет,за што секогаш ќе и благодарам.И нормално,кога ми го кажа братучетка ми ова следеше долго урлање од мене :) ,али помина па таа уште е со нас..

    И да не должам-ги сакам најмногу на свет,нека бидат со нас уште долго време
     
  10. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.698
    Дедовци немам. Едниот дедо од страната на мама почина кога бев малечка. Сеуште ги помнам миговите со него. Со него пораснав, цело лето останував кај нив и бев многу послушна тогаш. :lol: Предобар човек, правеше се за мене. Ми навираат солзи и ден денеска кога ќе се присетам. Би сакала да е блиску до мене за да можам силно да го гушнам.

    Мојата прекрасна баба (неговата сопруга) е баба со која се гордеам. Жена борец ! Ме има научено многу работи во животот. Поминала тежок живот и со тоа научила да цени се` што и пружил животот. Бабата со најхраброто срце која ми има предадено многу лекции во животот. Составен дел од мене е. :)

    Другиот дедо, од страната на татко ми почина годинава. Живеевме заедно. Тој и баба на долниот, а ние на горниот кат од куќата. Сеуште ми фали и помислувам дека кога ќе слезам долу ќе го затекнам како седи на масата и го чита дневниот весник, шетајќи со лупата и мачејќи се да прочита... но таа илузија трае за миг и се враќам во реалноста. Знаеше да почитува, цени и не беше воопшто скржав, го даваше и последното. Но беше многу тврдоглав и сите во фамилијата ми велат дека од него сум го наследила тој инает. :lol: Ми навираат спомени почнувајќи од долгите студени зими и неговиот планински чај кој го правеше на посебен начин...ќе ми недостига во оваа долга и студена зима, која знам дека за мене ќе биде многу постудена од сите други.... :(

    Мојата бабичка со која скоро секој ден пиеме какао е многу весела жена. :) Често ја мешаат со нејзината сестра близначка, а и мене ми се многу интересни. Исто одат, истите движења, ликот речиси ист... како на копир - секогаш се смеам кога ги гледам. :D
    Секогаш знае да ме посоветува, а јас советот го претварам во шега. :D
     
  11. CupCake

    CupCake Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    165
    Немам дедо,почина пред неколку години.Беше многу добар човек и секогаш даваше по некој денар,никогаш ми немаше повишено тон,си ја гледаше неговата работа и не се мешаше во туѓи животи.:)
    Али баба ми,да е здрава и жива,Џеврие2.Само да слушне нешто,да види,да искоментира,да се побуни..Мисли дека она се знае и не сфаќа дека поминало тоа време кога она била млада и работите биле подруги.Што е најтрагично живееме во ист двор и морам да ја слушам по цели денови.Али ајде,си викам стара жена,остај ја.. И..трачарка невидена.
    Не знам каде се нашле со дедо ми,два различни света.
     
  12. Pink.Princess

    Pink.Princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2010
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Женски
    Моите баби и дедовци сите се зиви и многу си ги сакам.Повеке ги сакам баба ми и дедо ми од страната на мајка ми,но неможам да кажам дека родителите на тато не ги сакам но сепак овие ми се помили.
    Со мајка и на мама сум многу по поврзана отколку со другата баба.Порано (пред 3г.)скоро секоја недела одев кај нејзе(живееме во различни градови.они живеат во Скопје ) а не пропуштав да отидам за секој зимски и летен распуст цело време го поминував кај нејзе исто е и сега.Со таа баба живее и братучетка ми братучед ми и нивните родители и со братучетка ми сме на иста возраст па сме многу поврзани може да се каже дека ми е како сестра.Секој ден се слушаме по телефон и си раскажуваме како ни поминал денот што ке правиме во иднина и триста глупости понекогаш само го дрзам телефонот и кутам и и исто и она и по 2 минути така без зборуванје затвараме слушалка хаха.Оваа баба не се секавам некокогаш да ми дала пари за роденден или онака кога одам на гости(што не ни ни ми е потребно) но затоа секогаш нешто ми купува.Пола алишта ми се од нејзе исто така може да се каже и за обувки.Кога ке отидам на гости не пропуштам со нејзе да отидам во град да видам што има по продавници кај има попуст па може и да си купам нешто или она да ми купи хах :D .Секогаш не шета.Ние сме четири внуци и кај и да одиме или не носи сите или само малите(сестра ми и братучед ми) или само јас и братучетка ми и сите и се чудат како може да оди со толку деца хах :D СУПЕР БАБИЧКА.Не носи кај роднините во другите градови не носи по одмори и многу добро не пази и чува.Многу многу многу многу ја сакам :$ :inlove: .Кога ќе отидеме со сетра ми кај баба (она е 7 години) и таму уште братучетка ми и братучед ми (5 години) косата и се крева хахах ја спобудалуваме ко ќе почне да вика цела улица ја собира хаха :hai: .Дедо ми и сто така е многу добар човек.Како мала паметам секогаш не шеташе ни купуваше бомбони,си игравме со него,ни раскажуваше кога бил во војска,ни поправал точаци триста чуда и сега секогаш кога ке отидам на гости секогаш има многу бомбони и помини замини земи си едно хах :D .
    Другите баба и дедо живеат во Куамново таму ми се и повекето роднини.Па кај нив одам само за зимски и летен распуст и обавезно со цело семејство се собираме за Божиќ и Велигден кај нив(ние,тета,чичо).Таму немам другарарки и многу ми е круво поради тоа и може затоа не ми е интересно кога ке отидам таму а немам ни братучеди на моја возраст сите се помали од мене.Мислам има едни ама со нив не сум толку поврзана и живеат многу далеку од баба ми па многу ретко се гледам со нив може да се каже еднаш годишно или еднаш на 2 години што е многу ретко.Таа баба е многу добра прави убави јадења и никогаш не ми вика дека мора цел тањир да го изедам обично кога сум на гости прави за ручек јас што сакам.Дедо ми не викам дека не е добар,добар е но сепак секогаш кога ке отидам се караме за нешто се по негово сака да биде и се што ке каже мора да биде така и нонстоп се караме.Но сепак си го сакам ;) .И многу ме нервираат што не сакаат да доагаме заедно со сестра ми.ЗОШТО? Затоа што ние секоја минута се караме и се акачаме се бориме хаха и на нив тоа не им се свигало.А другата баба како не чува 4 внуци и сегдде не носи.Ама тоа е тоа.
    ЕПа малку се занесов со пишувањето ама јас да си го кажам моето. :D
    Многу си ги сакам баба и дедо :D
     
  13. Anggie

    Anggie Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    36
    И мене ми се живи бабите и дедовците :D Најмногу си го сакам дедо ми од на таткоми страната премногу е добар секогаш гледа ми угоде ама знам и да го изнервирам и бабами од на мајками страната и таа е многу добра, ептен мила жена измачена од здраствените проблеми и глупостите на дедоми, обожавам да правам муабет со неа за детството на мајками и на тетките, а посебно како мама се запознала со тато па се до свадбата (го имам тоа слушано милион пати) :D .. Ги обожавам.. Бабами од на тато страната ме нервира многу, уште како мала не се мирисам многу сонеа, нонстоп се караме и не ја сакам и кога ке помислам што се проблеми и правела на мајками, а сеа се луте зошто сме се понашале така лошо, а дедоми сме го носеле во рацете :^) :envy: .... Дедоми од на мама страната не го гледам многу ама е многу интересен тип, ладен туш и ми служи само за шалење премногу го зезам (зависи до неговото расположение) :D ...
     
  14. Night.Star

    Night.Star Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    278
    Допаѓања:
    117
    Моите баба и дедо се најдобрите луѓе што ги знам. Секогаш ми помагаат за се и сешто и секоја недела ме викаат на неверојатен ручек :) Прекрасни се и многу ги сакам :l:
     
  15. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.711
    Допаѓања:
    150.494
    Прекрасни се и од обете страни...потсетувам на едната баба во карактерот,а физички личам на другата,како да не сум дете на моите,туку нејзино.
    Немам зборови што ќе ги опишат нив и ќе им покажат колку сум им благодарна.Да не биле тие,немало да бидам ни јас,а вечно ќе бидам фасцинирана од нивните животни приказни.
    Да не должам,тешко ми е што првиот танц на мојата свадба кој му го ветив на дедо ми пред да ме даде на избраникот никогаш нема да се оствари...деде го нема повеќе.Жал ми е и што...нема да биде на сликата на која ќе ја држам дипломата во рака,а толку се надеваше дека ќе дочека и магистер да станам.Само наука...и никогаш нема да сфатам зошто ме држеше за рака и плачеше со извини сине,извини...никогаш таа грутка нема да си ја проголтам.

    Немав дедо како од приказните.Со бела,ама густа коса,постојано во интересно прошаран елек,со бела кошула под него,ама имав сто пати подобар!
    Бабчињата ми се опасни,едната опасно меси,а другата се нешто не и чини,мајтап терам со неа.А другиот дедо е опасен инаетчија кој до скоро,пред да се разболе правеше невозможни работи за човек на негови години,како на пример се качуваше на кров на куќа,возеше велосипед,а сега...го маваат бубачиките и се смета за главен и одговорен уредник за сите туршии,ајвари и слични глупости. :D
     
    На la-chicka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.513
    Едниот дедо починал уште кога татко ми имал две години, баба ми почина кога јас имав осум...Таа баба малку ја пампам и ме нема баш чувано.
    Но баба ми и дедо од на мајка ми страната пак ми беа втори родители ( ако не и први =)...Кај нив одев градинка и забавиште, во градот каде сега живее баба ми.. И сите летни и зимски распусти јас ги поминував таму. Дедо ми за жал почина пред 5 години...и никогаш нема да го преболам. Тој беше оној кој кога сите на мене врескаа, застануваше на моја страна. Тој скришно ми даваше пари, ме криеше дека пушам цигари =), ми беше едноставно речено најдобар пријател, и многу благороден човек, нема човек за него нешто лошо да каже... Баба ми пак да ми ја поживее господ, 80 и кусур години има а како 50 да е... Спие по 5 часа, од сабајле до вечер работи по дома, незнам од каде и таа енергија. Многу педантна жена е, редовно си оди на фризер и внимава како е облечена. Кога бев мала знаеше да ме исплеска убаво :) по што веднаш се жалев кај дедо ми...
    Ах неможам ни да се присетам на него а да не заплачам ;(
     
  17. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.223
    Баба ми што многу ја сакам е почината веќе долго време, имав 3 и пол години, му беше мајка на тато и многу ме сакала, се ми купувала! Дедо ми е сеуште жив и не личи за своите 80 години што ги има, изгледа како да има 60. Ама искрено, не е многу добар човек, барем не за мене и брат ми, не живее со нас, со чичко ми живее и за свои ги смета само другите внуци што се од чичко ми, иако на збор вели дека не сака исто, не е така. Откако татко ми си замина, мислев ќе имаме поголема подршка од него ама... Не е така! Пак не иди ни да праша како сме и дали ни треба нешто. Вистината е дека ние никогаш нема да страдаме за ништо во животот освен за присуството на татко ми, но подршката од блиските е многу битна во вакви моменти.
    За баба ми и дедо ми по мајка ми, ништо посебно. Дедо ми почина летово и живееше сам беше алкохоличар. Мајка ми многу години не зборуваше со него. Но како дедо не сакаше мене и брат ми, посебно брат ми. Не се гледавме со него многу, само случајно ако се сретнеме, а како мали таму седевме многу со брат ми, додека тој сеуште живееше со баба ми.
    Баба ми е секогаш тука, иди да не види кога сме тука, сега ни живее вкомшии па блиску ни е. Интересна женичка е, не знам кога последен пат ми купила што и да е! Знам еднаш ми донесе банани кога бев болна :!:
     
  18. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    781
    Баба ми и дедо ми од страна на татко ми живеат со нас. Пораснав со нив и навистина многу ги сакам. Со нив разговарав на теми на кои со родителите никогаш не би ги ни спомнала (посебно со баба ми) бидејки секогаш беа полни со разбирање и советите ги даваа не еден многу забавен начин. Сега ретко седам со нив бидејки и двајцата веке болестите ги надвладуваат и навистина кога ќе помислам дека во секој момент може да заминат од светов ми паѓа многу жал. На дедо ми од страна на мајка ми не се сеќавам бидејки кога тој починал сум била мала додека со баба ми не сум многу блиска и не чувствувам голема приврзаност кон неа бидејки ретко ја гледам.
     
  19. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    666
    Дедо ми пред некое време почина и уште ми е тешко. Супер човек, знаеше течно да збори германски, ја знаеше историјата на Македонија напамет, од 7 години со мене шах играше, даваше пари ама не беше тоа најбитно...

    Баба ми -патолошка хигиеничарка и антисоцијално суштество.

    Од на мајка ми страната, баба ми е право мушко, џапа ракија 100 на саат, додека дедо ми е по мек и мил.

    Абе сите ги сакам. :inlove:
     
  20. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    126
    Ме исчувале баба и дедо од на татко ми страната, па и логички нив си ги сакам малку повеќе. Дедо ми е сеуште жив, а баба ми за жал е почината пред 10 години. Од на мајка ми страната исто така си ги сакам баба и дедо и двајцата се живи, но дека поретко се гледаме, а и дека повеќе сме биле со овие од а татко ми страната, затоа сме со нив малку поблиски. Сакам уште долго да поживеат сите тројца и ги сакам :)