1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вашите баба и дедо

Дискусија во 'Дете' започната од angie, 4 октомври 2010.

  1. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    651
    Пол:
    Женски
    Пораснав во семејство во кое бевме само со родителите. Двајцата дедовци починале кога сум била мала, малку се сеќавам на нив , исто и едната баба од страната на татко ми. Се сеќавам дека ни даваше бонбони со пчелка на хартивчето. Имам жива баба од мајка ми, ама можам да кажам дека ја гледам еднаш годишно. Како помали распустите ги поминувавме кај неа, ни плетеше чорапи и џемперчиња. Знае да направи совршена пита и гравче како што никој не знае. Да ја поживее господ уште многу години. :)
     
  2. Marence.D

    Marence.D Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2010
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    16
    Личности кои многу ги сакам и ги почитувам. Имам дедо по татко ми, и баба и дедо по мајка ми.
    Баба ми по татко ми почина пред 2 години. Сеуште ми недостасува :/ Кога ќе помислам на неа, ми се плаче. Многу ја сакав..ќе ја паметам секогаш... Како и сите баби, беше "досадна" со "Марија, слаба си, јади повеќе" или "Марија, бледа си ми..." ... беше многу добра, кога бев малечка секогаш одев кај неа и ми раскажуваше приказни. Секогаш ми викаше со брат ми да не сме подолу од другите, да завршиме факултет и да се гордее со нас, и таа и дедо ми. Тоа и ќе го направам. Да се гордее :)

    Дедо ми е посебна приказна. Премногу добар, трпелив... Дедо како дедо, секако. Кога бев помала со него учев, со него учев песнички, правев дедо снешко, се санкав.. Ме чуваше кога не беа мајка ми и татко ми дома :) :) секогаш кога ќе појдам кај него, "Банди" (Банџи :D ) чоколатче ме чека...

    Е сега нешто и за баба и дедо по мајка ми :D ее тие се комедијааа... Во еден момент се караат, во друг се сакаат :D Ги обожавам :) и баба ми како и другата баба, бледа си, јади... А дедо ми АМАН БРЕ ОСТАВИ ЈА :) ии пак карањее... Само за филм се! :)

    ПРЕМНОГУ ГУ САКАМ! Несакам да ги изгубам никогаш... :(
     
  3. EffyPink

    EffyPink Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    12
    Кај мене сите се живи.. Иако живеам со мајката и таткото на татко ми ич не ги поднесувам.. Мислам дека нема дволичен човек како дедо ми.. Уф.. Баба ми да може тајни камери ќе постави од што сака се да знае.. Другите баба и дедо од страна на мајка ми живеат у странство.. И сум била неколку пати кај нив.. Дедо ми си е посебен вид на човек.. не се меша во ничија работа, и не прави празни муабети.. Баба ми е срцка.. Секогаш ми праќа пари за облека.. сака да сум дотерана :lol: ја памтам по преубавите парфеми што ги користи.
     
  4. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    Јас имам уште една баба од страна на мајка ми. Супер бабичка е. Постојано нешто прави, трча, плете, шие а може да кажам дека има страшно истенчен вкус за мода.Верувале или не постојано е по излози на бутици и со неа муабет за мода можиме да правиме до утре. :) Другите ги изгубив одамна ама ги паметам по приказните на едниот дедо и она кукло моја на другиот. Другата баба пак беше принудена деноноќно да ги слуша моите концерти..а пеам глава боли :lol: Срцки беа сите..ми недостигаат многу..
     
  5. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    1.719
    Допаѓања:
    7.085
    Баба и дедо (од страната на мајка ми) се најсовршениот пар што го познавам! Срцки се, баш пред недела дена славеа златна свадба. Баба ми е доста модерна жена за нејзини години, слодобно зборувам со неа за дечковци, излегувања. Ми раскажува за младоста, за животот со дедо ми во тоа време, ме советува. Можам да кажам и дека на моменти се чувствувам дека поблиска сум со неа отколку со мајка ми.
    Дедо ми е фраер од неговото време, до ден денес го задржал шармот кој го имал. На времето вртел многу девојки поради што баба ми сеуште го зеза :) После толку време меѓу нив се препознаваат искри. Не можат ни еден викенд одвоени.
    Ме обожаваат, и јас нив и не сакам да помислам дека еден ден ке ги нема. Се надевам дека ке ги доживеат со мене најсреќните и најважни моменти од мојот живот :)
     
  6. Unpredictable

    Unpredictable Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2010
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    5
    Баба ми и дедо ми од страната на мајка ми се најдобрите личности што ги знам. Додека бев мала живееја во зграда веднаш до нас и буквално пораснав со нив. Баба ми е срцка :D секогаш гледа да помогне на сите, да ги исполни желбите на сите, но многу малку знаат да го ценат тоа :^) додека живееја во зградата до мојата секојдневно бев кај нив- таа неможеше да издржи без мене :D ми ги подготвуваше омилените јадења, ми даваше пари; за роденден, нова година, божиќ никогаш нема заборавено подарок да ми купи итн. Дедо ми,пак е многу инатлив човек и мислам дека и јас го имам неговиот карактер :lol: но сепак е и многу многу фин.Кога бев мала секојдневно ме шеташе низ маало, ми купуваше сладолед, чоколади и кога ќе заборавеше да ми купи знаев сама да си побарам :angel: . Тие двајцата многу ме разгалуваа и многу ми е жал што денес се преселија во куќа која е далеку од мојата зграда :( .Сеуште редовно им одам во посета секој викенд или преку неделата ако имам време, а сега за распустот обавезно ќе ги посетам и ќе си поседам 2-3 дена :rofl: .Баба ми и дедо ми од страната на татко ми живеат на село и се многу поразлична приказна од другите двајца. Баба ми е едно суштество кое обожава да ме нервира. Секогаш ме споредува со мојата помала братучетка која за неа претставува совршена внука и ми вели дека сум многу мрзелива додека братучетка ми помагала за се и сешто дома :@ страшно ме иритира...Никогаш не се однесува пријателски спрема мене, секогаш е лошо настроена и се нервирам дури од самата помисла на тоа да одам за викенд во село :@ . Дедо ми е фин човек, никогаш ме нема искарано и многу повеќе ме сака од баба ми бидејќи сум му најголема внука и практично миленичка :rofl: . Знае да почне да се кара со баба ми за она што таа ми го префрла па затоа и јас си го сакам многу, но одбивам да одам во село заради неа и затоа не го гледам често. Би сакала да биде поблиску до мене бидејќи навистина е супер.
     
  7. chica.bomb

    chica.bomb Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    37
    Личности кои ги обожавам!!!!
    Живи се ( ФАЛА БОГУ!) и од страната на мама и тато :)
    Како прво, НИКОГАШ АМА БАШ НИКОГАШ не сум им побарала ПАРИ!
    Сметам дека тоа е само нивно злоупотребување, во смисла : еј баба земала пензија, ќе идам да ја видам.
    Некогаш ме нервираат ( облечи се, ладно е, ќе настинеш, РЕУМА ау), и не ги слушам, но дете сум, зар не?
    Секогаш ме бранеле кога моите ме карале... ( и за тоа им сум ВЕЧНО благодарна :D )
    Малце ми се смешни со тоа телефоните, MaxTv, па кај да стиснам, како да пратам порака... -.- Сироти луѓе, такво е времето, не се тие виновни.
    Дедо ми го владее мојот стар ПЦ. хаха, игра карти, се забавува, пополнува време...
    Понекогаш досадни, но во секој случај интересни :)
    Едноставно тоа се луѓе со кои сте поврзани, со кои живеете, кои се дел од Вашиот живот, и кои ги сакате!
     
    На SexyLady му/ѝ се допаѓа ова.
  8. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.370
    Допаѓања:
    5.313
    ке зборувам за баба ми и дедо ми од страна на татко ми. оние од страна на мајка ми се невидени олоши имам лошо искуство и после разводот на мојте родители нив ги немам видено значи едно 15 години и многу сум среќна поради тоа. и така воопшто и паметам не не сакале.
    сега за моите два ангели баба и дедо од страна на тато. во главчето ми навира слика на лето секое лето бев на село, живеев за тие моменти... баба искрена жена која уште е жива си ја сакам како мајка затоа што во животот таа ме научи на вредноста и почитувањето. ги сакам моментите кога одам и ми раскажува за нејзината младост, ме навраќа на приказните и љубовта што ја имале со дедо. се топам во тие приказни секогаш и кажувам дека неизмерно ја сакам. од нејзините плави очи секогаш бликало насмевка, искреност, грижа и посветеност. како најмала внука секогаш кажува дека ме сака најмногу, секогаш за мене најмногу се грижи. премногу си ја сакам офффффф ме разнежнивте
    дедо ;( дедо беше европски човек, немаше кој не го знае памук човек, малку строг ама од што мораше сиротиот тој дете ако не го скараш не бива. почесто доаѓаше кај нас затоа што имаше работа во скопје. никогаш не ни ги забораваа родендените секогаш ни даваа и премногу затоа што и како земјоделци заработуваа. го паметам дедо само по убави работи. животот го даде за нас. почина пред 2 години беше болен до последен ден бев со него несакав да пропуштам ни еден миг а да не ги допримам сите добронамерни совети. на постела ме тераше да му пеам песни и да уживам во животот, ми викаше не плачи пеј и уживај во животот ;( ;( го лечевме дававме се од себе да поживее уште малку затоа што сите се прашувавме што без него. едно нешто што научив од нив е што значи љубов до последно не престанаа да се гушкаат и бакнуваат со баба ми. Ја викаше баба ми дојди злато да те бакнам а најмногу сакаше пред смрта да му пеам една песна идеше некако вака
    гледај ме гледај ах мило либе,
    гледај ме гледај нагледај се
    денес сум тука утре ме нема.....
    ајде се расплакав доста пишувам само ќе кажам за крај дека се луѓе од кој научив многу и сакам само бар малку и јас да ја осетам таа бескрајна љубов ВЕ САКАМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДЕТЕ ВО МОЕТО СРЦЕ
     
  9. Biggie

    Biggie Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2011
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    62
    Јас ја немав таа можност да живеам со баба и со дедо. На татко ми мајка му и татко му, починале кога бил 18 и 20 години. На мајка ми татко и починал кога таа била 15 година, па така немав можност ниту да ги запознаам.

    Баба ми (на мајка ми-мајка) почина точно пред една година. Неа многу ја сакав и почитував. Мислам дека јас бев најблиска со неа од сите четири внуци. Честопати знаевме да седнеме или тоа најчесто го правевме кога ќе си легневме .. кога доаѓаше кај нас на спиење постојано спиевме заедно, и ми раскажуваше за деновите кога таа била дете. Тие приказни многу ги сакав и ги слушав по кој знае кој пат и не ми беа здодевни. Раскажуваше со среќа и милост во очите, со блага и нежна насвмевка на која и се восхитував секој пат кога ќе ја видам. Беше мила и добра жена и верувајте, воопшто не помислуваше да напакости некому, а не пак да го направи тоа. На сите им помагаше колку што можеше и до последниот здив се грижеше за нас.

    Кога ќе се потсетам на неа ми навираат солзи на очите. Еве и сега додека го пишувам ова. Ми се стега срцето и ми трепери телото. Ја сакав толку многу .. најмногу. Би дала се за уште еднаш да ја видам како слугува од таксито пред зградата, како ме погледнува, како се насмевнува .. Тие долги вечери кои ги правеше толку кратки истовремено. Би дала се за уште еден ден со неа. Само уште еден ..

    Многупати слушам некои деца, особено овие во маалото, како им цркаат на своите сопствени баби и ги навредуаваат, а тие само доаѓаат да ги викнат на топол ручек и потоа со наведната глава се враќаат сами. Тогаш пак, можеме ли да замислиме што би му направиле на еден безпомошен и непознат старец на улица? Уште еден пример за дел од културата на денешната малдина. Но да се вратиме на темата ..

    Размислувам деко можеби толку ја сакав баба ми затоа што ми беше само таа и не живеевме заедно. Дека ако сме живееле заедно секој ден, можеби би било поинаку. Но не. Неа ја сакав повеќе од се. Па што и да било никогаш немало да и се обратам на мојата баба со повишен тон или да ја навредам. Многу ми недостига ..
     
  10. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.087
    Пол:
    Женски
    Немам трауми, не се сеќирај.Едниствено во последно време ми паѓа на ум дека баба ми се шекнала заради дедо.Ја тепаше и на стари години, несакам ни да помислам во каков прекол ја живеела младоста.Па и сега којзнае каква е ситуацијата, дали тој се грижи за неа, неподвижна е и сомнително болна :^) Сомнително што тука подразбирам ? Е па жената обожава да е drama queen на соседите им зборува како мајка ми е лоша жена, дека не се интересирала за нив, дека на тато не му давала да им помага ни со храна.И обожава да ја сожалуваат.Веројатно и нема друга работа.Седам јас во аголот на собата а таа не ме ни гледа, тато им носи колбаси.Дедо гледа дека нема леб, оди во продавница.Баба ми инаку глува ...и неподвижна наслушува дали заминал, трча до кујната ја загрева тавата и ги јади.Дедо се враќа а оваа се прави на тошо :?: Кај се колбасите прашува ? -Ааа колбаси беа тие , ами ја ги врлив |( Пред тоа ја праша дали е гладна,божем со месеци не јадела, барем ние така гледаме.Само и само да има повод да ја водат на лекар.Се жали на болки од жолчката, која ја нема повеќе од 15 години.И така.

    Навратив на темата, затоа што предмалку разговарав со еден учтив господин, за неговите баба и дедо и тој храбар партизан и таа храбра партизанка.Е баш која храброст, и ги ставале нозете во вреќа со здивена мачка која ја удирале, а таа разлутена ја драскала и и ги корнела ноктите од стапалата.Борбена до крај цела тортура ја преживеала, ја спасил дедото кој бил наместен од непријателот и си ги убил сопствените браќа.Бабичката моментално има некои 90 години и е сеуште жива.Двете нозе и се одамна ампултирани.Дедото починал на 60 , долго време живеел со едно белодробно крило, другото му било извадено, заради бомба кој единствено тој ја преживеал :)
     
  11. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    никогаш не живеев со баба или дедо и мислам дека не ми недостига тоа можеби затоа што незнам како изгледа тоа...

    дедо и баба од тато: дедо почина кога имав 4 години но чудно се сеќавам на неколку случки од ден денес а најмногу на неговиот погреб се чудам како можам да го памтам тоа толку мала но ете... баба жива била незнам , не сум ја видела со години не ни сакам да ја видам а претпоставувам ни она мене зошто минимум 10,години ми се нема јавено... и не памтам некоја љубов од неа не ми значи ништо...

    дедо и баба од мама. дедо е починат но се сеќавам мн добро на него поголема бев кога почина такво прекрасно суштество нема на планетава веќе, ми недостига многу неговата насмевка , боже од кога не сум помислила на него уф се расплакав ...

    баба жива здрава забавна до бесвест :D си ја сакам многу и секогаш била тука за нас макар што не живееме во ист град срце е ептен ...
     
  12. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    ех тоа беа времиња...

    татко ми е единец-на мајка и на татко едно дете, разгалено, размазено.
    со нас дома живееја мајка му на татко ми и таткото на татко ми-баба ми со која израснав,која ми беше на некој начин втора мајка и дедо ми кој беше терсене карактер(боледуваше од артерио склероза) и во младоста многу си сакал да си потпивне-баба супер дедо за нигде никаде,кавги дома абе пекол.

    и така баба ми се разболе од рак на белите дробови(никогаш во живот цигара не запалила) , се мачеше таа, се мачевме и ние, што не пробавме, наместо да и се продолжи животот , и се продолжи маката кутричка(немаше коса на главата од цитостатиците), а со дедо ми расправии, караници, ужас.

    од страна на мајка ми мајката и татко и-моите втори баба и дедо ги гледав неколку пати во неколку години, оти не живееа во ист град(најчесто за поводи) и така баба ми отиде на испитувања и за 3 недели се врати во мртовечки сандак, а знам дека никогаш не не сакале ниту мене ниту брат ми, секогаш не третираа како последни г*****а бидејки сме од Скопје, а другите братучеди од тој град беа златциња на баба. Дедо ми повеке го сакав,оти не беше себичен ко баба ми-не дозволуваше за некои работи таа да го командува,помина време и не можеше да издржи и почна да живее со друга жена.

    Имаше се и сешто, и кавги и расправии околу тоа, ужас, здравјето му се влоши лежеше во болница-му стана подобро па за кратко време многу ослабна (30кг)кога го видов летоска беше ок, ама не за долго, и така после 5 месеци и тој почина, буквално седнат на столче(мозочен удар, и на место).

    И така јас веке немам ниту баба и дедо од двете страни, а најмногу ми недостигаат мајка му на татко ми, и таткото на мајка ми.
     
  13. klaudija90

    klaudija90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    18
    Моите баба и дедо по мајка ми се живи, но мајка ми почина. Ги сакам многу бидејќи ме потсекаат на мојата мајка, предобри се и двајцата, бидејќи сме 4 внуки имаме се` што ќе посакаме и навистина ги почитувам и сакам... Она што не се враќа, не се враќа ...
    А другите баба и дедо по татко ми се починати, го носам името на мојата баба, премногу бев приврзана со неа,и ми недостига многу, многу, дедо ми го немам никогаш запознато, бидејќи починал кога јас сум се родила.
    Треба да се сакаат и почитуваат бабите и дедовците, сепак во сите фамиилии е различно и различни се односите секаде, но колку години и да се, тие ја осеќат потребата во староста од нас младите, сепак заслужуваат да бидат сакани :)
     
  14. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    Таткото на тато го знам само така како во сон, мала бев кога почина и немам што да кажам за него. Мајка му пак не ја ни гледам често а куќа до куќа сме. Жената некако не се грижела многу ни за децата а камо ли сега на внуците да им обраќа внимание. Таткото на мајка ми не го помни ни таа а камо ли јас. Тој починал кога мајка ми била 2 години, па така и за него нема што да кажам. Е само мајката на мајка ми си ја сакам најмногу. Кога бев мала цело лето го минував на село. Постојано бев со неа и таа секаде ме водеше. Со стари баби седев а таа многу ме фалеше колку послушна и добра внукичка имала (не дека сум била таква ама сепак внука сум и како нема да ме фали) хихих. Сега не сум толку приврзана со неа ама одам барем еднаш во неделата ја посетувам. Си ја сакам бабичка
     
  15. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.424
    Па вака, јас сум одгледана од баба и деодо (од страна на мајка ми) и просто ги обожавам. Дедо ми пред три години почина и тоа беше најголемата болка за мене. многу тешко го поднесов тоа и никогаш нема да го проболам, а и ден денес кога ќе се сетам на него ми е многу тешко и плачам бидејќи тој беше мојата најголема поддршка а јас негова најмала и најомилена внука. многу ми е тешко кога ќе отидам кај баба а тој не е таму за да ме гушне :( :( :'( :'( Но и баба ми ја сакам премногу, го носам нејзиното име, сите велат дека и по карактер сум цела на нејзе. Таа ме чуваше и како што спомнав со дедо ми ми беа најголемата поддршка.
    Додека за баба ми и дедо ми (од страна на татко ми) не можам да го кажам истото. Тие живеат во друг град и се гледаме многу ретко. Секогаш се поладни со нас (со мене и сестра ми) додека со другите внуци не се забележува тој ладен однос. па искрено и јас не ги сакам многу, а и не ги почитувам многу, бидејќи не го заслужиле тоа. Секогаш кај нив постои поделба помеѓу внуците.
     
  16. Lucky88

    Lucky88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    14
    Баба и дедо од страна на татко ми, од кога памтам за себе живеат со нас, добро сега е само баба, дедо почина пред 5 години. Дедоми го сакав многу, исто и бабами но таа е построга и скоро секогаш прави поделба меѓу внуците, така што секогаш децата на моите тетки се светци а нас мајка ни не не воспитала како што треба...ја сакам не дека не, но не можам да ја сакам како другата баба, значи мајката на мајка ми. таа е душа човек, таа ги израснала сама мајка ми и тетка ми, додека таткото на мајка ми ја оставил баба ми кога мајка ми имала само 1 година и отишол да живее со неговата љубовница оставајќи ја баба ми сама на 26 години со две деца. Не се ни интересирал за своите ќерки, баба ми сакала да се врати кај своите и ќерките да ги земе со себе, имала подршка од своите и нејзините браќа и рекле дека тие ќе и помогнат да ги израсне децата. Но, свекорот и свекрвата и рекле на баба ми дека она може да се врати но децата нема да може да ги земе, и дека ако она отиде, мајка ми и тетка ми ќе ги носеле во дом за сираци. Така да баба ми не можела да замисли да ги остави ќерките и никогаш не се ни премажила и го жртвувала животот за мајка ми и тетка ми, а имала само 26 год. Значи само заради тоа заслужува почит и љубов, а тоа што е најмилата и најдобрата личност што ја знам е само уште еден голем плус... :)

    П.С.: За таткото на мајка ми не сакам ни да слушнам, ми рекоа дека бил тешко болен, но ако тој никогаш не се интересирал за мајка ми, тетка ми, мене и другите негови внуци, зошто тогаш мене би ме интересирало за него...
     
    На The-Queen му/ѝ се допаѓа ова.
  17. IndieGirl

    IndieGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    707
    имам само уште една баба , останатите се сите починати ;(
    многу ги сакам сите , иако пола не се тука со мене .. А со баба ми се трудам да се гледаме што е можно почесто . Многу ја сакам, многу!
     
  18. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.551
    Сосема се пронајдов во постов, и мојот однос е ист. Од страна на мајка ми, дедо ми почина кога имав 12 години, тоа беше најтешката загуба во мојот живот. Се` уште не можам да отидам на гробишта без да се разлипам како мало дете. Премногу го сакав, премногу ме сакаше, дури повеќе од татко ми. Како мала по цели денови бев со него, беше најважниот маж во мојот живот. Уште никој му го нема земено тоа место.

    Баба ми денес наполни 70 години. Супер бабичка е, секој ден ја гледам и мило ми е што е толку здрава и полна со елан, дури и на таа возраст. Од страна на татко ми, немам никаков контакт, ни со баба ни со дедо, а ни со татко ми. Не знам зошто, ама не ми ни лежеше ним да им се обраќам со „баба“ и „дедо“.
     
    На The-Queen му/ѝ се допаѓа ова.
  19. decko

    decko Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2010
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    59
    Од баби и дедовци, само 2 се живи, на некој начин. Дедо по татко ми, и баба по мајка ми.

    Баба ми од таткова страна почина пред 11 години, така речи во сон.
    Со нив живеевме од ноември до мај, останатото време беа на село, само преку зима и на пролет доаѓаа во град. Баба ми многу си ја сакав. Секогаш и помагав ко ќе одевме на село. Ко умре, од шо не можев да се соземам, не отидов ни на погреб. Жалам за тоа.
    Дедо ми бил партизан, така да секогаш е скоцкан, дури и на негови 86 години. И здрав е ко дрен (освен шо не гледа и не слуша). Притисокот му е подобар од мојот :D .
    Има 8 внуци, од кои 6 сме машки (јас најмал), и сите сме мажиња за него. Сите толкави суртуци, тој уште мажиња не вика. :)
    И вечита борба е ко ќе треба да му побарам пари. Змија во џебот има, и тешко се убедува да даде некој денар :D

    Од кај мајка ми, дедо ми не сум го запознал, пошто почина 2 години пред да се родам, од мозочен удар, дури бил на работа. Млад бил, 55-56 години.
    Баба ми е душа чоек. Подобра женичка од неа нема. Како помал, секој ден одев со мајка ми кај неа, пошто мајка ми е многу приврзана со неа. И цело време со неа си играв, ми кажуваше приказни и шо уште не.
    Пребродила многу во животот. Од мала се бори со детска парализа, и едната нога и е фатена. Баш таа нога 3 пати ја има скршено, па заради тоа беше закована за кревет. Пред 7-8 години, успешно беше оперирана од тумор на мозокот. Потоа стана и склеротична, и денес така речи вегетира, живурка в кревет.
    Чудна работа, секогаш кога ќе одам да ја видам, ме препознава. Други луѓе не препознава, само мене.
    Едвај чекам да ја видам. Уште 10-тина дена. :)

    На кратко, си ги сакам. И ми фалат :)
     
  20. white.kitten

    white.kitten Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    76
    Јас живеам заедно со родителите на татко ми а пак другите баба и дедо не живеат со нас ама затоа ги посетуваме секоја недела. Сите мои баби и дедовци се предобри секогаш во се ми помагаат ми угодуваат и ме бранат.. Еве во кратки црти за секој од нив:
    Мајката на татко ми : Таа е жена која што ми е како втора мајка и која постојано се грижи за мене заедно со дедо кога мама и тато се на работа. Успеа да ми вроди навика за учење и ми помагаше да ги извршам сите обврски, додуша и сега ми помага. Со неа можам за се да зборувам за дечковци, за проблеми и дури за некои работи кои не би можела со мајка ми. Постојано ме советува и секогаш ме брани пред мајка ми и татко ми.. Единствено ме нервира што цело времее ме тера да јадааам :D
    Таткото на татко ми: Исто така и тој се грижи заедно со баба ми за мене. Премногу го сакам иако со него не зборуваме толку многу, зашто не е нешто многу зборлив. Понекогаш ќе заиграме заедно партија шах бидејќи обожава да игра шах и секогаш ми попушта. Исто како баба ми секогаш ме тера да јадам и ќе стане ќе земе од фриждер и ми вика:,,види што сум купил ајде пробај`` и ајде јас ќе земам :D. Тој е всушност како столб на нашето семејство :inlove: Премногуу го сакааам
    Мајката на мајка ми: Преемногу се грижи за мене. Секогаш гледа да јадамм многу, да сум облечена за да не настинам, а не дај боже да паднам тогаш колкава паника ќе дигне дури и ќе почне да плаче . Премногу ја сакам а исто така и таа мене, многу сака кога и седам во крило и кога ме гушка и бацува. Постојано со дедо ми чека да дојде недела за да ме види и да ме изнагушка а заедно со него едвај чекаат да дојде лето за да седам кај нив подолго време.
    Таткото на мајка ми: Исто така и тој е столб на моето семејство. Многу сака да се шегува и заедно со него смислуваме шеги за баба и заедно се смееме. Секогаш умее да најде начин да ме забавува кога сме кај нив заедно си се гушкамее :D Едноставно премногу си ги сакам сите мои баби и дедовци и си ги сметам сите нив за втори родители <3