Моите баба и дедо(родителите на мајка ми)би дала се за нив...Ги сакам колку и мојот живот..Баба ми Славица(Цаца)е прекрасна личност и многу си ја сакам..Таа беше болна од тромбоза и во некои моменти помислував дека ќе ја изгубам но сега се е во ред..Таа има 54 години млада баба е..Многу ме сакаат со дедо ми..Баба ми секогаш ми дава совети и многу се грижи за мене..Стомак ако ме заболи или да настинам таа цела ноќ не спие се јавува да праша како сум.. Дедо ми Пеце е прекрасен најдобар дедо на целиот свет..Едноставно немам зборови за нив..Направиле многу за мене и ми помогнале во многу тешки моменти..Кога ќе одам кај нив на викендица со баба ми ќе ја заспиеме сестра ми и потоа одиме во дворот покрај базенот јас таа и дедо ми си разговараме...Ми даваат совети ми разкажуваат како било кога тие биле млади,за глупостите на мајка ми и тетка ми кога биле мали Многу ги сакам и ако нив им се случи нешто јас ќе умрам..Едноставно неможам без нив..Баш утре ќе одам кај нив на поседок да се изладам во базенот исто ми се фаќа како да сум била на олимписки.. Благодарна сум што ги имам баба ми и дедо ми
Од страната на мајка ми, и двајцата се искулирани луѓе. Ретко ги гледам, не сме нешто најбоља внука и најстарци односи засилени до бескрај левел на љубав и стотче од пензија, ама океј се. Додека од страната на татко ми, живеат одма до нас. Живееа, сега само баба ми живее. Додека беше жив дедо ми, а и сега не е ништо променето, секогаш за се сме им биле криви, секогаш сме биле вакви и онакви, и не ги сакам, си кажувам. Јас нив не ги чувствувам ко баба и дедо оти секогаш се држеле на дистанца од мене ко да сум да не речам шугава или болна. Ама тоа е, живеење у странство, замишљотини дека се у некаква елита.. не чувствувам ни потреба да речам баба или дедо. Се чувствувам ко никогаш да сум ги немала. Не ме ни погоди смртта на стариот, ко да умрел комшија, за жал..
Баба ми и дедо ми од страна на мајка ми- Дедо ми почина додека бев мала. Беше болен и почина млад, а беше многу добар човек. Се сеќавам на еден момент со него и со брат ми кога гледавме некое шоу за животни на телевизија. Баба ми е уште жива, гледам да ја посетам барем еднаш во неделата. Не е од оние што ги викаат со сраромодни сфаќања, напротив смета дека женските може да имаат односи пред брак, дека може на 16 години да имаат дечко. Мрази луѓе што се дрогираат. Хаха оваа ми е помодерна бабичка.Обожавам кога ќе ми направи ориз со пилешко Баба ми и дедо ми од страна на татко ми-Дедо ми почина кога бев седмо одделение. Многу ми недостига и ми е криво што не ме виде како матурантка. Никогаш нема да ги заборавам неговите мудри зборови, гатанки и поговорки. Пред некое време најдов една слика од дедо ми како млад... Многу ми заличи на Бруно Марс, многу згоден човек беше на времето, не за џабе ја ќарил баба ми, хаха. Баба ми работеше како акушерка и можам да речам дека оваа е со попримитивни сфаќања, смета дека дечко треба да се фати по средно образование, невиноста секако до брак да се чува. Не сака излегувања до касно навечер итн. Ама сепак двете баби си ги сакам. Нека живеат уште многу
Дедо ми од страна на мајка почина уште кога имав 3 години. Кроз магла ми текнува на него и на неговите работи што секој ден не изненадуваше мене и сестра ми. Дедо ми од страна на татко ми почина кога бев 7 одделение и него го памтам многу добро. Многу добар човек беше, се правеше за наше добро. Кога ќе ми текне на него ми доаѓа да заплачам, страшно ми фали. И двете баби ми се здрави и живи. Баба ми од на мајка ми страна премногу ја почитувам и ја сакам. Кога и да отидам кај нејзе она има направено ручек, сладолед или нешто благо, супа и салата. Жената е закон, за нас внуките нон-стоп прави сок од овошје и ни дава по цели шишиња. Немам ништо лошо да кажам за нејзе. Ете сега кога ќе се запишам на факултет, спремна е да ми го плаќа. Секогаш ми дава пари кога и да немам. Исто така со нејзе си зборам за сите мои проблеми, што не е случај со некој друг од семејство. Е сега бабата што живее со мене, од на татко ми страна, е нешто сосема обратно од другата баба. Немам толку желба за нејзе, се нешто и смета кај мене. Ако и се пожалам нешто ми вика мала си не се жали, јас треба да се жалам. И многу други работи, ситници. И тоа во куќа ми е и морам да ја трпам по цели денови. Кога е на бања ми е најубаво
Баба ми и дедо ми од страна на мајка ми се уште живи, оваа година во јуни и август ќе наполнат 90 години. Живеат во друг град и ги посетувам еднаш-двапати годишно. Живеат со вујко ми и вујна ми и не ми е згодно да одам, инаку многу почесто ќе сум таму, а и јас со семејство, немам баш време. Баба сака да јаде многу чоколада и кога одам обавезно и носам еуроблок. Кога бев мала штом ќе дојдеше празник јас спакувана и право кај баба и дедо. Половина детство ми помина кај нив. Баба беше закон, ми правеше пица, ама тесто од 5 цм. Кога пушев ми купуваше цигари . Беше многу јака жена, иако ситна на изглед. Денес се западнати веќе кој не гледа, кој не слуша. Многу ми е мака за нив, неможам да одам и да им помагам. Се надевам дека уште долго ќе живеат. Од на татко ми страната, дедо ми не го познавам зошто е починат кога татко ми бил мал. Баба ми живееше со нас и ме гледаше кога мајка ми тргна на работа. Почина пред 20 години и сеуште ми недостига. Многу и помагав како дете и секогаш велеше, синче кога ќе умрам пензијата тебе ќе ти ја оставам. Пензијата не можеше, ама од толку многу внуци и внуки (околу 20 тина на број) само мене ми оставила пари на книшка .
Oд страната на татко ми со дедо ми сум во онака добри односи . Со баба ми неможам да комуницирам, едноставно не се поднесуваме! А со баба ми и дедо ми од на мајка ми страната многу си се сакаме. Јас не можам да се замислам без нив. Многу ми помагаат и животот би го дале за мене. Навистина се прекрасни!
Од страната на татко ми и двајцата се починати. Дедо ми починал пред да се родам, и многу ми е жал и криво што никогаш не го запознав. А мојата мила баба почина пред 4 години. Растев кај нејзе, секојдневно бев со неа. Често знаевме да се скараме за некои ситници, но лутината ни траеше само неколку часа. Многу ја сакав, многу ме сакаше. Растев со нејзините совети и приказни. Обожавав да ја слушам кога ми раскажуваше приказни или пак делови од нејзината младост. Во последните месеци од нејзиниот живот, ретко ми се укажуваше прилика да ја видам, постојано беше по болници и не ми дозволуваа да ја посетувам. Знаеја дека нема да можам да издржам да ја гледам таква... Многу ми беше жал што се измачуваше подолго време. Веќе во последните денови не ја препознавав, многу беше изменета, а и таа исто едвај не препознаваше... И до ден денес плачам кога ќе се сетам на неа, премногу ми недостасува. Нека им е лесна земјата и на двајцата... Од страната на мајка ми и двајцата се живи. Не живеат со нас, но ги посетувам еднаш-два пати месечно. Иако со нив моите имаа доста проблеми, сепак тоа не влијаеше на мојата љубов кон нив. Мили ми се и двајцата, секогаш се грижеле за мене. Често ме чуваа како помала кога беше потребно. Да ми се живи и здрави уште многу години!
Од страна на мајками имам само 1 баба, дедоми починал уште кога мајками била мала.. Баба ми си живее во село сама,жал ми е за тоа што живее сама, е викмаме кај нас да живее но не сака..вика поубаво си и било во нејзината кујќа неможела да се привикне кај нас.иде на поседок по 1 месец на есен и тоа е се.. Од страна на таткоми имам дедо и баба, живееме заедно и Убаво ни е
од кај татета ми, дедето беше супер кул, прч невиден среден,скоцкан,богат, смешен, строг, напуван, со строги принципи (се станува секој ден во толку и толку, јадеше нз броени залаци, свинско месо никако итн итн.) баба ми не ја знам добро, починала кога имав 2 години, битно премногу ме сакала и само ме гушкала, бацувала од раце не ме пуштала. од кај мама, за дедето незнам што да кажам буби беше, со интересни руски поговорки, паметен и скромен, болно педантен, одличен соговорник и знам дека и мајка ми и тетка ми секогаш ги сослушувал кога им било тешко, а баба ми само можам да кажам дека пушеше како турчин и не збореше многу многу, ама беше срцка и тоа голема R.I.P посакувам да бевте сеуште тука, да поуживавме во уште семејни ручеци, ама како и да е, ќе ги памтам секогаш и си ги сакам многу
Баба ми е прича за собом Може да те насмее, а одма другиот момент да ти го дигне притисокот. Опасна глумица е, кога и одговара кука дека ја болат нозете, не можела да оди, а кога мисли дека никој не ја гледа скалите преку две ги прерипнува Љупобитна е, не можам да ви опишам колку. Абе во секое катче од куќата брка, чепка, мајка ми скоро кажа дека ја приметила и дека во ѓубрето стално пребркувала немој нешто непотребно да сме фрлиле Седи пред куќа и ако помине некој а здраво да не и каже, го застанува со зборовите: „Нели е срамота, добар ден да не кажуваш...така ли те учат во школото“ Се сеќавам кога бевме помали другарките се плашеа од неа, нон стоп им викаше што обувките ги оставале врз черџето надвор, ќе се извалкало...а тие деца како деца наредниот пат ќе заборават и пак истото, се додека еден ден не ги најдоа расфрлани. Се изнервирала баба и им ги изритала. Стално ни зема од парфемите, кремите за раце, млеката за тело, се мачка цела, сака да мириса убаво. Ќе и дадеме некогаш некој парфем кој не го користиме, ама таа опасна лисица е, знае дека сме и го дале зошто не е убав, па кога не нема дома, ќе зема од нашите и се шприца Еднаш ја фатив со силиконските капки како се мачка и тогаш ќе ја отепав жими се. Мислела нешто за мачкање е и ставаше по вратот Туку нема што да и правиш. Стара жена, не е за маана. Ако фатиш да се караш со неа, немаш фајда, секако таа се е во право. Не бива. На речиси 80 години, сеуште се чувствува силна да цепи дрва, не дека нема кој да и помогне, таква е инаетчика и ако намисли нешто ќе го направи. Дедо ми, а и дедо ми и баба ми од кај мајка ми умреле уште пред да се родам, така да само неа ја знам. Каква, таква, баба е, роднини не можеш да бираш.
Од страната на татко ми - баба ми почина пред 5-6 год, дедо ми е уште жив. Никогаш не сум била поврзана со нив бидејќи се од друг град, сум одела еднаш годишно да ги посетувам и тоа ко мала повеќе, сега ни толку во последниве 2-3 год. Баба ми беше фина, али прав pain in the ass. Се нешто и сметаше, плачеше на секое, стара жена што да прави, ја удриле годините, плус во село. Дедо ми е многу фино човече, тој не плачеше кога ќе не видеше, али од кога умре баба ми, тој ја замени во тој дел. Од страна на мајка ми - Цел живот живеам со баба ми и дедо ми. Со нив сум и те како поврзана. Бегав кај нив кога ќе ме скараа моиве, ми даваа парички да си купам смоки, сладолед ко мала, гледав серии со баба ми стално, ме чуваа кога моиве не беа дома ... Кога се земале баба имала 18, а дедо 27 год, па затоа го зафркаваме дека ја излажал баба ми. Баба ми е права лутка, еве на кој личам. Се лути ако нешто и замериш, али брзо и поминува. Домаќинка си е жената доста, многу пати таа прави ручек, баниците на мама не се толку убави ко нејзините. Едно нешто што ме нервира е што многу сака да се плетка во се. Се сака да знае, може и да се надуе ако не и кажеш и така. Дедо ми пак, си оди на нива по 2 пати, благодарение на него си имаме доматки, пиперки, краставици, моркови, колку за нас сади, за да не купуваме по пазар. Си вози точак до нива и затоа си е во фит форма секогаш, иако има 75 години веќе. А да, и баба е доста згодна риба за нејзини години, да се надеваме дека кај мене исто ќе проработи таа генетиката. И така, со дедо ми не правам толку муабет ко со баба, али со него можам вести да си погледнам, секогаш се интересира за факултетот, а дааааааааа, најбитното, со дедо си играм шах! Тој ме победува секогаш, ич не ми попуша, али ајде, и јас ќе се испраксирам.
Засега, фала му на Бога сите се живи и здрави. Душа од луѓе. Сите ги сакам и почитувам подеднакво. Ке започнам од оние од страна на татко ми бидејки ми се дома. Значи баба ми секој ден готви за целото семејство.Постојано е болна(да да) и често се проверува кај чичко доктор.Се нешто ја боли. И има лек за секоја настинка. Oбожава да се грижи за сите, посебно за мене(дека најмалечка дома) и брат ми. Кога и да се вратиме од надвор, безразлика од каде таа седи и не чека. Не испрашува со кого и каде сме биле, колку и што сме пиеле, буквално се ја интересира, но и не само за нас туку и за цееелиот град, па и пошироко и затоа секој ден со нејзините драги пријателки трачарат до немајкаде. Дедо ми, тоа многу го нервира, па спас си бара во неговата ''канцеларија'' посебно по жештиниве. Насабајле станува во 4:30 за да пешачи и од кога ке се врати едвај чека 18:00 за повторно да се шетка со пријателите. Многу сакам да разговарам со него бидејки ги гледаме работите од ист агол, ме сфаќа што и да речам и има богат речник па особено ми е интересно да раскажува по нешто. Од него сум научила многу нешта, првите букви бројки.. И до ден денес ми објаснува нешто што не сум сфатила.Peшаваме крстозборки и сукоку, и често играме шах и табла Има профил на фејзбук и редовно проверува дали има некои нови информации од неговото планинарско друштво. Нонстоп се расправаат со баба ми и бидејки му 'рчи, спијат во посебни соби. И двајцата се пензионери па секој месец фрлаат по некоја паричка. Другите пак, од страната на мајка ми се прича за себе. Живеат на село, се занимаваат со земјоделие и сточарство ама глумат, и тоа како, современ пар. Баба ми, два пати неделно оди на фризер и обожава да шета по бутици. Секогаш е налакирана и скоцкана. Многу е мила жена но често се карам со неа бидејки обожава да ми наредува што да правам, како да се облечам и ме нервира бидејки нонстоп нешто дроби. Адвокат не и е рамен.Порано кога одев на поседок знаевме да се степаме(во буквална смисла) Често знаеме да прошетаме по бутици заедно бидејки ми купува буквално СЕ што ке ми се допадне. Дедо ми е малку наглув но е многу интересен, се газам од смеење кога зборувам со него, посебно преку телефон. Тој секогаш е во право, ДУРИ и кога не е. Кога збори се дере најмногу што може,за да го слушнеме,нели.Порано постојано си игравме заедно, мене ме интересираа машки работи и алати, а дедо се радуваше кога барав да ме учи. Kога ни доаѓаат на гости секогаш носат се и сешто за јадење. Дедовците обожаваат са се начукаат со татко ми и брат ми, AMA сите заедно не им се рамни на двете баби кога се расположени,па си ѕврцкаат жолта,мезат и ич не си се замараат. За нив можам да пишувам до задутре, ама доста е, ке ви досадам.
Хаха абе што да ви кажам шо баба имам, никој неможе да ја замени.Неможете 5 минути со неа ќе ти ја подуи главата. Ја мразам многу. Сега некој може да напише се мрази ли баба, ДА. Како да не ја мразам не ја сметам за човек, прав монструм е. Ја мрази мајка ми и тоа многу не ја смети за човек. Што има изнакажано за неа пред мене. Ајде не зборувам за оваа баба повеќе. Од на мајка ми страната и баба и дедо ми се живи фала богу. Што да кажам нема подобри дедо и баба од нив. Многу се смешни, за глупости се караат а ние седиме и се смееме . Баш, баш не сакаат да зборуваат коа биле млади, мислам не сум ги ни прашала. Нека се само живи и здрави др. ништо не сакам.
ах баби и дедовци!ми фалите сите до еден да си знаете! немам повеќе ни баба ни деде, ми почина едниствената жива баба(од татко ми мајка) пред една недела на неа сум крстена..не осеќав некоја љубов према нејзе дека од друг град и ретко кога ја гледав ама кога почина ми падна ептен жал...сама живееше и беше на нога до последно, беше многу средена жена, со фризура костумче ,секогаш дотерана испеглана стокмена. дома кај неа беше средено ко во аптека.сега кога бевме на погребот во куќата најдовме кутија со многуууу слики од минатото(таа кога била млада,од свадбата со дедо ми, татко ми и останатите чичковци кога биле мали, ептен многу слики со убави спомени) тој дедо ми е починат многууу одамна 1988год. него го памтам како во магла . а другиве двајца баба и дедо (на мајка ми) сеуште неможам да ги преболам...кога и да се сетам на нив ми паѓа многу жал и солзи ми идат на очиве.со нив израснав.кога бев мала плачев секој викенд да ме носат таму.имаа голем двор и си игравме со сестра ми и со братучедите.дедо ми беше многу добар човек.беше службеник секогаш со костим, црна коса проќелавена и сите заби на број. ги знаеше сите луѓе во градот.кога поминував со него низ чаршија бев горда што имам дедо што сите го почитуваат и што го отпоздравуваат. одевме заедно на пазар.си седнувавме на бурекче па си купувавме слатки умре релативно млад на 66год од леукемија многу жалев за него плачев цели месеци . а баба ми мојата најсакана и најомилена личност .сите слики како мала ми се со неа. многуууууу ја сакав.беше учена жена. на времето учела средно машинско во скопје со сите мажи се разбираше во машки работи,си ги поправаше по дома пеглите, машините ;знаеше да шие и плете на машина , сменуваше осигурачи за струја, се многу беше јака, а дедо ми беше многу плашлив човек..ако тропнеше нешто викаше -таци оди види со тропа изгледа има некој и баба ми со стап и надвор со неа си правев муабет ко со другарка.си седевме заедно си пиевме кафе ,ја гледав ја бањав кога веќе неможеше, ја облекував , ја средував.. и викав бабеее многу те сакам , многу си ми убава ко желче си ми и она ми викаше како бре ко желка зарем желката е убава-јас и викав убава е многу и живее многу долго . ама таа си почина на 76год. не дочека да ме види невеста.многу не сакаше сите внуци и си умре опкружена со сите нас. ми недостигаат сите до еден! драги мои пружајте им љубов секогаш кога можете и чувајте ги ..тие се нешто најскапоцено во животот!
Епа видете вака јас од мајка ми и татко ми имам баба и дедо што се уште се живи. Фала богу Да почнеме од баба ми и дедо ми од страната на мајка ми добри се и дека живеат во Германија при секое идење мора да ми донесат нешто затоа многу си ги сакам ... Ама и поради нивната добрина.Не ми раскажувале многу за нивниот живот и тоаа за нив. Од другата страна на татко ми моите баба и дедо се сакаат многу.Ми даваат џепарлак и многуу си ме саакаат.Баба ми, ми има кажувано за нејзината малдост, школувањето, како се запознале со дедо ми и како тој трчал за неа.. За нејзиниот тешки живот кога била мала и како се борела за да створи потомство и да живее во подобри услови. И ден денес таа успеала во тоа и многу се гордее. Многу сакам да слушам за такви теми кога таа посебно ми ги раскажува. Гледаме заедно слики со неа уредно наместени црно-бели од тоа време во посебни албуми и секогаш ми го кажува нејзиното оромно семејство кое и ден денес не можам да го запамтам.Огромна фамилија како и оние на мајка ми. Има правено некаде над 8 операции од различни болести и многу ми е жал за тоа . Таа е многу средена жена испеглана, дотерана и кај неа во стан не може да се види дека не е чисто.Дедоми пак и тој е така чист но не како неа, таа секогаш го пегла чисти и дека летно време го праќа во село со стоката таму да се расправа и со земјоделството негово и да оди на пазар и тој многу ме сака и на него сум крстена. Тие имаат правено веридба се заедно во брак ама мојата баба бидејќи нема облечено венчаница ја тераме да направат свадба на овие години со братучедите, но незнам дали ќе успееме во тоа. Многу си ги сакам и едните и другите Тоа се моите.
Имам уште еден дедо од страна на татко ми, господ да го поживи уште многу години, највеќе си го сакам, и највеќе ни помага, за се не поддржува Баба ми почина пред 5 години, многу бев приврзана со неа ептен, нејзината смрт ептен тешко ми падна па и затоа после тоа воопшто не бев добра ни физички ни психички како да не бидам кога таа кутрата последните пари ги вадеше од новчаничето за да ми даде на мене да си купам лак за коса душичка Другите баба и дедо умреа прилично млади, еден по друг, прво баба ми а после и дедо ми по 6 месеци не можеше без неа Со нив не бев многу блиска, нормално не живеевме во иста куќа, ама па тој период пред да починат постојано одев кај нив седев на гости, секој ден бевме заедно, и јас девојче од неполни 12 години ја видов баба како умира Многу ми е тешко и жал за нив затоа што сите беа добри луѓе, кои душата ја даваа за внуците.
Да беа живи, можам само да замислам уште колку многу ќе научев од нив. Баба ми од страната на татко ми воопшто ја немам запознаено. Починала многу млада и не ги дочекала свадбите на ниту едно од трите деца. Дедо ми пак, почина кога имав 5 години. Имам само сеќавања од него низ магла, ама убаво го паметам денот на неговиот погреб. Дедо ми од страната на мајка ми почина пред 11 години. Од него имам посвежи сеќавања. Како малечка ме шеташе низ планините и ме учеше кои тревки и дрвја како се викаат. Сите ги знаеше по латински имиња. По кажувањата на мајка ми и вујко ми, толку ме сакал што ниту еднаш не си дозволил да ме удри, безразлика колку сум му досаѓала кога ме чувал. Само еднаш малку ме потфатил по газето кога сум му фрлила песок врз глава баш откако се избањал Ама после му било многу криво. Од баба ми, мајка на мајка ми, имам најубави и најтазе сеќавања. Ме порасна и ме исчува, и додека беше жива немаше ниту еден ден после школо да не отидам да ја посетам. Секој ден одев кај неа на ручек и бев поблиска со неа отколку со мајка ми. Беше толку мила и толку убав муабет си имавме. Се додека беше жива одевме заедно на одмор. Бев скршена кога почина пред четири години. Не ја дочека ни мојата матура, а и беше толку мерак и да ми заигра на свадба. Прва внука и бев, долгоочекувана. Често знаеше да ми рече: Ана, кога ќе умрам, немој да ме жалите. А јас често знам да го отворам нејзиниот плакар и да ги потфатам нејзините топли џемпери во кои ме облекуваше кога ќе ми студеше. Сеуште мирисаат на неа.
Ја разгледав темата и навистина неможам да верувам во тоа што читам,зарем има такви баби и дедовци.Одсекогаш сум мислела дека сите баби и дедовци се како моите... ќе казам неколку збора за нив.. Баба ми и дедо ми од страната на татко ми-слободно можам да кажам дека постои само една личност која ми е пред нив(мојот брат) тие се ми поважни и од моите родители.Знаат да кажат да не сум била јас тие досега би биле под 2 метра земја.После 2 години од настанот во кој нивната 17годишна ќерка била убиена немилосрдно сум се родила јас.Детето кое им го развеселило животот.Јас сум им нешто најмило во животот...Затоа ги обожавам најмногу и не би можела да го замислам животот без нив... бабата и дедото од кај мајками исто така гии обожавам но не сум толку блиска со нив бидејќи живеат подалеку од мене. Но сепак и тие ме многу сакаат како и јас и последниот денар би го дале за мене... овие 4 личности се моите идоли
Таткото на татко ми е умрен пред 4 години. Многу добар човек. Секогаш кога гледаше вести не го пушташе далечинкото од рака, и кога ќе заспиеше со него беше. Секогаш ме бранеше од тато Баба ми пак, на тато мајка, лошотилук невиден. Чичко ми секогаш го сакаше повеќе од татко ми, и заради неа беа сите караници и се иселивме од таму. Баба и дедо од кај мама се срциња луѓе Дедо почина пред 8 месеци и многу ми фали Ми раскажуваше случки од порано, колку сме се смееле заедно... Од пензијата секогаш ни даваше пари, не ечстеше секогаш.. Дружењето со него во недела најмногу ми фали... Сега кога ќе го видам неговиот кревет празен... Те сакам дедичко Баба пак, идол ми е. Најмногу ја сакам, животот би го дала за нејзе! Кога сум на гости или на спиење таму, ко кралица се чувствувам. Јадењата нејзини се најубави, а често знае да каже нешто па се смееме пола саат Срце жена бе, ја сакам!
од страната на татко ми и двајцата умреле кога сум се родила а од страната на мајка ми фала му на бога и двајцата се живи ама баба ми ти е врв и многи си ја сакам и многу обожавам да слушам за времето кога живееле во село како све било