Двата дедовци и едната баба ми се починати.Едниот дедо го гледав ретко а и беше болен па не поминував многу време со него. Другата баба почина кога бев мала иако не се сеќавам многу на неа сите ми велат дека била предобра жена и многу сме си личеле А другиот дедо иако живееше со мене не се"дружевме" многу и кога почина сватив колку ми значи и недостасува Ми остана само мајката на мајка ми. Ја сакам премногу, не знам што би правела доколку и се случи нешто(недајбоже). Совети и барам ретко бидејќи она е малце старомодна и поинаку размислува од мене, ако почнам да и кажувам нешто она ќе ми рече чекај јас да ти кажам како беше во мое време па ќе ми кажува за тоа доолго време и потоа јас морам да одам па ништо од советот. За дечковци и такви работи не смеам да и спомнам срце ќе ја фати . Ама како и да е многу е смешна , поготово кога ќе повторува некои работи по 10 пати и јас ќе и речам е ај бабо не моеш уште еднаш да кажеш и она за инает уште еднаш ќе го каже и тогаш највеќе се смеам. Исто смешна ми е кога користи некои постари зборови па ништо не ја разбирам кога збори.
од страна на татко ми не ги сакам многу затоа што се стари граѓани и живеат во град 40 години..многу се озбилни и неможам никогаш со нив да направам муабет.Секогаш се тие знаат,тие се во право..бла блаа од страна на мајка ми имам само баба и неа ја сакам.Ми прави многу смешки и зборуваме за се отворено и се смееме.За жал дедо ми е умрен но гооо сакам многу.Тој беше мојот добар другар....секогаш ке го сакам
Некои мислења навистина многу ми се допаднаа , како приказни да слушам Само штета што јас не можам многу да кажам за моите баби и дедовци , зашто едните се починати од одамна , пред јас да се родам и кога бев мала , а со другите и баш немаат моите добар однос , па не сум многу запознаена со нивните животи , за жал
јас многу си ги сакам имам 1 дедо и 1 баба, баба ми секогаш ми раскажува за тоа кога била млада како кога била со нејзините сестри и пријателки им пееле песни кога ќе поминело некое момче и момчето од страм се вцрвенувалоо покрај толку девојки
Баба и дедичко.. Дедо ми беше човекот со кој што се гордеев што го имам во животот.Толку беше добар и мил,најдрагата личност во мојот живот.Никогаш не знаеше да ме искара,да ме изнервира или навреди.Кога и да ми беше најтешко ќе го гушнев мојот дедичко и веднаш ќе почувствував некој внатрешен мир.Со задоволство ги слушав неговите раскажувања од младоста,од тешкиот и макотрпен живот.Едноставно го обожавав.Тој беше насветлата точка во мојот живот и секогаш така ќе остане.Мојот дедичко замина од овој свет пред скоро две години.Неможев да поверувам.Мојата поддршка,мојот ангел замина за миг.Со неговото заминување замина и дел од мене.Сега останаа само сликите кои носат радосни,но истовремено и тажни спомени.Служат за да потсетуваат на едно убаво,многу убаво време..Тешко е кога се будам,а знам дека нема да те видам,да ја почувствувам твојата топла прегратка,повторно да ми речеш Бог да ми ти носи само добро. Кога би можело само за миг да се врати времето,да го гушнам,да му кажам колку го сакам,колку ми недостига мојот ангел чувар,мојот најмил дедичко. Дедо и милиони километри да не делат,и да заминам на крај на светот знај дека никогаш ама баш никогаш нема да те заборавам.Секогаш ќе ја носам онаа наша заедничка слика,секогаш ќе раскажувам каков дедо имав јас.Се гордеам со тебе душо моја.. Знам дека и ти ме гледаш и се радуваш на секој мој успех како што од секогаш се радуваше.
Јас за жал никогаш дедо и баба не ги доживеав како пар. На татко ми, татко умрел кога сум била само неколку месечно бебенце, а на мајка ми не го ни запознав... Скроз на скроз истата тажна приказна, единствениот дедо кој го имав беше вујкото на мајка ми (за неа беше како татко).... Ми фалиш најмногу! :'( :'( :'( :'( Никогаш нема да те заборавам и ќе го исполнам ветувањето што го дадов над твојот гроб бидејќи ти си силата која ме води понатака!
Здраво. Прво да ти кажам дека не си единствена со ваква приказна, тоа го знаеш нели? Два пати го прочитав писмото и неми се верува дека татко ти не сакал деца па добро зашто тогаш просто кажано те направил. Но да се вратам на темата, Мојата баба која ја ценев како личност пред се почина пред неколку години и тоа ми беше прва сахрана и многу болно го прифатив иако сеуште не ми се верува дека не е меѓу нас. Дедото не го памтам многу затоа што сум била мала кога починал. Другата баба е сеуште зива и еве веке неколку години не комуницирам уопште со неа. Мора да се гледаме стално затоа што живее еден спрат од моите во куката и кога одам она е таму секогаш но уопште не комуницираме исто како да не се знаеме така се понашаме и двете, така заслужува она кога знае да збори многу дека јас во ништо несум и помогнала, За другата внука се дава живот би дала а јас не постојам ок нема проблем така и прифатив не дека е лесно ни најмалку не е лесно но мора човек и со тоа да се помири.
епа за срека си ги имам 4 ги имам двете баби и двата дедовци од на таткоми страната се онака поградски луге растени вград вцентар од богати фамилии..баба ми од на таткоми страната многу ја засакав во последно бидјеки во летото јас и бабами го чувавме братучед ми едноставно поубо ја запознаф и многу поке ја засакаф...дедо ми ан таткоми татко е посебен чоек...омилена внука му сум ...ама тој не ми е омилен дедо..го сакам многу е добар ама другиот дедо е херој е сега од кја мајакми сме 6 внуци ии сите подеднакво сакани...иначе да кажам не сум спиела кај бабите оти сум некела и сестарми исто така.. баба ми на мајакми мајка многу ја сакам најпоке најпокеее како втора мајка.....таа има скоро 75 години стара е со болни нозе со бастун но многууууууууууууу ја сакаммм мајакми е најмало чупе во нејзината фамилија најдобрата од другите две деца мислам на учење карактер понашање и сл паа така и јас имам брачед врсник колку мене само тој е еден месец поголем мене баба ми ме сака најпоке...не да ги неки другите ама мене најпоке инаку за давање никогаш не не делела сите подеднакво сме добивале но посебна љубов сум добивала од неа... мојот брачед кој претходно го спомнав е најсакан од дедо ми и то сите го знат ...и ден денес смао јас и тој уште си седиме со нив едноставно и муабет си прјаме и се за разлиак од другите кој само одат од почит. ....со братучед ми не ни помислуваме на нешто лошо бидејки знајме колку би не повредило..
Од страна на татко ми се ужасни давежи.Досадни луѓе,стари граѓани.Се мора да е на ниво кај нив и културата им е на прво место.Премногу се озбилни и скржави... Баба ми само зборува кога ке дојде кај нас.(живееме во иста куќа,но тие на прв спрат а ние на последен..т.е.3),ама кога ке дојде уста не затвара.блаблаблаблабла Се она нас не учи,се по нејзино да е,се она знае.Ние сме нечисти,некултурни,многу трошиме,не штедиме,не пазиме,многу седиме во град,на улица сме биле родени,касно сме си доаѓале дома и разни други глупости.. Дедо ми си молчи тој.Немам проблеми со него,единствено не ми дозволува да чувам куче и затоа го нејќам. Инаку добар е за разлика од баба ми. Од стра на мајка ми,. дедо ми умре кога имав 12 години.Се сеќавам на него.Многу беше добар човек.Никогаш не ме пушташе со празни раце да си одам дома.Ми даваше пари и колко има и колку нема.Ме бакнуваше и ме смееше.Едноставно беше предобар.Душа и срце од човек. А пак баба ми е една скржава жена тоа е чудо.Едно збори на нас,друго на други.Не се знае кај неа. Само збори и збори а на сите различно.Но добра е не е лоша.Ако не друго,добар комичар е.Прави смешки до бесвест.Луда е.
мојот баба и дедо, всушност само мојата баба, е мојата најсветла икона, пофер и подобар Човек не сум видела, се прашувам како може да биде толку добра толку насмеана толку весела толку паметна жена, Чиниш светот пага брз неа, а таа се смее и е секогаш позитивна.. секогаш ќе и се дивам на мојата баба, на нејзините успеси, иако таа во животот малку со среќата се запознала, таа е мојот живот и воедно мојата среќа, ја обожавам, ми недостига..
Жив е дедо ми од страна на тато, живее на прв спрат и е кул. Кога слуша дека се спуштам по скали излегувам станува и ме испраќа и ми кажува да не пијам,да не се дрогирам,да пушам. Дур бевме помали со брачеди ми стално ни купуваше доручек, корфни и чоколадно млеко и го бесеше по вратите на секој спрат. Дур не возев ме носеше секаде,нашкола,чаршија,наваму натаму само такси да не сум плаќала (ептен е економичен). Друго,тука е за низ дома нешто да се поправа. Ме трпи шо влечкам дома кучиња од секаде.Чисти низ двор,се нешто сади,вади,поправа. Не е застанат. А мајка му од тато за жал е почината, кога бев 5то одделение но добро се сеќавам на нејзе, бидејќи пораснав со неа и и бев слаба точка, демек прво внуче Инаку жива е и мајка и на мама. Е таа е ѕвер жена. Во секоја смисла. Елоквентна,модерна,чиста,убава. Ја обожавам,во секоја смисла на зборот. Огромен заебант е. Ја сакам кога ме зеза со доза иронија и сарказам. Ја сакам кога се кара со мене. Кога ме слуша дека и зборувам за дечковци,за мода,за све. Жена за сва времена е. Незнам колку пати досега се случило да и земам марама,парфем,некоја таква дрангулија. Татко и од мама е за жал починат кога бев ептен мала и освен ликот кога доаѓаше дома со кошница овошје и зеленчук не паметам ништо друго. Знам дека беше многу убав човек,со плава коса и сини очи и премногу добар по душа. И дека ми кажуваше дека кога ќе почнам во школо ќе ми купуват моливи,тетратки и пенкала. Ги сакам стариве,озбилно многу.
Дедо за мене да му речам да тргне на другиот крај на светот пеш, ќе тргне, ете толку ме сака. Незаменливи ми се .
За жал и двата дедовци ми се починати, едниот уште кога бев мала, едниот пред две години и тој многу си го сакав ама за жал го нема повеќе ми останаа само уште бабите, едната не ја гледам многу често бидејќи е во друг град а другата е со нас...
моите баба и дедо се живи секогаш ми помагаат а на баба јадењата се најдобри а разговорите со дедо ми баш се пријатни а и често си разговараме за минатото
Си ги обожавам баба и дедо Едниот дедичkо почина летово.. Granny, I love you Kога и да ми потреба нешто тие се тука. Посебно бев поврзана со дедо, кој има умрено.. Секогаш беше тука за мене.. ме заштитуваше, ме бранеше Малце знаат да бидат досадни во врска со јадење ама не за џабе се баби и дедовци хахаха..
Од сите баби и дедовци, за жал жива ми е само една баба.. Најмногу си го сакав дедо ми, беше србин, обожавав да го слушам како збори српски, ме има чувано, правеше се за мене, многу ми фали ЕПТЕН!!