Мојата баба ја викав маминка, таа ме израсна моите родители се разведија кога имав 2 години бев доделена на мајка ми но мајка ми мораше да работи од утро до мрак, па јас до моите 10 години живеев со моите баба и дедо, баба ми ми беше се во животот ми беше буквално како мајка.Сите добри нешта кои се во мене е буквално од неа, почина пред 3 и пол години од рак на дебелото црево.Нема ден да не ми фали нема ден да не помислам на неа.Таа ми беше и мајка и татко и баба и дедо и све во животот.
Baba mi sto me odgledala pocina pred 5 meseci od rak na matkata i od slog,a dedo mi sto me odgleda pocina pred 4 meseci.Tie se roditeli na mojata majka kojasto pocina pred 7 i pol godini.Baba mi mi bese po vece i od majka ,moite roditeli se razvedeni uste koga sumbila bebe,a majka mi bese zafatene so rabotata.Mnogu si gi sakam bab i dedo i mnogu mi nedostasuvaat,jas ostanav sorace duri koga tie pocinaa,zatoa sto zensko si e zensko,a masko si e masko,tatko mi i vujko mi mene me obvinuvaat zatoa sto bab i dedo pocinale i nemozat da svatat sto sum bila so bab mi i so dedo mi!
Леле па една страна нема да стигне да напишам нешто за нив. Сите викаат имаат добри баба и дедо, ама да не се фалам моиве се најдобри. Имам навика често да наминам во петок после училиште до кај нив бидејки блиску живеат. Одма баба ми почнува Сине сакаш ова да јадеш-ова -или ова(ми тупнува три јадења), и јас ке негирам, по пет минути, а бабе сакаш да ти спржам компири? Лелее. Дедо ми одма ке почне да се распрашува за училиштето како,што. Најинтересна е баба ми кога ке почне со тие нејзини совети: Бабе пази дрога да не ти стават во сокот или пак ништо не земај од никого, кај никого во кола не влегувај. Хаха Штом сум шворц и со празен џеп, баба ми и дедо ми се банката. Секогаш кога ке одам кај нив ми даваат некој денар иако знаат некогаш да речат дека ја чекаат пензијата, пак ке фрлат нешто. Сега многу ми недостигаат затоа што не живеат со нас(порано живееја) и имавме ритуал затоа што спиев со баба ми да ми раскажува разни приказни или да ми раскажува некој настан од нејзиното детство, и сеуште се сеќавам на тие приказни. Ми недостигаат оние прошетки со дедо ми на планина, многу сакаше да пешачи и речиси секој викенд пешачевме на некој рид, ама сека не ми даваат обврските, а и човекот веќе седумдесет години направи. Се‘ на се многу си ги сакам и двајцата, нека ги поживее Господ затоа што без нив не знам како би живеела.
моите баби и дедовци се починати а баш сакам да имам некој од нив покрај мене Баба ми по на мајка ми страната беше мноооогу добра.Ја паметам убаво,се грижеше за мене кога мајка ми ќе ја викнеше да ме причува,ми раскажуваше приказни и разни обичаи,ме успиваше со приспивни песни.Таа има посебно место во моето срце.Баш ми недостига многу иако оддамна ја изгубив
И јас многу си ги сакав моите баба и дедо од страна на татко ми затоа што сум израснала со нив, дедо ми е починат одамна пред 10 год јас имав 8 год ама никогаш нема да го заборавам затоа што мислам дека беше најдобрата личност на цел свет и мн ми е жал што си замина а не го запзнав доволно добро..баба ми исто така е почината пред 4 год исто и таа беше мн важна личност во мојот живот од страна на мајка ми имам баба таа е малку подалеку ама сепак си ја сакам и мн сум поврзана со неа а дедо ми го немам запознаено затоа што починал уште кога мајка ми била дете и немав прилика да го запознаам
Дедо ми по мајка ми не го запознав, починал одамна пред мене. Баба ми по татко ми почина, еве веќе е четврата година ова, ама со неа имам прекрасни спомени. Детството со неа ми помина и многу ја сакав и ја сакам. Дедо ми почина пред 6 недели и него многу го сакав, ми одеше многу по ќефот и ептен се сложувавме. Ми остана уште баба по мајка ми.
Јас моите си ги сакам највеќе.Посебно од страната на татко ми затоа што ми се тука.Се трудам бар 3 пати неделно да идам да ги видам затоа што многу ми фалат.Со нив пораснав,со нив и живеев (поубаво ми беше кај нив а и многу ми попуштаа) едноставно неможам да опишам колку ги сакам Е сега од страната на мајка ми имам само баба,која живее во Русија и кај нејзе одам еднаш годишно.И нејзе многу си ја сакам.А дедо немам починал кога сум била малечка. Имам прекрасни спомени и со бабите и дедовците Многу работи имам научено од нив а и уште учам И дефинитивно се најдобрите бабички и дедо што постојат
Кај мене се живи и тие и тие. Нека си живеат до 101година. Од страната на татко ми, тие не ги ни сметам за баба и дедо. Не ги гледам, не ми недостигаат. Имам многу лоши спомени од нив. Ептен се изнамачивме поради нив. Ама затоа пак, од страната на мајка ми, баба и дедо се единствени. Ептен ги сакам, и често одам кај нив иако не се во мојот град. Секогаш кога ни требало поддршка, добар збор или било што друго, тие се тука. Се грижат за нас, не сакаат, и кога и да можат ни даваат по некој денар мене и на брат ми-а тоа се случува секој пат кога одиме кај нив. Едвај чекам да ги видам утре.
Моите се сите живи и не знам како ќе се справам со смртта на првиот од нив. Ми доаѓаат на површина толку многу спомени. Седењето во скут кај едната баба заедно со другата братучетка. Едната на едното, другата на другото колено. Лепчињата со еурокрем кои ни ги мачкаше и ги јадевме кај Три бисери. Барбиките кои дедо ни ги фрлаше од земја за да не нервира. Деноноќното играње кент со баба и дедо, и знакот кој никогаш не го откривме. Шетањето до фурна по топла лепенка. Викањето комшиии спиеш? со дедо кога спиевме соба карши соба......
Ги читам вашите мислења и солзи ми навираат од очите. Имам 2 баби и 2 дедовци. Живеам под ист кров со бабата и дедото од страна на татко ми. А толку ми е криво... Баба јадна, скришно ни дава по 100 денари, скришно ни ја вклучува водата или струјата кога овој ќе ја изгаси бидејќи голем трошок било, ха. Таа си знае што се не преживеала во заедничкиот живот со дедо ми. А овој, старовремен. Не сваќа, скржав е, сака се по негово да е... Не сум го слушнала татко ми да го нарече тато. Незнам, вајда се скарале нешто и сега... Но како што раснам, така сваќам каков човек е и зошто се тие секојдневни расправии... Срам ми е и страв ми е да прашам нешто за нивното минато. Како се запознале... Другите баба и дедо се навистина срцки. Имам добра комуникација со нив, сакаат да се смеат, да се забавуваат. Ама па криво ми е што не се видуваме ич. Отидам кај нив, од мерак ќе ми даат 500 денари. Не ми е за парите, ама мило ми е што јас сум измамила насмевка кај нив, што нешто ги поттикнало да ме наградат. Тоа е. Не е фер и премногу ми е криво, но само ми остануваат спомените. Кога ништо не разбирав, кога ги криеја проблемите. Спојлер
ах ќе кажам за родителите на мајка ми луѓе изнапатени од животот.. луѓе кои кога ги гледам заедно се прашувам па добро бе ќе имам ли јас некој ваков во староста,значи баба ми е многу разгалена од дедо ми,и верувале или не сеуште така си се понаша женава,си се карам со неа бидејќи за жал сеуште ги има оние сваќања за животот. ама оној факт кога идам кај нив на гости,бабе сакаш ова еве тоа тоа тоа тоа ми вади за јадење,и јас само епа ништо не сакам и тие приказни не иди таму не иди ваму абе жени дедо ми е друга приказна,тој е мојот херој! му се восхитувам на човекот посебен ми е,од него сум разгалена .. бидејќи само јас сум му внука,се друго машки човекот е незнам,жими се банка ми е колку пари ми има дадено понекогаш онака ми паѓа жал,па знам да му кажам,не бе дедо имам,и он само ајде ајде знам дека немаш,јас за кого сум работел цел живот ! и овде е крајот.. нека ми живее човекот уште 101!
Уфф !!! Баба ми мене ме навредува скоро секогаш кога ке одам таму :/ јас не можеф појке и си рекоф уше еднуш ако ми речит нешто ... Не одам кај неа појке ..Нема да ме видит појке ... Неподнесливо е ... Неубо се чустувам во нејзина Куќа таја да ме навредвит ?! уффф за тоа со деној плачеф ... ама се решив не појке ... Веќе не ме интересира другите шо мислат за мене ... да не велм дека не е битно али сепак ... Таа на сите внуци ги сака али само мене ме делит од сите ни сама незнам зошто кога ... сите мислит дека се светци .. се она обратното , а мене ме викат коза ... А она ни ме знајт ни ме познават како шо сака си правит и да не е така ... АМА стара жена е !! (но сепак стара е и по воздрасна требит да се разбират ама таја ... не )
Najmnogo od se gi sakaaam baba mi i dedo mi mi raskazuvat za nivnata mladost duri so koga bef pomala koga ke mi stanese strav ne ja vikaf majkami da legne do mene tuku baba mi i den do denes ako mi zatreba drustvo ja vikam baba mi zosto so ea bas se razbiram .
Најубавите спомени од моето детство се поврзани со баба и дедо. Се сеќавам на мирисот на книгата без корици и со пожолтени страници со приказни од Марко Цепенков, гласот на баба кога ми ги читаше приказните за Дуња Ѓузели, старите карти со кои играв табланет или војна со дедо, мирисот на колбасот завиткан во фолија од чоколадо и печен врз жар во печката на дрва, копривата исушена врз креденецот која баба ја покажуваше ако бевме палави, Македонските народни приказни и Солунските патрдии кои беа на репертоарот секој ден, Баба и Дедо.
Баба ми и дедо ми од мајка ми страната кога бевме мали со сестра ми многу беа лоши и ич не ги сакавме со сестра ми, сега малку се сменија но никогаш нема да ги сакам како што ги сакав од на татко ми страната кои беа најдобрите баба и дедо и многу ми недостигаат бидејќи и двајцата се починати. :'(
Јас немам ни баба ни дедо, но имам многу убави спомени од нив. Најмила од сите ми беше баба од кај татко ми, неговата мајка. Целото детство со неа го поминав. Уште од многу мала кога бев, мајка ми одеше на работа и ме оставаше на баба ми,па ние самите си бевме по цел ден заедно. Но за жал не го запознав нејзиниот сопруг, дедо ми. Тој починал многу одамна на млади години. Понекогаш таа ми зборуваше за него, ми велеше дека многу личел на татко ми. Имам само 2 слики од него.. Баба ми почина кога бев 5то одделение и тоа навистина многу ме погоди. Но тогаш имав и друга баба, мајка на мајка ми. И се трудев повеќе да го поминувам времето со неа иако не живеевме во иста куќа. Таа многу ме заштитуваше. Секогаш мене ме оправдуваше и ми дозволуваше се што сакам да правам. И таа ми беше посебна. Таа умре брзо кога бев 6 одделение. Тој период ми беше најтежок, прво умре баба ми во 5то и после за една година и таа умре. :\ Дедо ми, нејзиниот сопруг, на него одвај се сеќавам умре кога имав 9 години. Тој беше многу добар човек, но многу се лутеше кога бев немирна, тој сакаше само да седам до него и тој да ми раскажува приказни. Тие приказни беа од неовата младост. Понекогаш ми раскажуваше и за предците, за неговите баба и дедо, за војните во тоа време. Не се сеќавам никогаш да ме карале или да ме истепале некогаш, секогаш беа најдобри со мене зашто јас им бев најмала внучка и уште ден денес многу ми фалат.
Родителите на татко ми се прекрасни луѓе, секогаш кога сум имала потреба за било што биле покрај мене, сеуште се живи, но кога не би биле покрај мене би се чувствувала многу празно. А од родителите на мајка ми го знам само дедо ми кој беше премногу смирен и добар човек, и иако не бев доволно блиска со него сепак многу го сакав, а баба ми не ја знам, но од сликите знам дека била преубава жена
Од страната на татко ми-дедо ми почина еден месец по смртта на татко ми.Нити го жалев,нити осеќав нешто,нити пак ме врзуваат некои спомени за него.Никогаш не не викнале на еден ручек а камоли да добиеш бар една чоколада од пензија.А двајцата земаат пензија,ама се дава на другите две братучедки.ќерките на омилениот син Баба ми-не ни заслужува со такво име да ја наречам,е луѓе жена змија.Толку е покварена и полна со сплетки.Ни го уништува животот.Никогаш не не засака.Како да не сме и внуки.Немам добиено никаква љубов од неа ,и затоа не ни осеќам ништо за нејзе.Само ја колнам,ништо повеќе.Кога сме се родиле-а воСкопје сме родени,баба ми на мајка ми,и се јавила телефонски да си честитаат внука,а таа рекла-Не се они мои внуки,таму кај тебе во Скопје се родени Никогаш не не чувала како мали,иако мајка ми 4 години живееле кај нејзе.Денар немаат дадено.Мајка ми работела се,и готвела и ме чувела,оваа нозе у вис.Почина татко ми а она нас не окривуваше.Башка и секаде збори по луѓето.Ние сме го умреле,да му ја земеме колата,куќата....сме се радувале на неговата смрт,ете така ни рече. Ја колнеше мајка ми да ја нема,не размислувајќи дека ги колне сопствените внуки да останат без родители.Ко за беља,татко ми пак е копија на лик на нејзе,кога ја гледам ко него да го гледам,затоа и толку ми се стега срцето Место да не прибере и заедно да жалиме,гледа на секој начин да не уништи...велам Господ гледа ама за нејзе како да не гледа.... Од страната на мајка ми ,да не беа тие,незнам како ќе застаневме на нозе без нивната подршка.Секој ден со нас,не тешеа и све.Така беше од мали.Дедо ми патуваше по Бугарија,Грција,имаше продавници одеше по роба.На сите 4 внуци ни носеше исто---сакаш грдероба,играчки,еден пакет чоколади,еден гумени бонбони,еден мастики,еден бонбони и ни ги делеше.Срце е.На одмори еднаш одевме со родителите,а еднаш тие не носеа сите 4ца внуци и све ни плаќаше.Од нив сум добивала и сеуште добивам љубов ко од родител.Осбено јас,дека сум најстара па ваљда сум им омилена Рекоа само ти да се омажиш тебе да те видеме невеста,па да умреме Ги обожавам ,исто ко родители ги сакам.И ден денес и пари ми даваат ,абе срцки се ,незнам што би без нив
Ех моите бабаи дедо..... Од на мајка ми страната, дедо ми умре кога јас бев многу мала, баба ми е жива и ја почитувам како мајка на мајка ми, ама некако ни ми е во срце влезена. Што е најбитно никогаш ја немам повредено, на празници си одам и кај неа, ја посетувам еднаш до два пати месечно и си имаме фина комуникација. Е сега од страната на таткоми, неговите родители се најдобрите луѓе кои оваа земја може да ги носи. Не преувеличувам, ова е вистина. Бабулето мое, цел живот домаќинка, со 4 деца, 7 внуци и 2 правнука. Деденце (почина на денешен ден пред 3 години ), цел живот градежен работник, изнамачен. Кога ги гледав нив двајца почнав да верувам дека љубовта постои. За рака секаде одеа фатени. На ручек, бараа да јадат од една чинија, кога едниот ќе беше болен, другив го теши и му вели, јади ајде јади да се опоравиш, да можеме на викендица да си одиме. Своите деца внуци и правнуци ги сакаа повеќе од својот живот. На сите им направија куќи и викендици, а морам да се повторам дедо ми градежен работник, а баба ми домаќинка. Ако требаше да се помогне кај некое од децата, зборам финансиски, тие ќе јадеа пиперче, патлиџанче,јајца и тоа е цел месец, само за да може да се помогне. И откако дедо ми почина, бабулето мое, ке стане на сабајле и си вари две кафиња, одам јас и и викам за кого е второто и таа вели, за дедо ти. Вели јас пак ке го истурам на крај ама убаво ми е кога варам и за него. Едвај го цекам денот да дојде да ме земе и пак да си бидеме заедно. Нив си ги сакам најмногу на свет
Јас сум чувана/израстена/воспитана само од моите родители и сестрата и братот. Одделно сме живееле. Таткото на тато почина од старот кога јас имав 3-4 години, па и не се сеќавам многу на него. Го карактеризираат како добар и смирен човек, иако имал тежок живот. Мајката од тато еден период (5 години) живееше со нас и воопшто не ја сакав. Сега се каам што сум била таква, како мала не сум сфаќала дека на еден начин го повредувам татко ми Во секој случај, жената си имаше чуден табиет, лош карактер.. не дека од староста и било.. порано на мајка ми воопшто не и подавала рака, само штета и правела.. тоа е. Помина. Од друга страна пак, мајката од мајка ми ја сакам преееемногу! Простодушна, добра и секогаш тука за своите 8 внуци! Колку што можела - давала! Секогаш кога сме оделе кај неа (како помали, сега мн поретко) ни правела убави богати ручеци, не заспивала секогаш згрижено... еднаш се сеќавам (како помала) и реков да ми напрви плетенка.. ама кутрата не знаеше, па нешто ми ја изврти косата Таа многу ме сакаше бидејќи бев најумна и никогаш не правев детски глупости, плус ги чував и учев помалите брачеди И до ден денес ме вика „Умница на баба!“ Еве баш денес ќе одиме кај неа, и верувам дека е пресреќна И со таткото на мајка ми сум во супер односи - кога има земено пензија ми дава по некое стотче, не секогаш, ама и не им се лутам (зошто би?!) - даваат за лекови. Секогаш ме поучува и верува дека од мене ќе стане нешто Ме советува за машкиве, и секогаш е во право - безразлика што сме многу години разлика, основата е иста! И така