Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вашите баба и дедо

Дискусија во 'Дете' започната од angie, 4 октомври 2010.

  1. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.895
    Допаѓања:
    4.902
    Пол:
    Женски
    Јас овде ќе раскажам една приказна што и е кажувала баба и на мама.Фактички таа мене ми иде прабаба.
    И кажувала кога била млада во времето ко се сакале со нејзиниот сопруг,а тогашен дечко.
    И кажувала како таа одела на вода,само заради негово писмо,а тој и го пуштал писмото во поставот од чешмата. :) Интересен живот имале старите порано,а најмногу таа забранета понекогаш љубов.Кога тајно се гледале.

    Иначе да,имам и јас баба и дедо.Од страна од кај мајка ми баба ми починала само кога сум имала 1 година,и не е памтам.Ама затоа дедо е тука.Искрено од страна на мајка ми не сум се веќе толку многу поврзала.Ама од кај тато.Дедо почина кога имав 11 години,но премногу го сакав и тој мене ме сакаше.Незнам можеби тоа што никогаш немале ќерка,а и бев единствено женско во фамилија. :lol: Па кои честови ги имам леле мале.Баба ми е уште жива,ама со неа никогаш неможам да се согласам,многу различки каракери имаме,ама ете го носам нејзиното име.Уствари не баш нејзиното но има некои допирни точки :D :lol: :lol: :rofl:
     
  2. kosmodiks

    kosmodiks Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    375
    Допаѓања:
    251
    Пол:
    Женски
    Значи секој стар човек знае да се избаци понекогаш, и да незнае што зборува но сите ми се ептен срцки и многу си ги сакам.
    Од кај мајка ми, и двајцата се живи и луѓето помагаат иако немаат многу финансии. Супер се. Единствена маана и е што кога си иде тетка ми од странство и сеа тие внуци имаат повеќе, нас не занемаруваат - ние не постоиме. И се така додека не си отидат.

    Од кај татко ми,ептен сум поврзана со нив бидејќи во иста куќа бевме пред 4-5 години, и секогаш кога ги видам донираат по некоја пара или што и да имаат. :lol: А со оваа баба сум најповрзана.
    Незнам, ама многу ги сакам сите ..
     
  3. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    ох болна тема малку барем за мене вака од мајками родителите ги немав запознаено бидеќи починале а јас не сум била уште родена бабами по мајками умрела кога била мајками 8 ми месец со мене а овие домшниве многу ги сакав ама за жал бабами вчера напрај 1година и 5 месеци одд ко е почината и можам да кажам дека УЖАСНО МНОГУ МИ ФАЛИ ;( ;( ;( ;( ;(
     
  4. Agrona

    Agrona Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    1.713
    Пол:
    Женски
    Мене ми остана уште баба од мама. И многу си ја сакам, 71 година има баба и работи мозокот 300 на саат. Добра е хехе многу си ја сакам како другарка ми е. :$
     
  5. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Сите знаеја дека сме блиски и поврзани. Никој не знаеше дека сме ДО ТОЛКУ поврзани. Не знаев ни јас, се‘ дури не си замина.
    Ми недостига мојата Бабе ужасно, и секој ден голтам солзи кога ќе ја видам нејзината соба иста како денот кога си замина, креветот наместен, сликите од сите нејзини внуци на огледалото, и ментол-бонбончињата во првата фиока од ноќната масичка. И часовникот со се‘ уште неистрошени батерии.
    Многу ми недостига, ете тоа...
    http://www.youtube.com/watch?v=pCcmPHRHE18
    So close, no matter how far...
     
    На Chokoholic25, prettyliar, Doozy и 3 други им се допаѓа ова.
  6. MerlinMonro8

    MerlinMonro8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2012
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    209
    Уште ми се живи бабите и дедовците и до двете страни. Со родителите на тато, живеам и премногу ги сакам. Посебно мојата мила бабичка. Мислам дека ќе умрам денот кога таа ќе замине. Исто многу го сакам и дедо, но сепак со него не сум толку блиска. Јас женско, тој маж и нормално е со баба да сум поблиска но ги сакам неизмерно многу. Да не се тие, немало да има кој да ме чува, кој да ми прави јадење кога мајка ми била на работа. Не ќе имало кој да ме шетка по улица, да ме носи кај козите. Исто така тие луѓе да не беа, имало периоди кога финансиски не би издржале. Секогаш одново не раѓале.

    Другите баба и дедо, од на мајка ми страната се прича за себе. До пред некое време, навидум беше се во ред, но не е веќе така. Јас лично несакам очи да им видам. Да, ги сакав, и неможам да речам дека сега не ги сакам или ги мразам, затоа што да мразам не умеам, но не ми се веќе баш најдраги. После сите тие случки незнам дали некогаш ќе биде како порано, а посебно затоа што тие не сметаа нас за криви, а реално е дека не сме ние лошите во приказната. Ги гледам само за слави, роденди, просалви, но и тоа е премногу.
     
  7. Little-Mk

    Little-Mk Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    328
    Да си кажам и јас.На цела фамилија (со иклучок на неколку)брат ми им е миленик.Единствената личност што ми го подаруваше цело внимание беше баба ми од по мајка.Ме напушти пред 5 години . ;( Секогаш си се сеќавам на нејзе.Ангел од човек .Ме криеше и пазешее како очите некјзини.Никој не смееше да ми рече нешто.Секогаш ми носеше чоколада и се јавуваше по 10 пати на ден да не слушне. ;( Скоро секој ден си плачам .Многу ми недостига .Таа и дедо ми биле луѓето што се нафатиле да не чуваат .Си го сакам и дедо ми но не сум толку блиска со него.Тој секогаш ни кажуваше приказни од неговиот живот. :)

    Другите баба и дедо ...се посебен сличај.Не сакам ни да зборувам но ќе кажам и вас ве сакам мили баба и дедо иако вие не ссте ни се нашле скоро за ништо него сте ги оставиле мајами и татко ми со проблемите.Ве сакам и не ви префрлувам ништо затоа што сакам (кога)ќе починете да си почините во мир и љубени. :*
     
  8. BlackPiano

    BlackPiano Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 декември 2012
    Пораки:
    230
    Допаѓања:
    316
    Пол:
    Женски
    Баба ми и дедо ми од кај тато се починати. Баба почина кога имав 5 години, и многу ми недостига. Не ја памтам многу, но памтам убави настани поминати со неа. Дедо ми за жал не го познавам бидејќи починал 3 години пред да се родам јас.
    А пак баба и дедо од кај мама се сеуште живи и многу ги сакам. Со нив прекрасно си ги проживев најубавите години. Секоја желба ми ја исполнуваа, секаде ме носеа и ме научиа многу корисни работи (и сега е така де). Ако не беа тие немаше да бидам тоа што сум денес. До пред неколку години кај нив одев 5-6 пати во неделата, но сега одам само по 2-3 пати. Со моите посети секогаш им го разубавувам денот. Ги сакам премногу! :l: :l: :l: :l: :* :*
     
  9. l0vE...-love

    l0vE...-love Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2012
    Пораки:
    575
    Допаѓања:
    144
    Пол:
    Женски
    имам само баба од страната на мајка ми и многу си ја сакам :inlove: :inlove: :inlove:
     
  10. Dog-lover

    Dog-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    имам баби и дедовци во Мак.Брод и Самоков многу ми е убаво кај нив секое лето и зима одам тамуу со душа чекам да дојде лето за пак да ги видам :rofl: :)
     
  11. fear

    fear Активен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2013
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    19
    Јас немам баба и дедо ниту од страната на татко ми ниту од страната на мајка ми ;( Од стрната на татко ми починаа кога имав само 10 години и многу ми недостигаат бидејќи со нив живеев во иста куќа. Кога другарките ми кажуваат нешто за нивните баби или дедовци мн сум тажна, посакувам и моите да беа сеуште живи. Од страната на мајками баба ми умре уште кога бев мнмалечка скоро и да не се сеќавам на неа, а дедо ми кога бев 7 одд..И тие ми недостигаат мн, но од страната на татко ми повеќе бидејќи со нив израснав...Иако не се со мене јас си ги сакааааааам најмногуууууу :inlove: :inlove: :inlove:
     
  12. 3m43

    3m43 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2010
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    88
    Пол:
    Женски
    Хаахахха и баба ми и дедоми исто така многу се сакале.Ама баба ми не ја давале за дедо ми и на крај бегалка отишла :lol: .Сега и двајцата се умрени :(
     
  13. gorda

    gorda Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2012
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    76
    Баба ми и дедо ми од страната на татко ми жиееја со нас, имам спомени, но некако не ми беше нешто посебно, таа баба одамна почина, а дедо ми пред 8 години. Тој многу ми има раскажувано и баш пред некој ден со татко ми си прераскажувавме и се надополнувавме од неговите 'посланија'...
    Од кај мајка ми, дедо ми е уште жив и се кандисувам наскоро да го видам, да си ги однесам децата да ги види и да го развеселиме малку зошто баба ми почина пред некој месец и сеуште не боли ;( За жал не успеав да ги научам сите рецепти од баба ми (ни мајка ми не готви така :worried: ), не успеав да се изнаслушам за нивниот живот, а таа не успеа да го види син ми ;( Ќе кажам дека не знам дали некои други баба и дедо со внуки се сакале толку, дали други поминувале толку убави лета кај баба и дедо и дека посакувам толку складен брак како нивниот - баш затоа и ни е многу тешко, и нам и на дедо ми
     
  14. Vetruska

    Vetruska Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    791
    Допаѓања:
    493
    Пол:
    Женски
    Баба ми (на татко ми мајка) никогаш не сум ја запознала бидејќи починала пред татко ми да се ожени, а дедо ми живееше со нас и се сеќавам дека беше многу внимателен и ненаметлив. Си седеше во својата соба и на моите им викаше за се, они како сакаат, он не се меша, за него се е ок. Почина кога бев 4то одд. Другата баба (на мајка ми мајка) многу ја сакам, многу е срце, планирам сега за роденден да ја носам во некоја кафана (лани исто бевме), се дотерува со ланчиња, со блузи, ептен ја почитувам и многу ја сакам. Планирам некој ден да одам кај нејзе да седиме и да ми раскажува за 2ра св.војна и сакам да ја снимам за да ја документирам. Израснав со тие раскажувања..
     
  15. MaCa-Swiss

    MaCa-Swiss Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2013
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    961
    Моите Баба и Дедо воопшто не се сакале еден со друг, туку нивните родители насила ги венчале :lol: Дедо ми ми кажуваше дека бил заљубен во некоја друга :D
     
  16. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Моите баба и дедо се земале уште како деца на 18 год. И ми имаат кажувано додека баба ми дома готвела чистела , дедо ми си играл со другарите и поради тоа постојано се карале. Инаку вака ми се мн добри и двајцата си ги сакам. Баба ми недај боже да дознае дека сум се настинала ќе почне од чаеви, лимони ,лекови се да ми носи и што и да побарам она ќе направи , исто и дедо ми неможе да оди во продавница а да не ме праша дали и на мене ми треба нешто ,за што и да било тој оди секаде за мене пред некое време дури и до бисер отиде само за да ми ги направи штиклите. На сето ова некој ќе рече единица сум галеница ама не сум имаатуште 5 други внучиња но јас како најголмеа си ги слушам и почитувам и зароа мене некако најмногу ме сакаат.
     
  17. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.209
    Допаѓања:
    36.697
    Пол:
    Женски
    Јас немам баби. Едната (мајка на татко ми) почина пред скоро 10 години, а другата (мајка на мајка ми) почина пред скоро 13 години. Со баба ми (по татко) бев многу блиска и мнгоу ми недостига. И другата ми недоостига, ама неа ретко ја гледав бидејќи не живееше во Скопје. Имам само еден дедо (татко на татко ми), ама не можам да го наречам дедо. Кога татко ми имал 4 години, дедо ми го напуштил и отишол во Австралија. Воопшто не се интересирал за него, за чичко ми и за тетка ми. После 22 години дошол во Македонија, ама татко ми не сакал да го види. Лани дојде пак, ама за џабе. Татко ми пак не сакаше да го види, ниту пак некој друг од неговата фамилија. Другиот дедо (татко на мајка ми) починал пред 35 години. И мајка ми ја имала истата судбина како татко ми.
     
  18. pancake

    pancake Активен член

    Се зачлени на:
    2 март 2013
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    27
    Бабами по мајка бегалка заминала со дедоми. Требало да ја мажат за некој американец и таа му ја дувнала со дедоми.. па цело село по нив да ја вратат паа триста чуда. :lol: Иначе имам само две баби сега...
     
  19. atala

    atala Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    1.164
    Допаѓања:
    940
    Пол:
    Женски
    Можеби е дури и помалку глупаво,но јас сакам да се извинам јавно вака на сите затоа што второто мое мислење на оваа иста тема за нашите баба и дедо е малку пошироко и има непријатни работи од моето минато со баба и дедо,а воедно и со целото мое семејство,но со текот на времето јас сум сфатила дека човекот со кого живее таков станува ист како тој со когошто живее или што би се рекло на српски:С ким си.такав си!Од тие причини јас дури и малку повеќе се срамам,но што е,тука е! :tmi: Немав прилика да ги прочитам сите мислења на оваа тема,но заклучив само дека сите баби и дедовци се речиси потполно исти:опасни,мудри и малку повеќе откачени! :geek: За крај имам само едно да им порачам на сите коишто жалат сеуште по своите баба и дедо,а тоа е дека животот оди понатаму,така што смејте се и шегувајте се луѓе,ништо не е толку убаво и повредно од смеењето и насмевките! ;)
     
  20. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.481
    Допаѓања:
    13.561
    Пол:
    Женски
    Живи ми се и бабата и дедото од страната на мајка ми. Мили ми се и ден ден, иако другите поише ги сакав зошто со нив живеевме како деца. Ретко имале пари за да не разгалуваат, ама затоа од секогаш чувале секаков вид на домашни животни и ни давале се што имале. До средно не сакав да видам никакво друго сирење освен тоа што баба ми ми го правеше :D

    Од на татко ми родителите, жива е само баба ми. Толку мила жена мислам дека не постои на светов. Да и речам на ушка да ме носи, ќе ми ја исполни желбата (иако сум 2 глави повисока од неа :D ). Како мала ми раскажуваше приказни за принцези и змејови, ме носеше во парк и на игралиштето, ме носеше во село летно време, секогаш се ни дозволуваше на мене и брат ми. Дури и пред некоја година кога беше на операција за вештачки колк, дојде да живее со нас на неколку месеца, и штом можеше сама да се движи со помош на бастун, ни спремаше јадење за кога ќе дојдеме од школо. Наместо ние да ја чуваме, пак она трчаше позади нас, и секогаш викаше дека ние сме деца, тоа и било нејзе работа, да не чува. :wasntme:

    Дедо ми (на татко ми татко) почина кога бев втора година средно. Беше релативно ладен човек, како што е и татко ми, но сепак беше многу разбран. Прифакаше дека не ги разбира новите генерации, и секогаш сакаше да научи нешто ново. Не ме гледаше како дете (како другите постари роднини) иако сум била 15-16 години, туку ми правеше муабет како да сум еднаква на него. И многу го почитував заради тоа. Како поминува времето, сфаќам дека и татко ми е ист таков, и дека и јас го имам тој карактер. Со мајка ми никогаш не сум била блиска, и иако не сум имала многу емотивен однос со татко ми, се сметам за татина ќерка. Начинот на кој разговарам со него, знам дека истата блискост би ја имала и со дедо ми да беше сеуште жив. И ми е драго што сум од тој сој... :$

    И најмногу од се, си ги сакам бабите и дедовците заради начинот на кој секогаш им помагале на моите родители. Никогаш не им се мешале во бракот и заедничкиот живот. Биле тука за нив кога им требало, и ги оставале сами да одлучуваат за се, стоејќи позади нив на секој потфат во животот. Заради тоа знам дека и моите родители ќе го направат истото за мене и моите деца. :inlove: